Тресалковци абе не бива и од ништо да не се плаши ама и ова нивното не го бива, па не дај боже да го скарам одма плачи на цел глас, пренежен се напрај да се надеваме дека за брзо ќе помини..
Не знам зошто би требало да те тишти тоа што би одела на работа. И јас и маж ми работиме. Значи и нашето дете (иако сме двајцата во земјава) преку ден седи со баби/дедовци на негови 8 години. До сега одеше во целодневна настава, а од Септември ќе имаат само класична настава што значи ќе се враќа дома сам и ќе си биде сам додека се вратиме од работа. Нормален процес на растење е полека да се осамостојуваат и ние како родители имаме голема улога во тоа колку ќе им дозволиме да се осамостојат. Така што навистина треба ти да се опуштиш и да сфатиш дека веќе немаш мало дете, туку дете на кое што веројатно исто така му треба простор за да се осамостои. Според ова твоево и ти неа ја гушиш и таа тебе. Опушти се и барај си работа, се ќе си дојде на место.
Да. Нешто памтат ама не многу. И ние како возрасни не се сеќаваме на многу нешта од детството. Е сега науката уште спори дали сеќавањата се бришат или само се бришат патиштата до нив (и ги забораваме зашто не можеме да ги најдеме), ама дефинитивно постари работи се забораваат. Првпат се приметува кај деца на 5/6 години зашто тогаш и самите децата стануваат сповесни за себе и преминуваат полека од една во друга фаза на мислење (од сензомотрона фаза во фаза на конкретни операции).
Ми падна чудно кога кажа дека не се возел со авион, а лани бевме во Италија и тоа му беше најголемо доживување, збореше за авионот со месеци. Кога го прашав дали не се сеќава, рече не, не сум се возел. Ама виде слика, па као се присети. Не знаев дека таков прекин во сеќавања има кај децата.
Има, мојата се памтеше, сега гледам подзаборавила. Иначе памтеше се за сите, за сите знаеше кој каква торта имал на тој и тој роденден.
А колку време вие поминувате со вашите 5-6 годишни деца? Кога беше помала, игравме заедно, цртавме, боевме и сега иако знае да заигра сама да си измислува игри и да фантазира, сепак повремено мора да ме вклучи и мене (на пример ај да си збориме по телефон, ај јас да бидам пациентот таа докторот...) ок ми е до некаде, ама работам од дома, иако флексибилно работно време, јас не можам да завршам бидејќи само ми довикнува да видам, да слушнам.... од една страна имав грижа на совест ако не и' обрнам внимание, од друга страна ме гуши сето ова, па би сакала да слушнам ваше мислење. Знам дека треба веќе и да е доста посамостојна на нејзина возраст, прваче ќе биде, а некако како јас да се обвинувам во сета оваа ситуација, бидејќи сакав да бидам присутна во нејзините игри и спознавања, а сега е обратно
Да @Ljubica87 со работата од дома, некако се збркуваат границите. Имаме количински повеќе време дома, но самата атмосфера ги развлечува настаните и не е ефективно. Мислам дека 5 до 6год. е еден доста голем скок и развој. Секако ќе се промени. Сега и нови обврски и надтани од септември ќе има.
Здраво мајки, Да ве прашам дали вашите дечиња имаат кошмари навечер? Се туширав и надвор залаја куче. Го слушнав син ми како почна да цивка панично и почна да вика и тропа. Дури стигнам до соба тој се имаше фрлено преку креветот со се мечето и перничката. Многу викаше исплашено навистина ме потресе. Го грабнав веднаш во раце и му кажав да не се плаши, дека сум тука со него. За минутка се смири и презаспа. Периодов забележувам дека често знае да се исплаши во спиење но ова никогаш претходно се немаше случено, олку да паничи и да бега да скокне од кревет. Фала му на Бога се нема повредено инаку и тоа можеше да бидне. Претходно се плашеше од време навреме кога е ноќ да оди сам во друга просторија, а сега почнува тоа да се случува и преку ден. Пред да заспие ми кажа дека се плаши од чудовишта. Му објаснив дека не постојат и мислев дека сум го убедила ама очигледно сум се излажала. Ако имала искуство некоја мајка со ова ја молам да ми даде совет. Инаку син ми има 5 години.
Имаше мојот кошмари почесто до кај 7 и пол години. Сега има 8 и пол и уште има ама поретко. Некогаш заради бујна фантазија дневните настани ги преживуваат како кошмари. Не е страшно. @Ljubica87 сосема нормално е да те вика сеуште за се и сешто. Мојот и на 8 и пол години сеуште вика особено ако е возбуден. На пример направил нешто или нешто интересно му се видело и сака да го сподели со тебе. Мене работење од дома додека е он дома ми е мисловна именка. На секои 5/10 минути вика да каже нешто или да бара да играме заедно и слично.
Дома гледа малку, а тоа е се под моја контрола и нема таква содржина која би го исплашила. Е сега, во градинка исто така им пуштаат цртани и немам контрола над тоа.
Мојов на 5 и пол години сега неколку дена нон стоп за куре е фатен Сиг е некоја развојна фаза, не го карам дома, што сака нека си прави, надвор е ок нема такви работи
Најдобронамерно,објасни му на време како стојат работите да му биде јасно што и кога смее да прави. Да не те викаат после во училиште на разговор,кога ќе се заборави под клупа
Софија имам средно учено и колку што памтам ова е развојна фаза и не смее да се прекинува детето, исто како што ставаат се во уста (орална) така и оваа фаза (фалусна) е скроз нормална, баш ми беше интересен овај дел од психологијата и го запамтив, ама еве најдов и на нет, прочитај еве според Фројд, исто најдобронамерно ти кажувам, оти според Фројд има стварно тешки последици понатаму во животот Исто така памтам како деца мали истово на тие години го правевме, брат, сестра, братудечи сите си покажувавме полови органи скришно при тоа за да не не тепат мајките еве кој не поминал такво нешто нека кажи
Погрешно ме разбра. Сакав да ти кажам да му објасниш кога смее да се допира и дека тоа не се прави пред други луѓе,а не да го прекинуваш во тоа што го прави. Се соочив со таков ученик во прво одделение кој што си дозволи за време на час да го извади под клупа и да си игра,при тоа гледајќи ме во очи. Го прашав што прави(надвор) ми рече ништо и се насмевна. Повикав родител кој што ми кажа дека и дома тоа го прави и дека ќе добиел ќутек за тоа Епа сега,сфати сама во кого е вината во случајов. Откако јас поразговарав со детенцето дека тие делови од телото не се пипкаат и покажуваат на другите деца ,не се случи повторно.