Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.938
    Допаѓања:
    6.176
    Пол:
    Женски
    Ќе ти дадам пример за решение што го видов кај друга мајка, моето е уште малечко ама истото го планирам. На сите телефони дома и на телевизорот јутуб е со код, отворено е само јутуб кидс каде што има слободен пристап на содржини за него. Во обичен јутуб да не може сам да влезе. И целосна контрола на тоа што го гледа, зашто сега е само фаци недај боже понатаму може да се создаде поголем проблем
     
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Само јутуб кидс има, на телефоните јутуб е избришан, на тв исклучувавме нет ама еднаш го видел маж ми кога го внесувал пасвордот кој е од 4 буклви и 4 броја и го запамтил,и сам знае да го внесе ако е исклучен, го гасам од штек пак ке го уклучи, за да го сменам треба цел рутер да го носам да го сетираат со друг пасворд,ако дофати телефон наоѓа начини да пушти јутуб преку веб,или преку реклами од гугл плеј , и него го избришав , или ако се најде во друштво на поголеми деца кои имаат телефони и јутуб и тик ток ке начека и ке гледа. Е сега он гледа лего како склапаат, гледа спајдермен, гледа видеа со боење, краш игри или марио како се играат, ама знае и да пушти нетфликс кидс, таму го гледа денис напаст, сам дома, и тука е со конторла сетирано ама пак неможеш целосно да го изолираш.
    Абе детево се глупира, буквално сака да ме провоцира и ми се смее кога ме нервира,го искарав вчера за фаците, ми вика мамо па ден на шегата е што ме караш толку, и маж ми зборел со него и демек нема веќе така да прави.Јас цело време ставам граници он цело време наоѓа начин да ги помести, со лошо ништо не прифаќа уште повеќе инает тера. Можда и јас претерав вчера, долго време не беше во градинка и вчера отиде ради маскенбалот и можеби нормално е што бил еуфоричен.Јас убаво го одвикнав едно време скроз забаранив интернет и игри ама после се разболе и не сакаше ништо ни да прави ни да јаде и му дозволив пак да гледа и да игра и толку беше , све падна во вода предходно.Сака да биде во центар на внимание, и да е главен, и во градинка затоа беснее, или дома посебно ако дојде некој, сака да се направи важен и се глупира, од глупост во глупост иде, и се му е забава.Секогаш разговараме и пак ефектот е краткорочен, замлата голема е, прав глумец, некогаш ми е смешен ама некогаш од кожа ме вади.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Има начин, ќе контролираш што гледа. И моето гледа интернет, односно пушта по 15мин дневно Јутјуб, ама не страшни фаци, пушта квизови со знамиња, со филмови детски, песнички, такви работи, и еднаш неделно гледаме некој филм. Он се плаши од деца кои прават такви фаци а на тие деца им е итнересно и баш напротив го прават тоа зошто им е интересен дека плаче и се плаши, а мене ми иде децана да ги треснам од земја зошто апла го провоцираат, ама тоа е. Пробај така објасни му, дека има другарчиња кои се плашат и ќе го избегаваат. И контролирај што гледа, за ваше добро, за негово добро, не е убаво се да гледа и верувај има начин да им се забрани. Моето гледа само на тв, не на телефони и мирна глава, знам и гледам што гледа и без дозвола досега не пипнал. Ако не разбира со арно, тогаш со забрани и казни.
     
  4. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Фаците ги видел на реклама на тв, небитно, разговаравме, веќе не ги прави често, по некоја ако се бунтува за нешто или ако сака да направи шега ама го опоменувам и вели добро нема веќе.Иначе главна забава му беше да го плаши братчето, првите 2-3 дена му успеваше сега го научил и него да превртува очи, пред некој ден му вика ајде покажи на мама страшен поглед и ова преврте очи, па се смеат заедно, сега во тандем ме плашат. Абе кој не чува бесни деца дома неможе да разбере толку ке кажам.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ау не зезај, не да се бесни, не застанува. Скрши кревет од што се џитка цело време. Најново му се некои карате потези, некои мавања, ама го гледам пробува на брат му да ги тестира, а тој пусти нема ни 10 кила, ко партал летна синоќа па сум урлала. Он не е свесен дека тоа однесување е ризично и опасно. За воспитувањето сме сами криви, не се децата, мораме да си признаеме. Имаме во одделение деца што се пргави, епа измислиле некој муабет со вулгарна содржина, ко брзозборка, и кажувам на наставничката и за глава се фати. Тоа дете не го слушнало муабетот И го опна на друго место, дома слушнало и од тука иде се, муабет од типот Х се сопна, на У и го опна, во тој контекст кажано.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Епа мојот главен проблем е дека големово некогаш не резонира дека некои однесувања се ризични, и дека може да го повреди братчето, во трамболина скокаат, го зема во раце и го фрла, кога видов срце ми застана, а малово се смее, му става сопки, го бутка, пред некој ден малото застанало на двосед додека се свртев големиот се стрча скокна на двоседот и малото се преврте. Цел е со модринки сирот, а го следи како верно кученце, го учи да се качува, да се симнува, ако малце се удри малово ке се почеша само и продолжува ако повеќе се удри ке заплаче, цело време збориме, викаме, се караме, и тоа се има краткорочен ефект, они се турбо од 7 сабајле до 9 навечер.Абе се да си до нив неможеш да ги допазиш страшни се, денис напаст левел про.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Затоа ти велам, те разбирам. Јас карам и казнувам, може не чини и моето ама не сфаќа со арно, пробувам, ја зборам ја си слушам.
     
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    И ние го казнуваме, обично му скратуваме нешто , еве сега пак е скроз казнет без интернет, нитендо, предходно му го скратив играњето игри на плејстејшан,плус го погодува кога му се лутам,ама нема некој ефект долгорочен.Повеќе делува со убаво кога ке разговараме.Физички не ги казнуваме и сите ни солат памет дека биле бесни зашто не ги тепаме.Цело време имаат фул внимание, и ги шетаме и на карате оди големото и не се изморуваат.Моите велат дека требало дете да има страв од тебе па да те слуша јас со такви методи не се слагам, не сакам да се плашат ни од мене ниту од сопругот.Секој ден е нов предизвик едноставно.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.900
    Пол:
    Женски
    Ау не, страв ако има од мене отидена е далеку работата. Почит и љубов, страв не.
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.274
    Допаѓања:
    76.331
    Пол:
    Женски
    Здраво. Дали некој можеби некој знае и има искуство со состојба улцеративен колитис кај деца?
     
  11. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Slicno dete imame i on ke odi prvace od septevmri,hiperaktivno do maksimum se rasplakuva na sitnici kako mislis malo bebe e.
    Rabotime na emocionalniot razvoj ,govor i koncentracija.
    Pocna da pie Esprico rano e da kazam dali ima efekt gi pie nekolku dena samo treba minimum dve nedeli da projdat.
    Edino e sto primetiv mu se zgolemi apetitot sto i toa mnogu me raduva.
    A prepameten i intelegenten samo sto e 500 na saat.
     
  12. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Мојата наполни 5 години, почнав да ја учам на нејзин кревет и во нејзина соба да спие, веќе 5 дена сум со неа да не се разбуди да не ме бара, ама дефинитивно од вечерва ќе ја оставам сама и со отворена врата да си спие.
    На колку години сами ги научивте децата да спијат во нивните соби?

    Иначе, преку вечер мислам дека ми се смени детето, порано ако и кажав не не е сега да се оди кај баба, време за одмарање е, ќе се руча итн, драмииииии, а сега ќе и кажам не може сега, и се помирува со фактот си вика океј, после ќе си одам.(fingers)
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира како доаѓате до заклучокот дека вашите сопствени деца се препаметни и многу интелегентни?
     
    На Sofi.ja, JoyJoy и TheSecret им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Еве јас ке ти одговорам, иако си тагирала фруга феминка,конкретно за моето дете. Моето дете многу полесно и побрзо учеше и сеуште учи нови вештини за разлика од негови врсници. На 10 месеци прооди, на 12 на првиот роденден веќе трчаше со поголеми деца, на 2 години точно збореше со сложени реченици, баш имам видео каде ни дојде дедо мраз на кое си збори со него со реченици и поставува прашања. За втор роденден доби моторче со акумулатор и научи да го вози сам, дури и во рикверц, и да се паркира, на 2.5 год научи да вози точак без помошни тркалца има другари сега уште што не знаат да возат на 5-6г,од 2.5 год почна фазата со милион прашања и сеуште трае иако има 6 сега, на 4 год почна да тренира карате и на секои 3-4 месеца совладува ново ниво, веќе стигна до зелен појас, знае да брои на сите можни начини, и со стотки, илљадарки, знае да гледа анaлоген часовник уште од 4год,имам внук од 12 кој сеуште не знае, носи дигитален, ги знае часовите и ам и пм, знае колку минути има во час колку секунди итн, месеци, форми, денови бројки, букви кирилица, латиница исто ги научи многу порано од вообичаено предвидено време за тоа, има развиена логика, и развиено и фина и груба моторика, има чуство за хумор, што е исто знак за висока интелегенција за мали деца. Сунгер е за нови информации, се го интересира, прашува, читаме, истражуваме заедно. Со знаењето кое сега го има може комотно да го скокне и прво и второ одделение. Не сум јас единствена да го сметам своето дете за паметно, тоа е приметено и во градинка и на карате каде што непристрасно ги оценуваат децата.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Проодувањето, трчањето, возењето рикверц, возење точак, карате….не се знак за повисока интелегенција кај некое дете.
    Фазата “зошто” и милион прашања е нормален развиј кај секое дете и исто не е знак за некоја повисока интелегенција, според книга е фаза која ја има скоро секое дете и почнува во периодот 2-3 години. Тогаш почнуваат да го истражуваат светот и да ги интересира како се функционира.
    Исто за фина и груба моторика е сосема нормално да ја има развиено дете од 6год.

    Часовник, букви, броење, денови, месеци…реално ништо импресивно за дете од 6години.

    Ама штом и во градинка го имаат проценето дека е за во 3то одделение тогаш ти најверојатно имаш препаметно дете. Тие подобро знаат.

    Еве твоето е едно од ретките деца со надпросечна интелегенција.
    Ама секое второ на форумов да е вакво? :D
     
    На Anturium, Sofi.ja, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Искрено немам потреба баш за моето дете да ти разглабам баш на тебе зашто сметам дека е препаметен бидејки ќе бидам дрско безобразна.
     
  17. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.000
    Пол:
    Женски
    Па веќе коа го пофали зашто да не ми одговориш или разглабаш. Немаше потреба и од тоа ако веќе така гледаме.

    И фино те прашав. Што има потреба дрска и безобразба да бидеш :)

    И добронамерен совет: намалете со “титулите” и очекувањата од децата, избалансирајте ги вашите желби со нивните реални можности, зашто многу лошо може да им се одрази тоа на ментално здравје.
    Епитетите како препаметно и многу интелигенто може да создадат голем притисок, па одтука стрес и слично.

    Оставете делата да зборуваат. Не брзајте со зборви
     
    На Chantal, CarrieBradshow, Anturium и 8 други им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
     
  19. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.757
    Допаѓања:
    8.843
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: vo pravo si
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.268
    Допаѓања:
    18.383
    Еден куп работи знае повеќе од врсниците ,може директно во трето одд да оди,ама ти не го пушти да оди во училиште иако по возраст е таман?:drunk:
     
    На JoyJoy, CooperD и kalinaka им се допаѓа ова.