Да така со плава коса беше и доста млада , искачаше надвор кафе да пие и тоа ми го кажа кога искочив од Јане Сандански , па така не знам веќе што е добро на планетава ни дали да боцкаме ни дали да не боцкаме , само Господ од лошо нека не чува ... Ќе почнеме со вакцини кога ќе се подобри крвната слика на бебуш , а до тогаш ќе паузираме..
Колку месеци е? И ние сите вакцини ги ставивме доста покасно, некои дури и повеќе од година испаднаа да ги ставиме. Најважно е бебето/детето да е комплетно здраво.
Денес полни 3 месеци ќе почекам уште малку за да имаме добри резултати од крвна слика па потоа ќе вакцинирам , не ми се ризикува .
Друштво , во Дебар има 10 заболени од морбили. Како да пазиме деца да не ги префане кога 98% од луѓето кои доаѓаат во допир се оболуваат ако не се вакцинирани? Паничам.
Нема потреба да паничиш. Сестра ми не вакцинирана зошто 6 месеци имала има фатено морбили. 14 дена само на вода била да. 14 дена изгорела температура да. Но со терапија и лекарска грижа поминало и тоа.
вакцината не значи нема да фати . Туку дека полесно ќе пројде. малиот мој фати некој измутиран вид на морбили кој не знаеја ни да ми го објаснат во систина. морбили е ама не е. Таа се испобуни сета битно од памет се извади кога го виде сиот исипан.
https://makfax.com.mk/makedonija/појава-на-морбили-кај-возрасни-во-деба/ Еве линк. А плус и Сајковски го читав денеска за тоа колку се заразни и ми иде утре да одам да ја вакцинирам
Па не знам дали летно време е препорачливо. Јас мислам дека не. не знам колку ја знаеш нашата кратка историја со вакцините и моментално после испитувања пак ни рекоа да чекаме . мој совет ти е закажи на детско на имунологија кај Карева. зборнИ за се што те мачи. Ќе направат секакво можно испитување па потоа одлучи.
Ауууу, ова не е зафрканција. Многу е 10 за гратче како Дебар. @LiliBoz мислам дека те имам прашано, ама пак ако можеш кажи ми, каква беше крвната слика што упатуваше на морбили? Малава не ми е добра, и прво тоа ми текна да не е.
крвната слика беше горе долу ок. малиот беше секаде исипан. Значи немаше место на телото каде не беше . респираторнИ беше ок. игА беше ниско ни сепак дадоа авил да не дојде до гушење не дај боже. сеуште не ми е јасно ни мене што се случи . Тоа беше за Велигден . 2 -3 недели после коксаки прележување. 10 дена подоцна завршивме во болница со рота и коли . Така да хаос ми е главава и сеуште не открив што точно се случи со детето
Летно време викаат заради температурата ама мрп нема кревање температура. Другите океј ги минавме и нема индикации за нешто за да испитуваме ама страв ми е. Плус што минатиот пат со совршена крвна слика и брис не вратија ради црвено грло. А 10 не се малце. Доста е еден у сити мол вчера да бил и за 10 дена ете уште 100 болни упм.
Може да има, ама и не мора да значи. Мислам дека беше 7-14 дена после примање на вакцината да се појават симптоми како тт и осип, ама не кај секој.
и тоа не е се. најлошото дојде после 2 недели и пак се вративме во болница. Јас не одбегнувам туку имаме забрана. малиот е во преосетлива фаза. оштетен е скроз. Но исто така е носител на салмонела така да ако некое дете е со имунитет како неговиот дефинитивно може да префати. Кога ќе видиш ... Ми рекоа 6 месеци изолација. мешање со деца не. молови не.
https://panacea.mk/d-r-stsi-aleksan...ili-direkten-kontakt-so-sekreti-i-ekskreti-1/ Ова го читав. Милион дилеми имам сеа.