Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Да, не го пуштив,зашто сметам дека нема потреба да му наметнувам обврски пред време, еднаш е дете а школо нема да му избега.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Ваљда некој ни кажал, мене стрикно педагози кои работеле со него. Што знам, чита и пишува од 4, реди лего од 4 кои реално се за 8, чита и памети податоци од енциклопедии кои сам си ги бара и чита, гледа документарци од кои памети податоци... Имаме во пошироко друштво одличен педагог, академски професор кој ни посочи уште пред да тргне прво одделение, пред се бидејќи имаше друг проблем кој сакавме да го решиме, а таа ни посочи на интелигенцијата. Ќе го спомнев и свирењето по слух, ама тоа веќе е талент и наследство, мада јас сум дудук за свирење, ама татко ми беше музичар, сепак без ден музичко образование успева по слух да свири многу лесно. Мене не ми е достигнување да биде интелигентен, сакам да е дете типично, ама него не го интересираат фудбал, тепачки и слични лудории, го интересираат енциклопедии и лего, не можам на сила ништо. Сепак тоа дете иако е совршен ученик викендов беше казнет за банална работа како несобрани играчки и фрлени чорапи. Тоа дете иако знае за црни дупки, планети и маглини му треба три пати да го потсетиш кога тргнал да облече пижами. Баш дете, само малку повеќе памти од другите и знае работи кои не му се потребни, ама го интересираат.
     
    На hello-kitty.90, Mother of 2boys, Anturium и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    1.372
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, како постапувате пр. во ситуација да треба детето да го носите на вакцина или да му зимаат крв.. Дали пред време го спремате му кажувате што и како или не кажувате ништо па кога ќе дојде моментот тогаш..?
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    7.045
    Пол:
    Женски
    Секогаш му кажувм каде ќе одиме и што ќе му прават.
     
    На dromka и Bettina23 им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Не само што и кажував, него и јас кога сум одела за крвна слика ја носев малата со мене да гледа. Што повеќе се изложени на нешто, и тоа се претставува како најнормално, толку побрзо се навикнуваат. Глас не и се слуша и за крв земање и за брисеви. Скоро ја носев на вакцина, не само што не плачеше, него и зборуваше на други како сака да прими вакцина за да биде здрава.

    Ама затоа за да грлото и го прегледаат со тоа стапчето ќе направи скандал. Педијатарот стално и попушташе дека не мора стапче, само така ја погледнува со сијаличка, па сега морав со сила да ја држам. За боцкање сама седи, за преглед на грло со сила да ја држам :^) ама тоа е само затоа што за стапчето речиси никогаш била изложена.

    Затоа зборувај многу, и не криј од детето ништо.
     
    На dromka и Bettina23 им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.466
    Пол:
    Женски
    Уште од мал знае кога треба да се оди некаде и што ќе се прави. Не му е најпријатно кога го боцкаат, ама не се буни. За вакцина ич, за земање крв понекогаш се буни (не му се допаѓало прстот да му го стискаат).
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Имам "проблем".
    Ќерка ми има 8 години, од мала е повлечена, не комуницира лесно со никој, доаѓаат гости таа не иди да се поздрави, и ако има потреба да влези в соба тогаш, иди кај мене да праша нешто или да побара и не ги перцепира гостиве. Ако и речам поздрави се, готово се топи.
    Почна на училиште и со школските е супер, со учењето е супер, педантна е, совладува материјал ама е тивка. Учителката ми вели само уште да е погласна во смисла самоиницијативно да крева рака за да одговори...
    Тренира, на тренинг оди своеволно, без да бара да седам до неа или да ја чекам, баш е самостојна и храбра, ама не е друштвена или комуникативна, со учителките не комуницира, само усрамена е ако треба здраво или чао да им речи и тоа со пола уста.
    Има една другарка оттаму и ептен се погодени, генерација се, заедно на снап се слушаат зборуваат, цртаат заедно преку камера, чистат детски соби додека се гледаат на камера.
    Мојава мака е то шо не сака на улица да се дружи, не и се интересни, зборувале само за дечковци, само седеле... ( Девојчињата други се година до две постари од нејзе, многу се полабави, седат и до покасно на улица..) Буквално оди со сила ја терам и се враќа по пола саат разочарана дека било досадно и ништо не правеле..
    Одвај чека тренинг и то е то..
     
  8. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Ќе ти одговорам како личен пример. Иста сум била како дете. Мајка ми ме праќаше со брат ми на улица, што е 2 години помал. Само една другарка имав, и ако она отишла со друго девојче, си се враќав дома. Никаква желба немав повеќе да се дружам.
    Дури во средно спонтано се сменија работите. Се здружив со ептен дружељубив дечко од клас, и покрај него почнав да се дружам со повеќе друштва. Полека се опуштив со нови познанства, сега дечково од средно ми е старосват и најдобар другар, а јас сум најмуабетџика во секоја ситуација, без разлика дали сум со блиски другарки на кафе, или на маса со далечни познаници. Луѓе се менуваат, некој да ми кажеше дека ќе бидам ваква сега кога бев 12 години, ни јас немаше да верувам дека е можно.

    Значи немам конкретен совет, само да знаеш дека најверојатно нема да има причина зошто да се грижиш толку многу во моментов.
     
    На Skorpija25 и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Дајте идеа како да го ојачам малку големиот! Плачко невиден, борец за правдина, емотивец, невиден другар, ама плаче и за ланскиот снег ако му текне. Ептен е интелигентен, премногу мисли и за се мора да има сопствен став. Еве го сега плачеше зошто сме ги исекле дрвата, цитирам А добро ви беше кога одмаравте под нивната сенка :x Месо до скоро не јадеше јер убиени животни. Ако го скарам брат му, тоа е трагедија, Недолжно бебе, тоа не разбира... У школо брани другари и често влегува во конфликт ради тоа дури и со наставниците. Иде на спорт, не е борбен али спортува (плива), компетитивен е, пишува поезија, детска ама сепак е поезија, од септември ќе оди и на музичко. Дали ќе ни помогнат боречки вештини, ако воопшто сака да оди зошто за него насилство не иде во предвид.
     
    На macalavica и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Колку години има? Мојава на 7 почна така. Да не е некој нормален период…
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.458
    Пол:
    Женски
    Од боречки вештини карате, бокс и слични може се пренасилни за него. На блиски детето оди на џудо ради трошење на енергија и да се научи на почитување наредби.

    Евентуално спортови од типот на Ориентација. Не е насилно, ќе му помогне во следење правила, насоки, повеќе во природа.

    Дали сам изразува желба за нешто? Има омилен спорт? Сака да гледа на Тв? Омилен клуб, можеби?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    8 полни, али од секогаш е ваков. Имавме плачки за умрен полжав, го погребувавме и му носевме цвеќе со денови.
    Не е спортски тип, а желби имаме илјада и една, постојано имаме стратегии за исполнување на желби. Нема проблем со следење правила. Ми треба нешто што ќе го зацврсти, мислев извидници ама немаме во близина, зошто е многу плашлив. Пример гледал емисии за авионски несреќи и сега се плаши од возење со авион, гледал емисии за морски чудовишта и сега нејќе на море... Од тој тип стравови.
     
    На TarantulaA и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Што е во хороскоп? :D
    Јас не би го погребувала или цвеќе да му носам. Со тоа му ја храниш тагата. Полжав е. Не мрда. И крај.
     
    На snegulkata, dromka, TarantulaA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.458
    Пол:
    Женски
    На нешто слично мислиме.

    Само овој клуб го знам
    https://www.facebook.com/okzlatovrv?mibextid=ZbWKwL
    Не е од Скопје ама веројатно нешто слично има и таму.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CarrieBradshow

    CarrieBradshow Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2020
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    А разговор со психолог, подобра опција е во твојов случај. Да научи да се носи со предизвици.
    Џабе извидници ако е плашлив и емотивен. Нема да ужива.
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.185
    Пол:
    Женски
    Овен со лав. Мене па пресурово ми е да му речам едноставно умре и толку. Нажалост премал се запозна со смртта на многу блиска личност и свесен е се.
    Во училиште посетува психолог редовно, работи со нив многу, ама ќе посетиме и приватно.
     
    На TarantulaA и CarrieBradshow им се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.458
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , карактер е тоа или зависи како му било претставено и како го сфатил нештото, со смртта.

    Живеевме со баби, дедовци, прабаби и прадедовци во близина така да смртта никогаш не ни била скриена, далечна или слично. Не сме биле како деца по погреби ама пак и домашните не биле некои да ни претставуваат нешто трагично дека е. Баш спротивно од вас, кај нас било умре и толку.

    Не дека е правилен начин тоа ама кај нас еве се покажа како Ок начин.

    Само нафрлам идеи ама може преку цртеж/пишување му е полесно да се искажува и да го научите да ги прифаќа работите. Не во смисла да гледа насилство и да го прифати тоа, туку во смисла кога е тажен, да го претстави нештото, зошто е тажен.
     
    На CarrieBradshow и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.941
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Ме потсеќа ова кога едно сабајле дојде татко ми не разбуди од спиење и вика станете баба ви умре. Основно бев од 5то до 8мо не знам точно кое одделение ама и знаев дека ќе умре некако иако беше скроз здрава подвижна и се иако имаше 80 години, па секоја вечер пред да легнам одев во нејзината соба птворав врата проверував дали диши и одев да спијам. На школски мој му рекла дека ќе умре деновиве. По неколку дена сабајле му рекла на татко ми дека да оди шеќер да и купи од продавница, мајка ми на работа, ние тројца спиеме. Кога се вратил умрела. Од тој пример отсекогаш мислам дека на самиот крај знаеме дека е веќе крај.
    А другата баба од мајка ми рекла дека не сака да умре додека не не види нас тројца дека ние подалеку живееме, отидовме не виде и истиот ден умрела, сите други внучиња ги имаше претходно видено, уште нас не.
    И ај речи дека нема нешто повеќе…
    Буквално на сите погреби не носеа како деца, цел чин имам гледано од почеток до крај, се сеќавам колку се ладни и тешки и како без престан гледам во нив очекувајќи да мрднат.
     
    На TarantulaA, CarrieBradshow и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.466
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh некои деца се едноатавно поемотивни. Особено оние кај кои когнитивниот развој е побрз. Сфаќаат повеќе од што може емотивно да процесираат. И тоа им прави проблем со емоциите.
    Јас мојот го викам Калимеро зашто се нешто не му е погодено. Само се оправа за разнк работи и често плаче ако не успее да те убеди. Гледам дека со тек на време станува подобро па оставам да помине. Пред спиење сеуште му читам или раскажувам приказна за да може малку за емоции да зборуваме (пр има книгички во Литература со животни за различни емоции и уште ти ги пречитуваме, најново работиме секој ден од една книга Благодарам за благодарност на одредена тема). Ова чистк за да се дефокусира од негативните емоции и да се сврти кон позитивни.
    За смртта имавмр ние фиксираност од околу 2 години на смртта. Језиво беше додека траеше зашто ако за љубов и правење деца зборат и меѓу себе за смрт поретко. А нормална развојна фаза. Е сега јас не го оставав да се фокусира на конкретна смрт на животно и слично. Кажувавме крај е, готово, стававме цвеќе еднаш и толку.

    Боречки вештини не знам како би помогнале. Не знам ни било кој спорт како би помогнал за вакви емоции. Спорт е за учење фокус, тимска работа, истрајност , не за емоции. Особено не на начин на кој денешниве спортови се практицираат (натпревари за мали деца, поени, споредби, знаење кој е подобар и слично).
     
    На TarantulaA, CarrieBradshow, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.