Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    585
    Јас обично со него одам до било која спортска продавница и пробувам сличен модел од истиот бренд на патика за број. и потоа си нарачувам соодветно на пробаното.

    Инаку за колку треба да биде големината препоараката од ортопед е да се извади влошката и детето да стапне ан нејзе како во патика. Точна величина е онаа каде има простор меѓу највисоката точка на прстот и крајот на влошката. Се остава простор колку поголеми сакате да му бидат за да му потраат.
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    Детето од моја пријателка има 5 години. Нормално како бебе имаше теменица и ја чистеа со масирање на бебешко улје.
    Кога имаше 2 години повторно му се појави ,ја третираа исто и сега на 5 години пак. Знам дека бебињата имаат ама дека и деца поголеми имаат не сум видела.
    Навистина не знам од што би можело да биде повторното појавување на теменица. .. некој совет?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.466
    Пол:
    Женски
    Не го измиваат шампонот убаво кога го бањаат детето и се прави теменица. Особено ако има густа коса, кај мојот поголемиот така се појавуваше и покасно, не само како бебе, не ми даваше главата убаво да му ја исплакнам. Сега нема таков проблем.
    Да се исклучи појава на друга кожна промена, најдобро консултација со лекар дали е теменица или не.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emaema

    Emaema Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мајка има искуство со протеза кај дете за ширење на вилица.Мој синко треба да носи па ме интересира дали оди преку фонд и колку чини на приватно
     
  5. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Zdravo Majki
    Cerkami e 5 godini, uste 2,3meseci e gradinka, septemvri polni 6 pa pocnuva naskolo.
    Ce ve zamolam za sovet, kako se spravuvate so neposlusni deca,deca koj vracaat na sekoj zbor, jas i vikam edni taa drugo, znacii voopsto ne slusa, imam probano i so politicki nacin, i so kazna, so so nagradi, a be ne biva nacisto me zbesna , koga ide od gradinka, istura, frla ,vika, cvici,i stavam da jade so zort da jadeee mn pati se desava i jas da e ranam, de ce legne nazemi de naopacki se svrtila, se soblekla po kupaci, a veruvajte ustata mi padna od zboruvanje sega posledno i mu vikam , ne sakat da slusa voopsto, ve molam dajte sovet mislam ce poludam vaka naskolo nisto ne pravime kako da se spravam dajte sovet ipak ne e nala ima 5 god ....
     
    На gjoker4e и MariNina им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.466
    Пол:
    Женски
    Пробај со правење распоред до кој ќе се придржувате сите. Направете заедно со неа правила и штиклирајте што се испонило, што не од она што е договорено. Дај и простор да се согласите околу прифатливи и неприфатливи однесувања. Секако ако се исполни се во текот на неделата одберете некоја мала награда на почеток. Ако не се почитува ништо тогаш казна (од аспект, нема цртани или омилената играчка станува недостапна и слично).

    И ако не оди во градинка обавено нека посетува некој едукативен летен камп за да се навикне на структура, авторитет, група на деца и слично.
     
    На gjoker4e и glisa им се допаѓа ова.
  7. rarepearl

    rarepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2022
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    има промени во семејството?
    преселба, нова средина, бебе?
    обично ова однесување се јавува при голема промена ,може и стресна ситуација, промена во однесување на родителите, кавги, не решени проблеми, зборување за проблеми во нејзина близина...
    мислам дека ниту со награда ниту со казна се решава, и споредбата со друго дете не е добра, но може да ја дружиш со ,,мирни,, дечиња па да зема пример, малку на игнор стави ја кога се однесува така, кажи и кога ќе се смириш же правиме колачи, ќе редиме слагалки, коцки, ќе цртаме, пишуваме букви, играме пантомима...
     
    На gjoker4e и glisa им се допаѓа ова.
  8. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Odi vo gradinka uste od 3 godisna vozrast, ajde ce probame i na toj nacin
     
  9. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Da imame novo rodence, sestricka nejzina 2 meseci e, abe vaka mn e saka pokazuva lubomora ama i mn ja saka, mozebi i toa i e, ama i pa pretereno e nejzinoto odnesuvanje
     
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Накратко и мојот проблем ова е.
    Како беше до сега и како сте сега во август 2022?
    Се полошо станува кај мојава, жив пример за непослушно и невоспитано дете. Една секунда не ме остава да здивнам. Не оди во тоалет. И викам сега да оди излегувавме и само што излеговме вика и се одело во вц и се караме по пат, и викам во гаќи да моча сега и нареден пат дали ќе оди во вц, не дека прв пат е ова секогаш е истото не оди во вц и никаде не може да се отиде со неа.
    Почна и да удира и греба и турка. Онака из чиста мира го удира бебето по глава. И мене и маж ми не се знае кога ќе и дојде да не удри или изгреба. На земја стави еден крст од ланче голем златен и сол истури околу него си викам леле Господе од каде ова, не гледа телевизија или телефон, на прагот ми намачкала крема за сончање за кога ќе излезам да се лизнам и паднам, телефонот под фрижидер ми го скрила, само чека прилика и да направи нешто, и дома и надвор неподнослива е, не престанува да збори односно да се контра и слично. На 0 1 2 3 и 4 години значи супер била, ова на 5 е најстрашно до сега.
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мајки, предлог за подарок за 5ти роденден за девојче?
    Од играчки дома нема што нема… Што би било интересно за оваа возраст?
     
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.170
    Допаѓања:
    18.275
    Некоја интересна книга за предшколска возраст
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Мајки јас имам проблем и тоа мислам дека ке биде уште поголем проблем
    Се работи за син ми почна на училиште но едноставно не сака како да не му работи мозокот незнам веке како да кажам
    Имам пишувано по темите доста темпераментно дете не застанува,знае се но за училиште не и едноставно не се замара
    Со керка ми немав ваков проблем,и кога неа нешто и покажував сакав и него да го вклучам да гледа но не сакаше и не сакав да формирам си велев ајде кога ке му дојде време ке научи но ете не е така
    Не сме во Мк и мислев дека почнува тука на училиште и ке биде полесно дека ќерка ми беше во Мк на училиште па овде но таа многу подобро прифати
    И тој оди,убаво му е но со пишувањето голема мака
    Сега моментално учат бројки но тој не може незнам истото го објаснувам секој ден пишува бројки пример од 1 до 3 ке напише еден ред и потоа има да ги напише сите заедно и тој вели е нели е пак истата јас му велам да и тој а како беше права линија или и се во мене гледа јас му велам гледи ја бројката и обиди се да ја напишеш но не сака
    Му држам рака и пишуваме заедно а тој си гледа преку прозорец
    Незнам едноставно нешто кога ке земе да пишува гледа во мене и ме прашува како да почне
    Со ќерка ми не осетив никаков проблем уште на 5г изрази желба за пишување,дома само што научи кирилица да пишува се преселивме,овде за 3месеци почна да ги чита и буквите на латиница
    Незнам понекогаш си мислам дека детето не ми е добро незнам не сакам да мислам на тоа но навистина сум загрижена
    Ве молам ако некоја имала некој ваков сличен проблем како сте решиле,јас ги пробав сите начини и веке мислам ке полудам секој ден се исто да објаснувам три бројки да неможе две недели ги пишуваме неможе да ги запамти
    Извинете на долгиот пост
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Јас би паузирала
    Не го замарај одреден период (неколку дена, недела зависи ќе видиш колку долго)
    Ако нешто не е во ред нема да биде во ред и во некоја друга област од животот, не само школото
    Можеби е само помалку заинтересиран од сестра му
    Кога почна во школо? Колку време оди?
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.059
    Пол:
    Женски
    Еден месец оди на почеток не работеа со пишување на бројки нешто да поврзува такви работи,но сега еве една недела работат на бројки но тој не може и не
    Пробавме секако и со добро и играчки му земавме,забранивме и пак исто
    Денес имаше 4,5 и 6 да ги пишува
    Кој му е лесен за пишување е весел дека го напишал,но кога некој неможе да го напише се труди но не излегува добро плаче и е нервозен
    Ке пробам и така ке го оставам да видам дали нешто ке се промени
    Но тој сака кога доаѓа од училиште одма вади и сака да напише домашно,но штом седе потоа доаѓа тешкото
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Мојата има 5 години ама ја пронајдов. Исто е темпераментна и ќе ми рече сака да пишува и кога нема да успее некоја точно се нервира го гужва листот фрла. Вака се изгледа ок по ова што кажа, нема потреба да се загрижуваш. Ако има некој проблем тука во школо одма ќе приметат ќе ти кажат. Најверојатно е до карактерот. Останете најпрво вие смирени родителите. Јас исто се исплашив за мојата, вика да и покажам буквите како во школо и таа да ги пишува и заврши тоа со нервози плачки си реков што ќе прави во школо, а вака преинтелигентно дете е ама изгледа трпение нула, и се мора од прва да успее, ако не претешко е да се смири ситуацијата. Вежбајте трпение. Детето е ок. Дај си цел за еден месец трпението да му се зголеми за 50% на пример, нњ брзај од денес за утре да е ок бидејќи така контра ефект ќе се постигне и ќе се пролонгира времето на учење трпение. На мојата на пример не дај боже да и преречеш дека 5 обратно го напишала, па си молчам чекам да видам таа кога ќе примети, кога примети тогаш. За тоа е и школото, ДА УЧАТ.
     
  17. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Што мислите за телефон на дете, 8 години? Не ми е филмот да го модернизирам, туку си велам подостапен да ми е. Се двоумам. Почна сам да оди на училиште, да се враќа. Некогаш ја зема сестраму тој од училиште, има моменти кога остануваат двајцата сами дома саат време кога еден од нас оди/си иди од работа...
    Ако сакам да го слушнам кога би си идел од училиште по пат, автоматски значи дека телефоно треба да го носи со себе и на училиште, ама па и тоа не ми е логично, мал е. Плус да не му го земат. А од друга страна имам постојано страв во мене шо би можело да се деси по пат, скраја да е, многу песимистички размислувам, се плашам, светов луѓево се изменети, ми е страв дете само да пуштам, а да не се плашам и стегам додека не се врати. Хаотична сум на оваа тема, ама не искажувам за да не ги заплашувам ни нив, па така си трпам во себе...
     
  18. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Телефон сат
    На двете им имам дадено и кога влегуваат излегуваат само ми кажуваат и толку
    Мислам е битен контактот заради нас да си сме мирни
    Моите некогаш знаат и до чаршија да си купат семки или кикиритки па ајде им текнало во книжара требало нешто и дури дс дојдат после еден сат ги фаќа
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Телефон да, за ѕвонење само, да нема Јутјуб ова она, во школо кажи дека сам оди се враќа и затоа. Ако е послушен и помодерен со вац со па и да ти пише само сега излегол сега оди накај дома сега е дома
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    Телефон на 9 години му земавме, за роденден. Ама кога е во училиште, телефоните исклучени и на катедра кај учителката, после по пат некогаш ќе го вклучи, некогаш дури дома кога ќе дојде. За џабе го носи. За смарт часовниците, една другарка зема на детето 7 години дека мало е за телефон, ама вели некогаш баш и не функционира :?:
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.