1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    911
    Ништо… син ми прво прозборе па прооди, значи на 11 месеци убаво кажуваше имиња и повторуваше зборови баш разбирливо и јасно. И од тогаш уста нема затворено еве 5 години наполни. Значи не затвара буквално, цел ден има нешто да каже, како ќе отвори очи почнува. Вчера патувавме, од граница до Белград не престана да зборува за една игра, мозокот ми го запали па му дадов таблет да ќути малку оти до збор да дојдеш тешко.
    Кај и да оди продавница или било каде и да влеземе он одма почнува да ги муабети продавачите и тоа на три јазика, македонски, италијански и германски па замисли на мене како ми е :D:D.
    Немам совет само си се пожалив и јас :D.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.044
    Допаѓања:
    25.724
    Пол:
    Женски
    Ќерка е 5г и 2 месеци, вечерва ми вика мама ми се ниша запчето, ех викам дојди и вистина. Искрено мислев дека кај 6тата година негде почнуваат млечните да паѓаат, па викам да не е рано?
    Јас колку што памтам бев 1во одд и сама или тато ми ги вадеше, има ли некоја посебна техника за вадење правилно или?
     
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    24.356
    Пол:
    Женски
    Таман е, на моево на 5 и пол му падна првото запче, а му се нишаше од 5 и 3 месеци. 2 има сменето досега, 2те единици долу, 2ките сега се нишаат и расти првата 6ка, до пола е скоро излезена. 6 год и 3 месеци.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.044
    Допаѓања:
    25.724
    Пол:
    Женски
    Ахх епаа добро, значи поминува некој период додека падне, она цела вечер го клацка и страшно ме нервира. Жива среќна е оти самовилата поклон ќе и донесела. :?: Јас поклон со време да си набавам хахах
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    24.356
    Пол:
    Женски
    Кај сите е различно, кај моево видовме мн рано, ко почнаа да се нишаат ептен малку и затоа дури по 3 месеци му падна првото, кое го изеде :rofl: не сетил дека паднало.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.272
    Пол:
    Женски
    И кај Матео паднаа рано. Еве го 9 има скоро сите се сменети. Има другарчиња кои тек сега ги менуваат.
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај тема заби на колку години почнавте да ги носите на заболекар, онака за преглед, ние до сега немаме проблеми со забиве има 4и пол не се ниша ниедно забче уште.
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.044
    Допаѓања:
    25.724
    Пол:
    Женски
    На 4 и пол е мислам стварно рано да се ниша.. ама не сме и ние бидени, на мојава и се здрави и бели до сега ама планираме да отидеме периодов за да ни објаснат повеќе околу паѓањево заби и она да се престраши.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    6.534
    Jas od 2 godini go nosam na sekoi 6 meseci
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    6.815
    Пол:
    Женски
    На систематски на 2 години го имаше првиот преглед, планирам натаму барем на 6 месеци да правиме контрола. Со надеж дека нема да има проблем или потреба од повеќе.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    3.989
    На другарка сини на 4.5 год го смени првото запче и после еден месец и другото, долните единици. Кога ми се јави и ми кажа дека му се ниша забчето не ми се веруваше, дека стварно многу рано на 4,5 години и за 2 дена му падна и одма одоздола другото никна. Во јули ќе прави 5 години тој и ете пред 2 месеци му паднаа првите 2 забчиња.
    А ќерка ми за една недела ќе прави 5 и за сега нема кај нејзе никакво клатење па ќе видиме кога ќе биде и кај неа
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.044
    Допаѓања:
    25.724
    Пол:
    Женски
    Мајки, ние имавме гости 2 недели скоро, баба и дедо. Малце пореметивме ред и секако понашање кое ич не ми се свиѓа. Таман реков дека се смири и се понаша добро, овие 3 дена е страшно безобразна. Прво имаше кого да малтретира т.е да и оди по газ како она наумила, второ ги смета како заштита као кога ќе направи нешто ок, има кој да ја утеши ако и се скараме. Јадеше благо таа последнава недела, а имам пишано дека од кога го прекина скроз благото се смири. Верувам дека тоа и влијае негативно ама додека го исфрли од организам пак сакам да и дадам б6, неам никогаш давано. Како оди тоа? Може да го испие цело паковање пример ( една бонбонка на ден) или тоа се два само два -три дена само и толку? Сакам нервозата, агресијата, неконцентрацијата да и ги сменам. Малце топката да ја суштиме. Напната е, а со тоа и ние.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.272
    Пол:
    Женски
    Нема штета да испие и цела доза.

    Јас сакам за големото да прашам, ми треба добар психолог. Го осеќам дека се повлече во себе многу. Од дете среќно, весело, расположено, си играше со лего многу, сенешто измислуваше, сега е повлечено, незаинтересирано, скроз друго дете. Прво одделение го почна како ученик на тромесечје, сите награди што можеше на ликовен конкурс ги доби, за нагло да прекине да учествува воопшто. Се поклопи со доаѓањето на бебе, дали е до тоа не знам, ама не ми се свиѓа. Се здружи со другарче кое многу игра игрици и сака и он, ние дозираме ама он сака постојано. Не игра на телефон, на компјутер и само за викенд по 2 часа, ама он сака постојано. Не знам дали е до тоа ама многу е повлечен.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.989
    Допаѓања:
    9.373
    Пол:
    Женски
    Na ovaa vozrast pocnuvaat i simpatiite da znaes :D so mojov otvoreno zborime za simpatijata i se opusti bas na taa tema. Eve denes mu bil najdobar den vo zivotot rece, ja premestile do nego da sedi :rofl:
     
    На JoyJoy и pianogirl им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.272
    Пол:
    Женски
    Не, не е симпатија, немаме со тоа проблем, отворено збориме фамилијарно сме врзани со симпатиите веќе :D Љубовџија на мајка :rofl:
     
    На JoyJoy и TheSecret им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    6.815
    Пол:
    Женски
    Немам лично искуство. Малку ми е нејасно кога почнало дека викаш со доаѓањето на бебе се поклопи.
    Туку прво што ми падна на памет е дали може некој го исмевал дека е бубалица или слично ради учењето и наградите?
    Ова од пример на детето на колешка. Девојчето (за некој ден полни 11) до 4то одделение со малку труд одлични оценки. Како почна 5то, кај потежок материјал, кај пред пубертет, се послаба во учење. На тестови 2ки и 3ки и тоа мајката вика дека учи детево.
    Е сега пред некоја недела ги собрала наставничката, родителите на родителска и вика децава се однесуваат како да сакаат да докажат кој помалку знае. Ако ние се стремевме за одлични оценки, овие за послаби, за да не се нарекуваат тој и тој е бубалица или не знам што.
    На прашањето вика колешкава, Х зошто 3ка по македонски кога учеше цел викенд. Вика добивам одговор ама сите се слаби, овој имаше двојка, оној имаше 3ка, никој немаше 5ка.

    Поентата ми е си го знаеш најдобро детето, може моево мислење нема врска, ако сметаш дека психолог е правилно решение, може да де проба.
     
    На JoyJoy и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.272
    Пол:
    Женски
    Не, не е такво одделението, сите со восхит зборуваат за неговото знаење. Пример он чита како спикер, течно и лесно, пишува прекрасно, на наставниците на тие конкурси не им е верно дете дека напишало нешто такво, прекрасни состави и песни, на ниво на 5то одделение најмалку. Математика е малку послаб ама не ми стои дека му смета. Црта стварно убаво, повлекол на мајка, наставничката ме убедува дека е топ, вика да се како него сите среќна ќе сум, ама јас гледам нешто се дешава.

    Инаку сега го фатив како гледа некоја игра со прашања, одговара на прашањата и таа ти дава некој виртуелен лик, за мене тоа е премногу. Блокирав тоа, му реков дека не смее да помисли, пошто прочитал зборови како нож, гроб, надгробна плоча, убиство и ги забележал на страна. Ако некоја знае што е тоа Акинатор нека кажува. Јас вечер ќе гуглам сигурно. Не ми се свиѓа што го опишува сопствениот карактер, а сите знаеме што значи виртуелниот свет и дека со една ИП адреса се се решава. Го прашав што значат тие зборови, ми рече дека сакал да ме праша за нив и дали сметам дека тоа е опасно, објаснував, еве и на мм му реков да зборува, ама не можам да бидам сигурна дека е се тоа јас и сфатено. Свекрва ми вика дека ист бил на иста возраст и маж ми, и до ден денес тешко до него се пристапува, така да морам да се помачам малку. Ова децава како растат се потешки се за дешифрирање.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Акинатор е стара "игра".
    Замислуваш позната личност, и ти поставува прашања, за да погоди што си замислила. Не знам дали е за паника, ама не знам ни од каде ги пронашол зборовите.
    Отвори ја слободно, пробај. Бар у мое време, не беше ништо страшно.
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    6.815
    Пол:
    Женски
    Во мое време беше како баш детска игра, дух што погаѓа и ништо опасно.
    Пример си замислуваш лик да речеме Кристијано Роналдо и добиваш прашања со одговор Да не
    - Дали ликот е машко ?
    - Дали е реален?
    - Дали е помалку од 30 години?
    - Дали е актер?

    И така додека погоди или изгуби духот. Максимално 20 прашања. Како од волшебна ламба.
    Немаше ни гробови, ни ништо споменато. Освен ако не е некоја напредна верзија Al сега што не ми текнало години да пребарам. Во таа пред 10-15 години што се вртеше стварно немаше ништо опасно. Дури и мислам беа некои 40-50 прашања поставени автоматски и се вртеа истите.


    @AngelOfArh
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.428
    Допаѓања:
    108.272
    Пол:
    Женски
    Фала женски, јас дигнав малку паника ама прогуглав и исто ми излезе како вие што кажавте. Баш му е интересна, ми објаснуваше и искрено подобро тоа да игра отколку нешто друго. Пример она со убиства што е. Му реков само да не остава никаде лични податоци. Сум се извинувала како мало дете, ама згрешив ете.
     
    На JoyJoy и Cosmic Girl им се допаѓа ова.