Ист е и мојот син, му земав и сируп флорадикс демек за апетит и пак џабе, ништо не јаде, ништо не му се свиѓа, живее од перничиња со млеко и тост, секое јадење е по неколку залачиња со молење карање, условување, ужас, слаб е многу 20 кг ама висок е па коски му се бројат, сега наполни 6 год.
Ист беше и синко, на 6г едвај 20 кила, сув, со подочњаци. Се разјаде од Ројал Желе ампули. Не јадеше нит месо, нит риба, нит ништо, сега јаде бар тоа. Во школо додуша не јаде ништо посебно, поради тоа морав да го отпишам од храна, да му спремам дома, зошто секој втор ден јадеа само леб и мармалад а он мармалад не јаде, ручекот беше презачинет а он зачини не јаде. Откако почнав од дома да му праќам храна друга песна, се јаде. Договорот е тој, или ќе јаде се или ќе го вратам у кујна, а таму нејќе. Исто се условуваме со работи што ги сака, сакаш ова, епа јади си го јадењето. Набавив многу убави кутии за храна, декорирам, спремам, давам тоа што сака почесто, за да јаде и јаде, за 4м качи 4 кила.
5 години со 15,5 кила. Како бебе со сила и го пикав секое залче. Сега секое јадење е проследено со "лапни, џвакај,голтни..." х1000 пати. На неколку пати ќе поврати буквално на последниот залак, ставам нов тањир и пак од почеток јаде. Не е пребирлива, јаде се, ама од се по 15гр, како канаринец да чувам а не дете. Повеќето денови јаде по една кришка леб за доручек и вечера, и 100гр манџа за ручек. Не јаде ни благо. Едноставно не јаде детето и тоа е, си се помирив со судбината. Гледам тоа што ќе внесе да е најздраво што може кога веќе се минимални количини. Во градинка престанав да прашувам дали јадела. Генерално е здрава за среќа, само така нека тера, секако не можам да и бутнам повеќе храна од ова.
@forumce сите што имаме нејадачи по дома разбираме како е. Јас сеуште чекам мојот да пројаде, сега наполни 8 години. Не пребира нешто многу храна ама малку и ретко јаде и многу споро јаде. Јас мислам дека имам дете кое не ни бара храна. И ако побара каснува две-три залчиња и вика се најадов. И тоа е. Ќе пројаде кад тад.
Исто и мојот беше од бебе нејадач и можам да кажам на 10 год почна да јаде малку повеќе, не дека се разјаде ама поарно е, сега е 11 год и јаде пак како врапче понекогаш ама ок е, не е како што беше. 30 кг а 11 год е
Кај мојот нејадач најдобро се покажа обични Б комплекс гранули - бевиплекс. Најевтин препарат, одамна беше, ама не беа повеќе од 100 денари. Да напоменам дека пробав повеќе опции, од најскапи сирупи до средна цена. Сега помина тоа, јаде се од месо, дури и риба со сласт, и количински. Пак не е буце, ама е ок со килажа. На 4 години бил 112 цм и 19,5 кг., сега е 115 со 20+ (не е мерен скоро).
му давав и тоа, џабе, и киндер имуно, и ампули марнис, што не, сега последно флорадикс пие, ама во апетит никаква разлика нема.не јаде ни грицки ни благо ни овошје ни зеленчук, такво дете е, ке пројаде некогаш ваљда.И бебето ми е исто, све со зор, и него куп витамини му давам и уште го дојам жал ми е да го одбијам од што малце јаде.
Додека беше на доење само, беше буце моево, на година 12 и на 2 години имаше 12 кг. Таа година после првиот роденден многу мака имаше со заби растење. Се надевам ке пројаде брзо.
Кога вашите деца престанаа да спијат поручек? Мојата скоро ќе полни 5 години, и сакам да и ја скратам дневната дремка.
Околу четвртиот роденден, рано легнува, рано станува, ако нешто се поремети редот (на пример да легне покасно или да не спие добро преку ноќ) знае да дремне денско, но од 30 денА тоа може да се 5-6 во месецот
Мојава уште на 3ипол можеше без дремка. Ама во градинка ја форсираат дремката, па сега на 5 години преку недела таму спие, а за викенд дома не, зошто кога преспива денски навечер не може да заспие и до после 11. Вака 9ипол најкасно е легната без дремка. На пријатели ќерката има 6год, па 90% од времето преспива попладне сеуште. Не е толку до годините колку што е до детето. Ако навечер си легнува во разумно време, не мора да ја скратиш дремката. Ако гледаш дека пречи на ноќниот сон, тогаш време е.
Моево од три години престана да преспива преку ден. Во градинка многу ретко му се случуваше да заспие додека лежи, ако преспиеше ни правеше проблем за ноќното заспивање. Не можеше да заспие пред 23 часот.
Има ли некоја мајка купено на школско дете смарт часовник, а-ла MYKi од А1? Даваат часовници во училиштата кај што сте? Ги користат? Син ми сака, од една страна ми се свиѓа дека има СОС копче, може да се јави или пише, ама не сакам многу технологија да користиме а и не знам колку ќе има интерес, а треба изгледа договор и претплата да се плаќа .. Има некој искуства?
Nie go koristevme mi ky nekade 2 -3 odd mene mi beshe super najmnogu letno vreme koga go pustav na ulica a doma bev so malo dete. Vo uciliste i ne mnogu go noseshe. Ama vo sekoe vreme imas lokator kade e ima 10 broja koj mozat da mu vratat i da vrtis drugo e blokirano znaci nemoz da mu dzvoni bilo koj. Kako porasna go trgna mu zemavme tel. Preku vip ni beshe 200 den beshe togas pretplata t.e. dogovor na 2 godini sto e ok. Sega neznam kolku se @Anaksunamoon
Мојот сам престана на околу 3 години. На комшиите детето има скоро 8 и уште понекогаш преспива преку ден. Од дете до дете има разлика. @Anaksunamoon кај нас во школо до трето не дозволуваат ништо такво. Од четврто ќе може саат или телефон зашто ќе одат сами дома.Во школо ќе ги оставаат во кутија некоја.
Летото пред да тргне во училиште, значи на 6 и нешто. Пред се бидејќи не сакав да има мака во школо, да мора да прилегне во време кога уствари треба да учи, има деца во школо кај него што сеуште спијат и им е голема мака кај 12 да се сконцентрираат. Во лето сеуште знам да му речам, де иди само легни одмарај, читај книга, не мора да спиеш, па ќе си заспие он со тек на време. На одмор исто инсистирам да спие за да може навечер да си прошетаме поубаво, да не мора во 9 да се прибереме.
Веќе една недела кога не спие поручек, и тешко и доаѓа, цел ден си седе на кревет, нема сила, а насабајле кога треба да стане за во градинка од толку спиење некогаш и по 10-11 часа и се збират навечер, многу е кенкава, мислам дека рано и е уште да и ја прекинам детската дремка.
Ептен позитивно искуство имам со часовникот. Инаку ние земавме од Нептун, бидејќи немаа на лагер по операториве. Син ми го носеше во школо бидејќи сам одеше и се враќаше, но таму им ги зимаа за до крај на часовите, а на крај им ги враќаат. Супер апарат за да се слушнеш со него и да видиш локација. Дури и денес вика полесно било со саат дека не го мислел - на рака му бил