Многу слично се ова што го опиша важи и за мојот (7), со таа разлика што не се замара он од типот не јадам месо ради убиени животни, ама да бара правда, ако некое дете му возврати безчувствително, отсечно одма е тажен,не знае он така, секогаш е пријателски настроен, и е голем другар, комуникативен, овен во хороскоп. По мене зборување на долг рок може да помогне, на пример јас го седнувам и многу му зборам онака отворено за "проблемите" со кои он се соочува, разговорот мислам многу им помага на децата, поддршката од дома, таа самодоверба што всушност доаѓа од родителите во детството. Ако сметаш дека треба консултирај се и со некој педагог што работи со деца. Мојот игра фудбал во школо, лего му е животна пасија, сака и музика па да не сум офф, пиши ми ако сакаш во пп порака каде планираш да го запишеш на музичко, во размислување сум и јас околу тоа.
Лего, музика и се тоа тераме, не е по спортот многу, со зорт иде со татко му на утакмици, колку да се дешава нешто или пак за бурекот после утакмица. Се запишал на фудбал сам во школо, беспари, ама топка досега нема пипнато. На музичко ќе оди во нижо музичко во Луј, побрзај види дали има рок за приемен сега, пошто нашиот помина. Ко што кажав не е е по фудбалот, не е по спортот. Сака и оди на пливање, али рекреативно, не е компетитивен, тоа само во учење се натпреварува со сите па и со сам себе да научи повеќе.
Како се справувате со желби на 5 годишно дете кое веќе цела година бара една иста желба т.е една играчка од дигиталниот албум животинско царство а не сум во можност да купувам ччоколадца , секој ден кога се вратам од работа истото ми донесе код? А јас едвај крај со крај врзувам, пробав да и објаснам немам пари , таа не сакам чоколадце само кодот, и објаснувам и за тоа. Треба пари но залудно е, пробав и со лажење не иде и не знам веќе како да постапам. Стално повторува сите собираат и имаат, не ме сакаш и слични глупости
Пуши ми кој код ти фали да ти дадам имам многу дупликати. Желбата не и е којзнае колку голема, ама треба да научи од нема и не сега, само мало е уште. До тогаш пиши ми за кодови.
Ако е реален постот бидејќи е отворена и друга тема за истото, пиши која играчка ја сака. Може некој има собрано повеќе.
Здраво ако имате некој би замолила да ми пишете во порака не е ни битно кој број е сликичката ке размена таму за дигиталниот албум е онлајн Малку имаме само 50
Детево мое,7год,некако нема интерес за спортски активности...Точак незнае да вози,и само јас кога инсиситирам да излеземе со точак,тогаш.Сам никд не би му текнало дека постои точак. Фудбал,тенис,кошарка-никако,нема интерес,освен физичко.Планирам со пливањето да го зпознаам.. Он само би играл со лего цел дел ден,би правел експерименти(оние детските лабаратории од просветно дело).Знае да чита,пишува,математика.Значи прво одд.го завршува успешно.Но ова активностиве....
Ни мојот не е по спортски активности, 2 леви нозе има, се труди ама не иде. Го одбрале за фудбал да игра за одделение, замисли, го прашувам како помина даде ли гол, Не ми подадоа топка вика ич, не ја ни пипнав Битно присуствувал. Иде на пливање и идеше на гимнастика.
Nemam jas kodovi. Ama vidov deka sobira igracki za decinja pa mozebi ke vi sobere ili dade igracka. Slucajno mi izleze pa staviv tuka.
Ne mi e prijatno da I baram igracka, ke probam kodovite Ako nekako uspeam da sobereme , sepak blagodaram
Син ми од ко наполни 5 пред еден месец почна скоро од се да се плаши, се плаши од бубачки, се плаши од висина,се плаши од количиња(чукачки ги викаат кај нас) оти се чукал,се плаши сам да оди надвор.. си велам нормално е а од друга страна јас се плашам да не му ја пренесов анксиозноста моја
Ајде и јас да побарам совет. Имам пишувано дека со ќере сме се сами,мм во странство,фамилијарни врски 0. Од мала ја носам по игротели ,секаде со мене по пазарење итд. Но веќе чуватвувам дека се гушам од нејзините постојами прашања за сенешто. И кога има смр заедно на гости и деца ако има пак со поглед ме бара,бара дозвола за се. И објаснив дека дозвола треба да ми бара само ако некаде треба да оди сама или да прави нешто( на пр ми се јави да ми побара дозвола дали може да се вози на четирицикл,се разбира дека ја одбив). И вака кога седиме со комшики поинтересноми да слуша муабети отколку да се игра. Сакам да појдам на раб од една страна за мое лично психичко здравје а од друга страна не ми се остава сама со свекорот. Знае што е погрешно шти нњ учи од туѓи грешки на другарчињата,но не можам веќе . И сама и велам дека не сум и јас другарка да е се со мене, како другите мајки одат на раб... Проблемот е знам и во мене нп ств не знам што да правам како да постапам немам никаква приватност од неа. Се гушам.. Инаку има 8 год
Запиши ја на некој камп сега летово, од сабајле да има обврски, скиснато ти е од монотонијата што те тишти, но детето ако е навикнато да е само со тебе не можеш да очекуваш сама да се опушти наеднаш. Моето се опушти кога си најде другарче од одделение и почнав да го пуштам само да оди кај него на гости, да седат кај него да играат ама без мене. И моето беше исто, за скут закачено, ама се опушти полека.
Се дружи секојдневно нон стоп кај мене има деца ете малку да се растеретам психички ама се аи мислам негде да не погрешов или грешам што толку е врзана со мене. Инаку има и кај другарче спиено без проблем. Мислам дека повеќе кај мене е психички проблемот сакам да одам на раб а ос друга страна ме изеде совеста дека сама е и мм не е тука
Не е дека си погрешила, мислам дека нејзе не и е проблемот толку голем колку тебе, тебе те има утепано секојдневието. Родител, ем сакаме да сме послободни ем првиот момент кога ќе бидеме слободни ќе мислиме на нив. Големиот сега е со татко му дома, тој е на одмор ама иначе работи од дома и го ѕирнува. Да видиш нешто од дома за почеток или на скратено работно време. На крај краева оставај ја на кратко колку да се пролуфтираш.
Мислам е нормално, и мојот ист е, 5 и пол години, се плашеше в детска да оди а пуштена струја навечер, исто и денски сам никако не одеше, сега се опушти пична да оди ама со трчање и одма се враќа чиниш некој го брка го прашував од што се плаши не кажува. Исто од пајаци, ене пајак и само гледа по тавани бара кај има пајаци ќе му помини се, периоди му се.