Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    86
    Здраво, мајки, не знам која група е најсоодветна за прашањево, ајде ќе пробам и тука - дали некој има искуство со тргнување на училиште (прваче) на детенце што не одело во градинка? Ние сме таков случај со малиот, рано е, имаме уште 8 месеци до уписите, но многу лошо поминавме со градинката и сега не реагира добро ни на идејата "училиште". Најлошо сценарио ми е дека би паузирале една година, не знам... Ајде утешете ме :) Благодарам!
     
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.592
    Допаѓања:
    39.618
    Пол:
    Женски
    На другарка детето не одеше во градинка ни ден, сега на училиште е супер.
     
    На BrideToBe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Ако пропушташ под неговиот притисок цел живот ќе треба да одлагаш некои почетоци. Однеси го на психолог да видиш каде му е проблемот.
     
    На Bubish26, Mother of 2boys и BrideToBe им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    @BrideToBe напишав набрзина и ми истече време за редактирање, син ми има детенце другарче кое на ист начин родителите му попуштаат за се, нејќе у градинка плаче, сопри го дома, нејќе на роденден, нема да дојдат иако спремни со поклон на врата ќе седнат дома, нејќе да се слика со Дедо Мраз, платена слика нема да се слика, нејќе да се слика за пасош, платен пасош не го сликаа зошто не сакаше човекот, нејќе во седиште скока на задно и едно сто пати има направено беља и пак не попушта и пак они попуштаат... До таа мерка што не сака да јаде и три дена не го тераат да јаде на сила, не сака да се бања и не го бањаат, си дреме небањат само со марамици колку дозволи толку, значи веќе здравјето му страдаше. И дојде ред за школо, треба да се оди нели, они го одложија во Симпо и го оставија дома уште една година, си ја пропушти генерацијата и ајде следна година мора да се оди веќе, мајката 3м седеше до него, не смееше да мрдне, а мрдне он плаче, не смее да погледне на друга страна освен во него... Едвај некако помина прво одделение. Еве го второ, ги уценува, лаже дека го боли нешто, ме боли глава ќе седам дома, ме боли грло, па со четка за заби си трљал грло од внатре да му поцрвене да не оди... А се почна од Не сака, да не плаче. Ова е екстрем, да се разбереме, ама е пример. На крај го однесоа кај психолог, среќа па не рекол не сакам, нормално дека психологот констатирал дека се работи за манипулација и сега работат на тоа да го сменат. Децата си имаат карактер, ама на тој карактер треба да се работи за да не се изгуби ама да се избруси без да дојде во вакви крајности. Јас користам награди и казни, согласно возраста нормално, малово е малку потежок карактер па не е лесно како кај брат му, па малку и повеќе работа имам, ама не се откажувам.
     
    На Cosmic Girl, delvi, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. BrideToBe

    BrideToBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    86
    Blagodaram zenicki, ubavo e da se cue i ubavo i neubavo iskustvo. Ke si prezemam cekori na vreme i navistina ke se konsultirame so psiholog. ❤️
     
  6. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Моите деца не оделе во градинка па немав никаков проблем, освен со малиот првиот ден само плачеше и толку
     
    На BrideToBe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CooperD

    CooperD Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    922
    Пол:
    Женски
    Имаш цела година до прво да стаса. Зашто да не иде градинка оваа година? Ќе се навикне колку толку и ќе види дека светот не се врти околку него. Ќе научи ред и нешто коа се мора- се мора
     
    На JoyJoy, Sofi.ja и BrideToBe им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Во мое време (ко некоја баба ова) ретко кој одеше во градинка, не сме имале проблеми со тргнување во забавиште или прво одделение. Е сега ако градинка за оваа година не ти е опција, дали можеби има дневни центри во градот по 2-3 часа што се кај што би се привикнало на обврски, на учење, да седи и слуша авторитет и нормално игри.

    Можеш и таа опција да ја видиш.

    Инаку во фамилијата и друштво сме имале и деца кои од градинка на училиште потешко се привикнале, и деца кои не оделе во градинка и плачеле на училиште, до степен родител да седи внатре со детето. И деца кои не оделе во градинка, па на училиште тргнале без проблем, така да нема правило.
     
    На lackygirl и BrideToBe им се допаѓа ова.
  9. Eli311

    Eli311 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Растам деца во дисфункционално семејство. Семејство каде нема љубов, нема почит нема разбирање. Се се решава со викање и карање а ништо со разговор. Свекор ми е пијаница, пцуе пред деца се кара, навредува. И по децава вика. Ќерка ми има 6 години и е многу осетливо дете. Но ја имам приметено ако и фали нешто почнува и таа лошо да се однесува и да зборува лоши работи.
    Денес ме нарече курва. Збор што го слушнала од дедо и.
    Се започна така што два дена за викенд бевме кај моите и кога се вративме дома никој не и се обрати да ја праша како си поминала или да ја гушне. Дури ни сопствениот татко. А таа ме излегува никогаш дури не ги бакне сите. А сега ја пречекаа така без збор.
    Да напоменам дека со другите внучиња не се однесуваат така. А децава гледаат се и разбираат се. Откако дојдовме и никој не и се обрати почна лошо да се однесува со мене. Да мава да навредува. Без причина. Јас пукнав почнав да и викам. Подоцна ми беше жал но не можам да поднесам такво однесување.
    Ве молам за совет. Како да се однесувам во вакви ситуации?
     
    На snegulka445 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.209
    Пол:
    Женски
    Ги тргаш децата од таа атмосвера. Едноставно.. Знам дека не е ама само тоа е решение. Пред сите очи да си извадите. И децата да впијат однесување од вас.
     
    На Cosmic Girl, Gosh, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.571
    Пол:
    Женски
    Твоите не можат да ве примат таму да живеете? Ако можат и ако е добра средина земи децата и оди си. Колку и да ти е тешко, подоцна ќе ти стане многу подобар животот.
     
    На Eli311 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.458
    Пол:
    Женски
    @Eli311 ако не чини атмосферата во домот, децата ќе страдаат. Ако е детето осетливо ќе страа уште повеќе. Не знам дали можете ти и маж ти да се тргнете од таа средина. Пијанствата на свекорот нема да се проблем ако детето не го гледа (односно ако живеет во семејство - мајка, татко и деца) а не во проширено семејство (каде што ги имаш бабите и дедовците со вас во исти простории постојано). Според ова што го кажуваш не знам дали маж ти е на иста линија со тебе. Ако е на линија со свекор/свекрва тогаш немате брак.

    @BrideToBe прилагодувањето ќе зависи од тоа што било лошото поминување во градинка. Ако не можело детето да се прилагоди и вие сте попуштиле голема е веројатноста дека пак истото ќе ви се случи во училиште. Ако имало некој проблем со често разболување тогаш може и ќе се прилагоди зашто нема друга причина за неприлагодување.
     
    На Eli311 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.697
    Допаѓања:
    8.728
    Пол:
    Женски
    Kolku i da ti e tesko ako ova sto go pisuvas e vistina edinstveno resenie e da se razvedes da si zemes deca i da si odis od tamu zasekogas. Dur e vreme spasi si gi decata. Ocigledno e zosto i tatko im taka se odnesuva zosto i toj rastel taka.
     
    На JoyJoy и Eli311 им се допаѓа ова.
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.336
    Пол:
    Женски
    Како мала сме живееле во соседни куќи во ист двор со чичко пијаница. Полиција редовно доаѓала, баба и дедо тепани, дома кај нив кршење растурање. На неколку пати пробала фамилијата со убаво да ја оправи работата, додека на мајка ми не и пукнал филм. Му рекла на татко ми дека со децата си заминува, а он може ако сака да остане со неговите и да функционира исто како и до тогаш, или да замине со неа и децата да си ги расте во мир. И он си ја одбрал жената и фамилијата.
    Се иселивме на мои 7 години, последно со чичкото на 13 години сме разговарале, после тоа сум го видела на погреби каде не сме се ни погледнале. Сега имам скоро 35 и тој не ме ни познава, иако се имаме разминато на улица. И на мајка ми сум и благодарна што немам никакви сеќавања, последици и трауми од однесувањето на една обична пијаница. Да било оставено на татко ми, најверојатно уште ќе сме живееле во куќата до него.
     
    На Cosmic Girl, SummerGirl, strelec231992 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    2.040
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Дали некоја мајка се соочила со опаѓање и кинење на косата кај девојчиња ? Има 9 год и забележав дека повеќе влакна и паѓаат и самата таа забележа. Сменив и шампон себа мед земав но тој само и ја мрси косата и првут и се појави. Железо и крвна слика добра.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.169
    Допаѓања:
    18.275
    Мајки споделете искуство како сте споделиле тажна вест за смрт на баба/дедо на детето.
    Очекуваме во секој момент да згасне еден живот,па да бидам спремна со време како на мојот 5 годишен син да му објаснам,а да не биде на погрешен начин.

    Читав некои статии како не треба да се кажува дека личноста била болна и не се излечила или дека заспала засекогаш. За да не се створи фобија кај детето од болест или спиење.
    Но со кои зборови,од каде да почнам....тој знае дека постојат гробишта и луѓето таму ги носат кога ќе починат,а другарче од градинка му рекло дека неговата баба летнала на небото..
     
  17. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Не е за мое дете, за внуче. Дете од 7,5 години. Второ одделение, потенцирано од наставниците дека детето е поназад со материјалот, потешко сфаќа, му треба повеќе работа и асистенција и после часови.

    Мајката објаснува дека е премало со што се согласувам, ама од друга страна надофрла дека е машко и нормално е машките да не учат, имаат 2ки или 3ки, не се интересираат за училиште и останува на тоа. Е со второво не се согласувам и тука се обидувам да се објаснам и да помогнам.
    Мајката е убедена дека за пари го препраќаат на дополнителна настава после часови, кај други наставници и слично.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Јас соопштува со старата добра реченица Деде е на небото, беше болен, сега таму одмара со Ели ( хрчакот ни умре го исто време и се викаше Ели). Праша само баба дали е добро, дали она ќе биде добро бидејќи е многу повеќе врзан за баба.

    Па не се слагам дека машките помалку учат и јас, еве во одделението на син ми машките учат многу повеќе, подобри ученици се. Ама пак јас не би се мешала, најдоброто другарче на синко е исто така лош ученик, не од друго туку толку едноставно му фаќа црпката а и мајката мисли дека е ок. Она му пишува домашни и она прави за неа се што треба.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.336
    Пол:
    Женски
    На неполни 5 години на ќерката почина сестра на свекрва ми. Бидејќи жената беше немажена, често се одеше таму во селото кај неа на гости, ќерката со татко и седеле и по цела недела кај таа баба. Почина по подолго боледување, значи знаевме дека не чека, ама по желба на свекрва ми се избегнуваше да се зборува дека ќе умре, дека е болна. Откако почина, пак не се кажа дека ја нема повеќе, и на ќерката и на другиот внук. Кога кратко потоа отидоа во село и нели нормално децава приметуваат дека ја нема, свекрва ми им кажала дека била болна и стара и дека починала, проследено со муабетот дека е на небото.
    Потоа јас дома го продолжив разговорот, објаснувајќи дека има малку болни (како кога пиеме сирупче, или ако треба за нешто операција, кога одиш на доктор и некако ти помагаат), и многу болни кога не може да им помогне доктор или многу стари кога веќе не можат да живеат, како лисјата што секоја година паѓаат од дрвата. Целта ми беше да го доловам тој момент како нормален дел од животот, исто како што е и раѓањето.
    Кратко пред тоа јас имав спонтан и починаа мои баба и дедо, па имаше и претходно разговори како и зошто луѓето умираат. Јас лично како атеист и кажувам дека веќе не постоиш, исто како што не постоиш и пред да се родиш, наместо муабетот дека одат на небото.
    Иако на оваа возраст не можат да разберат и прифатат се, мојот пристап е дека треба да разговараш за тешките теми исто како и за лесните. Како што објаснувам дека наскоро ќе заврши со градинка и ќе оди на училиште, и сите промени што следуваат за тоа, така зборувам и за смртта. Не е страшно, ни лошо. Можеби е тажно и нормално е да си тажен понекогаш, ама нормално е и луѓето да умираат. И ќерката ми вели ама мамо јас не сакам ти да умреш. И јас и велам затоа јас јадам убаво, се грижам за себе, за да живеам долго и да бидам многу стара баба кога ќе треба да умрам, за да долго долго живееме заедно. Ама сите умираат, од тревата, до пилињата, до кучето што го чуваме, до луѓето. Не мораш сега да се грижиш за тоа, ама не сакам да те лажам за нешто што е нормално.

    Можеби ова не е најсоодветно за некое дете кое можеби е преемотивно, или првпат се соочува со смрт кај некој многу близок, ама еве со моето дете како пример мислам дека супер го поминавме тој момент. Деновиве е една година од тој случај, досега немало некоја случка заради која би мислела дека тоа оставило негативни последици.
     
    На Cosmic Girl, MilaSs12, Miss_S и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.458
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja ќе објасниш дека личноста веќе ја нема и нема да може да ја видиме ама ќе се сеќаваме на моментите со неа. И дека кај сите луѓе има момент кога ќе умрат. Потоа ќе имаш прашања кој кога ќе умре и слично и ќе мора да објаснуваш дека кога се стари луѓето умираат или умираат од болест од која нема помош, ама тоа не значи дека на следно разболување некој ќе умре и така.

    @Miss_S јас лично не би се мешала. Нивно дете нивна грижа. Тебе може само погрешно да те сфатат. Е сега ако родителите сметаат дека нивното дете нема потреба да учи секако не гледаат потреба од дополнителна помош. Не можеш со сила да им наметнеш нешто. Помош можат и тие плус да му пружат во првите неколку одделенија со тоа што редовно ќе вежбаат читање и математика со детето. Не мора да се плаќа помошта. Можеш евентуално тоа да им го кажеш.
     
    На MilaSs12 и Sofi.ja им се допаѓа ова.