Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Имам многу мирно дете никогаш немал проблеми да си најде другарчиња. Оваа година во градинка сите другарчиња му заминаа во школо останаа само 3 машки едно исто мирно како моето и еден скрос бесен. Мојот си игра и со девојчињата и со тоа бесното ( значи детето на игралиште има викано по мене со погрдни зборови зошто реков дека неможе да останеме на игралиште). Проблемот е што синко од скоро 6 години почна да плаче од него за глупости букквално и незнам како да му објаснам дека не е во ред да плаче за такви работи. Значи има моменти како Матијас ( бесното дете) ми рече ако не си играм со него Илај нема да ми биде веќе другар. ( т.е. Овој знае кој му е најдобар другар и го уценува што нема врска ама ете мојот верува и се потресува). Плачките беа зошто Матијас почна да повторува по него њањањаеааа и детево мое тоа го сваќа трагично почна да плаче. Пробав да му кажам дека он може да прави што сака ти не треба да му обрнуваш внимание и мм му збореше ама не верувам дека постигнавме нешто. Минатата година имаше бесни деца од кој научи лоши зборови и слично ама тоа лесно го решивме со разговор ама и тогаш имаше едно дете кое му рекло дека е “зелена кока кола” па мојот до ден денес збори како тоа дете е лошо дете и му рекло така и така. Значи зборовите многу го повредуваат. Од септември ќе тргне во школо и ќе има секакви деца не сакам да плаче за глупости. Има некој идеја што можам да превземам?
     
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Мајки дали одат вашите деца на спорт и и тие што одат колку пати е тоа неделно. Син ми оди 3 пати неделно на карате, има 6год,сега сака да оди и на пливање имало уписи во февруари му кажале деца на карате, и тоа е трипати неделно, што би значело од понеделник до сабота секој ден тренинг, плус има по еден час логопед, јас сметам дека е премногу и не дозволувам, маж ми пак го подржува вели спорт неможе да му шкоди секако е турбо цело време.Многу активно дете е, уште не оди на училиште, од Септември ке тргне прваче, карате тренира од 4.5 години, и многу сака да оди. Што мислите на оваа тема?
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Било кој друг спорт не би го дозволила, ама пливање да. Пред се бидејќи е добро за здравјето, а потоа и бидејќи има многу бенефити од тоа. Види дали има 2 пати или еднаш неделно да го запишеш.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.047
    Пол:
    Женски
    Јас би го запишала и на пливање :) Дека е негова желба би го подржала.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Пробај дај му пример од ти кога си била дете, да се поврзеш со него, кога си играте нешто или правите нешто заедно тогаш онака уз муабет зборувај му дека другите можат да прават што сакаат, или да зборат, ако не им дава на значење ќе престанат. Ако упорно не престанува другово дете со нешто нека ургира учителката, за што е таму.
    Децата сѐ сакаат да пробаат и на сѐ би оделе. Наше како родители е да им го структурираме времето.
    Слушајте го Ранко Рајвович што вели баш за овие работи и колку ги претрупуваме децата со активности, а не им оставаме слободно време за игра и развој на имагинација.
    Според мене е премногу за мало дете толку активности, @macalavica види некоја алтернатива со пливањето, или на базен онака како слободна активност, па понатаму структурирано како спорт.
     
    На JoyJoy, AngelOfArh, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.047
    Пол:
    Женски
    Јас би го запишала дека тој може сега така вика ради другарите, може кога ќе почне нема да му се допаѓа па ќе се откаже за еден месец.
     
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ако тргне нема да се откаже, многу упорно дете е, а и сме збореле многу на темата за откажување дека кога ке почне нешто не треба да се откажува, па тоа си ги има земено здраво за готово,на карате оди од многу мал само неколку тренинзи има пропуштено и тоа кога имал тт, иначе инсистира да оди и настинат кога е дури.
    Ке пробам ке го однесам онака во слободна режија, мада мене ми е страв од разболување и затоа плус не ми се пушта, јас имам одено на пливање баш е ладна водата како од чешма.
     
    На Coco31 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Веќе не знам како да постапам , последниве 2 недели син ми се однесува како во пубертет, има 6 години, на се нешто што ке му се каже одвраќа, мн дрско се однесува, нервозен е, ако му речам нешто ми вели ти ке ми кажеш, му велам јас ке ти кажам јас сум ти мајка и треба да ме слушаш па ми одвраќа а што ако не те слушам, на секое нешто што ке му биде кажано да направи одвраќа дрско со ти ке ми кажеш или што ако не, и се расправа цело време, се докажува,нервозен е.Не оди во градинка, сега и карате паузиравме не го носиме никаде и тоа дома го нервира, ама се претвора до дрско дете.Гледаме со сопругот да му посветиме внимание, си играме и со него ,разговараме, и пак некако нема ефект, само интернет го интересира или телефон а јас не дозволувам лимитирам и мислам дека целата хистерија и криза е од тоа.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.301
    Допаѓања:
    102.796
    Пол:
    Женски
    Казни, само казни функционираат кај моето. Откако е освестено да разбира само со казни сме. Ама и награди, ако се е како што треба се наградуваме, ако прави проблеми се казнуваме. Се во согласност со неговото однесување. Моето не гледа телефон ама знае да игра на лап топ, па така забрануваме лап топ, забрануваме телевизор, кријам коцки, нема благо, нема надвор, мора да си ги среди играчките, мора да си ги среди алиштата сите... Воспитувањето е многу тешко, со арно не може секогаш. Не тепам, ама знам да скубнам косиче, како помал го плескав по газ, сега веќе ми е без смисла тоа, што ако го плеснам нема ништо да се смени, вака казна да го здоболи дупе од седење на едно место и да видиш како се смени.
     
    На Ljubica87, mssuniquee и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    И јас го казнувам така, и го наградувам ама нема ефект, цело време е лут последниов период.Исто не го казнуваме физички ама го условувам цело време, и сега тоа ми се рефлектира како бумеранг, и плус е цело време нервозен.Сака да игра плејстејшн му дозволив да игра по 1 саат за викенди, почна и преку недела да бара, маж ми му дозволил по 1 саат и преку недела и тоа не го почитува пак е незадоволен, после тоа за да јаде бара телефон да гледа , ако гледа јаде ако не му дадам ке седи гладен ке трпи, пробав да игнорирам, да го оставам гладен и пак џабе не постигнав ништо.Мене ме нервира дрското одвраќање, кога ке ми каже ти ке ми кажеш косата ми се крева,мн ме нервира просто однесување, и не толерирам цело време се докажуваме.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Грешиш со тоа пробав ова, пробав она. Гледа дека може така да ви ги менува работите.
    Нека не јаде, нема попуштање, си рекла еднаш и крај, тоа што е речено нема да се погазува. Не, нема да умре за јадење, како што кажа Ранко, порано немало екрани и ниту едно дете никогаш не умрело зошто не сакало да јаде. Ќе види дека не попушташ и ќе си легне на брашното.
    Досадно му е веројатно, мене така ми стои, болен бил што не оди на карате веќе?
     
    На Annath, MilaSs12, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.256
    И кај нас функционира само систем на награда и казна.
    Најголема и актуелна казна им е година забрана од Јутуб и интернет, нинтендо и само час на ден нетфликс.
    Музика слушаат на спотафај или алекса од Амазон и сосема доволно. Без додатните глупости од Јутуб.

    Доколку некое понашање се повторува и предходната помала казна не вродила со плод, тука сум веќе драстична.

    Во текот на неделата имам исклучувано и нетфликс по неколку дена или цела недела доколку има дискусии при пишување домашно или слично.
    Казна е казна. Не може при прво мало подобрување одма да ја тргнам истата, ќе се врати како бумеранг во негативна конотација.
    Ги наградувам со нешто друго, но казната си стои.

    На вакво континуирано дрско понашање кај мене во подрум се би отишло, па нека дискутира после.

    Знаат дека треба да си ги вршат обврските и тоа е.
    И моите одат на карате, физичката активност е секогаш плус и кога се истрошени се поконцентрирани.
     
    На Skorpija25, MilaSs12, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    За јадењето не попуштав неколку месеци и ослабна, пребледе на крај почнаа да ми сугерираат блоски ке се разболело детето, што ако гледа 15-20 мин додека јаде сите деца гледаат, почна да ме гриже совест и попуштив, стварно почна да јаде и живна одма ама ме нервира што секое ограничување пробува да го помести.Плус проблем е што јас забранувам маж ми потајно дозволува, он ги чува преку ден додека сум на работа и му дава да гледа за да седи мирен за да спие малото или за да не досаѓа ке седне и он ке игра со него плејстејшн и после му се собира изложеноста на екрани, посебно игрите гледам дека го прават нервозен.Ако на секое јадење гледа по 20-30 мин, јаде 4-5 пати тоа се 2-2.5 часа гледање интернет, плус игри и ете нервозата од каде е. Сега контролерите им ги земав за играње ама детски јутуб пак гледа на тв или цртани.Нервозен е што е дома, досадно му е, ради ситуацијава со вируси не го носам ни во градинка ни на карате, ниту пак со други деца надвор, и здиве детето дома.Го закача братчето, се бунтува, и сега уште почна да се препира бетер од возрасен.Вчера му викам добро бе сине зошто сии цело време лут, зошто се расправаш, кажи на мама што те лути, викам ти си дете треба да си весел да си среќен да се играш, и ми вика вие ме лутите, ништо не ми давате ни да гледам интернет ни да играм, и не сум ич среќен, викам не е точно, дозволено ти е да гледаш ама одредено време неможе цело време , мора да се почитуваат правила и иде дрското па што ако не ги почитувам,епа ке бидам немирен, такво дете сум јас тврдоглаво и немирно (тоа од бабите му е изгледа) и што ако сум?Итн конверзацијата продолжи до бесвест...
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Па, да ти кажам искрено, и јас би била лута цело време. 6 години има, седи цело време дома и што очекуваш? И уште казни згора на се, неговиот бес и лутина е сосема оправдан.
    Носи го надвор кога е асален воздухот, на прошетки, нема никаква интеракција детето. Не е до него, не е детето проблемот во случајов и не се лути за ништо.
    За јадењето пред екран може да се реши, ама со целава друга ситуација нема секако да се реши.
    Не знам зошто си го ставила во толкава изолација, ама тоа не е добро за него секако.
     
    На snegulkata, Skorpija25, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    32.209
    Пол:
    Женски
    @macalavica научил дека може да ве манипулира и ве користи. И со тој што е "полош" се расправа зашто знае дека попопустливиот на крај ќе се вмеша и детето ќе добие тоа што сака.
    Е најголема грешка ти е што мислиш дека институциите за воспитување и социјализација не се соодветни за твоето дете. Ако веќе не си го пуштила во школо со неговата генерација барем во градинка пушти го. Не му е место дома со бебе и со возрасен нон-стоп. И ниту едем спорт и структурирана активност не можат да заменат слободна игра со врсници. Пушти го со деца нека се социјализира, нека се издува и нека си се бори сам за место во групата. Изолација од светот само му одмага.
     
    На Spidy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Го изолирав зашто цело време се болни и они и јас со нив, од Септември глава неможеме да кренеме од вируси, он сака да оди во градинка ама штом отиде одма се разболува и бебето го разболува, ги отрув од лекарства еве веќе 6 месеци, плус сега ситуацијава со кашлицава додатно ме вознемири и му го исклучив и одењето на карате, таму се многу деца големи мали, гужва невидена е, не се вакцинирани плус.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    67.000
    Пол:
    Женски
    Можеш на игралиште да го носиш кога е океј воздухот и времето, гледаш дека и вака е пак на негова штета. Му треба социјализација и тоа е тоа, досадно му е, затоа и така се однесува. Со казни нема да го решиш проблемот, само уште толку јаз ќе направиш. Играјте со него, измислувајте игри, нека развива бар фантазија, земи некои книги кои би му биле интересни и читај му, друштвени игри играјте, маж ти нека си го смени пристапот и нека се потруди повеќе.
     
    На snegulkata, MilaSs12, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.673
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    За син ми е лек времето надвор. Сега е топло и од 12 е веќе надвор, најмалку 1 час. Деновиве е топло и по 2-3 часа е надвор и во движење.

    Мора да разговараш со маж ти и да работите како тим. Не може да седи дома и да не мрдне од кревет.
    Чување деца не е само бапни му некаква технологија и крај.

    Потребна му е интеракција со други деца. И време надвор од домот.

    Има деца кои преферираат игра дома, ама некои деца сакаат природа и слобода.
    Кога е дома, син ми најмногу се игра со пластелин или Не лути се човече/Бркотница од животинско царство.
    Има секакви комплети пластелин, забар, кујна, сечење облици итн.
    Плус многу му се интересни мали метални автомобили, ги има повеќе и прави гаража од коцки, па ги паркира, им менува гуми, уље, па ги пере како перална.
     
    На Skorpija25, JoyJoy и TarantulaA им се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    32.209
    Пол:
    Женски
    Физичкитр болести доаѓаат и поминуваат. Стресот останува и прави поголеми проблеми.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Абе за чување ги чува навистина,неможам да се жалам, секој ден ги изнесува надвор по саат или саатипол, имаме голем двор со куп играчки, трамболина, лизгалка лулашки, и игра со него или топка или бадминтон или ги лула на лулашките, имаме и кучиња две, ама пак се дома, си сака он други деца и тоа е проблемот, а внатре работата е што има обврски околу бебето а големиов е малку и љубоморен и намерно збеснува и почнува да го провоцира зашто знае дека му дава тогаш да гледа детски јутуб за да биде мир само за да го нахрани малово или за да може да спие.За викенди го носи да вози точак тротинет кога сум јас со бебето дома ама преку недела не одат зашто бебе не седнува во количка за жива глава а колата е во мене.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.