Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Odamna prasuva kako se rodil. Ama sega mu stana pojasno od koga rodiv vtoro, sedum god se razlika, ama ne mu e jasno kako bebeto nastanalo... Znam deka ne e od seksualni pobudi toa. Sve znam. Ama nie imame i druga situacija kako sto pisav, zdravstvena, ne e bitno sega tuka sto e da pisuvam, sekako zakazav na lekar i za toa dur e vreme. I on ke slusne tamu sto ke mu kazam na doktorot, zosto moram neli. Ke znae i ke prasuva. Zatoa sakam da zboram so nego od sega,sekako nema da spomnuvam jas seks i takvi stvari tuku nekako na podetski nacin sakav...
     
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.429
    Допаѓања:
    13.442
    Пол:
    Женски
    Многу просто. Како што убаво ти е да си го почешаш увото, или каснато од комарец, така убаво е и да се допира. Ако го претставиш како нешто најнормално, така и ќе го сфати. Ама како што сите одиме по голема нужда и сосема е нормално, така и сите одиме сами во тоалет за тоа зошто е приватна работа која не се прави пред други луѓе.
    Ќерка ми е 5 години, и на овој начин јас имам зборувано со неа. И да сакам да и објаснам што е секс, нема да разбере. Ама овие работи кажани на овој начин и се сосема јасни.
     
    На TarantulaA и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.782
    Пол:
    Женски
    Не знам што проблемот имате што може да се поврзе со секс, ама ние скоро бевме на уролог за детето и ништо што се спомна не беше врзано со секс (со татко му беше така си го свати полесно да му биде). Посетата на лекар не го асоцираше на тоа.
    Ако сакаш детски да му објасниш ќе му кажеш дека за дете треба маж и жена зашто имаат кај жената има едни органи, а кај мажот други. И потоа може да се објасни и за биологијата на правење деца без експлицитно да се зборува за секс. На децата од школска возраст веќе коцките почнуваат да им се спојуваат и зборуваат и едни со други.
     
  4. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Nema vrska za seks :rofl: druga e situacijata.... Inaku kaj koj urolog bevte? Sakam i jas da odime.. sega sme kaj hirurg ama sakam i urolog da go vidi.
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.782
    Пол:
    Женски
    Сепак на крај со детски хирург уролог завршивме работа. Лазо се викаше ама презиме треба да видам.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.534
    Ќерка ми е 6 ипол, од кога е родена ја бањам со Хипп шампон. Сега гледам почнува благо да и се мрси косата и дури кога ќе ја избањам како немиена е. Да сменам козметика да предложите шампон?
     
  7. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Извинете што ви се мешам во муабеот ,ама оваа појава ,побуда ,истражување на која возраст се јавува кај женските деца...Немам машко дете,,па малце сум така ко у шок,, ма да се исчитав дека е нормално ,дека е љубопитност ,сепак извинете...Девојчето сега ми напраи 6 год ,на есен ќе оди во школо...јас имав друго да прашам ,амс тоа во друг пост...
     
  8. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Поздрав од мене прв пат пишувам на оваа тема за децава мислам...враќав некокку страни наназад да проверам дали има слични искуства и мислења наназад ,ама не најдов колку можев да разгледам. Малава ми е 6 год некни наполни и на есенќе тргне на школо, ама ,,жив огин е,, . Дете кое не прифаќа ама нилаква баш никаква адаптација и авторитет ,со нула множи...Тројца ја чуваме возрасни ,а иде и во градинка овие 2 год пред да тргне во школо. Таму е океј не се жалат од неа ,некако знае да се снајде и да си ги ,,избрка,, работите по нејзино ,ниту ние не знаеме како и што таму ,ама океј е,црта,пее ,се дрѕжи...Дома хаос. Сега во писледниов период почна и дасе ,,кара,, со нас ,си сите по ред, значи не дава збор да и се рече. Верувајте, некогаш ние ,возрасните,, премолчуваме да биде мир. Едноставно има проблем да ги менаџира емоциите, значи се лути брзо, уште има тснтруми со зајдувања ,ако нешто и кликнало у глава дека нешто така треба. Се фрустрира ако мешто не може да напраи како што замислила. Пробано е се, со арно ,со лошо ,со игнор на ситуација едноставно џабе. Јас бев неколку пати кај психолог пошто она е мала и не би соработувала и(псилоготми рече може уште поголема збунка да биде) а жената ми е од доверба ептен е профи за постпородилна депресија бев кај неа и си одам за себе ко имам потреба ,ама за нејзе уште било рано. Нејсе бев ја ,советуваше она, праеше симулации на ситуации ама кај ќерками ништо не е применливо. На некој начин ,,сака,, да биде во светот на возрасните иако никој од неа тоа не го бара и она ,,да контролира,, а сепак нели дете е зависна е од родител. Мене посебно ме тестира, бара мое внимание по секоја цена ,значи го добива веривајте и во кујна колсчиња праиме и на играчиште и цртаме , буквслно се. Надвор ко ќе отидеме наместо да се дружи со деца таа мене ме бара ја дајс бркам да се текаме итн. Океј можеби и недостигам имам лоши смени , 5 дена во неделата ми се така од сабајле па се до приквечер на работа. И она тоа го разбра да кажеме и конечно прифати пред тоа беа тантруми зашто на раб мама ,па се криев преџ излезам, па чудесии, маки смислувања начини итн. Да напоменам дека детето е носено кај двајца видни ,извикани ,скапи педијатри оти мојот ,,мозок,,не се задоволуваше со одговорот на првиот паја однесов и кај втор... И заедно со споругот бевме , овој вториов можеби 50 мин сеанса и пивеќе и посвети ,нам ни рече само да седиме и молчиме и набљудуваме, дека со детето ќе праи што ќе праи со детето по свој метод. Верувале или не, оваа нашаца еден муабет, една интеракција ,цртање со него ,па раскажување што нацртала па колку деца се во градинка ,па како и се викаат учителките ,ма се тип топ. И ја сопругот ко ,,млади мајмини,, си блеевме ,на крај не викна на маса и реле дека детето си едосем океј и дека одлично се развива засвија возраст.Кога го прашав докторе чаре, тој рече нема чаре не се сите деца исти, карактерот му е таков ,вашата улога е да му помогнете да порасне нормално. И ете тоа беше. Соругот не сака веќе да го влечкам никаде се осеќа лошо ,маж ко маж по оние две фијаска кај докторите...еве јас нешто се обидувам да најдам модус, пристап да допрам до неа..И најважното не го напоменав , нејзе во градинка ја водат како напредно дете ,затоа што уште од 4 год почна да чита и кирилица и латиница ,сега течно чита сликовници без да подвлекува со прст ,без ништо. Ја учи за еден ден и толку веќе не ја сака. Еден куп накупив за нејзина возраст ама тоа не е решение,тука се окупира колку ќе сака и толку. Знае и да брои и да смета, тоа во трафинка го научи, знае денови во недела ,месеци ,датум кога е родена ,со име и презиме ги знае сите деца во групата ,сосе имиња и презимиња на учителки и негователки. Знае да гледа колку е часот ,знае кој од нас кога оди и кога се враќа од работа и уште многу нешта што не се за нејзина возраст. Овде јас и сопругот немавме никакво влијание и поттик едноставно таа саѓа се впушти и почна овие работи да ги учи и да прашува и бон стоп прашува и некад и немам одговори...Не сакада игра со барбики, океј се помирив со тоа ,ајде други игри, ми бараше од играчки да и купувам машина за перење, миксер ,вентилатор ,коли на батерии. Проучува како вртат перките на врнтилаторот , зошто снемалсструјс во батериите ако се потрошиле и како они функционираат од што се направени...ете такви детали и чуда ја интересираат. Да не зборувам дека дури и знае на којс адреса живее и кои автобуси возат и колку станици има од дома до центар. Оти јас ја носам ја мешам и отргнувам внимание од читање од замарање мозоче нели ,ама она има интерес да прашува и донесува заклучоци логични за неа...Сакаа минатата год да ми ја земат во школо година и појќе со грнерација постари да оди, оти за нејзината возраст е далеку интелектуално напред пред врсниците ,ама не ја дадовме од проста причина што е дете и важно е да оди по природен пат. Сега ми напоменаа стручни служби од градинката дека постои можност ако на тестовите е многу напред ,директно цо второ да ја запишат што нас лично не ни се допаѓа таа идеја.
    Го раздолжив постот извинете. Ако некоја жена има слично искуство и дете со слично однесување и карактер ќе молам да подели искуство ,зашто за ќерка ми треба навистина третман кој не е баш типичен за дете ,дете.
    Пишете ЛП или тука секоја помош ,сугестија е добредојдена...Влагодарам однапред.
     
  9. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Ako veke gi znae site rab sto se ucat vo prvo dosadno ke i bide. Taka ke pravi pogolemi belji. Mozebi podobro e da odi vo pogorno oddelenie. Mozes da ja zapises na nekoj kurs plus za sto pokazuva interes, Malac genijalac, Stem i slicnite. Sport za da trosi energija. Se poveke podrzuvaj i go talentot da recam, nemoj da ja unazaduvas. Steta sto nema kaj nas programi za napredni deca kako vo stranstvo.
     
    На TarantulaA и Angel_G им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Здраво од мајка на апсолутно исто дете како твоето само не толку хиперактивно, напротив многу помирно. Така да не знам дали ќе ти биде од корист моето искуство, ама ќе се обидам да ти објаснам како кај нас одеше адаптацијата во школо. Дете тргна во школо со 6ипол, со научена азбука, читање течно на ниво на минимум 3то одделение, пишување кирилица и латиница (и читаше латиница нормално), знаење од повеќе области, диносауруси, планети, животни, инсекти, растенија, нема што не знаеше мислам бидејќи место играчки нему му се купуваа енциклопедии за роденден, сам си бараше тоа. Единствено не му одеше математика нешто многу, и до ден денес е по слаб математика, знае основни операции, ама за повеќе му е потешко, може е само рано не знам. Најважно при тргнување во школо е да ви се погодат учителките, дефинитивно, кај нас се погоди една многу добра а другата така, пред пензија, ама дефинитивно добивме на лото со учителките, знаат да препознаат тоа што му оди на детето и одлично да го искористат потенцијалот. Ниту еднаш не му беше досадно, секогаш знаеле да го искористат неговото знаење и можности, праќаат на конкурси цртежи, го истакнуваат таму каде што е подобар или му даваат другарче да му помогне со задачите. Не сме имале мака со нервоза, невнимание, шетање по училница, зборење и слично, сме имале малку мака со губење концентрација, ама се враќал секогаш брзо во колосек. Кога ќе тргне во школо ќе им кажеш на наставничките дека има некое предзнаење и да и даваат повеќе задачи за да ја држат зафатена. Мислам дека веќе не постои тоа во погорни одделенија да почне, а искрено јас и не би пратила дете во погорно одделение, сметам дека е важно тоа да почне од почеток, зошто колку год да знае работи кои другите не ги знаат, секогаш ќе има нешто што не сме учеле дома, што не го прочитал во неформалното образование. А за тоа дека се кара, дека се расправа, тоа нема врска со образованието, тоа ќе мора да го средите со воспитувањето, со многу зборење, со казни и награди и со практични примери.
     
    На JoyJoy и Angel_G им се допаѓа ова.
  11. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram draga. Ko ke trgne vo skolo sekako ke odi na aktivnosti ,bi rekla na edna inteletualna da li jazik ,da li nesto za komjuteri i nekoj sport po zelba. Taa ako ne e okupirana i ne i e predizvik nesto sto prai buntuva,prai belji da privlece vnimanie, ama ne demek da ja falis ili nesto da ja tesis toa ne saka ,tuku ne znae da se izrazi nezadovolatvoto pa go izrazuva preku revolt Fala ti sepak.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.725
    Допаѓања:
    8.794
    Пол:
    Женски
    Drugo ke bide koga ke trosi energija na sport. Po moznost nekoj kolektiven za da nauci da sorabotuva so dr deca, svakas sto sakam da kazam
     
    На Angel_G му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.939
    Допаѓања:
    31.782
    Пол:
    Женски
    @Angel_G и јас имам бистро дете и прилично своеглаво и темпераментно.
    Во школо ако се погодат наставничките интересно ќе и биде, само ќе треба да ја подготвите дека ќе треба таму да биде посмирена. Моето е во школо посмирено од дома (затоа дома надокнадува после школо со лудување). Исто така во школо често не завршува зашто се ѕвери низ прозор или се врти зашто мисли дека брзо ќе заврши или не му е доволно предизвик.
    Битно е после школо да има простор за слободна игра за да се издува (игралиште или парк или школски двор).
     
    На TarantulaA и Angel_G им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.217
    Допаѓања:
    102.441
    Пол:
    Женски
    Да не имаме исто дете ја и ти? Се исто!
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам,скоро исто дете имам дома, јас го викам торнадо.Многу е интелегентен ама е 300 на саат цело време.Премногу се интелегентни тоа е проблемот всушност, сеуште незнаат ваљда да го носат тоа,се живо ги интересира и тоа нема крај едноставно.Од 2 год почна да збори со цели реценици и од тогаш секој ден е 1000 зошто 1000 затоа, глупости прави кога сака да привлече внимание, има такви денови кога ништо не му е погодено, се лути, или јас ако сум нервозна он е неподнослив.Во градинка оди чат-пат, на логопед оди и соработува супер, на карате оди веке 2 години и мислам дека тука направивме полн погодок, многу сака да оди, имаат интересни тренинзи, мешани возрасти на деца, научи да се прилагодува,он не е лошо дете во смилсла да прави глупости да се лигави да плаче за се нешто ама проблемот е што цело време е активен, со поглед да го следиш ке се измориш.Има потполно внимание и од мене и од сопругот ама едноставно таков темперамент е.мислев дека е хиперактивен, уште лани кога го однесов во школо на упис ми рекоа нема врска, си седна таму си црташе, разговараше со нив, ми рекоа уште лани дека е спремен за во школо ама јас сепак не го пуштив.Исто разговарав со логопедот , ми вика супер е, дете е што очекуваш, он супер соработува, нема проблем со концентрација и хиперактивност.Нема како дете да го изнесеш саат-два да се истрча и да се смири, се трча и скока од утро до мрак. Еве сега имам уште едно, го викам апдејтирана верзија, како почна да лази више не се задржува во едно место, сега оди, трчи скока, и плус бато го учи да прават глупости заедно.Напорни се до бесвест ама нека се живи и здрави, такви се, мора да ги прифатиме и да најдеме начин како да се носиме. Во твојот случај ми се чини дека и недостигаш, дека затоа е драмата највеќе, фаза е, ке ја надминете.
     
    На Mother of 2boys и Angel_G им се допаѓа ова.
  16. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram na iscrpniot odgovor.
     
  17. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Син ми има 6 год, сега има некоја фаза кога цело време прави некои страшни фаци, нешто гледал ваљда на интернет и сега постојано се глупира, ама како да му поминуваат во навика, цело време и бебето го плаши демек со страшни фаци ама и онака уз игра ги прави, цел викенд го опоменувам, денес беше во градинка на сите слики кои ми ги прати учителката е со страшни фаци, превртени очи и слично, буквално језиво изгледа, притисокот 200 ми се качи кога видов како се глупирал.Кажувајте чаре ме спобудалува ова дете веќе, све му е игра, све му е смешно, и све ја претерувам демек.Нити е глупаво дете, нити има психички проблеми а да го видиш на сликиве делува језиво абе коса ми се крена.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Нема зошто 6 годишно дете воопшто да има пристап до интернет.
     
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    Епа не верувам дека има некое дете кое нема воопшто пристап до интернет, и не беше тоа прашањето.И јас ограничувам и контролирам и пак џабе, ке начека било каде прилика и ке пушти јутуб, дали дома на тв, или на баба телефон, дали на улица кај поголеми деца што носат телефони, или мојот или на маж ми ако ги начека отклучени додека му го земам и неможам да го изолирам, ако вие успевате секоја чест.Јас си имам работа со екстремно упорно и захтевно дете, кое живци ми кине секој ден.Ако имате совет или слично искуство со конкретниов проблет посоветувајте ме,ако не не ми долевајте дополнителна нервоза, не сме сите совршени.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Па имаат пристат до интернет баш поради ваквите одговори, ама ќе најде ваму, или ќе најде таму, или другите попустливи родители им дале телефони на децата. Не си поставила граници, нема што да зема туѓ телефон без прашање, нема јутјуб на тв. Ќе земе ќе најде порно зошто очигледно ете, се случува да има и не може да влијаеме на тоа. Поголема контрола не ќе е лошо. Страшно против сум за интернет користење и затоа можеби поостро делувам. Ама, ако сака родителот секако дека може да постави поголема контрола.
    Конкретниов проблем ти е само фаза, ти делува страшно поради фаците, а да кажувал некоја глупост што немало да прави да изгледа страшно немало ни да приметиш. После ќе ти излезе друг проблем од истото зошто не си поставила границите.
     
    На Skorpija25, Калатеа, CooperD и 1 друга личност им се допаѓа ова.