Дете 6 год постојано болно. Во градинка оди од 9месеци сега е прваче, извадени тонзили и трет крајник во мај но пак нема спас...Нешто да сподели некој што се погодило ефикасно за заштита, веќе памет немам...
Ако се вируси пробајте Дефендил/Бимунал прво, ако не функционира Изопринозин. Ако се бактериски инфекциите не знам. Најдобро е можеби консултација со имонунолог. Инаку мојов е скоро 8 години и откако почна школо имаше една вирусна една бактериска инфекција. Во моментов пак шмрка со носот. Му дадов Виранто сабајле па ќе видиме.
Здраво син ми скоро ке полни 6 години и за роденден бара конзола за играње нитендо свич. Јас пред една година купив плејстејшн 4 и некои детски игри му купив ама кога почнаа да играат со мм некако се навлекоа многу, детево изгуби интерес за друга игра само сонито го интересираше, и кога ке играат, додуша повеќе мм игра ама сеедно детево зјапа во тв,тоа траеше 2 месеци и од нова год им забранив лани, им ги сокрив контролерите и нема, исто и јутуб и телефон забранив скроз, и детето се врати во нормала, црта, бои се игра, гледа телефон и детски јутуб од време на време ама не претерано. Му купив едно мини нитендо викам ајде дете е нека поигра, иста песна, само тоа во раце и се друго баталува, и му го земав. За сонито цело време ме моли да игра и сега му дозволив за викенди по саат време. И сега најново цело време си бае за нитендо свич, тоа е прескапо ама има копија на алиекспрес околу 2000 ден и се мислам дали да му го купам. Ке се радува ептен ама ако претера знам дека ке му го земам пак па се мислам дали да се изложувам на стрес. Сака многу и лего коцки, ги реди ситни по шеми, па во дилема сум дали да му купам коцки или тоа нитендо. Таблет и компјутер нема, само јутуб кидс на тв или чат пат на мојот тел. Маж ми вика дете е, сите деца играат, купи му, ке се радува, ке го игра по малку, и коцки купи му плус. Играат ли вашите деца, дали јас претерувам,?
Јас можам да кажам за мојов 6години за сега успешно одбегнуваме. Цртани се гледаат строго на тв, не фокусиран во мобилен. Таблет само на одмори кога одиме носиме. Игра по некоја ептен ретко на мојот телефон и не повеќе од половина час. Ние свесно одложуваме додека можеме. Последно му дадовме задача да штеди ако сака конзола и веќе има каса за тоа, ама секако ќе потрае. Јас не би му купила особено штом веќе имате плеј стејш и викаш дека веќе имаш лошо искуство со претерување. Колку сака нека се радува, они се децата, а ние родителите и ние сме тие што треба да донесуваме свесни одлуки.
Маж ти претерува ,не ти Ќе се радува,ама и ќе го бара да игра а ти ќе се нервираш пак. Плус на таа возраст веќе е прваче? Ќе му биде вниманието повеќе насочено кон играта ,отколку кон книгите. Купи си лего.
Мал е уште, нема ни 6 години полни велиш, има време за игри. Колку можеш одложувај, штом се занимава и со други работи кога не му даваш екрани , седи си мирна јас ти препорачувам од искуство. Многу пати и ние родителите сами си го бараме, "ај дете е, греота е, па сите деца играат, сите деца имаат таблет,плејстејшн,телефон,игрици мигрици".......немој да паѓаш на тие фори, ќе игра кога ќе порасне и без да знаеш ти некогаш тоа што има во ум ќе прави колку и да му браниш ти. За сега штом го контролираш ти уште, остави го нека си игра со Лего , сто пати поарно.
Моето не играше до 6г некаде, на 6 роденден доби едно нинтендо и почна со Супер Марио, после татко му му даде лап топ стар и на него играше ама контролирано. Он се запозна со магијата на игриците и Супер Марио во ковидот пандемијата, ние се разболевме и немаше кој да му обрнува внимание па играше. Воглавно после 6тиот роденден се заинтересира. Кога веќе тргна во школо се договоривме само петок и сабота да игра, недела чита или сега домашно пишува, се спремаме за во школо. Се држи до тоа. Но пак ќе речам, со голема контрола. Телефон ниту има ниту ќе има до најмалку 3то одделение, а јутјуб гледа на телевизор и тоа се најчесто видеа од Супер Марио, со контрола секако, и повремено го фаќа Биби и Боби магија. Заборавив да кажам, игра многу со лего, со дрвени коцки, чита многу и црта многу. Така се занимава преку недела.
Кога почнаа децата да лажат? Значи ситни лаги безазлени, од типот го дадов на наставничката листот а тој го затурил во ранец, се сопнав од Д а тој паднал на прав пат, наставничката рече смеам ова а наставничката рекла нешто друго што не е тоа... Ситници, не влијаат на здравје, на школо, на поведение, едноставно лаже за работи што не се многу важни.
Мајки предложете нешто за апетит. Не јаде ништо значи не е да грицка работи па да не сака да јаде.Едноставно ништо не јаде. Слаб е и плус висок. Има 7г и 27кг. Се шти ке му пратам за школо враќа дома значи до 1 ч тој е гладен од наутро о 7 до 1 што мислам дека е премногу
Мојов на 4г како си измислува... филмови цели. Исто за глупости и небитни работи (што јадел, кај бил и слично)
Поголемиот лаже од 5 години. Сега има 12 години. Некогаш е многу убедлив во тоа што го кажува. Па одма помислувам дека е вистина. Се сеќавам дека еднаш им раскажувал нешто на комшиите, ама го измислил тоа. И нормално, луѓево ѕвонат. Се уплашиле. Кажувал дека со маж ми сме тешко болни. Со помалиот немам проблем. Ретко лаже. Ама ситна лага кажува. Он почна од 4 години.
Ау на 7г едвај тежеше 24 кила, ама едвај, ама и ситен беше, нагло извиши. Сега е 26 на 136цм, не ми е слаб, таман ми е. Мене дебелина ме плаши и цело време тоа ми е во глава да не се здебели многу. Значи моево и доцни со лажењето. Он може и порано почнал ама јас не сум приметила зошто немало таква ситуација.
@AngelOfArh касни со лажењето. Не е тоа ни лажење колку извртување на нештата заради фантазија некогаш а некогаш е тестирање граници на што смее што не. Зборувај за корегирање ама не престрого. Фаза е. @blessed.an мојот на скоро 8 години има 25 кила. Ако е се други во ред ОК е детето. Ако ептен сакаш Б витамини отвараат апетит. @macalavica мал е за премногу игри. Знаат така сите да реагираат игрите се направени за да губат осет за време. Мојов е сега трето одделение и сите увелико играат. За да не се осеќа отфрлеб дозволено му е да игра по пола саат дневно преку недела и саат време за викенд. За да нема расправии он се уклучува на игрица јас пуштам тајмер. Кога ќе ѕвони толку од играњето. Еден ос ретките машкк е ви школо што уште игра со Лего, колички и слично.
Најчесто децата сами одлучуваат дали паузата/одморот ќе ги користат за игра или јадење. И најчесто го одбираат првото. Често и им се намалуваат паузите бидејќи треба да допишат нешто, се враќаат од спорт итн. и едноставно “немале време”. Кај мене се големи јадачи ама морам редовно да ги “потсетувам” да јадат на паузите Оти се случило да не е ништо чепнато оти немале време за јадење. Потпрашај го каков им е распоредот и дали можеби причината е тоа.
Мајки кое бројче патики носат вашите девојчиња на 5-6 годинки? Сакам да купам новогодишен поклон, во март полни 6 годинки. Секако би земала бројче поголемо за секој случај.
@kozuf мислам дека најпаметно е да ги прашаш родителите. Зависи од дете до дете на таа возраст мислам отприлика од 29 до 31.
Мајки на машки деца, влакна на гениталии кога им пораснаа? Има 7ипол, накај 8, се пожали дека го чеша, да го намачкан и гледам влакна, проѕирни, ама ги има.