Ако е само хрчењето, не е ништо. Ја сум хрчела од 6 месечно бебе. Наводно од трет крајник. Гнојна ангина дали 2 пати вкупно сум имала, воспаление на уво никогаш. Обично тоа се комплилациите.
Не знам во која друга тема да прашам за ова, не е за во итни па ајде тука. 4.5г има малово, и во последниве неколку месеци приметувам дека доста и мириса потта под мишки, малтене како на возрасен. Посебно ако носи некоја блузичка што има еластин покрај памукот но и во обична памучна. Зар може кај волку мало дете, ми е шубе кало расте уште повеќе да не почне да мириса . Што може нешто да се мачка на природна база, а и ако има некој искуство што би можело да е причина за ова? Големиот е 10г па не сум почувствувала кај него ваков мирис никогаш
Големата кога јадеше риба, после тоа два дена на риба мирисаше. Ама не од здив, кожата таква арома испушташе Тоа ко помала, сега арна си е Зборни со матична. Еве линк гугле што вика, само не дигај паники плиз https://www.fatherly.com/parenting/tell-little-kids-odor-cause-concern/
Син ми од Септември тргнува на училиште, 6 години ќе прави тој месец. Дали правите некои вежби дома, учење и сл? Пробав читање, земам сликовници од библиотека и ме слуша додека читам. Птобњв да читаме заедно ама не оди хаха. Само буквата А ја препознава. Се асоцирав како мене дедони ме учеше да читам на оваа возраст, и читав, буква по буква, слог по слог. Ама еве, кај синми не работи тоа. За математика има интерес веќе повеќе од една година, на youtube сам ги имаше најдено number blocks и брои, знае да собира, поголемо помало.. Не го форсирам, едноставно за тоа сам даде интерес и ете добар е . Периодив се двоумев да пишам тука за претшколски активности, можеби некоја прави некоја активност.. Како се спремате психички за првиот ден? И кога се уписите дали има некоја информација?
Уписите се во јуни. Како подготовка доволно е да знае да ги пишува броевите и да брои до 10 или 20. Читање се учи во второ одделение За прваче, вежбајте моторика,линиите од кои се составени буквите, нека научи да си го пишува името. Учете за какви животни,растенија ,какви годишни времиња има,по што се карактеристични..што е овошје што е зеленчук. Под учење не подразбирам една недела пред септември да седне на столче,туку во периодов што претстои како подготовка.
букви и читање дури во второ одделение ќе учат. Научи го основното. Да врзува патики да знае да држи молив. Да држи внимание... Во прво претежно учат снаоѓање во нива средина. Основни работи од општеството. Не му треба ни букви ни бројки сега.
Тие основни работи се во ред, знај да пишува(бои, фигури црта), ептен бавно ни оди, одењето во wc и бришењето.. За останатото е во ред, барем јас така сметам. Сепак постепено ќе се учиме, како ќе налагаат околностите на училиште
Мајки не најдов ваква тема но ако има модераторите нека го преместат прашањево Ме мачи оваа прашање подолг период, имам пишувано керка ми и вродена болест и ке биде на терапија цел живот Прашањево ми е кое е идеално време да сфати што се случува, бидејки веке почнува многу често да ме прашува зошто мора секој ден секоја вечер таа да пие апчиња зошто тие доктори и кажуваат таа да пие апчиња и секој ден иста песна почнува да одбива а мора Се обидувам да бидам смирена ама незнам како да и ја објаснам ситуацијава Се надевам некој ке ми помогне како да постапам...
Istiot problem i sestra mi go imase so vnuka mi i posle nekoj period najverovatno koga pocna poveke da razbira svati deka treba da gi pie i sega gleda kolku e casot i sama vika ajde mamo vreme e za apcinjata inaku ima 12 god
Ќе и објасниш дека не се сите деца и луѓе исти. Дека некои дечиња на пример не смеат да пијат млеко затоа што ги боли мешето, некои дечиња имаат болни ноџиња и не можат да одат, некои дечиња имаат болни очиња и носат очила итн. Ако имате такви дечиња во околината подобро, да сфати дека не е сама. И не мора тоа да и го кажеш дека е за цел живот, кажи и дека и треба за да порасне во здрава и умна мома... Не го доживувај ни ти како доживотна осуда...
Имам една ситуација со син ми....последно време ќе молчи и наеднаш само ќе речи-те сакам мамо! Ама често, неколку пати на ден. Има 6 години. Не е дека не сакам тоа да ми го вели, туку мојата ситуација е различна - самохрана мајка сум (таткото е комплет отсутен). Се плашам дека тој нешто се плаши, да не ме изгуби и слично....било какво мислење, бидејќи навистина не сакам да го приврзам премногу за мене, тоа ќе е штетно многу за него и неговиот понатамошен развој
Терапевт посетете, мора некој стручен убаво да ја анализира ситуацијата, да процени што е во прашање, од каде му доаѓа и што да правите.
ништо страшно. Моето од 2 години почна да ми вика мамо те сакам. Едноставно така им иде на децата. Да си ги искажат чуствувата. Ако мислиш дека од нешто се плаши посетете детски психолог. Добро би ви дошло едно стручно мислење.
Незнам дали има соодветна тема за ова ама ме интересира каков ви е ставот за пуштање на децава во училиште.Од една страна сакам да го пуштам и се тоа од друга страна ептен ме фаќа страв......
не го пуштам. Темава е многу дискутабилна. Сега ко ќе почнат сезонски грипови чуда не ќе се знае кој од што е болен. Јас еве не би ризикувала. Општо кажано не стрикно за корона. Плус тоа дека дете ќе ти почитува протоколи малу сутра. Тие едвај чекаат да се видат да се задираат да се истрчаат ни дистанца ни бутур. Па за маски во затворена просторија на долг период да не правиме муабет
Да прашам... На дете од возраст од 5 години шо ми давате да пие во смисла на рибино масло нешто такво?малата почна пак со д3 капки ама на големата незз шо д аи давам овај период.