Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.310
    Пол:
    Женски
    Специфична ситуација, не велам не. Ама мора да се снаоѓате за сите да се среќни и задоволни.

    Јас сега работам со фиксно работно време и синко беше лут на почеток. Ама со маж ми комбинираме да шетаат преку ден и јас штом завршам со работа веднаш сум со него. И сам се заигрува кога треба, и разбира дека мора да работам.

    За бебето да пробате од оние трицикли со рачка за гурање што се. Зависи колку е големо, ама може да пробате дали ке седи.
     
    На JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.442
    Пол:
    Женски
    Он така праи зошто знае дека ништо нема од казната, ќе ја тргнеш. Мора да си стрикна. Телефон не видел мојот освен за сликање. Што има дете да гледа во телефон, апсолутно непотребна алатка за дете до 10г кога и нема некоја комуникација со други. Тргај телефон под итно. Ако не сакаш да јадеш нема да станеш од маса, не баби, свети баби нека ми дубат на глава. Не ја сакаш манџата за ручек? Ќе ја јадеш за вечера. Ја на бебето од 1г му го праам тоа не на големо дете што знае. Само озбилно, со озбилен тон и со упорност.
    Ама у школо исто ќе биде, џабе ти дома го чуваш сега. Децата кај нас што не посетувале градинка сега се нон стоп болни, по цела година не се дома. Вирус е, тоа е, мора да помине. Исто и бебето. Исто сме и ние, од 2ипол месеци почна да се разболува со брат му и тој. Грешка ти е голема што не го носиш во градинка и едното и другото. Имунитет се стекнува само во колектив. Штом и двете ти се инаетливи и своеглави значи дека научиле дека може да те играат и само ги качуваат границите. Кај нас дома е лабаво, на смеа на шала, ама во моментот кога ќе грмнеме грмнато е и знае дека е озбилно. Ќе видиме здравје со малото како ќе биде, ама големото ни е многу добро истренирано, веќе и сам си знае, Мама денес баш и не заслужив да играм/гледам видеа, не изедов ништо од оброците, ако може да си поправам да изедам па после да поиграм малку? Не сум јас тиранин, сакам само да изеде се што треба, за да биде здрав мора да јаде здраво, така да мора да се има ред. Биди посериозна, разговарај со таткото, мора да воведете ред.
     
    На CarrieBradshow, JoyJoy, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  3. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    22.313
    Пол:
    Женски
    Во твојава ситуација и јас бев,со таа разлиак што моето дете тргна на училиште и не му остана телефонот и PS единствена разонода. И јас и маж ми му посветувавме внимание пред да тргне на школо,но онаа дружба со деца неможе да се надокнади.Мислам дека тоа и го фрустрира,барем кај нас беше така.
    Јас на моето му давам и во текот на неделата по 45-50мин PS/Scratch/таблет.Но прво мора домашно да напише,па малку се гушкаме,па си збориме....
    Како да постапиш?Делот со казните мене не ми се допаѓа,повеќе фрустрација ќе му се направи.Ако можеш некако да го запишеш макар на пола ден да оди градинка/овие школиве што се ко целодневна(jumping clay,malac genijalac.IqUP...)
    ps-извини,сега те дочитав дека си го изолирала од градинка...Епа мајка фаза е ова,што да ти кажам.Ако можеш со сопругот или кој го чува, нека го изнесува надвор да се издува.
     
    На JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  4. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki, imam nesto prasanje do vas deka jas stavrno neznam sto da pravam. Malata e 4ipol godini veke vtor pat ja primetuvam legnuva na stomak i racete i se pod nea na dundeto i se cesa i se mrda i toa ho prave dolgo vreme. Velam sto ti e, prvo me cesha veli.. ajde da se izmieme se toa…
    Denes pak ja izbanjav srediv pak isto prave. Velam te cesa li ne mi veli taka mi ide da se cesam.
    Znaci sramota e sto da pravam neznam, a o neznam zasto taka pravi
     
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    Ништо срамота не е, открила дека ако се допира нешто чувствува. Побитно е како ќе разговараш со неа. Ти препорачувам да ја побараш Kathleen Hema на youtube, има видеа баш на темава, како да се разговара со мали деца за мастурбација.
     
    На Annath и Leo-nora им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.783
    Пол:
    Женски
    Нормална развојна фаза е. Не е ништо за плашење или чудење. Открива дека допирањето на тој дел носи задоволство. Не е за паника или прекорување.
     
  7. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Toa e detska masturbacija normalen proces so koj deteto si go spoznava teloto ne nisto strasno .
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    Kolku vreme trae toa?
    Sednav da razgovarame, i kazav deka e sramota pred sekoj da go pravi toa. Ja prasav dali navistina ja ceska ili e drugo nesto. Veli drugo e, ubavo mi e.
    I vcera mi veli mamo dojdi so mene vo spalnata da ne me gledaat drugite. I ke recam nemoze nesmees sramota e taka i se moli ko za igracka.. te molam mamo samo ednas… neznam se zacudiv od celata situacija
     
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    Прочитај малце по интернет, сосема нормално е. Не треба да ја научиш дека не е добро, туку дека тоа е приватност, и не е убаво да го прави пред други. Како што затвораме врата кога одиме во тоалет или се бањаме. Не е срамота да каже дека така се чувствува, само дека има муабети што се за дома и не треба со други и пред други да се прават.
    Не е битно дека темата е мастурбација, на ист начин се пристапува и за други теми. Да не се предизвикува срам кај детето, да има слобода да дојде и да разговара со соодветен возрасен (родител), да и се објасни зошто тоа е нормално убаво чувство (јас го споредив со чистење на уши со чепкалка бидејќи ќерката сака да си ги чисти ушите, забавно и е). Ама како што ние возрасните не правиме се пред други возрасни, не треба ни децата. И тоа не е комплицирано да се долови со разговор.
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.442
    Пол:
    Женски
    Како подобрувате концентрација кај школски деца, конкретно речиси 8г дете, лута ли лута со паметот. Се знае и се може, пишува кратки стихови, раскажува на ниво на повозрасни школски деца, математика капира многу добро, црта прекрасно, многу сака да чита и чита течно исто ко деца од повозрасни одделенија, памти неверојатно брзо и лесно, ама кога ќе седне да пишува, да јаде, да работи нешто, рачунај дека испод 2ч не е за нешто најбејзик. Молерс не ми даде ефект каков што ми даваше кога беше поголем, не знам зошто, се мислам да не му е малку сирупот да му земам следно капсулки. Абе едно облакање ни е офтика, ако не му правам притисок тоа ќе трае со саати. Дајте ми совет, како да се подобриме. Ако го потсетиш знае се да заврши брзо, ама се со гурање. Секое идење ви училиште ми е тоа од наставничките, многу е бавен, многу е бавен, не можам веќе... Се фрустрирам, знае кој ја изградил Бурџ Халифа, колку метра е висока и за колку минути се качува лифтот од нула до макс, а една домашна ја пишува 2 саата. Да напоменам, се што знае, научил и прочитал, го знае од лична желба, не го терам да учи, не му купувам книги за тоа и не го гњавам да чита факти, ќе слушне на тв или ќе прочита некаде успат и после додека не прочита се за тоа мир нема од него, така научи да чита и пишува на неполни 4 и од тогаш нема застанато со читање.
     
    На JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.939
    Пол:
    Женски
    Паааа, засекогаш? :D

    Ќе и кажеш кога сака да оди во соба и дека тоа е приватна работа, како што ти објаснија погоре. Немој со срамота е, не пренесувај генерациски трауми, ќе ја научиш дека тоа се прави во приватност и тоа е тоа. Дел од нејзино тело кој го истражува, открила сега нешто ново. На таа возраст не ни го разбираат чинот како таков, само им е убаво и толку.
     
    На JoyJoy и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    1.267
    Пол:
    Женски
    zasekogas hahaha me iznasmea :D
    Fala vi za sovetite
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.783
    Пол:
    Женски
    Не е засекогаш. Трае одредено време и потоа престанува. Обично е неколкј месеци, ама може да трае и многу повеќе. Потоа престанува да е интересно, па се јавува срам од машко/женски односи па доаѓа пубертет и пак се појавува само ти нема тогаш ни да знаеш за тоа.
    @AngelOfArh мојот е нешто над 8. Исто е и кај нас. Знае повеќе од што треба за возраста, ама се е со влечење. Пукнав веќе. Од школо не се жалат (имало и поспори од него) ама знае да не заврши на час од време на време. Немам ни јас решение.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.442
    Пол:
    Женски
    Е кај нас моево и другарка му се од најспорите, им проаѓа тоа што се хиперинтелигентни, се знаат, па тоа што се спори не им смета на целокупната слика.
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Моето е пак убрзано цело време, мн е интелегентен ама се прави брзо и после се досадува, никако да го научам да успори.
     
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , дали може му е "досаден" материјалот, па намерно одолговлекува?

    За дома евентуално со убедување, ако заврши побрзо со јадење, домашна или што и да е, ќе му остане повеќе време за играчки/цртање/надвор. Зависи какви активности има.
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.783
    Пол:
    Женски
    @Miss_S убедувањето барем кај моето не проаѓа. Му викаш си го тошиши времето за џабе и не ти останува потоа за играње/надвор/гушкање и слично и ти вика Ич не ми е гајле за тоа, остави ме.

    @AngelOfArh она што успеда да го одгатнам е дека мојов мисли дека може да совлада се до сега во школо без мнгоу напор и некогаш не е фокусиран зашто едноставно знае. Кога не завршува обично е затоа што гледал низ прозор или се врткал на столче и кога се фокусирал времето поминало.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.442
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ништо не му е досадно него се дури вклучува читање и учење. Многу сака да чита.

    Па мислам исто и јас, зошто за математика која му е предизвик нему, особено сега учат за одземања и се фасцинира од тој процес и негативни броеви, седнува и пишува одма. Македонски му е као мачји кашаљ и не се замара ич и дури и пишувањето му е веќе каша попара, а кога учеше ракописно да пишува да видиш како убаво везеше.
     
    На danichap и JoyJoy им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.442
    Пол:
    Женски
    Кога отприлика почнувате со давање мали обврски на децава во оваа возрасна група? Следен месец ќе полни 8г, досега сам мие раце, лице, заби, се тушира претежно сам со мала помош или скроз сам, знае да си направи едноставен оброк, бисквити и млеко, јогурт и житарки, ама сакам да почнам да го учам да си направи сам сендвич пример, сам да одлучи кои алишта ќе ги носи и да ги спреми од вечер. Не е нешто педантен, остава така повеќе хаос, па сакам и тоа да го доведам во ред. Претерувам или доцнам?
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.326
    Допаѓања:
    285.729
    Сендвич од околу 7г почна. Мие марула, мачка намаз, става што сака во него.
    Соба поинтензивно и вистински раскреваат од 6 отприлика, исто и алишта. Од таа возраст бираат што сакаат да носат и ставаат на столот од бирото.
     
    На Mother of 2boys, TarantulaA и AngelOfArh им се допаѓа ова.