Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Синко мој има 7 години ама е ситен, има 19 кг. Две години ако не и повеќе истите алишта му се точни (од градинка па до сега - второ одд). Многу му велат: одиш во градинка, и тој се лути - што зборуваш второ ќе одам . Машала здрав е. Јади по малку и вика ако касни повеќе ќе му се лоши и се закашлува - како со гадење. Ова малку ме загрижува - да не имате некое искуство?
    Ви благодарам
     
  2. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Нема врска килажата, битно е во висина да се следи.
    По тоа што викаш дека истите алишта ги носи од градинка, најдобро е да посетите ендокринолог.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    31.822
    Пол:
    Женски
    Ако сте загрижени за напредување на детето обавезно консултација со лекар. Мене ми е симптоматично што две години носи исти алишта. Би требало да се извишува (не мора да качува килажа). Може и да не е ништо ама добро би било да проверите зошто слабо расте.
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    fk karev vo karev leptokarija mnogu zadovolni deca pominete ili najdete gi na fb. Vprocem sekoja naselba si ima fudbalski timovi rasprasgajte se vo naselbata ili mestoto na ziveenje
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Здраво, ќерка ми за 3 месеци ќе полни 8 години, почнале да и растат градите, ја носев на матичен кажа дека е нормално но мене некако не ми е, дали има некој слично искуство?
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.579
    Допаѓања:
    15.611
    На ендокринолог бевте? Ако не,одете ќе ви направат испитувања за ран пубертет.
     
  7. Bubica1991

    Bubica1991 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki,imam detence 8 godini.Imame malku poveke klapnati usinja,ajde do sega nie go ubeduvavme deka ne e nisto deka e super i taka natam.No veke pocnaa deca kako deca da mu se potsmevaat i gledam deka poleka gubi samodoverba.Bi sakala nekoja majka ako ima iskustvo od detski hirurg za etstetki popravki da mi preporacate.Nie sme veke gore dole odluceni deka bi pravele zafat,znam deka dodeka bile pomali na ovaa vozrast bilo podobro.Deka e mnogu bolno postoperativno bi odele na razgovor kaj doktor no neznam kaj koj.
     
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Мајки, искуство со дете 6г. на мои блиски кое е премногу срамежливо?
    Многу малку е одено во градинка, и таму се срамело до степен името да си го каже, во игротеки на родендени не сака да се дружи со други деца, седи само до мајка му, на училиште е прваче и не сака да оди. Потиснува емоции во себе, не плаче ама премногу се срами. Понекогаш дури и од домашните (возрасни) од пошироката фамилија се срами. Кон родителите изразува револт со безобразни зборови. Нема брат/сестра. Дали е потребен психолог или некаква работа на родителите со детето? Како да му помогнат?
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    31.822
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 најдобро нека консултираат психолог. Да им каже активности за да се надмине срамежливоста. Не очекувајте да се претвори во супер зборливо и отворено дете, ама во адаптација ќе помогне.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.266
    Пол:
    Женски
    @Lovebug01 за слично дојдов во темава да си се пожалам. Дома не користиме пцовки, не сме зборувале ниту за шали безобразни и сл. 8год е мојов и денес имавме страшен момент со: удирање на сам себе по глава, си ги влечеше капаците на очите, си ја касаше блузата, нагони да повраќа имаше, се дереше ШТО ЗНАЧИ ТОАААА, ЌЕ СЕ УБИЈААМ, на крај пешкирот за раце што виси во вц околу врат го виткаше и стегаше. Срцето 200, толку вознемирен во живот не сум го видела, се поради тоа што поголеми деца на игралиште му рекле да кажува брзо: Секој петок урда јадам(facepalm) И кажувал изгледа и му се изнасмеале. После изгледа сфатил како испаѓа брзо кога кажуваш... Дома кога стигнавме, едвај го натерав да ми каже што му е :(

    А се супер си играа и одеднаш почна да ме моли за дома со лажење дека му се оди во вц, дека му е досадно итн, а јас одма го приметив ама е вознемирен. Сме имале и други ситни моменти кои со разговор сме ги решиле. Ама ова беше страшно, ми се плаче и плачам и неможам да престанам да мислам ли мислам што да разговарам. Не сакаше да зборува прееска. Од кога се смири рече дека сакал да заборави за тоа, ако тоа било можно и да не сум кажувала на никој. Уште многу тек ќе се изнаслуша и мора и да го спремам некако. Дали сама, дали со психолог? Сте имале ли вакви моменти, како да постапам...
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    18.333
    Немам совет,но праќам виртуелна прегратка.
    Жалосно за детенцето.
    Жал ми е што постојат такви сурови деца,што провоцираат,се потсмеваат,мајтапат и малтретираат деца.

    Јас сум просветен работник,и секогаш сум(бев) за тоа проблемот на малите да го реши возрасен(родител,учителка). Се додека пред некоја вечер не се случи една случка.
    Си седевме во еден детски парк,моето дете понесе играчки од дома за да си игра со другарчиња. Две другарчиња земаа од играчките,си играа,се оддалечија и почнаа по глава да го удираат. Извикав гласно не така,а мм тргна одма кон него да го одбрани.
    Тој кутриот стои и си плаче. Душата ме здоболе. Децата се разбегаа. Нивните родители видоа. Патем едното беше помало од моето. Го викна мм и гласно му кажа,од сега што ќе ти направат на тебе исто да им вратиш,но не почнувај прв.
    Изгледа слушна таткото на помалото па дојде као со сила ,ај да се извинат.
    После два дена,на истото место,истиве деца си играат и пак помалото го напаѓа моето со гребење по грб. Видов,го извикав гласно името(исто се викаат со моето) со цел да слушне мајка му. Моето ме погледна и му врати со страв во очите да не го искараме.
    После овие две случки, има да враќа и малку да им биде на децата закачковци.
    Оправдување на мајката беше дека брат му е поголем,често го закачал па он станал агресивен.

    Темава е од 5 до ,9,мојот уште 1м ќе прави 4,ама си се надоврзав.

    Можеби е добро да разговараш со психолог. Да добиеш некоја насока како детето да се справи во такви ситуации.
     
    На TarantulaA, Ano, Maca Macka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.266
    Пол:
    Женски
    :hug:

    Ова беа поголеми некои деца (5то 6то одд), ама во ист терен играат и мали и големи и големиве во пубертет и збеснати. Ми доаѓа утре да ги подберам, да пазат што зборуваат. Не им е прв пат да зборуваат глупости, сум ги слушнала и сама... ама маливе кога се заиграни не обрнуваат внимание и не слушнале секогаш се. Како скоро на улица си играат пред куќа и вика: сексање (facepalm) И јас ваква:shake: Добро викам, што е тоа? Па незнам вика што е, ама децата во школски викаа :x Не го слушнал зборот до тогаш, одеднаш слуша нов збор, интересно му звучи, а поима нема што е(facepalm) Леле па рано и ми е да му објаснувам такви работи... маки брее:whew:

    И јас не сакам да се закача, па дури и да не враќа... го учам дека најдобро е да се тргне, да се повлече, да дојде да ми каже мене, ако е во училиште на учителката... зошто е прилично покрупен од врсниците, има да ги однесе со еден удар. Имавме проблем со едно дете кое го тормозеше, па демек сами ќе го решаваа, па преку наставничката и на крај го решивме со разговор родител со родител. Од тогаш не го допрел.

    Ваков како денеска никогаш не бил, многу беше навреден и вознемирен. Може цел саат после тоа плачеше. Дури кога се смири и почнавме и други муабети дома, а него зборувањето уште му беше со немир, солзи во очи. Му се плачеше на секое, се додека не заспа.. Најверојатно кога и да помислеше на тоа, си поплакуваше :(
     
    На JoyJoy и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. Bubica1991

    Bubica1991 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Fala bogu nekoj sto ima mislenje so mene,sekogas koga bi se pozalila ili pristapam ubavo so roditelite da razgovaram na decata za odreden problem odma naiduvam na toa deka tie se deca,denes ke se karaat utre ke si igraat.Dojdovme vo nova naselba imam dve decinja maski,se uklopia iako na 8 i 10 god gi donesovme i ajde se uklopia so edno dete od maalata si igraa celi vreme i bev srekna.Potoa doagaa i drugi decinja sto ziveat ovde poleka se zapoznavaa jas srekna,imame golem dvor igraa fudbal pa ke im iznesam sok gricki.I sto se sluci ednoto dete odednas pocnalo da gi navreduva i da vlijae i na drugure deca megu koi i edno devojce.I ajde velam ako ne se pogoduvate ne se druzete za da izbegnam karanici,no za da pojdat vo grad mojte deca mora da pominat odkaj nivnata ulica,na sekow minenje pcovki navreduvanje se se..Vrv bese koga im kazale majkati e kako slon ,a jas vo 9ti mesec trudna za devojce..I jas normalno zvonam.na majkata isto takw prosveten rab sto e odg j bese deka se deca da gi ostavime megu niv da si resat....
     
    На Sofi.ja и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    3.108
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има 7 години и изрази желба да оди на цртање. Дали имате некоја препорака за школо / наставник од искуство?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    31.822
    Пол:
    Женски
    @mariz такво реагирање е нормалби за дете на 8 години (види за 7 и 8 години на линков https://www.heysigmund.com/developmental-stage/). Светот им е црно/бел од аспект на меѓѕчовечки односи. Добро е што би кажал што е. Само му треба поддршка во изразување емоции и укажување дека не се сите луѓе исти и не се секогаш сите исто воспитани.
     
    На TarantulaA, azelea и mariz им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.266
    Пол:
    Женски
    Така и разговаравме сабајле. Кога почнав да му објаснувам, се криеше под перница. Реков дека може ќе слушне и други работи, па да ми кажува ако нешто го изнервира или ако не му е јасно што значи... Објаснив што е и со: Секој петок урда јадам, дека вчера не сакаше да ме слуша кога зборував... Смирен беше денеска и си направиме муабет. Ми вика: а добро тоа значи може и јас да пцујам (facepalm) Му викам: а сакаш да пцуеш? Па не вика (facepalm) Не е забрането да се пцуе, ама не е убаво да се пцуе му викам. Тоа го прават луѓе и деца кои не се воспитани убаво. Исто и со зборувањето на безоразни работи... Почнаа другите маки. Ова било, поголеми деца - поголеми проблеми :sweat:
     
    На TarantulaA, azelea, AngelOfArh и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    18.333
    Да ви раскажам денешна случка.
    Бевме во кафана,имаше лулашки,си игравме таму.
    Бев свртена на друга страна кога една мајка викна не го удирај. Се завртев моето дете таму. Помина покрај нив(неа и детето,помало од моето) и го прашувам што направи? Вели ме удри. Добро,ама ти што направи? И зачуден ме гледа...ооо заборавив да му вратам:rofl: мене уште не ми е јасно, велам кој прв почна? Он ме удри мамо. Ми стана јасно тогаш:D
    Се качува детето горе и пак пробува да го удри, односно замавна неколку пати со рачето. Моево срамежливо ме гледа и подигнува полека рака. Само му реков не,мајка му е тука ќе го искара,и се повлече.
    Колку добра душа има, пиле мајкино:l:
     
    На TarantulaA, azelea, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. tazna

    tazna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Zdravo Majki
    Ve molam za sovet.Imam 5 godisno detence pravese pauza od 1 mesec ne odese na gradinka od 1vi Ssptemvri pocna pak da odi no imam golem problem,pocnale da igrat nekoja igra so cudoviste Momo i sega toj e tolku voznemirwn ,se plasi. Ne saka sam da sedi vo prostorija,se plasi da zaspie ,po cela nok se guskame od strav.Mu zboram deka ne postojat cudovista no nema rezultat
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    31.822
    Пол:
    Женски
    Леле срце мало. Потполно го разбирам. На негова возраст тоа е престрашно. Сега не може да разбере дека чудовишта не постојат стравот е реален. Можеп само да го уверуваш дека е сигурен/безбеден и дека сте тука со него.

    Покрени ја темата со кадарот од градинката и со родителите. Јас вчера се испокарав со родителите од одделение што дозволуваат секакви содржини на деца без никаков надзор. На деца од 7/8 години им дозволуваат насилни видео игри, игри баш со чудовишта (како тоа Момо), игри ограничени на 13+ заради можност за чет. Страшно е какви родителу има. И на крај моето дете испадна "будала" и "назадно" што не гледа и не игра глупости и што учи. Страшно и срамно, ама за жал тие што треба да за замислат и зарамат мува не ги лази, а први се да зборат против наставнички и школо и градинки.
     
    На azelea и tazna им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.220
    Допаѓања:
    102.452
    Пол:
    Женски
    Леле што прочитав... Сирото дете :l: И мојот нешто помал од твојот е во слични маки. Деца и помали од него почнуваат да пцујат, да користат вулгарни работи, а машала и бабиве од околинава не се на одмет, почнуваат да му кажуваат песнички и брзозборки со безобразни содржини. Бабиве ги решив, им реков, децата ваши ги учевте ли? Не, епа нема ни моето или ќе ви забранам пристап до него. Децава во школо немам пристап искрено, не знам што прават. Мене ова основното образование и почетокот многу тешко ми дојдоа. Деца безобразни, невоспитани, направија група и почнаа ептен да прават бељи. Нашето ескалира и по медиуми и портали, така да ич не ми е за оставање работата така да помине.

    Јас имам и еден друг проблем, дете има 7ипол години, второ одделение, никогаш немал тикови, од нигде никаде почна да се загледува во раката отворена кон лице, како во телефон да гледа. Телефон он не гледа воопшто, нема телефон свој, не гледа видеа на никаков уред сем на тв што гледа по малку понекогаш и игра игрици со цртање и компонирање музика на лап топ. Ова трае скоро 1м. Што да направам? Како да му помогнам? Кај да го носам? Совети и се има ли соочено некој со ова? Осеќам дека како да сака да ни збори преку раката, како да ни е лут, како да не сака да не погледне во лице... Спрема брат му никогаш не покажа љубомора, да речеш како реакција на брат му да го прави ова.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.