Потполно нормална развојна фаза е. Дел од запознавање на себе си. Објасни му само дека тоа се прави дома и сам, не пред луѓе. И тоа е тоа. Ќе престане по некое време.
Извини можи и јас неубо пишав, ама кажав дека не прави така пред луѓе, дома пред нас и со братучед му си ги покажуват курињата ама се смешни, иначе му кажувам дека дома можи ама пред други луѓе не, а имаше период 3 дена со ред така поќе пати денот се држеше А прваче на 5 год и 9 месеци, па дури и на школо да направи нешто ќе му кажат и таму дека не треба, не е нешто страшно, јас не го доживувам дека е страшно, ниту па вина би осеќала, до вчера во градинка бил, сакам да кажам, многу е мал а прваче е. Е сега после 7 год е веќе малку подруго, а секако дека и дома ќе му се зборува дека не смее тоа надвор да го прави. Малку измешан постов ама се си кажав
I moeto e isto,od koga mu go trgnav peleneto,3 godini ke napravi uste malce Duri i so rakata zaspiva faten za kure Mu vikam,ama samo togash za togash ke razbere i pak isto
Ист беше и мојот поголем. Тој период па знаеше и да му се крене без везе, од нигде никаде, на игралиште пример и ќе смкнеше гаќите и ќе се местеше. Му објаснував дека треба тоа дома без нас да го прави и така се одвикна. Не е страшно, само треба зборење.
Каде ги носите децата на пливање Борис или олимписки? И препорака за клуб, може и порака да ми пишете.
Син ми оди во Борис во Кети Фит, задоволна сум ептен. Тренери му се Марјан и Брацо. Да не ти зборам кои бенефити ги има за 4м што одеше, од став држење, до развивање тело и поголем фокус. Моментално немаат часови, ама и ние пауза напраивме јули и август, од септември ќе почнува пак.
Ние се распрашувавме, од два клуба ни кажаа дека примаат над 5 год ама не е проблем и од 4год да се однесе на пробен тренинг. Ако детето соработува, нема страв од вода, го слуша тренерот итн. може да почне без проблем. Термините ќе ги добијат после 20ти август и фактички бираш термин, а не клуб. И да избереш клуб, може ќе добијат термини кои не ти одговараат и ќе мораш да го смениш. На нас за викенд најмногу ни одговара, а тогаш се про кидс ми се чини, чекам и од Кети фит што ми ги предложи Ангел да видам во колку саат ќе бидат и да одлучиме, секако ако добро помине на пробниот. Еве ги клубовите со линкови до фб: http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/kapaciteti/klubovi
Ние бевме во сабота од 12 до 1, многу убав термин, ем доручек поминат ем пред ручек да се умори од милина. Само што ќе видам годинава како ќе биде дали ќе се уклопиме со музичкото.
Како што ти кажа Скајлер почекај за термините. Не знам дали имаат социјални мрежи, ние одбравме тренер и така отидовме, го знаевме тренерот.
Мајки здраво, Ќерка ми има 5ипол години,сега од Септември ќе оди во прво одделение,реално е паметно дете,брзо учи,сфаќа,комуницира со луѓе дури и премногу е комуникативна,помага на помали дечиња,во тој поглед едноставно е предобра,но тука е другата страна што стварно не знам како да сфатам,дали грешката е до нас..? Веројатно ние како родители сме предобри, и допуштаме се,па она едноставно не се замара со нас.не ме слуша,едноставно сака да е се по нејзино,како ќе каже она така,она да бира се,да команда.Пред некој ден бевме да купиме облека за во школо,и она ми вика ќе пробам ама ако ми ја купиш вас играчка,јас бремена,жешко па се дозволувам само да завршиме по брзо.Денес ни го расипа денот буквално,станавме јас и мажот ми,викенд он слободен,средивме,направивме појадок да одиме на море она кога рече не и не,2 саати разговор,она инат и не сака,и сега јас и она останавме дома,а он отиде сам.Толку ми е криво,убав ден наместо да го поминеме фамилијарно,ние разделени и лути.Сака многу животни и кажав дека купив карти за во зоолошка да одиме,се гледам само да и угодам,да исполнам желби,иако пример зоолошката е во друг град 3 саати имам пат,не ми се оди,ама за нејзе би отишла.Премногу и покажувам дека се би направила за нејзе,за нејзините желби да се исполнат па затоа ли не цени? Можеби јас во детството не добивав ништо,па заради тоа сакам се да и овозможам да има,ама на место на подобро ја свртев на полошо.. Како постапувате во вакви ситуации?Секаков совет ми е добредојден
@Bettina23 ,вака од страна и од постот, не сум те читала за други ситуации мислам баш тоа што цело време и угодуваш/те е грешката. Мора да сфати дека сте 3ца дома, наскоро 4ца и не може секогаш да е се по нејзино. Направете распоред пример, за слободните денови, еден ден таткото да бира активност за сите, следен ти, па ќерката и така во круг. Веќе е доволно голема за да не добива се на тацна, туку да сфати дека одредени работи треба да и ги заслужува. Дека не може само според нејзиното мислење и желби да се водите. За 2-3 години со две деца, ако сакаат различни работи, на кое би му угодила. Пример едното на плажа, другото во Зоо, на различни страни од местото каде што сте.
Мајки, совет. Дали е нормална развојна фаза на 7.5 години да развива стравови? Се плаши од темница, се плаши во темна соба да уклучи светло, сам да седи во двор иако е осветлено. Страв му е да не ми се случи нешто додека сум некаде излезена... Се мислам да се консултирам со детски психолог,фали имате препораки?
Сосема нормално, кај мене големиот на 8г почна да развива стравови, од банални работи. Додуша имаше епизода претходно да се плаши ама баш од се, само сега уште повеќе од претходно и тоа на одредени работи само, не на се. И никако не трпи насилство, никако. Големка е за да јавува тантруми за банални работи, мала за да си игра со вас вака, дефинитивно. Крати со време иначе со бебе сега ќе биде полошо, не смееш да и дозволуваш се по линија на помал отпор, никако. Ај сега е мала, за банални работи се треска од земја, ама за некое време ќе порасне и ќе биде исто за озбилни работи, не прашувај од кај знам, ја имам во семејство животот ни го има на сите пореметено. Голема е таман за муабет да си направите, зошто ќе оди во школо ете и нема да биде едноставно и за вас и за учителките, а особено за неа, многу тешко ќе го поднесе тоа. Дајбоже да сум грешка, ама мислам дека подобро да го скратиш тоа отколку да си имаш проблем поголем понатака.
Сосема нормална развојна фаза. Ако ептен почне да смета во секојденвно функционирање тогаш барајте помош од психолог.
И ние се одлучивме за таму само што прво ќе мора да има пробен тренинг, па ќе видиме дали ќе го примаат.
Дете големо нема никогаш пројавено љубомора, зборам за малото братче, многу е затворен тип, емоции никако да пројави. Вчера лежевме со бебе во спална и почна да збори глупости бебе, да брбља и го викнав и него, да се смееме, да бидеме заедно четворицата де. Кога дојде време за спиење го испраќам и почнува да плаче, да негодува, да вика дека сме го откачиле ние него покрај бебе... Океј, некако се договоривме и сабајле ми вика Јас никако не можев да спијам, се будев од помислата дека ме откачивте. Како да му го скршам тој емотивен оклоп да појавува повеќе емоции и да зборува повеќе? Мислам дека ако разговара повеќе, повеќе ќе знам за неговата состојба и полесно ќе му биде. Тек ме чекаат овакви ситуации ама па сакам да ги дочекам поспремна.