А зошто не спијат двајцата заедно во детска, таман да не се осеќа осамен и да се зближат повеќе? За отварањето мислам дека е карактер, еве сестра ми 20 години не успеавме да ја ‘скршиме’ единствено да го фатиш кога е емотивно down и насамо да му се доближиш. Исто знам дека таквите деца не сакаат да зборуваат со повеќе од една особа и сакаат муабетот да остане тајна. Така да, најдобро кога сте сами двајца и да му влееш доверба дека муабетот е само меѓу вас двајца.
Малото е ептен мало, годинаипол, не е за сам во детска со бате. Во спремање е детската, да биде се ко што треба таман на пролет ќе оди кај бате.
Ох јас мислев со поголеми браќа/сестри побрзо иде преселбата. Моите да имаа поголема разлика јас мислам уште пред една година ќе ги иселев од спална И сега ми се ризични ама немам избор. Прееска на пример пред мене зема му акна топка од фаца. Обично со аларм се будам пред нив за да не бидат сами од пусти страв да не го повреди. Не би го чувал или барем да те викне ако плаче?
Ние мака имаме од малото, го тепа бате, ама и многу го сака. Порано на прашањето Кого сакаш повеќе Тато и Мама, викаше Тато, сега вика Бате. Не дека големото не го закача малото, ама пак не е за повредување, поише го закача да го испровоцира да му врати, интересен му е. Инаку малото е ептен лепенка за мене и стварно не знам како ќе оди таа делба.
Еден од вас нека спие со него, може се чувствува осамен, јас како мала спиев со мајка ми, и не така мала може смешно но сама да спијам ме фаќаше страв, се до моментот сама барав во соба да спијам. Во однос на емоциите сите деца се затворени, мораш пријателски да тераш со него и како се ти му кажуваш него како ти е денот така и него да го прашуваш за се, ќе се отвори, кажи му да знае дека се сакаш да слушнеш, дека те интересира и сите дома да зборувате отворно, пример за време на ручекот да си кажите како ви поминал денот, да му кажете колку многу го сакате и некогаш да го пофалите за нешто тој шо постигнал. Убаво е и одвреме на време да си имаш свое време со синот, да излезеш само со него, да му купиш нешто, некоја играчка, или нешто шо сака тој н кој дрес пример, ќе седните на сладолед и ќе си прајте муабет.
Праиме се ние сами, тоа од старт, и во кино одиме и на шетање и на родендени сами, праиме сами доста работи. Исто и татко му со него. Имаат ритуали како качување на Водно ноќно секој четврток и слично. А за спиење со нас осеќам дека сака ама некако не ми е нормално дете од 8ипол години да спие со мене, башка машко е, има веќе хормони разбудени...
Може е период, додека е бебето постојано со тебе така да се чувствува, прашај го дали сака некој да спие со него, ако е голем, децата за нас секогаш се мали, јас и поголема сум спиела со мајка ми, посебно ако сум нешто настината. Нешто му недостасува, дали имате милениче да му купиш ако сте во можност, куче , маче , папагалче нешто на таа возраст сакаат миленици.
Мене малото ми е 6месеца и од 3 мес е во детска, ама дека дада не беше тука цело лето. Сега е дојдена 15тина дена, и синока во 3 сабајле ми вика: бебе ми смета. И викам сакаш да го земам во спална, ми рече да, и денес ќе го преместам креветчето. Секако не сакам бебе во спална, ама не сакам и нејзе да и се ремети сонот. Малото спие цела ноќ повеќето ноќи, ама синока ќенкаше нешто накај 3. Обично сам презаспива за 5мин, ама пушта некои звуци и ја разбудил. Мене ми беше битно да знае дека не го земам малово со мене да спие, а нејзе не и давам да доаѓа во спална. Вака нејзина желба е.
Син ми оди на карате 3 пати неделно од 4 години, во Декември ке прави 7, има желба да оди и на пливање (измеѓу уште два пати ) ама мене ми е многу страв дека ке се разболува , и дека тоа ке му дојде премногу за негова возраст,и не го пуштам,водата ми е многу ладна, во Куманово во затворениот базен е водата ладна како од чешма, демек 26 степени е ама искрено не верувам, јас одев на пливање и ми беше ладна, сега периодов до почеток на грејна сезона е баш ладно внатре плус е ладна и водата. Колку се затоплени базените во Скопје, дали се разболуваат децата, страв ми е посебно за ладниов период што доаѓа.Дали грешам што не дозволувам, што мислите?Инаку научи да плива на море.
Сакам да купам некоја енциклопедија за 5г дете. Може да е и поголема, не ми е важна цената, а може и на англиски да е. Имате некоја што е фаворит кај вашите или предлог? Не знам која е соодветна за таа возраст, уште не се во школо.
Јас пак знам дека на пливање им е баш ладно барем во Карпош. Од кај мојот од одделение лани сите ги отпишаа заради ладна вода. Јас лично не сум пробала нрмам зелено светло од матичната (чекаме крајниците да се намалат). @Mucika види во Литература имаа едно време комплет енциклопедии. На англиски имаш во Академска книга. Ако се љубопитни секоја енциклопедија ќе им биде интересна. На таа возраст син ми сакаше Книги за животни и диносауруси. Потоа почна вселена, мориња и слично. Искрено јас би зела некоја општа за да опфатам различни интереси.
Колку саати се доволно сон за 7 годишни деца? Од најголема спанка, спиеше по 12 саати обавезно, и сега кога почнуваше на школо најмногу ми беше страв од проблем со станувањето. Лани ги легнував двете во 7-7.30 за да можат да станат во 6.30 и пак со тегнење стануваше. Сега откако почна школскава година, заспива едвај во 9 , разбудена е во 6.20 сама, без аларм и без јас да ја будам. Активна е преку ден, дури уморна е некогаш и едвај се воздржува од денска дремка. Затоа ми е на мисла ,колку сон е доволно за оваа возраст.
Јас кога го однесов првиот пат влегов внатре, плива во малиот, водата беше топла, а и општо во базенот беше ок. Почнавме некаде јануари-фебруари. Мислам дека овој период кога почнува да се затемнува порано, ама уште е топло, не е есен права, дека уште не се прилагодени. И мојов еве го покасно заспива, ама доста покасно, па сабајле зева. Мислам дека на 7г веќе можат сами да си регулираат сон, дали и кога им се спие.
Можеби е ОК тогаш. Овие се од тие што се бунат премногу за топло/ладно. Нит топло нит ладно им е погодено. @Kasiopaja221 на таа возраст веќе сами си регулираат колку сон им е потребно. Во принцип после 7 години и со 9/10 саати се ОК. За деца од 6 до 12 години потребно е од 9 до 12 саати сон (индивидуално е тоа). Така што ОК сте. Мојот во прво одделение заспиваше околу 9 сега во четврто заспива помеќу 9 и пол и 10. И тоа намерно го легнувам порано и се врти станува вода да пие, па да моча, па се му текнува да праша нешто и така се додека не заспие во времето кога веројатно му се приспива. Зева од 9 натаму. Мислам дека како ќе доаѓа зима така порано малку ќе почне да заспива ама ќе видиме.
Не ми е никаков проблем тоа, баш напротив, сама си станува без натегање, само некако наеднаш како да и се пресече спиењето. За момент помислив да не нешто ја мачи или има проблем.
Мајки на машки детенца, син ми е 6години скоро 7. Еве веќе неколку денови кога стане сабајле од спиење и треба да мочка, курето му е дигнато и неможе да мочка. Нема болки, ништо . Дали е тоа нормално, некој друг искуство.
Мислам дека и мажите не можат да мочаат така насабајле, а да му е дигнато после спиење е нормално. Немам лично искуство, моето маже е 6мес, ама мислам дека нема проблем.
Да нормално е. Се развива телото. Како ќе расте се почесто тоа ќе се случува. Се случува кај секој маж.
Мојата е 8 години. Порано спиеше по 12 часа, а сега некако измени. Си легнува накај 10, 10ипол и станува сама во 7, 7ипол најкасно. И велам спиј си втора смена си. Вика се наспав и не ми се спие. А цел ден е активна.