па кажи анемично е,алергично е,лекуваме бактерија моментално,настинато е било шо.Демек тоа со казните така е плукни залепи.Се чудам како толку често ви се јавуваат.Мојата е 4 години не ми се јавуваат ич за вакцинирање
Мислам дека ова само во малите места го имаме. Сигурно единствена сум што давам отпор за вакцина. Ме гледаат сите околу мене како најнеодговорна мајка и се соочувам со многу критики. Најпрво матичната ми направи проблем за во градинка не сакаше да го потпише картонот па на крајот го потпиша со зборовите ''недајбоже да фати твоето дете некоја од болестите против кој се вакцинира сама ќе си го лекуваш детето'' па после во градинка демек незнаеле дали смеат да примат дете што не е вакцинирано... па ме моткаа една недела. Една од пријателките благо кажано ме одбегнува зошто не сакала детето да и се зарази од некоја болест....Не се информирани лугево овде вакцините ги ставаат и порано од роковите зошто сметаат дека ги штитат децата...со еден збор најголемата мака ја имам јас да се борам со цело општество па и секоја недела да слушам предавања од докториве. Така беше до сега ама еве четири месеци се истото да го зборувам неможам ме знаат мало место сме ме познаваат и докрорите многу добро ми е страв ако јавно им кажам дека не го вакцинирам детето да не се соочам со уште поголеми проблеми како најпрво веднаш ке ми го испишат детето од градинка. Лесно е во поголемите градови ама во вака мали затуцани места не се издржува веќе многу притисок прават
Знам дека немат правна основа да го испишат од градинка и нема да попуштам не ми за паричната казна иако парите ги немам ќе најдам начин да ги соберам и да ја платам казната ако им е до пари работата, ама притисоците се големи, сама сум едноставно и исплашена сум од се па ми го третираат детето како зараза не заслужува и да ти кажува матичниот сама ќе си го лекуваш детето...ја претераа. Во поголемите градови барем има со кој муабет да си направиш за вакцини тука морам да молчам и да ги слушам ''предавањата ''од роднини пријатели , сите притискаат да вакцинирам а и самите не знаат како основно против што е вакцината што им ја ставаат на децата. Им рекол некој дека мораат да вакцинрат и готово ниту прашања ниту оговори...па сега мене ми солат памет. Живци немам веќе Не се сомневам дека веднаш ќе ме пратрат на санитарен па затоа прашав како е процедурата сигурно сега и од градинка ќе ме притискаат повеќе.
Во која градинка е ова? Ќерка ми си посетува градинка и нема никакви уцени за отпишување, инаку невакцинирана е
Не е во Ск градинката. Абе и претходно немаше проблеми, ама сега почнаа. Се надевам ќе се најде некој паметен да им упати некоја пријава или тужба.
Иако потпишав дека не вакцинирам, бев на средба со санитарен инспектор конечно се договорив се. Извадов потврди за невакцинирање и денес ни стигна покана за вакцина? Некој искуство, дали да одам пак или да си чекам што ќе биде? Смачено ми е веќе, сега притискаат повеќе...
Јас ке ја вакцинирам мојата до ммр, таа ќе ја одложувам. Е сега и овие ги одложувам, и денес бевме за петовалентна, а требаше пред три месеци, ама јас сакав да ја одложам и таа докторката дури онака со осуда ми рече што сум чекала досега . Па нели наше право е кога ќе отидеме за вакцина?
Само чекам мене некоја така да ми каже Што дремеа и не реагираа на нерегистрирани вакцини?! Така се створи недоверба во системот.
Само што стигне поканата Абе секако не вакцинирам, ама незнам со казните како. Не е за сите вакцини една казна. Пример нема да ставиш 2-3 вакцини и ќе платиш 150 евра и после за наредни пак така. Така иснпекторката ми кажа. И они незнаат уште што и како. Немаат одредено како да постапуваат. Секаде различно.
Добро сериозним ли се со градинкиве????????Сега ми се јавува познаничка од Штип детето не и го примале зошто не било вакцинирано,бара жена сега за и ја чуват малата дома.Аман значи нели нема проблем за запишување во градинка , мене матичната ми направи проблем ама се извлеков некако сега ми се закануваат со санкции...какви санкции?????Ке ми го испишат детето од градинка?????/По кој основ. Неможам да ја разберам работава како може во СК И другиве поголеми градови да не се прави притисок со градинките а во помалите места незнаат веќе што да измислат
Мајки за второто дете пријавив во Јане Сандански дека нема да се продолжи со вакцини дека лошо изреагира на првата шестовалента и матичната ќе даде извештај со проблемот кој се појави , ама сега ми е страв да го носам на вакцина третото дете , првите две во болница ги прими а сега има 3 месеци и треба да направиме ехо на срценце и да се решам за дали ќе вакцинирам или не , осуди имам од сите страни , парите за трето дете што ги земам воопшто не ми се важни , важен ми е животот на детето мое , не знам точно што да мислам и правам , докторка од Јане Сандански ( не ја памтам како се викаше , млада беше) и одкако ми кажа дека своите деца не ги вакцинира дека не се безбедни вакцините и ми кажа.добро што сум решила да не продолжи со вакцини второто синче мое , од тогаш се овие зборови ми се мораат , и сега сум како мува без глава , страв ми е дали добро или лошо правам за детето мое , исто и тогаш ми кажа дека вакцинираните деца биле подвижни болести па невакцинирани деца се разболувале од вакцините , само знам дека е нај тешко кога треба да одлучуваш за животот на своите деца , кога си ставен на два ума и не знаеш кое е вистинското решение освен дека сакаш се најдобро за своето дете ...
Сакаш да кажеш дека докторката што е задолжена да ги прегледува децата пред вакцина, ти кажала да не вакцинираш? Ние досега еднаш сме биле во Јане Сандански за вакцина, и беше млада докторка, плава. За истата зборуваш? Инаку одлуката си е твоја. Јас сум за вакцинирање со вакцини за кои сметам дека требаат, ама сметам дека тоа треба да си биде одлука на секој родител.