Баба сервис е најпроблематичното нешто од аспект на воспитување дете. Не се ни трудат авторитет да направат некои од нив. Јас им давам задолженија и задачи да се завршат додека е со нив зашто опција јас да седам со него дома нема. Секој ден мора надвор да излезат, да изиграаѕ една друштвена игра (обично играат не лути се човече), да наредат нешто од коцки и слично. Имаш опција да подесиш таблет/телефон да се заклучи после одредено време. Ако немаш друг излез тоа користи го.
@AngelOfArh @RainBow баб сервис(и моја мајка,и свеки) ми се супер.Може брзо куцав па погрешно се изразив...И они цело време се трудат д го анимираат,од книги читање,експерименти.Свеки обавезно и надвор го носи.Проблеѓот е у мое дете.Дур ја започнат играта/експеримент/активност-он мегодува,мрчи,си го бара таблетот,се кара.После се внесува во играта. Ми смета таа негова бунтовност... Јас непамтам мои родители/баби да ми праат кејфови.И криво ми е така што негодува... Дали ова е само со моево дете вакво однесување?
Голем број деца мрчат и се трудат да добијат таблет/телефон/цртани. Денешните деца не се научени да чекаат баш заради инстант задоволството/повратната информација која технологијата ја нуди. Договорете се колку време дневно може да гледа и придржувајте се до тоа. Ние сетираме тајмер кој ѕвони и тоа е тоа. Истекло времето. Поновите телфони и самите имаат можност да блокираат игри/Youtube и различни апликации откако ќе помине одреден период дневно во нивно користење (види во телефон/таблер дел Digital Wellbeing таму се тие опции).
Децата имаат карактери како и возрасните. На возраст е каде ке пробува до кај ке иде. Твоја работа и на маж ти е да кажете до каде е границата. Имам такво дете кое е размазено, паметно, темпераметно. Прво негодуваше за ручекот. Ке јадел макарони. Не попуштив и сега веќе не ни збориме што ке јаде, затоа што се знае дека ке го јаде ручекот што го има и за нас. Друго, многу сака благо. Ама правило е дека благо се јаде по ручек и толку. По вечера нема благо. И за цртани е истото правило. И за се останато. Детаца ке си пробуваат, наша обврска е да пресечеме и да воспитаме индивидуи кои ке имаат компас кај тераат.
Здраво мајки , незнам дали прашањево ми е за во оваа група.. Ние сме 5 години и 1 месец , ама многу слаба коса имаме и танка не ни е смената од раѓање многу малку, цели 5 влакна вкрст имаме на глава. Што можам да превземам или да користам некои масла или слично? Ви благодарам многу
Дали некој приметил непријатна миризба од пазуви кај 6ипол годишно девојчеи што сте превзамале? Нели е рано?
Не, мијам само почесто и почнав да го мијам со на бебо шампончето, секоја вечер, и колку толку мирисот се намали. И исфрлив дебели дуксери, џемпери, пошто склетливо ми е детето и се поти од подебела гардероба, додека може ќе превенираме вака. Еве сега беше 3 дена на планина, баба му го тунтала, го облакала, дојде во џемпер волнен, дебел дуксер, блузичка по ракави долга, маица по кратки и долно маиче, да не ти кажам како ме опи мирис кога се соблече, којзнае 3 дена дали се преслекол.
И јас мијам со на бебе купката Еуцерин пх5, прво приметив исто од подебела тренерка а вчера и од тенко блузиче на роденден што се запоти.
5 години и се научил да кажува безобразни работи,сигурно од градинка учи дома не збориме такви работи. Ми вика нејкам во градинка да идам ме боли к*р таму. Фаза лие кај сите деца ова зборење,како да постапам? Зборам му објаснувам некогаш игнорирам за да заборави ама он си продолжува. Наеднаш му стана пасија да бои боенки,цело време бара да бои,само боици купуваме и боенки. Цел ден да го оставиш он цел ден ќе бои,станува од спиење и вика ми се бои.
Не сме прошле ние низ тоа, немало, дури до ден денес не потсетува дека е безобразно ако кажеме нешто ко А у курац!
Лани имавме проблем кога кучето ни умре и само прашуваше а сега тато ке умре мама ке умре јас ке умрам. Среќа тоа многу кратко траеше и прекина. Али ова некако потешко ми иде да го средам.
Моево еднаш нешто спомна дунда, нешто у тој смисол, викам И знаеш што е тоа? Се јаде? Се пие? Ќути! Абе викам де кажи ми да научам и јас, Не знам! Епа викам зошто го збориш ако не знаеш што е, може е нешто неубаво ќе се засрамиш и толку беше. Сега знае да ме праша нешто Мама ова што е, она што е, мада безобразните работи веќе ги има совладано и знае што смее што не да збори.
Значи фаза е само многу да му збориме треба. И он нагло почнува да не прашува работи што не ги ни видел ни слушнал. Дали нагло ми созреа детето па сега мие чудно.
Мене ова ми беше многу смешно. Исто од градинка, покажува среден прст. И викам, знаеш што е тоа? Не, а се кикоти и се смее, знае нешто што не треба е. И викам, тоа е машкиот полов орган, што си мочкаат они, како што ти си мочкаш, и тоа покажуваш со средниот прст. И не и текна од тогаш веќе. Ама, за се и кажувам што е, веќе е поголема и сфаќа, мислам дека контра ефект има ако им давате реакција и се лутите, само едно, добро и? Тоа е нешто што сите мажи го имаат, дел од тело и толку. Без придавање на внимание полесно се поминува. Ама, смешно е, не знам зошто толку се фаќаат луѓето за овие работи кога скоро сите деца ги кажуваат кога осознаваат што е што. Плус, забавна им е рекацијата,
Денеска бевме на лекар , и докт кога и ја подигна маицата да ја преслуша ми вели аа вие во пубертет влегувате. Ја приметив пред некое време ама велам ај уште е мала се збуцнала. Истото ја прашав вика не кај девојчињата од 8 почнува. Исто и за миризбата на пот од летоска приметив а секојндевно ја туширам и и купив на балеа со пхп 5. Ама ова за пубертетот некако не можам да го сварам. 8 год ееј...
Ќе полудам веќе од големата. Воопшто нема никаков апетит во последно време, седнува да јаде и одма почне да се свива демек мешето ја болело, ѝ се гади кога јаде, тотално сѐ одбива и со зор неколку залака ќе изеде и толку. Од сабајле 1/4 од пржено лепче со јајце изеде. 18кг е на 6,5 години. Дали имал некој слично искуство? Живците си ги испокинав