Б-комплекс би требало да помогне. Ама ништо драстично не помага. Ако не јаде не јаде и тоа е. Мојот малку се разјаде од Б-комплекс прашок од Зегин и перли АД од Алкалоид (заедно во комбинација давам). Инаку мојот јаде сега скоро се од намирници ама количински малку. Чекам да дојде до кај 9 години викаат тогаш се разјадуваат пред пубертет.
Тоа сигурно дека е таму родено, ако не 200 евра братучетка моја плаќаше од ден за детето. За неа среќа не се плаќаше иако се е прерачунато.
Здраво син ми имам 5.5 години, доста бистро детенце е, многу рано почна да зборува, знае многу повеќе работи од предвиденото за негова возраст, убаво се изразува, користи сложени изрази и реценици, прераскажува приказни, измислува сам приказни и раскажува, ама во последно време приметувам дека почна да пишува наопаку.Сам почна да ги учи буквите, прво научи латиница па кирилица, па препишуаваше зборови успешно ама во последниов месец обично кога ке избои некој цртеж се потпишува и на неколку приметувам дека пишува наопкау, како одраз во огледало, исто и бројките знае чат пат да ги напише обратно.Во градинка исто нацртал цртеж и го избоил ама се потпишал обратно од лево кон десно пишува, огледалско пишување. Дали е некоја фаза моментална или треба да воочам проблем?Ако треба да препознае прости зборови знае да ги прочита, имињата наши, мама, тато, баба, куче, маче и слично. Ако препишува не греши ама ако треба да пише сам на последниве неколку цртежи е напишано обратно. Предходно си го пишуваше името правилно и на латиница и на кирилица, од што мпже ова да се смени, дали е некоја фаза во развој?
мене ми е мисла да не перцепира погрешно, да не се работи за дислексија или нешто слично,да знам да реагирам.
Ауу на кај ти оди паметот. Остај детето да се развива со свое тепмо и да игра. На таа возраст игра најмногу треба.
За таа возраст нормално е и моето прво детенце на почетокот така пишуваше сег а веќе не,а и второво гледам едни наопаку едни не исто е 5.5 год
Не бе, братучед ми и братучетка ми до прво одделение пишуваа така На братучетка ми малку подолго и се дешаваше да "згреши" така на бројките.
Еден совет ако некој има памет да ми даде. Како на дете од 6госини да му кажеме за смрт на дедо. Не беа преблиски, дека тие седеа во друг град, ама сепак го сакаше. Јас можеби и би одложувала подолго, ама ми е страв да не се испушти на баба му, братучед му или некој друг.
Син ми незнам навистина од каде, е многу свесен. Имавме смртен случај, му кажавме дека сега чичкото е на небото , ние нема да го гледаме , само он ќе не чува одозгоре и можеби дека го однесов на гробот на татко ми , некако ги поврза работите. Освен мила дека сега е на небото, некако побезболно ми нема од тоа. За брзо ќе видиш дека сам ќе му стане јасно. Сочувство
Он е свесен и сме зборувале за тоа дека луѓето не се бесмртни, дека кога ќе остарат, порано или подоцна одат на небото. Знае што е и гроб и слично. Само мене некако ми е жал да го соочам со смрт на близок, ама од друга страна полошо ќе ниде некој друг да му каже, ние бар ќе одбереме зборови. Секако приказната ќе биде дека дедо отишол на небото и од таму ќе ги чува него, брат му и братучедите. Фала Ели на споделеното искуство.
@Ano , живеев во иста куќа со баба и дедо, плус во близина и прадедо и еден куп стари на истата улица. Никогаш смртта за нас не била табу тема. Го нема повеќе, на небото е и тоа е тоа. Е сега знам дека до кај 10+ години се плашев да видам мртовец ама пак и не дека имало потреба да видам. Во однос на кажување бидете отворени спрема возраста колку дозволува. Само не кажувајте дека тоа е нешто страшно, да нема трауми детето цел живот. На пример свекрва ми по тоа прашање секогаш сметале дека децата/младите нема потреба да знаат или да се вклучени што буквално имавме ситуација да почине дедо на сопругот и тој само да добие инфо на 30+ годишна возраст демек "Х почина ама вие сте млади и нема што да правите таму, во смисла на погребот". Така да и сопругот и сестра му, ко изгубени честитки, ни виделе ни ништо и уште со дилема дали да одат.
Почина свекор ми пред 2 години, беа ептен врзани со синко, он, баба му и дедо му, секаде заедно, дури и на одмор го носеа, на викенд, одеше преспиваше со нив, се правеше со нив. За нијанса беше поповрзан со свекрва ми. Кога почина свекор ми мм дозна пред него, нормално дека изреагира и детето виде, мм замина одма, јас го земав до мене и му реков дека деде е сега на небото, беше болен и сега му е подобро таму горе со другиот дедо, со прабабите и прадедовците, со хрчакот ( умре неколку дена пред тоа), си седат на некој облак и го чуваат од горе. Летово имавме неколку ноќи поминати надвор и си стави некако во глава дека дедо му е некоја ѕвезда па цело време го бараше и си пикира една ѕвезда и тоа е деде и крај. Поголема мака имаме сега секогаш кога е болна свекрва ми да не умре, да не отиде и она на небото и така натаму, затоа не му кажавме кога беше во болница, кога е така поболна викаме дека е на бања да се бања оти ја боли кичмата. За татко ми беше помал, 2ипол имаше, не памети скоро ич, али знае да каже и дедо В таму сега свири гитарче, музичар беше татко ми. Ние тоа небото му го имаме претставено како паралелно место каде што се живее, и таму шетаат, возат, одат на забава, се бањаат во море, фаќаат риби и така некако му е тоа нормално. Многу сакаше да оди на гробишта и го однесовме, ја виде на деде куќата, понесовме доручек, кафе, буквално како со дедо да е на доручек и некако тоа пројде. Пробај да му го претставиш тоа како нормална работа.
Му кажавме утрово. Баш така дека дедо отишол на небото и од таму ќе ги чува него, брат му и братучедите. Се натажи, ама ок е. Е сега очекувам дека ќе потпрашува, како што и веќе направи. Кога се освести после половина час праша, а зошто почина дедо? Па му објаснува дека беше стар и болен и сега му е полесно да се грижи за нив. Среќа мм не беше дома (зошто за свекор ми станува збор), па јас малку посмирено му објаснував. Фала и на тебе за споделеното искуство. Мали се, ама и не толку многу па му текнуваат работи. И јас се помислив за болест да не спомнувам да не се пресече па после за секој кој е болен да не мисли дека ќе умре, ама малку неспремна бев во моментот кога праша. Тоа е, ќе се објаснуваме полека и само трпение.
Извинете што ќе ви се замешам во муабетот, ама од кога сметате дека е соодветно да се разговара со децата за смрт и несреќи? Баба ми и дедо ми не се добри, братучед ми е 4 и пол години. Не живеат заедно ама вујна ми не знае дали е време да му се објаснуваат тие работи, оти до сега сме немале таков случај откако е потпораснат малку. Па да ме посоветувате што како сте направиле вие за да не му дојде гром од ведро небо кога ќе починат.
Искрено незнам која е соодветна возраст, ама се зависи и од детето. Сепак мислам 4,5 години се мали. Мојов е 6 години и прилично е свесен за овие работи. Сам имаше прашувано за вакви работи. Знае и како се прават бебиња (освен чинот се разбира), знае дека луѓето умираат и "одат" на небото. Да не прашувал веројатно не би му имале кажано за природниот циклус зошто сепак се деца. Искрено да не морав немаше да му кажам, ама свесен е и ако не сега ќе мораше кога тогаш да му кажеме кога би прашал каде е дедо. Се зависи и од околностите дали е во заедница со нив или ги гледа повремено. Колку е близок со нив.
Ќерка ми има 4.5 години. Дедо и беше некое време тешко болен, го посетувме заедно, ја подготвувавме дека нема да оздрави. Кога почина и кажавме веднаш, беше тажна и плачеше.Имаше многу прашања и подоцна прашуваше каде е, што значи тоа зошто дедо и. Ние и тагувавме пред неа и со неа, и некако беше вклучена во целиот тој момент и нема трауми. Уште знае да го спомне дедо и, да каже дека и недостасува. Нас психолог така не посоветува, ние да и ја кажеме вистината за да не се почуствува изневерена и излажана. На таа возраст концептот смрт баш и не им е јасен, но доколку биле блиски со таа личност ќе лувствуваат тага. Тоа е нормално ќе им треба време исто како и нам на возрасните.