1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    внатре во уста дланки и стапала. син ми имаше коксаки. Се прават како меури со вода. Ова што го опиша не е коксаки.
     
    На JuLleE и NarCis@ им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Да се консултирам и јас пак, зошто не знам веќе што е ова.
    Минатата недела имав пишано дека имаше некоја слаба температура, имаше и болка во мешето и еднаш само дијареа, не му давав ништо за температурата до кај 38 се движеше и во понеделникот веќе немаше воопшто.
    Од вторникот почна да крева пак и да плаче при јадење. Јас на работа, мајка ми го однесе на преглед на приватно, црвено грло, а крвна слика одлична. На извештајот пишува зголемени крајници и дијагноза вирус, само далерон по потреба.
    До сношти имаше температура, ќе ја спушти, па крева, зборува како топче да има голтнато, и хрчи многу при спиење. Педијатарот рекол само ќе помине, на нога, ама уште да чекам или да го носиме пак? Ни брис направиле, ни ништо. Леукоцитите инаку 8 беа. А јаде, трча, игра се најнормално само температурата ме чуди особено навечер се покачува. Дали е можно два вируси да имаше, прво стомачен, па со грлото?
     
  3. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Кај нас испадна стрептокока во нос со овие симптоми, со исклучок на дијареата. Исто така дигаше и спушташе тт, носот ѝ течеше на почеток, ама после сам се смири. А кс добра, со многу мали отстапки на гранулоцити. Направи брис, за мирна да си.
     
  4. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ не му течи воопшто носот него, ни на почеток, ни сега. :| Хрчи од грлото, се чувствува дека има оток и во зборувањето, а наводно вирус предизвикал, ама не ми е верно. Ако е и денес ноќта така ќе го носам за брисеви и од грло и од нос, ама премногу се чека кај нас за резултати, не знам што да мислам, не сум за антибиотици ама може требаше овој пат. Фала ти. :hug:
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Ако се чека многу, може е подобро да направиш уште денес брисеви, може да има нешто во грлото. А засипнат му е гласот? Инаку мојава не пие антибиотик, докторката рече дека не дава кога има бактерија со добра крвна слика, само рече да пратиме ситуација засега. Инхалации, хлорамфеникол во носето мачкам, ацидосалус и нешто за имунитет, и се надевам ќе се избори организмот (fingers)
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ не му е засипнат, како подебел и како да го штеди грлото. Ништо не ни препишаа ни овде, јас сама на своја рака зедов капки од диво оригано и спреј за грло со хијалуронска киселина за отокот, ама апсолутно ништо не остава да му ставам, многу е проблематичен. И јас се надевам да се изборат.
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    По ова што го пишуваш ми се чини дека и црвено грло и отечени крајници. Можно е и да има налепи на крајниците. Затоа му е сменет гласот. Јас би го однела денес за брис и нова крвна слика ( случајно првата да не била рано направена, па не се покажало) и обавезно доктор уште еднаш да го види грлото да не има чепови. Ако треба антибиотик по правење на брисевите ке почнете, па кога ке стигне резултатот од брисот, ако не одговара ке смениш.
    Дома сите се изредивме со чепови во грло, моментално сум јас. Зборувам ко грутка да ми стои во глото.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @irena.1 Да, баш така зборува. Јас сум до 17 на работа, па ќе ги праќам со мајка ми да одат, сега немал темепература и кажува дека не го боли грлото. Фала за советот.
     
  9. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    @kristina.k ние само еднаш до сега сме биле на антибиотик и тоа, баш заради истата причина што ја наведуваш.
    Темпетатурата се креваше и спушташе речиси цел месец, проблемот беше во крајниците, црвени беа и отечени дете не можеше да голта.
    Овде за жал за брисеви и крвна слика мн.тешко па антибиотикот беше и на слепо ама сепак помогна.

    Убаво ќе биде да проверите уште еднаш, подобро антибиотик одколку вака да се мачите.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Сакав да прашам дали некој има искуство, на деца над 4 години дали смее да се даде смеса од мед и млади ораси за имунитет?
    Многу го препорачуваат за поголеми деца, ама дали смее и на помало да се дава наутро едно кафено лажиче?
    @Annath @joy1 знам дека сте медицинари..

    Во тегла се става ливадски мед и се дополнува со засечени млади оревчиња.40 дена стои на сонце и се прецадува.Дури медот добива друга текстура.
    Богато е со јод и да не набројувам со кои витамини од групата Б.
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски

    Мислам дека може да даваш, само внимавај на количината. оти јодот колку е корисен, толку знае да направи белја. И секако, да нема алергии на мед или јатки.
     
    На joy1 и referentka им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Мајки на што ви личи осипот?
    Дали може да е алергија?
    Секој ден јаде јагоди, ама досега нема пројавено алергија.
    Еве слики, вака е по цело тело освен лице.
    20180519_122753.jpg 20180519_122702.jpg 20180519_122650.jpg
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Да да, личи на некој вид уртикарија.
    Малце пауза од јагодите, подобро да не јаде секој ден и во големи количини. Па ќе видиш дали било од нив.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.583
    Пол:
    Женски
    го чеша ли?
    Можеш да дадеш летизен или лоратадин прописно за возраста за да де смири малце.И не давај јагоди извесен период .
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Го фаќам како се чеша ама не многу.
    Му дадов аериус мислам сируп за алергија.
    Па ќе следам до понеделник.
    Овде немаме дежурен педијатар, а на Итна подобро да не одам.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Добар сируп си му дала. аериус и авил ми се така од подобрите. посебно авилот сече одма за ноќ снемува осип.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.318
    Е само тој и лоратидин ми понудија и јас имав слушнато за тој и го зедов. Да знаев авил ќе купев. Прв пат вака алергија откако како бебе се исфрли на млечна каша од Хип.
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ќе помине . Нема сила ваков тип на алергија. 2 3 дена и ко нов.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ние скоро еден месец буквално сме со иста мака. Првите денови со температура кога крена 39 во 1h ноќта одевме на дежурна истата дијагноза. Ни ставија инекција за да спадне тт и антибиотик. Антибиотикот не можеше да го пое гаден беше поврати другиот ден на инфузии. Тт веќе немаше. По иинфузиите пиевме антибиотик. Дете продолжи да кашла да грчи навечер и да се мрсулави (извинете на изразот) одиме на матичен друг антибиотик и сируп за алергина као демек сезона на алергии е после него пак одиме на контрола матичниот вика како бе уште не сте оздравени ни даде друг антибиотик и земавме брис од нос и грло. Исто е. Грчи шмрчи подкашлува.... Не знам што може да е. Сега ги чекаме резултатите од брисот. Се надевам на некакви резултати.
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool офф сте се измачиле навистина, со помин да е што побрзо. :hug:
    Мојот од некни нема кренато температура, да не го урочам, и подобар е во зборувањето како да намалил отокот, не се жали на болка. Сепак изгледа беше вирус, ама уште не сум опуштена целосно. А со носот немавме мака ниту кашлање, може затоа не ни препишаа антибиотик немаше некои симптоми посериозни.
    Деца се разболуваат, ама многу мачно и за нив и за нас, само да поминува.