@Sofi.ja да, скоро 5 месеци. Искрено не помислив на тоа, а има промена во однесување од ко е родена сестра му. Баш ќе побарам дали е можно да е поврзано и ќе консултирам со детски психолог.
Ај да си прашам овде најдобро. Ќерка ми има 8г, од пред неколку дена се жали дека цицињата ја болат. На допир и се тврди. Има ли шанса толку мала? Искуства ? А вчера бевме на лекар ама заборавив за тоа да прашам. Не ми се јавува да замарам само за тоа. Друго нема ништо, ама да проработат хормони на 8г стварно ми изгледа рано. @Alishan30 ?
@EuHenIa кај син ми во одделение имаше две девојчиња кои на 9 г. го добија првиот циклус.Баш со едната мајка сме разговарале некаде после 8 г.почнале некои тапи болки во градите,ама она се жалела и на главоболки. Така да,сега со децава ништо не треба да не чуди,се можно и хормони и циклуси и пуберти од толку рано.
И мојата е толкава и некогаш знам да ја прашам дали ја болат,не се жали.Ова откако на колега исто девојчето 8-9 години се жалеше и ја однесе на детска на ендокринологија ,им снимаат шака за да видат дали се влезени во пубертет,и докторката кажала дека веќе на таа возраст почнуваат да влегуваат во ран пубертет ,им исклучија некои работи од исхрана ,никако сувомеснато,пилешко,газирани сокови и имало подобрување.
@EuHenIa можен е ран пубертет, поместена е границата веќе и порано започнува. Следи ја и исклучете конзервирана храна, не е лошо да ја виде и детски ендокринолог
Ајде искуства. За девојчето на кожен доктор минрекоа сува атопична кожа, а на латински напишано keratosis pilaris. Има и тоа и тоа. Препорачаа маслена купка и нега на кожа, земав Мустела маслена за бањање и Мустела стелоскопиа за лице. Други козметики кои се поефтини, а имаат иста намена?
Не е поевтина, ама јас и за мене ја користам атодерм маслената на Биодерма. Околу 1300 денари е еден литар. Често ја има на попуст во Зегин, па така ми доаѓа помалку од 1000 денари, а трае прилично долго. И јас и ќерка ми се бањаме со неа и околу 3/4 месеци ни трае. За мачкање користиме (јас ова и на лице место помада често го ставам) исто на Биодерма атодерм интензивен крем. Ова е околу 1500 денари, 500 мл. Претходно користевме Еуцерин и Биодермава ми се дупло поевтини, а имаат подобар ефект според мене. Кога беше бебе ќерка ми користевме Мустела, ама одамна беше, па не можам да направам споредба со другиве. Инаку, според дијагнозава, ќе мораш медицинска козметика, ниту една од дрогериските кои се поевтини нема да ви завршат работа.
Па да, и јас меѓу тие 3 се мислев. Ниедна сега не беше на акција, па морав да земам нешто. Само за Мустелата бев сигурна дека сум ја читала, па решив тоа да купам. Ама ете, би е дала шанса на Биодермата, секое мислење ми значи, нормално. Прв пат се среќавам со ваков тип на кожа, ова од татко и е ген валгда. Инаку аптекарката маслена купка на Бекутан сакаше да ми даде. Затоа само бев сигурна дека нема да земам хаха.
Син ми има осум и пол години. На лицето веќе има две пуканти капилари и сега му се појави уште еден на вратот - како црвени флекички. Инаку е здраво дете без никакви посебни проблеми до сега, немал некој посебен напор, пие витамин Ц. Бвеме на кожен каде рекоа дека е уште мал за ласери и слично, да провериме крвна слика и црн дроб, но знаете како е кај нас со терминиве. Не знам што да правам бидејќи сега станува свесен и не му се допаѓале црвените точки, и на школо го прашаувале од што му се.... Дали можеби некоја имала искуство? Инаку наследно немаме никаков проблем со капилари.....
Што би направиле да сте на мое место.Ќерка ми е трето одд. одлична ученичка и е многу мирна не знае дете да навреди ни да се скара некогаш тоа и е грешка.Е денеска наставничката од целодневна настава им дала тест по математика и кога го прегледала пред сите деца со викање и рекла ти глупа ли си глупава една тука имаш грешка како може тоа да не го знаеш.Ќерка ми си дојде од школо нерасположена ми кажа што и рекла и тестот го донесе се точно и беше една бројка само погрешила ми вели мамо зошто глупа да ми каже кога само едно бројче згрешив многу е осетлива вика отпиши ме од целодневна и прашај ја зошто така ми рече.На наставничката да се обратам или директорката
Јас сум наставник и воопште не го оправдувам тоа навредување спрема детето.Разговарајте не треба така да се однесува еден наставник
Уште денес разговараш со наставничката па со директорката. Немој да молчиш! Тој збор ‘глупа’ доживотно ќе ја следи, го нашла мирно девојчето и и се истура. Ова е исто како да ја удрила па дури и полошо. Немој да чекаш!
Јас би поднела официјална поплака до директор и стручни служби во училиштето. Ваквото однесување треба да се санкционира. Џабе е разговор со наставничката, не верувам дека ќе признае.
Глупа? Сите би ги контактирала. И наставничка и директорка и сите стручни служби што постојат. Никој не смее на дете глупа да му каже
Се согласувам комплетно со сите погоре. Нашите генерации се осакатени од вакви омаловажувања и навреди. Убаво објасни и на ќерка ти дека наставничката не требала да каже така и дека детето не згрешило ништо. И реагирај секаде.