Јас да се приклучам како мајка на 6 годишно девојче, истото и јас приметив, прозирни на гениталии и под мишка. Матичната ја барав за совет да не треба да идеме на ендокринолог, вика сега сите деца све порано им почнува, и заби да им паѓаат, и порано да влагаат во пубертет.
9 е мојот ама влакна под мишка нема. Едино на екстремитети му се поизразени и поголеми, плус црни, доста се познаваат,тоа сметам и генетика е, на мене јас бев таква. Но, почнаа миризбите на пот,па туширање секој ден, бара дезодоранси и парфеми Има некое влакненце на мустаќ, секако црни, татко му му вика како турчин ќе бил
https://www.mollers.mk/mollers-omega-3-gumeni-ripcinja-za-zvakanje/ има вакви како гумени. @AngelOfArh на мојот сега скори приметив повеќе влакненца на нозе ама не и на гениталии. Во Јануари полни 8.
Прашав матичен, ми рече дека додека не станат темни и цврсти, додека не почне да му мириса потта, не е страшно. Исто и гениталиите да му растат, кога ќе се деси тоа значи дека влага во пубертет и нека ми е со среќа со тодлер и пубертетџија.
Здраво..Ќерка ми има 7 години по природа е срамежлива но во школо р супер се дружи со деца од нејзиниот клас... Денес беше на роденден на другарче ама дека со сопругот бевме на работа ја пуштивме да оди со нејзино другарче заедно со мајка му и татко му патем комшии. Ама откако се врати од родеден некако е чудна како отсутна, плаче, ја прашуваш зошто плаче вика онака... те боли ли нешто, не ти кажа ли некој нешто не. Еве како е легнатат да спие се буди со плачење. Стварно незнам што и се дешава. Извинете за долгиот пост
Јас мислам се има разочарано дека сите дечиња со родители само она без, може посакала нешто а и било незгодно да праша друг и затоа. Зборете со комшиите, може виделе нешто. Ние така често зимаме девојче од клас на роденден, ама многу внимавам да не се осети детето лошо, да не се осети дека е сама, повеќе на неа внимавам од моето.
Ve molam za iskusen psiholog da mi predlozete ..Imame problem so deteto ima 6godini prvace e pominaa vejke 4meseci no nikako da se adaptira da Saka da odi vo uciliste sekoj den naoga izgovor ili pak place Eden den ideme dva Dena ne i Se taka prodolzuva ..ve molam site sto bile vo vakva situacija da mi kazate sto ponataka da pravam kade da go nosam ..
Јас за со деца ги препорачувам Психотерапика. Немам лично искуство ама од сите колешки што ги знам овие ми изгледаат како најобучени за работа со деца (Плеј терапија и слично употребуваат). Инаку ако зардаи плачење скокате денови од школо детето научило дека со плачење може да не оди во школо. И сега така ве манипулира.
Да прашам како го поминуваат зимскиот распуст деца-првачиња? И со што играат најмногу? Моевво е со баба сервис,и претежно дреме на телефон,што мн ми смета.Всушност,испадна #1причина за кавка со синко Наместо да е порелакс периодов без училиште,ние,после 17ч само се ксраме да го остави. Го поттикнувам да правиме DIY честирки,купувам разни светки,материјали да му е интересно ,Китови за експерименти,ЗД слагалци...Но некако детево се ми е незадоволно и бара таблет... Дајте идеја како деца на таа возраст поминуваат слободно време?
Јас сум дома со син ми, шетаме низ град, до парк. Во двор сам си игра со топка. Дома бои боенки, со пластелин се заигрува. Читаме детски книги. Оди во играорна, плус во музичко училиште свири, сега имаат од таму активности. Цртани и телевизија ретко, а телефон, таблет не ни има. Од мојот телефон кога му е досадно си ги гледа концертите и пробите од играорна.Дома ако месам му давам и него или колачи да украсува и тој помага и поминал денот.
Кај нас исто со баба седи, мајка ми, ама и татко му е дома од дома работи. Ограничив на 2 пати по 1 час лап топ играње, телефон и таблет не користи, користи кај баба му за да прецртува од таблет, што не одобрувам нормално ама не можам секогаш да го видам и реагирам. Мењаме со коцки, читање, многу чита и гледаме видевца забавни на тв.
Играме карти и друштвени игри, сама си игра по час или два, одиме во игротека или шетаме негде, јас и читам, ја читаме хари потер сега, па и така знаеме два саати да поминеме. Чита сама помали сликовници кои не бараат многу, и даваме задачки за вежбање математика. Цртани гледа час или два во денот, зависи, на телевизор, телефон нема. Барај некоја друштвена игра да ви се погоди и да му е интересна. Или правете филмска вечер, нема денес толку телефон, ќе гледаме заедно филм, друго е кога си зборите за време на филмот, наместо да гледа во телефон.
Ги заборавив филмовите, за зима се особено добра занимација. Правам голема здела пуканки, топло чоколадо или вадам сега од пакетчиња што има и гледаме филмови. Некни гледавме Мистер Бин скоро 2ч, пукнавме од смеење. Се е подобро од телефони и таблети.
Женски фала ви за споделеното...Од ова што набројавте, речиси 90% применувам,Но проблемот е што само од 17-20:00 сум со него, што е мн кратко време.Проблем ми е со баба кога е.
A баба не соработува? Јас се јавувам на мајка ми и и кажувам, дај му да праи тоа и тоа, гасете сега лап топ, дај му лектира... И на свекрва ми и кажувам и ваљда ме послушува, не знам. И она сама кажува, кријам телефон и таблет и не фаќа.