Мајки како се справувате со трети лица кои влијаат на воспитување на децата? Во мојот случај 5 годишно девојче живееме сами,разведена сум и можам да кажам дека имав убав развод и имаме комуникација со таткото,до некаде здрав однос бидејќи ја зема еднаш неделно на шетање плаќа алиментација редовно дури и повеќе одошто треба и се е во ред но во моментов зависам од мајка ми во однос на чување на детето бидејќи работам на смени и две недели во месецот баба и ја зима од градинка и ја чува по неколку часа. Проблемот е што детето последнава година откако е повеќе со баба и се смени,ми враќа зборови,ако и речам да јадеме ми вика јас не сум гладна ќе те кажам на баба ме тераш со сила да јадам,за се нешто ќе те кажам на баба и баба и трчка и се расправа со мене остави го детето не е гладно не ја гњави,зошто шетате толку често прашања за се нешто,повеќе е дома кај нас отколку во нејзиниот дом дури и ненајавено знае да дојде во ниедно време кога е време за спиење (истото го правеше и додека бев во брак при што допринесе барем 30% за разодот)... Во градинка ми се жалат од малата се качува на прозори и на маса и рипа,скршила дрвена маса,не прифаќа команди сите деца цртаат таа вика ме мрзи не ми се црта итд. Кога и го кажувам ова на мајка ми одговорот е еј де де па дете е што сакаат они на мира кафе да пијат нормално ќе е немирна или од нигде без потреба ќе го спомне татко и во смисол немирна е бидејќи дозволуваш да се гледа со татко и сакаш европски однос ќе имаш и европско дете,кај се видело дете на разведени родители да оди таму ваму се знае со едниот родител е и крај нема гледање. Инаку од многу одамна имам токсичен однос со неа бидејќи се решава со викање незнае да седне убаво да дискутира,сега е и во период климакс и се сака да контролира лесно се навредува што и да и кажам одговорот е јас тебе ти требам не ми требаш ти мене ќе си го чуваш детето сама па да те видам... Зависам од неа во однос на чување на детето но од друга страна многу е токсичен фитбекот. За возврат добивам немирно дете и немир во самата себе. Како да постапам со детето за да ме слуша повеќе и да не е толку приврзано со бабата?
Така што ќе ја тргнеш бабата од сликата. Тоа е. Нема друг начин кога е толку време со нејзе. Ако не е изводливо тоа, нема да ја смениш мајка ти, не се менуваат таквите, што и да направиш. Само тргнување што подалеку. Не може бившиот да ја чува, штом имате коректен однос?
Не сум се обратила кај него за проблемов.Но и тој работи,неговата работа вклучува патувања по неколку дена не е дома. Мислев дека има начин со разговор да се смени нешто,но најверојатно ќе бидам принудена да барам друга солуција..
Од искуство, нема да се смени. За жал, што и да кажеш пак нивното ќе го тераат зошто така знаат и се стари да се сменат. Ама, за доброто на детето, барај друго решение. Има и татко сепак, пробајте нешто, некако...
мајка сочуствувам со твојата грижа..Син ми е 6,но реакцијата при ситуацииво кои е фрустриран.Остите зборови,ќе си пдел,не дака да постои..Ме плаши...Сп убаво сѓе знореле . И некако само по себе се среди.. Шо да ти какам совет?? не сум мудра толку..Мислм убаво си ја почнала тематс штп е ок а што не ...
ако не прима од баба, ќе прима од надворешна околина, градинка и сл. не моеш да бидеш влијание само ти на неа, за жал. можеш само клучна улога да имаш и трпение да исправаш кога ќе рече нешто што не треба. но изолирање на дете од надворешен свет воопшто не би ги препорачала, зошто подоцна си зима данок тоа.
Не е обична пцовка па да оправдаш. Бабата го труе детето. Такво воспитување нема да резултира со воспитано дете, за жал.
точно. но не треба ни да се отсече од бабата. може да се разговара, посебно кога е домашен некој полесно се средува. Оди среди нешто од надворешна околина врз која немаш никаква моќ да те видам. Тоа ми е муабетот.
Баби и баби би рекла. Баш на оваа возраст внуче, дете на разведени родители "трауми" доби од бабата, сега веќе тинејџер не сака ни да ја види. Таткото во странство, детето живее со мајката и демек место таткото, еднаш, два пати неделно време со баба да поминува. Е сега бабата со следните муабети - кој ти ги купи патиките? - таа мајка ти к*рвата да не има друг маж? - кај излегува, што прави мајка ти, ваква е, таква е - мајка ти не те гледаше, не те сакаше, татко ти те одгледа како бебе и не знам што. Го доведе до фаза детето, да живее на 300 метра од бабата, да треба да помине пред куќа за на училиште да појди, а тоа да врти преку 3-4 улици само да не ја среќава. И куп психолози и што не посетуваа.
Разбирам. "Интересно" е што друго дете да е, нема воопшто да го тригерне ова, ама ќе трупа во себе. Кај ваков вид на баба ниту јас не би пуштила, нормално. Ова е екстремно.
Членката пишала дека не се средува, и таа има проблеми со мајка и. Таков човек не менуваш. Најздрава опција е да смени работа и да не зависи од бабата.
Ako ne e izvidlivo tatkoto poveke vreme da ja cuva nekako zosto ne pobaras barem Zena za cuvanje za na dve nedeli primer, barem se ke prave Kako ke I reces ke ja pricuvuva uste nekoja godina, pa posle decava Sami si sedat doma dodeka si na rabota. So majka ti ne mozes da se razberes ili ke si trips taa da vlijae vo slucajov negativno na deteto, ne slusat se inaetat si teraat po nivno.
За прашањево нема соодветна тема. Децата ми се 2 и 6 години. Без разлика дали се познати или непознати, секогаш за малово викаат леле колку е слатко ова она, а за големово ништо и големово чека да и речат и после ми кажува дека неа ништо не и рекле. Вечерва истата ситуација. И ја гушнав и реков дека таа е најслатка и се нај ама дека луѓето едноставно така на помалите викаат и и викам дека и таа кога ќе види бебиња вика колку се слатки, а за поголеми деца не вика. Можеби треба од некоја друга гледна точка да гледам? Совети што да правам и кажам? Има и луѓе што викаат и на двајцата или само на неа. Една жена почнав да се правам да не ја гледам бидејќи ептен видно и нападно зборува само за малово како да не постои големово. Можеби некаде јас погрешив што се чувствува така? Или луѓето грешат? Нели приметуваат дека не се чувствува добро големото дете? Дали е ок што се чувствува така, дали е нормално тоа? Што ако си набие комплекси од овој период? Ме потсеќа ова на моите двајца помали браќа, разлика се 4 години, и поголемиот сеуште е како во сенка, и вели дека секогаш се се зборувало и правело за помалиот брат. Се надевам ќе ме сфати некој и ќе ме советува. Дали и кај вас е вака?
прво што има непознатите да коментираат? Друго, познатите толку имаат алал па само на едното така зборат. Јас на познати на пр. ми е незгодно за едното да речам е слатко а другото не. Тоа е непочит. Добро си му објаснила ама сепак е дете и за жал тоа му делува на самодовербата
Кај мене познатите, најблиските се поделени, на мм фамилијата го обожава големиот и го величи, мојата го обожава малото и го величи, но сите во едно се согласни, големото им е кралче, генијалец, го воздивнуваат, а малото да е живо и здраво, додуша мало е да има некакви претензии нели.
Добра ти е гладната точка, подобра не ми текнува. Секогаш едното дете во фамилијата е прво, другото е второ. Јас како прво, постаро дете, да кажам ич не испаднав лоша, посамостојна сум и порешителна од второто. Ситуациите и искуствата во животот не оформуваат како личности, ништо не можеш да направиш во врска со тоа. И сигурна сум дека и двете деца ќе бидат ок.