Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    5.784
    Kako majka sto vo posledno vreme sum dolgo vreme na igralista za deca mi padnaa na um nekolku raboti i nekoi situacii ne mi se jasni. Dali koga idete ba igraliste celosno gi prepustate decata na igraliste, da pravat sto sakaat a za toa vreme rolate na telefonot ili sosema na drug del od igralisteto debatirate so drugi majki ? Nekako kako da imam prestava da gi ispustame denesnive generacii, i ako malku deteto e pomirno, pod nekoj avtoritet od roditelot kako da e pooturnato od ostanatite deca i potesko doaga do svoe drustvo. Maliot mi ima 5 godini znae deka ne smee da zema igracki od drugi ako ne prasa, znae deka ne smee da se prekacuva po ogradi, da frla so pesok po liceto na drugite, da gi onevozmozuva drugite da igraat ili da im rastura ako veke izgradile nesto, ne smee da izlaga od igralisteto i da trca vo sporedni ulici i slicno i imam prestava kako potesko da go prifakaat, od edna strana kako majka ne sakam da bide kako delikvent i da razviva raboti koi ne mi se prifatlivi uste kako mal a od druga strana ponekogas tesko mi paga koga odredena grupa go otfrla bidejki ne urla i neznam sto.Sto mislite na ovaa tema sekoe mislenje, iskustvo mi e dobredojdeno.
     
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    32.248
    Пол:
    Женски
    За урлање и слично го карам и не го пуштам. Ама го пуштам да оди на своја страна на игралиштето а јас стојам со други мајки уште од некои 4/5 години. Да скита околу игралиште на таа возраст не. Сепак е мало детето. Сега има скоро 9 и сеуште излегувам и јас со него иако сега баш се губат од вид. За друштво ич не се секирај. Позначајни другарства се формираат во школо. Сега сеуште се мали.
     
    На Chantal и SanelaS им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    13.541
    Пол:
    Женски
    Кога беше помала и нормално знаела да направи глупост (дали сама на себе или кон некој друг), ја гледав. Сега на скоро 6год, особено ако се најде со некое другарче, има тотална слобода. Се додека е послушна да седи во моја близина, да праша ако сака да отиде подалеку, да биде културна со другарчињата, да си игра нормални безбедни игри, можам и 2 саата да не и се обратам. Си правам муабет со мајките на другарчињата.
    Во ситуации каде се однесувала лошо спрема друго дете од било која причина, реагирам. Кога некој се однесува лошо со неа, ја оставам да се снаоѓа се додека не е нешто физичко насилство во прашање. Мора да се навикнува на реалниот свет, не можам јас за рака да ја држам цел живот. Ама за среќа е премногу мирно и разбрано дете, за речиси се може да се договориме, прифаќа и ако и речам нешто поинаку да направи (пример кога не сакала да прифати некое ново дете во друштво, по мој совет ја викнаа, се заиграа, а кога девојчето почна да им зема играчки од раце, самата и рече не играм повеќе со тебе ако не си играш убаво). Значи се покажала дека во повеќето ситуации знае како да се однесува и затоа ја има таа слобода.

    Според мене игралиште или паркче е социјална средина каде децата треба да се сретнат со секакви карактери и да учат како да се справат со нив. Не може да биде бесен и да малтретира деца, не може само едно дете да се лула, не може се да му е погодено. Ама не може и да плаче и сите други кејф да му тераат.
    Конкретно за тоа што го кажуваш за твоето детенце, верувај не ти треба да урла и да го прифаќаат. Лошите однесувања ги прифаќаат одма, а тоа дете што урла без контрола и други однесувања ќе има што нема да сакаш да ги поприми твоето дете. Со тек на време ќе најде некој што му одговара по карактер, исто како и на нас возрасните. Земи му играчки од дома, па друго дете ќе му пријде за да игра со него. Ако играат убаво, супер. Ако му ги земаат или кршат, ќе реагираш и ќе зборуваш твоето да слуша: со лоши деца не си играме, мора да прашаш, мора да внимаваш, прво ти ќе играш, па другарчето... така и твоето дете ќе ги научи речениците со кои ќе приоѓа и ќе комуницира со другите деца понатака, без да има мака дека е помирен од другите.
     
    На pianogirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    1.294
    Пол:
    Женски
    Здраво пишувам тука бидејки незнам каде да се обратам... Керка ми 5год стана не поднослива со плачење.. За секое прашање пример еве денес ја прашувам дали истури вода на фотеља и таа почнува да плачи..тато излезе на кафе со колеги ,таа плачи ,тато оди на работаа,таа плачи оти оди на работа ,или и викам биди умно ке одиме негде таа почнува да плачи умна сум ..оди на играорна секое влегување е со плачење да влезам и јас а знај дека ја чекам пред врата надвор ..и на секое прашање а зошто плачиш вика незнам зошто плачам а упорно плачи за се..
     
  5. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    И мојот е ист. Трпение само, период е, ќе помине :wasntme:

    Какви витамин Ц давате на оваа возраст?
    Порано им давав Ацерола ама сега не сакаат да ги џвакаат, кисели им биле
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.609
    Пол:
    Женски
    И мојот си плачи :D плачко си од раѓање додуша, ама еднаш летово се расплака оти нејќел да остариме оти ќе сме умреле :| има такви емотивни испади периодов.
     
  7. malinnnnnna

    malinnnnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Kade na gimnastika? Zadovolni ste ?
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.896
    Пол:
    Женски
    Во Ѓорче во Мирче Ацев школото.
     
    На malinnnnnna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    46.248
    Пол:
    Женски
    Какви шампони и сапуни користите за деца 7-8 години?
    Да не е ептен бебешки ниту пресилен, некоја средина.
     
  10. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Corine de farm од Зегин.
     
    На Kasiopaja221 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pepapa

    pepapa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    1.128
    Допаѓања:
    909
    Dete so izvadeni site tri krajnici minatata godina smee da se nosi na zimovanje na planina?
     
  12. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    3.870
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    22.356
    Пол:
    Женски
    bubhen,nivea kidsA
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    24.398
    Пол:
    Женски
    Мајки дајте ми предлог на друштвени игри / едукативни за 5+, со слика ако може за да знам точно што да барам.
    Имаме доста мемори, слагалици, имаме што сум јас две, не лути се.. би сакала да и купам на Мк јазик ама учење пример кирилица азбука сега за сега не.
     
  15. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    https://www.bubamaraigracki.mk/carotina-lisciani-50-edukativni-igri-na-makedonski-jazik
     
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Ние играме карти , знае макао да игра и табланет сега му е интересно дека е со собирање, уно карти ( се играат исто како макао), монопол,домино, џенга со бои, нелути се човече, змија, трка со диносауруси (вакви имаме 10тина различни, со црвенкапа, со скијање, со вселена),лего коцки склопува сам, едни со емоции картички и коцки и обично пред спиење играме на буква на буква или каладонт, тоа ти е плус идеја за учење нови зборови.
    https://lococroco.mk/produkt/enga-mala-so-bo-a/
    470464117_122109079706679354_663650113681094959_n.jpg Screenshot 2025-01-10 124926.jpg
     
  17. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.345
    Допаѓања:
    4.718
    Пол:
    Женски
    Кои цртани ги гледаат вашите деца на 5ипол години?
     
  18. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.119
    дајте музика му е омилено
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.993
    Допаѓања:
    32.248
    Пол:
    Женски
    Мојот тогаш гледаше Pepa Pig многу. Гледам внука ми е сега на таа возраст и истото го гледа.
    Гледаше и Том и Џери, Пинк Пантер и многу цртани со Диносауруси (пример Land before time).
     
    На Mother of 2boys и flower55555 им се допаѓа ова.
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Босоногите бандити,Маша и медо, пепа прасе, страшните приказни на маша, гризи и леминзите, штрумфови, плус гледа долгометражни анимирани филмови
     
    На Mother of 2boys и flower55555 им се допаѓа ова.