внатре во уста дланки и стапала. син ми имаше коксаки. Се прават како меури со вода. Ова што го опиша не е коксаки.
Да се консултирам и јас пак, зошто не знам веќе што е ова. Минатата недела имав пишано дека имаше некоја слаба температура, имаше и болка во мешето и еднаш само дијареа, не му давав ништо за температурата до кај 38 се движеше и во понеделникот веќе немаше воопшто. Од вторникот почна да крева пак и да плаче при јадење. Јас на работа, мајка ми го однесе на преглед на приватно, црвено грло, а крвна слика одлична. На извештајот пишува зголемени крајници и дијагноза вирус, само далерон по потреба. До сношти имаше температура, ќе ја спушти, па крева, зборува како топче да има голтнато, и хрчи многу при спиење. Педијатарот рекол само ќе помине, на нога, ама уште да чекам или да го носиме пак? Ни брис направиле, ни ништо. Леукоцитите инаку 8 беа. А јаде, трча, игра се најнормално само температурата ме чуди особено навечер се покачува. Дали е можно два вируси да имаше, прво стомачен, па со грлото?
Кај нас испадна стрептокока во нос со овие симптоми, со исклучок на дијареата. Исто така дигаше и спушташе тт, носот ѝ течеше на почеток, ама после сам се смири. А кс добра, со многу мали отстапки на гранулоцити. Направи брис, за мирна да си.
@NarCis@ не му течи воопшто носот него, ни на почеток, ни сега. Хрчи од грлото, се чувствува дека има оток и во зборувањето, а наводно вирус предизвикал, ама не ми е верно. Ако е и денес ноќта така ќе го носам за брисеви и од грло и од нос, ама премногу се чека кај нас за резултати, не знам што да мислам, не сум за антибиотици ама може требаше овој пат. Фала ти.
Ако се чека многу, може е подобро да направиш уште денес брисеви, може да има нешто во грлото. А засипнат му е гласот? Инаку мојава не пие антибиотик, докторката рече дека не дава кога има бактерија со добра крвна слика, само рече да пратиме ситуација засега. Инхалации, хлорамфеникол во носето мачкам, ацидосалус и нешто за имунитет, и се надевам ќе се избори организмот
@NarCis@ не му е засипнат, како подебел и како да го штеди грлото. Ништо не ни препишаа ни овде, јас сама на своја рака зедов капки од диво оригано и спреј за грло со хијалуронска киселина за отокот, ама апсолутно ништо не остава да му ставам, многу е проблематичен. И јас се надевам да се изборат.
По ова што го пишуваш ми се чини дека и црвено грло и отечени крајници. Можно е и да има налепи на крајниците. Затоа му е сменет гласот. Јас би го однела денес за брис и нова крвна слика ( случајно првата да не била рано направена, па не се покажало) и обавезно доктор уште еднаш да го види грлото да не има чепови. Ако треба антибиотик по правење на брисевите ке почнете, па кога ке стигне резултатот од брисот, ако не одговара ке смениш. Дома сите се изредивме со чепови во грло, моментално сум јас. Зборувам ко грутка да ми стои во глото.
@irena.1 Да, баш така зборува. Јас сум до 17 на работа, па ќе ги праќам со мајка ми да одат, сега немал темепература и кажува дека не го боли грлото. Фала за советот.
@kristina.k ние само еднаш до сега сме биле на антибиотик и тоа, баш заради истата причина што ја наведуваш. Темпетатурата се креваше и спушташе речиси цел месец, проблемот беше во крајниците, црвени беа и отечени дете не можеше да голта. Овде за жал за брисеви и крвна слика мн.тешко па антибиотикот беше и на слепо ама сепак помогна. Убаво ќе биде да проверите уште еднаш, подобро антибиотик одколку вака да се мачите.
Сакав да прашам дали некој има искуство, на деца над 4 години дали смее да се даде смеса од мед и млади ораси за имунитет? Многу го препорачуваат за поголеми деца, ама дали смее и на помало да се дава наутро едно кафено лажиче? @Annath @joy1 знам дека сте медицинари.. Во тегла се става ливадски мед и се дополнува со засечени млади оревчиња.40 дена стои на сонце и се прецадува.Дури медот добива друга текстура. Богато е со јод и да не набројувам со кои витамини од групата Б.
Мислам дека може да даваш, само внимавај на количината. оти јодот колку е корисен, толку знае да направи белја. И секако, да нема алергии на мед или јатки.
Мајки на што ви личи осипот? Дали може да е алергија? Секој ден јаде јагоди, ама досега нема пројавено алергија. Еве слики, вака е по цело тело освен лице. Spoiler: Слики
Да да, личи на некој вид уртикарија. Малце пауза од јагодите, подобро да не јаде секој ден и во големи количини. Па ќе видиш дали било од нив.
го чеша ли? Можеш да дадеш летизен или лоратадин прописно за возраста за да де смири малце.И не давај јагоди извесен период .
Го фаќам како се чеша ама не многу. Му дадов аериус мислам сируп за алергија. Па ќе следам до понеделник. Овде немаме дежурен педијатар, а на Итна подобро да не одам.
Добар сируп си му дала. аериус и авил ми се така од подобрите. посебно авилот сече одма за ноќ снемува осип.
Е само тој и лоратидин ми понудија и јас имав слушнато за тој и го зедов. Да знаев авил ќе купев. Прв пат вака алергија откако како бебе се исфрли на млечна каша од Хип.
ние скоро еден месец буквално сме со иста мака. Првите денови со температура кога крена 39 во 1h ноќта одевме на дежурна истата дијагноза. Ни ставија инекција за да спадне тт и антибиотик. Антибиотикот не можеше да го пое гаден беше поврати другиот ден на инфузии. Тт веќе немаше. По иинфузиите пиевме антибиотик. Дете продолжи да кашла да грчи навечер и да се мрсулави (извинете на изразот) одиме на матичен друг антибиотик и сируп за алергина као демек сезона на алергии е после него пак одиме на контрола матичниот вика како бе уште не сте оздравени ни даде друг антибиотик и земавме брис од нос и грло. Исто е. Грчи шмрчи подкашлува.... Не знам што може да е. Сега ги чекаме резултатите од брисот. Се надевам на некакви резултати.
@marchi-cool офф сте се измачиле навистина, со помин да е што побрзо. Мојот од некни нема кренато температура, да не го урочам, и подобар е во зборувањето како да намалил отокот, не се жали на болка. Сепак изгледа беше вирус, ама уште не сум опуштена целосно. А со носот немавме мака ниту кашлање, може затоа не ни препишаа антибиотик немаше некои симптоми посериозни. Деца се разболуваат, ама многу мачно и за нив и за нас, само да поминува.