Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    36.726
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e мојот има полни 7. Од време на врее кажува дека нешто го боли. Често се жали на болки во стомак (кога има гасови) или дека го боли рака или нога. Ама не мислам дека е тоа пречесто.
    Некогаш се жали и за да добие внимание во тоа сум сигурна, некогаш вистински го боли.
    Ако нагло се извишила може и да ја боли од наглиот развој на телото (се истегнуваат мускулите и тетивите).
    Некогаш како што кажав може и заради вниумание и заради тоа што е свесна дека ти ќе се потресеш околу тоа.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.583
    Допаѓања:
    38.198
    Пол:
    Женски
    Ова со вниманието го приметив и кај малиов 2 години. Ден претходно го удри малава по око несакајќи и испаничив цела. Утрдента не сакав да го кренам во раце и ми вика окото дека го боли и се држи за око и плаче и кога го кренав се смешка си устата странично гледам.

    Се си мислев да не и е нешто. И за главата кажува кога не е наспана или времето не е ок. А и јас имам мигрена.
    Значи нормално е цело време нешто да ја боли. За стомакот исто е гасови кога има најчесто.

    Уште дали е нормално вака да ослабат да се смалат во лице? На 5 години била топка во лицето.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    И моето до 4 години беше буцко со образи и бутки, сега последнава година (скоро 6) се в место тапка со килажа, чак и ослабен е. Слабо јаде, а цело време е активен не застанува. Појќе во висина одат.
    Мислам дека не е толку загрижувачко, да изгуби наеднаш неколку кила и да не е активна тогаш има нешто. Мое мислење

    А за болењето, често и глумат за внимание. Пр големиот беше болен и се жалеше дека му се лоши. Кога зеде малово да плаче, да се витка демек и него му се повраќало не можел да јаде. За да не го терам да јаде ]:)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    Мајки изненадена и затечена сум од реакцијата на син ми како искажува лутина/бес/незадоволство...Не фрла,не тепа,не гризе(валда од многу зборење дека тоа не е ок),но кажува погрдни зборови од типот:ќе си отидам да ме снема,ќе избегам,Ќе си ја скршам ногата,ќе се исечам итн итн....И тоа ескалира со расплакување.Си мислам,згрешив што му зборев дека не еубаво да фрла ствари.На тој начин барем немаше вакви страшни работи да кажува.
    Споделе искуство,како вашите на оваа возраст реагираат при бес и незадоволство? Памет немам..Дури се мислам и да побарам помош од стручно лице
     
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    41.195
    Пол:
    Женски
    Мене ми велеа период. Ама тој период траеше. Ќе си заминам, ќе плачете по мене....Ние бевме строги. Веднаш му укажувавме на ,,резултатот,, од тоа што го кажува. Ако постои некој да те сака повеќе од нас, оди. Ако можеш да издржиш гладен, оди. Ако мислиш дека не ти е страв навечер кога има се и сешто надвор, зошто никој нема да те прими дома, оди.
    Многу е стресно.
    Еве го во недела ќе полни 9 год, помина тој тантрум, сега уште инаетот да го решиме. Со тоа сме на голема мака. Ама јас многу зборувам, зборувам и кои се последиците од тоа што тој го прави. Од почеток се прави како демек не му е гајле, ама после се кае.
     
    На JoyJoy и TarantulaA им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.324
    Допаѓања:
    68.124
    Пол:
    Женски
    Бесот, лутината, се нормални емоции. Ќерка ми знае да вриска кога е бесна и лута, удира во перница. Да исфрли лутината. Раговараме зошто е лута. И јас кога сум лута викам, не на нејзе, општо викам, мора некако да се изразат емоциите, исто како тагата, со плачење... Ништо не се прави со потиснување. Побарај и на нет, здрави механизми за справување со лутина, за изразување на емоции.
     
    На JoyJoy и TarantulaA им се допаѓа ова.
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.009
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Дали случајно имате и помало дете во семејството? Мои пријатели кога се роди помалото дете, кај поголемото имаа вакви испади од типот "ќе си одам од дома, ќе останете со едно дете, ќе направам вака или така". Сето беше препишано на љубомора.
    Ова во нивниот случај, не тврдам дека тоа е и кај вас.
     
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.970
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со Малац Генијалац школите?
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    @irena.1 мислам има искуство.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.352
    Пол:
    Женски
    Повели, што те интересира.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.970
    Пол:
    Женски
    Искуства, што се учи, колку е корисно...многу е неопределено на страна нивна некако.
     
  12. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    да,имам бебе од година ипол.Верувам дека и новиов член има удел во негово однесување.Сега е во фаза да му ги зима сите играчки,да го копира,а тој се лути.Но рескцијава :"да ме снема" од памет ме извади.Јас сум видела лути дечиња што плачат,фрлаат играчки,касаат.Ова моево ко страче некое се кара и се заканува:)
     
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.352
    Пол:
    Женски
    Отидете на разговор и се ќе ви објаснат за она што се изучува и воедно да му направат проценка.
    Се состои од три програми нумикон (за најмалечките, што се учи не знам зошто моето дете го прерипа) ментална аритметика (се изучуваат математички операции по друг метод на абакус) и супер ум(многу напредно ниво на решавање на мат. Операции)
    Не знам колкаво ви е детенцето и какви афинитети има.
    Лично мислење и впечаток мој е дека програмот не е за деца кој им треба помош при учење или разонода, туку за деца кои имаат дарба и афинитети од овој тип.
    Ние сме задоволни од програмот, син ми оди од многу малечок, одлично му влијаеше на менталниот развој и премногу научи. Но тој е дете што има дарба и многу сака математика и сметање. Сеуште едвај чека да оди на час.
     
    На Ano, danichap и TarantulaA им се допаѓа ова.
  14. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    22.860
    Пол:
    Женски
    ...и би сакала мајките на деца на возраст од 6г. да споделат со што најмногу играат нивните деца? Син ми со лего техник,и таблет.Но некако мн почна да се опсесира со таблетот,и сега е ограничен само на 1ипол час дневно.И ова му ствара револт,нервоза...само вика досадно ми е...
    Знам да го заиграм со експерименти правење(оцет,сода,па ставаме тревки..),слагалица некад,оние 3Д макети....ама некако на 'буткање' е сето ова.Си го бара таблетот..Затос,давајте идеи мајки
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    И кај мене игра со лего, работење и конструирање по план, но и сопствени конструкции со поединечни лего елемети.
    Имаме и креативен дел, каде има боење, сечење, лепење или работа со пластелин. Порано имавме и слајм, ама сега немам најдено асален кој не е многу леплив. Различни блокови, со бели листови или за боење, да се секогаш на дофат.
    Нижење на алки и слични активности, боцкање со перли.
    Отворена игра со диносауруси, коли, разни фигури или кукли е најчесто во соба, каде и што стојат.
    Останативе работи се на видик во дневна, сортирани според теми, во прозирни кутии.
    8A95B598-4771-4C03-8152-1F3E5DFC89BC.jpeg

    И најважното баланс со физичка активност. На жалост не успеваме преку недела да шетаме во природа, се трудиме барем за викенд. Преку недела се во градина, двор, или при многу лошо време различни активности кои се изводливи за во домот.
    Оди еднаш неделно на карате, да не почнуваше прваче ќе ја запишев и на втора активност, ама да не и се собира многу, па за сега остануваме само на тоа.
     
    Последна измена: 3 август 2023
    На JoyJoy и TarantulaA им се допаѓа ова.
  16. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мајки на поголеми деца како прифатиле да не се гледате многу преку ден
    Незнам може звучи чудно но јас многу ги мислам
    Децата ми се 9 и 7 г јас треба нареден месец да почнам со раб
    Тие наутро од 8 до 1 се на училиште а јас од 3 ке треба да одам на работа до 10 кога ке се враќам тие веќе ке спијат што значи само 2 часа ке се гледаме
    Мене уште сега ми е тешко,како вашите се прилагодиле ако има некоја со вакво искуство
     
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.352
    Пол:
    Женски
    Постојано ќе одиш така или некои денови.
    И јас работам на смени. И кога сум втора баш е така,не ги гледам.
    И не е само моментот не гледање и недостасување. Туку не можам да постигнам со обрски околу нив тие денови. Така да, ако е на смени ок, но само попладне да работам не би прифатила.
     
    На TarantulaA и JoyJoy им се допаѓа ова.
  18. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Морам само попладне наутро не ми одговара
    Работата е од 6 а јас во 8 морам на училиште да ги носам
    Немам никој тука да може да ми помогне
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми е опседнат со фудбал сакам да го запишам ама искрено незнам каде има 6 години, дали има некоја мајка на која детенцето и оди да сподели искуство од каде се задоволни.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    36.726
    Пол:
    Женски
    @blessed.an ако отсуството не р само физичко. Ако успеваш емотивно да им надоместиш тогаш ќе бидр во ред. И ако таткото е добар како емоционална потпора тогаш пак во ред. На него ќе падне товарот на помош на децата (зборувам од аспект на случки во школо, проблеми со другари и слично).
    @elcezelce мојот оди во Park City (бившо Вардар). Појде на 6 и баш сака да оди.
     
    На elcezelce и blessed.an им се допаѓа ова.