Сите принцези од Дизни, исто и филмовите. Уствари на Дизни апликацијата има доста цртани и таму знае да си одбере некој (Пинокио,Дамбо,Немо,Хајди..) , на Нетфликс кидс Шрек, Бикот Фердинанд. На Јутуб знае да гледа приказни раскажани на Мк јазик.
На 5г веќе почна да гледа долгометражни, ама ако изгледа еден долгометражен кратки веќе не давам. Е сеа, дали приметувате овие шортсови што ги гледаат дека ги прават децата ко занесени, неприсутни, збунети... Не додржува внимание веќе. А како да го дистанцирам од се тоа, сите гледаат, како да не дадам кога само за тоа зборат и го оттргнуваа кога не гледаше зошто не беше во тек со муабетот. Не сум паметна.
Јас да ти кажам не давам. И решив се оградувам од она, ама сите даваат, леле, најтрагичното и дебилното нешто на свет е. Затоа сме и овде каде што сме, од тоа ама сите... И објаснувам зошто ама сите е погрешно и се обидувам да и покажам зошто индивидуалноста е подобра. Ако тргнеме со ама сите после ќе имаме ама сите пушеа, пиеја, дуваа... Ако им дадеме самодоверба да мислат сами за себе и да не се претопуваат со другите ќе размисли и ќе рече чекај, дали јас сакам да пушам? А не само да се people pleasers и да прават што прават и другите за да се вклопат.
Јас не се замарам со другите, го видов дека го дистанцираат, буквално нема дете кое не гледа и игра, од 25 деца 14 се машки, немаше муабет со кого да направи, цело прво одделение, пола второ и попуштив. Го гледам дека сите зборат за Мајнкрафт моево уште за Супер Марио Лего збори и за цртање, пишува песнички и чита книги, нема муабет со децата што да направи, го гледам дека не му е сеедно а не бара он, едноставно вика дека не им го разбира муабетот. И почнав лани по пола саат, годинава и на распуст давам подолго, ама повеќе пример сака да гради на Мајнкрафт, не да игра туку си гради град и забавно му е, имало не знам некои нивоа, он е на тоа бејзик и иако ги има и другите нивоа не игра тоа, сака само ова и доста му е.
Моето е 2 одд. Какви шортсови може подетално да знам да сум у тек. Пошто мојов има пасија лего по цел ден е со тоа, прво полугодие мн црташе со оние поска маркери, ама деф друштвото има влијание уште од најмали нозе. Ние сме тие што мора да ги надгледуваме, насочуваме па дури и да забрануваме но не на груб начин, сепак со објаснување.
Различно е играњево од гледање кратки видеа. Играњево си има и свои предности кога не е претерано, нели. Јас се мислев да купиме пс5 за нова година, ама решивме следната година дека ќе е подобро. Има тука и мислење, процес е тоа, не само да скрола по видеана глупи. Мислам, и на нас возрасните ни го уништи вниманието тоа скролање, не па на деца со мозок во развој.
Епа и шортсовите се за тоа, за играта. Ама гледам дека улетуваат некои глупости од типот на прдешки, какушки, крвави некои видеа, му објаснувам што е што, па се трудам да внимавам повеќе.
На јутјуб кратки видеа од по неколку секунди, во формат на телефон се, не се низ цел екран и намено мислам така се за да не задржуваат внимание.
Ние купивме пс5 пред Нова год. Бидејќи таблет, телефон, лаптоп ништо од тоа не добива, а имаше голема желба за ова па затоа му земавме. Со ограничено време и баш поради тоа што ни го почитува зборот да стане кога ќе му кажеме, затоа му е купен. А и татко му игра биљард често, а и заедно играат некои игри. Едно време бев мн против, но сега сфаќам дека пс5 е злато во споредба со телефони, таблети..
Ахаааа... Па добро, ја игра играта, ко не е страшно што нема да види видеа, мислам дека не ни треба да се замараш за тоа, објасни му дека се глупости. И дека не е сѐ што гледаат другите вредно за внимание. Јас така и објаснувам, дека нашето внимание е вредно и треба да размислиме на што ќе го дадеме, што ни користи и што ни е од интерес, а не само зашто другите нешто гледале, правеле...
@AngelOfArh има тема за телефони на деца. Таму баш пишав дека тие shorts ми се најстрашни. Кратко брзо се менува и им го убива вниманието. Пола одделение не можаѕ да изгледаат филм до крај. Мојов не гледа shorts за среќа. Кога гледа, гледа клипчиња. @RainBow мене па ПС ми е тоталбо бесмислено. Исто заглупавува како телефон. Буквално исто. Се зависи која игра ќе ја игра. Нема никаква разлика а е прескапо. За тие пари се зема добар компјутер и со котролер од XBox може да се играат игрици. Компјутерот бар е корисен и може да се користи за прпдуктивни активности.
Не знам како затупавува исто како телефон, збориме за играње и активно учествување, не за гледање видеа. Не знам баш компјутер дали би добила за тие пари, треба да има добра графичка, а тоа не е воопшто евтино. Така што ако е само за играње игри плејстјшнот ми се гледа подобар, а дека за 500е ќе најдам добар компјутер тешко.
Ако е само за игри псп е закон. Ама па од друга страна, Пц е подобра инвестиција, на подолг период. Може кратко ќе му трае фаза со игри.. Пц фан here, и бивши гејмер. Зависи што игра.
Затупавуваат игрите. Заради начиноѕ на кој децата се навлекуваат на брзо поткрепување (добиваат награда многу брзо), се навлекуваат на брзо менување на нештата (денешните игри се брзи) и не се баш направено да те тераат да престанеш туку да прпдолжиш да го играш одново и одново и осново. Читни за dopamine addiction. Плус мрежните игри повторно имаат фраери и лузери зашто имаш деца кои постојанк играат и некои повремени па и таму се прави хиерархија. Па насилните игри како Battle Royal на Fortnite платформата која е една од ретките што не се плаќа на ПС5 (другите се прилично соленки) е прилично насилна. Така што игрица е игрица. Сите денешни игри се направени да те тераат да ги играш и мислиш. Поѕоа има видеа како да ги играш и постојано да мислиш на играта наместо на нешто друго што вистински развива мозок, концрнтрација и креативност. Компјутер се користи и за учење и за креативност, ПС е исклучиво само и само за играње. Верувај имам студенти навлечени на игри на ПС и не се баш со добар успех. А имам и деца во комшии и едно во одделение кај син ми и исто не се добри со успех зашто не им е паметот во учење. Ние му дадовме компјутер зашто и дигиталните книги сега имаат елементи на гејмификација (има најдобро одделени, најдобро школо) затоа што едноставно некои деца само така ќе ги натераш да учат (што е жално). После школо повторува со дигиталните книги.
Не знам, мислам дека сепак е се колку е дозволено и колку се контролира, што се игра... Секако нема да е ништо насилно, секако нема да е неограничено, туку се знае, исто како што и сега има ограничување колку и што се гледа, така и со тоа. И нормално дека нема да гледа видеа за игрите. Ништо не игра. Гејмер во најава. Пишав погоре дека размислувавме да купиме, не сме купиле и оставивме за догодина. Она не ни побарала, јас мислев дека би било океј да го ставиме ова во скрин тајм, наместо само гледање на пример, да е малку поактивна. Секако играњето би влегло во целокупно користење на екрани. It's true that some studies have shown certain video games can improve hand–eye coordination, problem-solving skills, and the mind's ability to process information. Се водев според ова. Нормално, ако се седи и се гејма само, нема физичка активност, и се доведе до степен на зависност, не е добро. Затоа сме ние родителите тука нели. Да поставиме граница и да ги научиме на умереност. Ама, го оставив за понатаму зашто, па, не знаев ни дали ќе сака, а мислев за поклон да е, и си фрлил толку пари и вика, ама јас друго сакав.
Чим не игра, не купувај. Почекај. Додуша ние покасно добивме пристап до тие работи, дека во друго време, ама јас теен бев кога играв. На мама им викам, боље ова, бар не се дрогирам. Ама и тоа си носеше вид на завист. Ама па и ние балансиравме, игравме, се дружевме. Како и да е, нез колку години е, ама е голема инвестиција, заа некој што не ни знаеш дали ќе му се допадне. Симни некои игри од наше време, Краш, Марио, види дали ќе има желба. Бесплатно е, а и може и на било каков пц.
За секоја студија треба да се види контекстот, примерокот на студијата и многу други. Ако не игра ништо не мора "со сила да ја навлекуваш". Координација око/рака се бежба и со нижење накит и цртање на пример. Исто има студии дека се подобруваат социјални вештини, ама тињ се во Америка каде деца не излегуваат на улица. Инаку личен контакт е супериорен за социјални вештини. Еве и оригинална студија која наоѓа побрќе проблеми отколку позитивни работи: https://jamanetwork.com/journals/jamanetworkopen/fullarticle/2797596?resultClick=1 (мало подобрување во когнитивни вештини, со многу повеќе проблеми). Од истата таа студија новинарот само позитивните работи ги има издвоено: https://www.akronchildrens.org/insi...ideo games have,have never played video games. Не ме сфаќај погрешно. И јас дозволувам игри баш за да не се чувствува отфррел од група на другари, ама образованието ми е такво што никогаш не се потпирам а новинарски статии туку ги барам оригиналните научни трудови и од таму читам. Поентата ми е дека ако детето не сака нема потреба да фрлиш 500 евра за ПС плус уште толку за игри кога нема некој јасем бенефит од купување на толку скапа играчка (која креира повеќе проблеми од бенефити).
И јас се тешам дека игра само Мајнкрафт бејзик, да гради, не да се бори. Почна со Марио, сега само Мајнкрафт и црта на компјутер. Ко Нова година го чека филмот да стигне, па уште и за неговиот роденден е премиерата, аууууу, се паѓа во транс мислам. Јас приметив дека детево полна да учи повеќе, откако доби компјутер, ама вниманието не сакам да му се скрати со тие шортс и затоа го сопрев. Му објаснив, мислам дека сфати, еве го не бара веќе и не ни вклучува. Денес до доручек, подоцна станавме, после ќе пишува домашно што му е останато и ќе чита слободна литература малку, купив од Кам Пинокио, Петар пан и Шарам Барам, му остана уште Петар пан, да ја прочита деновиве.
@AngelOfArh Марио и Мајнкрафт се добри игри. Не се насилни (Мајнкрафт во creative mood не е) ама се е до балансот. Комјутер за новиве генерации е навистина поттикнувач за учење. И јас исто приметив. Плус во 4-то имаат и предмет кај што им треба компјутер (учат да прават презентации) и кај нас барем интензивно ја користат платформата и дигиталните учебници. За книги остај ја Петар Пан за догодина лектира им е во 4-то. Ќе треба тогаш одново да ја чита. Книгите на Роалд Дал се супер, исто се интересни Мачки детективи, Тото, Џеронимо Стилтон, Патувања со семејството.
Мачките ги прочита, Џеронимо исто, арно ми кажа за Петар пан, а сигурно и Пинокио им е, ама вика ако, ќе ја читам пак. Нема он проблем да чита по поише пати. Лектирите летото ги прочита по 2 пати и плус сега пред обработка пак. Многу сака да чита.