Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Не планирав да се мешам, единствено понудив доколку сакаат да контактирам пријателки кои работат во образование за совет и евалуација.
    Мене повеќе ме револтира фактот што се со став демек машко е и нормално е да не учи.
    Не дека мора сите деца да се со сите петки или научници или не знам што ама едноставно на сопствено дете да не му се пружи помош ми е нон сенс.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.458
    Пол:
    Женски
    За жал ако родителите не се заинтересирани нивното дете да напредува ти ништо не можеш да направиш. Тешко е, ама тоа е.
     
  3. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    На ќерка ми почнаа да и се менуваат забите, ама стана и неподносливо нервозна, можно да е од забите? Кога беше бебе без мака ги извади забите ама сега:x
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Од искуствата наши во вакви ситуации имам заклучено дека е подобро детето да е вклучено.
    Пр. ако се работи за болест да не се крие дека има здраствен проблем. Многу полошо е откако ќе почине да му се каже тогаш дека таа личност веќе не е жива, зошто како гром од ведро небо ќе биде. Подобро е да му се каже дека е во болен/болна и во болница.
    Исто како за возрасните и за детето ќе биде можност да се прилагоди постепено.
    Истотака, немојте да ја направите мојата грешка и да не му кажете на детето дека блискиот починал. Не одложувајте чекајќи погоден момент, зошто нема полошо да го дознае тоа од други и подоцна. Треба да се каже кога ќе се случи и тоа да го кажат најблиските.
    Објаснувањето каде заминува е малку посложен проблем.
    На пет годишна возраст децата размислуваат конкретно и тешко можат да разберат апстрактни идеи. Буквално разбираат она што ќе им кажеш.
    Како што спомна, ако објасниш дека летнала на небото, може буквално да го сфати така.
    Кажи му со смирен тон, нежно кога ќе му соопштите на детето.
    Користи јасни и недвосмислени зборови - тој/таа умре денес/вчера.
    Ако речеш нешто апстрактно како отиде во рајот, наместо да го спомнеш зборот умирање/умре, оставаш простор за забуна кај детето.
    Штом знае дека се носи починатиот на гробишта значи нешто и ќе знае веќе што следува, може ќе потпраша дополнителни прашања.

    Зависно од верувањата и обичаите кои ги имате и кои сакаш да ги пренесеш на детето, ќе му објасниш и што се случува после смртта на блискиот, што се прави во некои општи црти ама појасно и поконцизно.
    На пр. мојот син на таа возраст кога умре дедо му мислеше дека треба да не спиеме 40 ноќи и уплашен ни рече не знам како ќе издржам да не спијам толку долго. Нешто начул за 40те дена и го споил со нашето неспиење првата ноќ (бдеењето). Затоа подобро е да не слуша секакви објаснувања од тетки и стринки, туку да добие од родителите точни и јасни информации.

    За одењето на погреб на детето - некои намерно не ги земаат децата на погреб, за да не се истрауматизираат.
    Психолозите велат дека погребот е прилика и децата да добијат завршница и да се поздрават со починатиот на некој начин. И дека помага полесно да се прифати отсуството на починатиот.
    Мојата ќерка имаше 7 години кога почина баба и со која беше многу приврзана. Не ја земавме на погребот, мислевме дека ќе се истрауматизира. Сега ќерка ми има 20 години и сеуште не може да ни прости што не и дозволивме да дојде. Долго тагуваше по неа и тешко ја надмина загубата, што мислам дека беше и заради тоа што не и дадовме прилика да ја осети, да ја манифестира и да ја изживее тагата тогаш кога беше соодветното време и место за тоа.
    Затоа мислам дека треба да присуствуваат децата на погребите. Потрауматично е кога немаат завршница.
     
    На JoyJoy, dunika, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Ваквата домашна средина остава последици врз личноста и психичкото здравје на децата.
    Колку порано во детството се изложени толку полошо за детето. Колку е помало, толку е поранливо, зошто има помалку вештини и е помалку спремно за носење со проблеми и справување со конфликтни емоции.

    Мој совет е да се одделите ако можете и да си ги заштите децата колку можете поскоро. Промените во однесувањето на ќерката се јасен сигнал дека веќе има последици врз неа и дека треба побрзо да се тргнете.
    А со маж ти да седнеш и да зборуваш сериозно и смирено за проблемот кој се појавува во нејзиното однесување. Како родител и тој треба да внимава како се однесува пред децата и да ги заштити. Не дозволувајте детето и во најтесниот круг на семејството (со вас) да нема мир и нормална семејна атмосфера, зошто тогаш нема да има стабилност никаква под своите нозете и последиците по неа и нејзиното однесување ќе се уште полоши.
    мора да и бидете безбедна, заштитена, сигурно и стабилна точка во хаосот околу неа. Вие да сте и местото каде ќе добива љубов, разбирање, поддршка и се што и треба, кога на неа и треба. Прво детето, па после вие и вашите потреби и проблеми..
    Обавезно да го зборувате ова со маж ти, како родители морате да им ги обезбедите овие нешта на децата.
     
    На JoyJoy, MilaSs12 и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.397
    Пол:
    Женски
    Родителите негираат дека имаат проблем.
    Веројатно тешко им е да прифатат дека детото има проблем со учењето тие лично самите. Затоа го потценуваат значењето на добриот училишен успех.
    Ако се обидуваш да им докажуваш дека син им има проблем, дека не е нормално да не учи и сл. ќе наидеш на отпор, зошто во моментов негираат дека проблемот постои.
    Нас од страна ни е јасно дека е нон сенс, зошто на детето треба да му се помогне ама тие не се на иста бранова должина со тебе.
    Прво треба да прифатат дека има проблем.
    Гледаш дека не прифаќаат ни од наставниците иако тие се релевантни да кажат зошто им го учат секој ден детето и се педагози. Па и нив ги обвинуваат дека имаат финансиски интерес, место да им се благодарни што си ја работат одговорно работата и ги следат учениците и реагираат.
    Не знам колку ќе побараат стручна помош. Верувам дека сличен изговор ќе имаат за носење на приватен дефектолог, психолог или тутор и дека нема да го однесат. Особено ако се работи за родители кои и самите имале слаб успех на училиште или го потценуваат значењето на формалното образование за иднината на детето.

    Можеби само некој добар пример од нивната околина, некој што им е во кругот, да има машко детете што учи, па да им биде пример дека се се може. Да поправат муабет со такви некои родители..
     
    На JoyJoy, MilaSs12 и Miss_S им се допаѓа ова.
  7. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, син ми има 4 ипол години
    За какање сеште ме тера да му ставам памперс.
    ова трае веќе година ипил. ЗА мочкање не е проблем, ама за какање оди си зема памперс легнува и чека да му го ставам.
    Завршува работа и го вадиме
    Голем е веќе, му зборувам но многу многу е тврдоглав.
    Сум пробала и да не попуштам, да не му ставам, но тогаш или не се кака, или ќе се покака во гајќи.
    Help.
     
  8. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    493
    Едноставно нема да купуваш повеќе пелени, остави го во гаќи да заврши работи чим е тврдоглав, биди по инат од него
     
    На Bubish26, Sofi.ja, troublemaker94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Ќе му објасниш памперсот е за мали и фрли го во канта, нема да купуваш.
    Пробај на нокширче, земи и адаптер за на шолјата нека си одбери каде ќе кака, нека проба шо повеќе му одговара, кажи му дека само бебињата какаат во памперс ти си голем не си бебе, не попуштај, кажи му ќе ти се извалка газето нешто измислувај да се адаптира, инает водат и си имаат навика направено шо не сакаат да се сменува.
    Речи му повеќе не можиме да купиме памперс оти само за бебињата може да се купи. Не ни даваат нас и така.
     
  10. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Па нема да купувате веќе пелени
    Знае дека постои и таа опција, затоа така прави. Мое мислење
    Ќе го убедиш дека пелените се за бебиња, ако имате бебе во близина ќе му кажеш "Ете Х оти е бебе, носи пелени, не знае да оди сам до шоља. Ти знаеш" и слични муабети
    Нека си одбере сам адаптер за на шоља или нокшир кој му се свиѓа
    Ама клучно е да не купувате веќе пелени мислам
     
  11. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.095
    Мајки како сте организирани со школо и дополнителни активности? Моето е прваче и оди во приватен претој и и се бери од 8и30 до 16 ч. да учи.Дополнително сакам да ја пратам на цртање еднаш неделно а и за викенд плус учиме повторуваме дома. Да напоменам, лани почна во престојот и многу и е убаво и годинава продолжи зошто мислев дека ке учи пишува таму домашно и материјал од на школо ама тоа е со сила т.е. треба секој ден јас да напоменувам кај учителката.Сега сум со мисла да ја отпишам од таму, и дома да си учиме и да ја запишам само на цртање во сабота.Да не згрешам, оти и е убаво во престој а од друга страна пак останува да учиме дома и и доаѓа цел ден само учење.и плус цртањето кое го обожава...... на сто ума сум HELP
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Во прво нема којзнае колку учење, што учите толку? Јас го запишав моето само на гимнастика во прво за да се раздвижи, ништо друго. Ете можеш и цртање, курсеви тоа не ти треба според мене. Дури сега во 3то почнавме англиски, музичко и плус ете гимнастиката.
     
    На malinnnnnna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    6.540
    Пол:
    Женски
    @BrideToBe јас имам првачиња. Многу проблем имавме за одење во градинка(одеа само по 4 саати без спиење), ама никако не се откажавме. Учителката беше префина, и син ми на глава и се качи.
    Дома плачење пред градинка, никако не се откажавме. После година време, пак плачеше, и искрено маж ми неколку пати го крена, го внесе во училиштето. ( нормално без тепање)
    Се надевам дека син ти не е толку проблематичен како син ми. Прво одделение го одложивме, искрено не беа дораснати, и сега тргнаа оваа година.
    Сфати дека нема избор. Поголем е и свесен, и знае дека мора.

    Се зависи од допуштањето. Колку ние ќе им дозволиме. Нормално некои деца се прилагодуваат, неколку не потешко.
    Едно прваче пред недела деца избега од училница да ја бара мајка му, преку прозор.
    Ама доаѓа на училиште кога му се сака...
    од 30 деца во клас, 20 има редовни...
     
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.458
    Пол:
    Женски
    @Neda997 не би требало до менување заби да е нервозна многу. Може малку кога паѓа/пробива новото ама не е нешто страшно тоа. Е сега како расте почнува да осознава мнгоу работи и можеби е нервозата заради потреба од поголема самостојност или пак обратно од потреба за приврзаност. Исто така децата побурно реагираат на промени (сеуште не се доволно емотивно зрели да надминат одредени работи) па ако сте имале некоја промена може да е рекација на тоа. Или едноставно гледа до кај и се границие и кој колку попушта па се буни ако не е по нејзино.
    @DoubleK ако оди во дневен престој и таму не пишува домашни тогаш дневнито престој и е за играње (не учи од 8:30 до 16 туку од 8:30 до кај 13 а потоа три часа одмара во дневниот престој). Ако нема кој да ја чува мора да оди во дневен престој. Ама тоа би значело дека попладнето треба да е слободна односно дека таму се треба да има сработено за да може попладне да игра/одмори и слично. Во однос на актвности ќе процениш според детето. Ако постигнува на училиште и има желба за активности запиши ја. Ако се жали дека и е премногу или потешко совладува тогаш почекај со дополнителни активности. Во прво одделение најбитно е да се прилагоди на училиштето. Дополнителите активности се споредна работа. Моето дете во прво одделение одеше плус на англиски два пати неделно (во склоп на училиштето). Во второ полугодие од прво одделение сам се пријави за шах и го оставив и тоа плус да го прави. Од второ почна и со фудбал (пак сам сакаше фудбал и ништо друго). За дополнителни активности следи го детето, а за дневниот престој процени дали има корист од одење таму или е само губење време.
     
  15. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.095
    @JoyJoy во дневниот престој на почеток ми беше ветено превоз и учење и пишување домашна по програма.тоа не се оствари, си тераат по нивна програма а на мојата и се бери и таму да учи и пак се од школо и останува за дома и цел ден и се бери затоа се нервирам јас ( тогаш која е поентата на одење освен што и е забавно и се дружи мада што јас не ја пратив првично за дружба туку баш за она што и треба да и е намената).и сега се гризам дали да ја тргнам од таму или да терам вака? @AngelOfArh нонстоп имаме домашни и приказни и задачи од школо.......
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.181
    Пол:
    Женски
    Јас би ја тргнала од тој престој.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.095
    ми треба баш охрабрување незнам оти осеќам гриќа на совест - валјда оти нејзе и е забавно ама после дома кога треба да учиме мрза е од преморена , а пак од друга страна таму нема да се промени....
     
  18. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy мислам дека само ми го тестира трпението, а колку е емотивна станета страшно нешто пр. прегеска влегувам на банкомат и викам денеска нема плата мама, ама ако, почна да плаче во банка, едно криво што ми стана, и викам ама не се секирај мама има парички, што и да ти треба, си доаѓаме дома и сакаше фризура да ми прави а косата моја замотена во ластиката и викнав само ауу косата пак почна да плаче:doh:
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.458
    Пол:
    Женски
    Искрено ако таму не помагаат за совладување на материјал а учи плус работи дополнително оптоварување е за детето. Запиши ја некаде каде што ќе работи/доработи тоа што учеле во школо.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.095
    денес ги информирав дека ќе оди до крај на месец т.е четврток и на мое изненадување они како да очекуваа дека ќе се откажам,муабетот беше арно се свести.е значи неможам,ем приватно плаќам ем овој однос.значи едни нема асални во градот.на крај изгледа нигде нема да ја пратам џабе пари и развозување и време и се