Да се префрлам во оваа тема полека. До сега два пати ми има речено дека срцето ја боли ама и глумица е невидена од градинка два пати ги излажа да ми се јават дека и е лошо дека и се повраќа и кога ја зедов викаа јеее ќе сме шетале сега некаде ќе сме оделе на сладолед. Вечерва вика и се слошило ама повеќе изгледа како да глуми отколку вистина да е. Јас бев во друга соба и дојде вика само што му рекла на братчето да излезе од соба и се слошило. После тоа се беше во ред. Има моменти кога навистина и се лоши и тоа е поради хроничниот запек на лекар рекоа од што трпи почнале цревата да го притискаат желудникот, ама тогаш се познава бледа е во лице, тоа 2-3 пати се случи само и одма бевме на лекар и така рекоа и стварно и помина откако беше во вц. Е сега дали да ме загрижува кога вика дека и е лошо? Некогаш не можам да се осигурам 100% дали е вистина или лаже… Дали само јас се запрашувам што ако моето дете не е 100% здраво? Не заради овој проблем со хроничен запек туку општо се плашам. И секогаш се плашам само за првото дете. Како да го немам добро чувано. И воопшто не јадеше, ништо не и се свиѓаше и се мислам дека органите не и се развиле добро или некој друг проблем непознат ако може од нејадење да се создаде. До 6 месеци беше на ексклузивно доење ама и јас не јадев како што треба како што е здрава исхрана дефиницијата денес. На година и пол кога ја чуваше жена со неа демек се јадела, во градинка од 2 години се јадела и многу јадела. Дома и ден денес е претешко да и се погоди. На јајцата сол што и ставивме пред некој ден се налути и остана без јадење. Премногу е пребирлива. И така некако не сум 100% сигурна дека се е во ред со моето дете… Многу почнав да се плашам откако прозборе, кога ќе рече лошо дека и е, глава дека ја боли, стомак дека ја боли, дека и се повраќа… Некогаш вели дека и се повраќа само за да пие кока кола дека и дадов кога имаше стомачен вирус. Ама некогаш е вистина најверојатно.
Немам одговор на прашањата, ама сакав да ти кажам за срцето што ја болело. Синко еднаш кога имаше стомачен вирус со мали симптоми ми викаше дека срцето го боли му реков да ми покаже каде му е срцето и право на желудник ми покажа, така да може да е такво нешто. И тоа што те лаже мислам дека гледа дека и се притресуваш ептен. Те сфаќам и тебе ама децата паметни се и користат.
И јас и реков покажи каде и на желудникот покажа. И само што ќе каже дека нешто и е одма е спремна дека јас ќе ја кренам во раце и трепка со очите во смисла дека успеала во намерата ама мене во секундата најцрните филмови ми поминуваат низ главата и мене ми се слошува, како да ми се вклучува некој црвен аларм. Се сеќавам дека најпрвиот пат рече дека глава ја боли пред 2 години отприлика. Педијатарот ми рече дека нормално е, дека исто како и на нас возрасните така и на децата им се лоши од сабајле на пример, ги боли глава, им се повраќа итн. Ама само што ќе рече нешто такво јас сум готова. Цело време срцето и го слушам и некако многу побрзо од моето и чука. Не знам дали е нормално тоа? Друго што сакав да прашам, а не успеав да допишам. Ми рече дека не сакала да оди во школо дека кога ќе рекла наставничката да излезе на табла, сите деца ќе договореле точно, само таа ќе згрешела. Дали е тоа некој аларм? Или викаат и други деца така?
@gjoker4e Немој толку да се оптоваруваш. Се е во ред со девојчето. Едно се супер глумци и знаат да привлечат внимание многу добро. И моето се има пожалено на глава често ама тоа е после умор или пред да се разболува.На стомакот се жалеше често и еден период слабо јадеше нема нешто што не испитавме. Од крвна слика до измет се е во ред. Па по некое време магично престана да го боли. Следно ни рекоа снимање и од тогаш го нема заболено. Добро знае да каже дека денот не му е добро не му се јаде,кога знае дека има грав или грашок за ручек А за тргнувањето школо незз кој беше поуплашен кај нас јас или тој. Ама се тоа траеше додека почна школо. Виде дека не е ништо страшно.Обожава да оди сега. И се е во ред не е никаков аларм.
Немам тука баби,далеку се и лани им ја пратив на поседок малку кај едната па кај другата ,и после го најдов во Аеродром еден едукативен центар Поли,многу беше убаво,имаа и јадење ги шетаа надвор,читаа книги,си играа и не беше скапо.Кај Јане Сандански е блиску локациски,можеш и колку недели сакаш толку ,само се резервира место оти ограничен е бројот.
Многу често ми кажува дека некаде ја боли. Сега ми покажа каде ја боли и на интернет гледам тука се наоѓа црниот дроб. Како се проверува кај дете дали е во ред црниот дроб? Дали може и со ехо? Дали да се загрижувам на секое? Понекогаш вика десно дека ја боли. Ама сега три пати ја прашав и на истото место покажува од десна страна. Не дека плаче или нешто, продолжува да си игра ама верувам дека ја здоболело/ болело во моментот ама не знам дали треба да се загрижам и на лекар да се отиде и каже?
Каскадеров прееска мислам живот ми скрати. Бевме надвор и има едни како шипки, за кревање на раце нагоре(не знам како да ги објаснам). Високи колку она да ги дофати. Епа фраерките со залет скокаа за да се фатат и да се лулаат на раце, што не е прв пат. Епа ѕверов буквално ја утна цела шипка и се плесна на земја директ на грб, ама буквално како кога се фрлаш у вода на грб. Се исплужи цела, само глава не удри тоа видов. Сва среќа што е доле меко, како плута нешто. Не плачеше, продолжи со игра се смешкаше со другарката. Кога и пријдов да ја проверам малце закенка, рече само на грб се удрила и дека не ја боли. После дома кажа дека ја болело само кога паднала после не. Играше уште доста после тоа... Ама падот беше луѓе за на скриена камера жими се. Јас мислев дека ќе врисне да плаче. Да спијам ли мирно? Сте имале ли ваков неков велеслалом? Значи сега ми е смешно, ама дете е и пм, ми е мисла
Мајки на деца од6години....Како се справуваат вашитедеца со наплив на бес,љутина,фрустрација ? Јас прв пат да се соочам сон ми да ме гризне за рака! Се вознемири многу,наљути на мене и почна да плаче а потоа ме гризна. Инаку,кога се љути,мнифестира со расплакување и 'вие мене не ме сакате,ќе си одам од дома"...Мене и овие негови искази ме вознемируваат и загрижуваат,а камо ли гризнувањето. Инаку,многу разговарам и пробувам да го нучам како да канализира незадоволство(да гужва салфетка,да поседи малку во тишина ,да си го измие лицето со ладна вода...).. Како вашите деца на оваа возраст искажуваат бес?
Одамна моите немаат по 6 г.но како добар познавач на деца од таа возраст ќе се обидам да ти кажам нешто.Децата тој период се ем деца ем полека влагаат во таа фаза кога и помалку почнуваа да се почувствителни.Но и посвесни дека не се баш мали деца па често тоа дотогашно плачење трескање од земја го заменуваат со некои така кратки и скриени изливи на бес (во случај каснувањето или тие потешки вербализирања)Тој период почнуваат многу да се менуваат посебно ако веќе се на училиште почнати па своите" училишни маки дали со другарчињата или материјалот или учителката" ги манифестираат и дома.Разговор само дека тоа не е добро не е во ред ,треба да каже што го нервира ... Во секој случај дел од развојот.
Актуелно Викториа е 6 г. Кога е лута скрстува рацете, наведнува главата и се повлекува во соба или изолиран дел од куќата. Инсистира дека не сака да зборува и сака да ја оставиме на раат. Општо, кога е лута, одговорот е дека и е сеедно што и кажуваме. Во состојба е цел ден да седи до тебе и да те игнорира, не се штрекнува што и да и се рече. И на ушно ја носев , слуша, само многу добар игнорант е.
@TarantulaA уште нема 6, во октомври ќе прави ама често збеснува особено ако не е по негово. Најчесто се крие во некој ќош и плаче, се мава од земја, фрла предмети, а знае и тој самиот да се фрли накај ѕид. Имавме брзо ситуација каде проба да го касне брат му, скоро и да успеа, во тој момент го плеснав (грешка знам) Не сака да разговара во никој случај па не ми останува друго освен да го игнорирам и да почекам да му помине. После пробувам да го прашам зошто така правеше и да му објаснам зошто не можел да го добие то шо бара.
И мојава уште нема 6, ама лутината и е на готовс секогаш. Се лути, плаче, ама со зајдување знае да се заплаче, за ништо. Ако ја скарам јас го бара татко и, ако е обратно, ме бара мене, ако двајцата нешто ја караме, плаче за баба и. Иде во соба за да биде сама, ама ако не отиде некој по неа, да ја смири, во состојба е со саати да плаче. Емотивна е вкрај. До големава ја немав таа мака, она солза не пушта од инат, мора нешто огромно да е за да заплаче. И не се смируваше лесно. А ова лесно пламнува, лесно се смирува. Јас лично сум голема плачка и ако не се исплачам за некоја мака, не ми поминува, веројатно тоа на мене и е. И плачењето е канализирање бес или болка, се е подобро одошто да се трпи во себе. Големава ми е 8г, пред две недели на клиника ја снимавме на МР, глас не пушти, а знам дека и беше страв. Од што не покажува, навечер ги крцка забите, во сон, цела ноќ. Па и давав еден период б6, сега треба пак да почнам. За неа повеќе ми е страв, него за големава, она ќе се издува и ќе и помине, а ова држи во себе
И моето околу 6 беше ептен по напливи на бес. Мислам дека е нормална фаза само треба да се канализира. Најбитно е возрасниот да остане смирен, иако морам да признаам дека не секогаш тоа ни успеваше. Сега пркосот се менува. Не е толку со напливи на бес,ама сега е со игнорирање. Секоја година нов предизвик. @TarantulaA нас ни помогна да составиме правила и да ги закачиме кај него во соба на плакар и барем за одредени работи да нема изговор да се лути и беснее. Го предупредувавме однпаред за правилата и така прифати дека за некои работи не може и не смее да се беснее. За други реагиравме како што се појавуваа. Кај нас нјачесто тригери беа јадење и почитување на време и на неговото мислење. Едно по едно адресиравме. И уште се бориме со одредени работи.
Ауу која страшна фаза им е овој период... Тоа е чудо. За све е осетлива, нервозна, лута, тажна. Емоции куп, дерење, плачење. Се вцрвенува цела. Начин нема.. Што и да и кажам има спремен одговор. Кога ја учам дека е ок, да е тажна, лута, да ми кажува се, она ми вика јас ви кажувам, ама вие мене не ми дозволувате ништо. Еве примеров е од вчера, бараше во 21:00 да шета а само што вратена од надвор. Па почна драма. Јас и кажувам, мама смири се, зошто си лута? Таа ви кажувам јас ама вие мене ништо не ми дозволувате. Затоа сум лута. И така... На се има капаче. Не знам веќе како е правилно да постапам.
А како успеа на грб да се плесне, а не со лицето надоле? Јас смири се го имам исфрлено од речник. Знам колку ме нервира кога мене маж ми ми го викаше, смири се, ко божем тоа така лесно иде. Ниту нејзе не и викам, кога е лута за нешто што не може океј, нејзино право е да е лута, мое е да и објаснам зошто нештото не може, ама и викам сосема може да се лутиш, и јас се лутам кога нешто не добивам, ама треба и да се разбере зошто нештото не е можно. Во случајов би и рекла дека денот завршил, била надвор, тоа е тоа, време е за спиење. Пропратно би направила нешто да го сменам текот, обично јас на шега ја терам и ја засмејувам. Можат да се лутат, нека се лутат, емоција си е тоа.
Не знам, значи ваљда дека со залет за да скокне. Не знам како успеа така да падне. Ама онака како лењир право... Само со глава не акна. Филм им е, се затрчуваат, се фаќаат и се лулаат на раце. Денес и кажувам на една мајка,викам не плачеше се смешкаше и ми доаѓа малава и вика се смеем зошто О се смееше. Ама јас стресот го кркав... Мислам дека не беше ни свесна како и дека ќе падне, не се обиде ни да се задржи, значи рефлекс ич.
Вчера викаше дека ја боли ушето, а денес дека и шушка. Може вода да и има влезено? 6 години има Многу ослабе ама па и се извиши ама и 1 кило минус покажува вагата Во споредба со сликата од лани на 5 години изгледа како 3 години да била помала тогаш. Дали и кај вашите деца вака ослабеа на 6 да сте приметеле? И цело време колената дека ја болат па нозете па рацете па грч дека ја фаќа на ногата па вчера стапалото ја боли, стомак ја боли веќе секој ден по неколку пати, еден ден заб ја болеше другиот не, па ушето па денес вика ни ушето не ја боли. За нозете рацете може од растење. За грч недостаток на вода или магнезиум. Ама нормално е се вака да е? И другите деца кажуваат ова ме боли она ме боли?
@gjoker4e 9 ќе полни, кажува ама не често. Најчесто се тоа болки во глава, и тоа кога времето е променливо. Прво мислевме дека глуми и го имитира татко му( со мигрена е он) ама сега се молиме да не ја наследи од татко му. Се жали и на болки во нозе, ама е преактивен, тренира фудбал, само трча и е со топка во раце.