Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Сигурно веќе си споменала ама и картици финансиски никако да не внесува без ваше знаење или ако случајно имате внесено за онлајн плаќање, бришете.
    Во фамилија имавме ептен лош случај со истото. Дете да направи ептен голема сума на игрици, со купување херои, оружја, не знам што таму.
    Покрај личните податоци и тоа.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.226
    Допаѓања:
    107.490
    Пол:
    Женски
    Не, немаме ништо тоа, ама спомнато е, зборувано. Податоци од дома, кога си оди, кога доаѓа, кој е дома и слично не смее да споделува.
     
    На JoyJoy, Cosmic Girl и Miss_S им се допаѓа ова.
  3. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.433
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250314_153913_Messenger.jpg Кој е точниот одговор?
     
    На simoncelicius и Anturium им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.526
    Допаѓања:
    139.442
    Исток.

    .
     
    На Spidy и Manako2 им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.842
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Го чекав моментот кога ќе почне средниот прст да го покажува.
    Не зборува ништо тогаш, само со прстот го пружа и го гледа како изгледа. Ама јас знам дека има видено некаде, нормално, во градинка оди, а и со братучедите поголеми кога ќе се најдат мислам му имаат покажано.

    Каква е вашата реакција на тоа?

    Да бидам искрена, ми пречат вакви работи, ама неизбежно е веројатно.
    Ме асоцираат на запуштени, бандитски деца и нејќам такви работи да му се начин на изразување.

    Засега не изреагирав никако, само му го прибрав прстот.
    Ама ако продолжи, како да правам, да објаснувам дека е некултурен гест?
     
    На JoyJoy и dromka им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    24.283
    Пол:
    Женски
    Ништо само игнор, ако реагираш некако му е поинтересно и уште поќе ќе покажува. Така еден ден си дојде од градинка 4+год и ми покажува показалец ама така со раката демек среден прст, видел не довидел :rofl: леле јас неможев да издржам смешно ми беше дека со др прст покажа :D по некој ден точно ми покажа ама јас никаква реакција. По некое време заборави.

    Мене сега ме нервира на школо само глупости зборуват, му зборувам дека не е така убо, ама не бре, тој така вели и се смеј :x смешно му е.
     
    На JoyJoy, elenaklasik и pianogirl им се допаѓа ова.
  7. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    6.453
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам што е лошо во прашањето баш е креативно. Напладне сонцето е на југ значи ако сме така свртени со левата рака покажуваме исток. Учат и страни, и лева и десна рака, и дел од денот. Супер креативно прашање кое опфаќа различни тематики
     
    На JoyJoy, dromka и Manako2 им се допаѓа ова.
  8. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    8.433
    Пол:
    Женски
    Знам дека е исток,ама учителката по грешка им кажала север,така напишале и во книгата и на тест.
     
  9. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    6.453
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека стварно згрешила, нејќам ни да мислам дека не знае сама да си го одговори прашањето :^)
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy и Manako2 им се допаѓа ова.
  10. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    3.571
    Јас објаснувам, не игнорирам во никој случај. Знае да дојде од градинка со неубави зборчиња или некои потези и јас му кажувам дека тоа не е во ред да се прави. После тоа он нели ми објаснува како тој и тој правел така и јас му викам дека секој има право да прави како сака, ама дека тој не треба да прави/зборува така и секогаш му објаснувам зошто. И тоа е тоа. Знае да повтори уште неколку пати, ама во главно разбира и после некое време знае да каже дека тој и тој кажал/направил така, ама он не. Дури некогаш им кажувал и на децата дека јас сум викала дека тоа не е добро :D
    Исто имаме правило дома - за секој кажан неубав збор или гест, се става паричка во заедничката каса. Ова важи и за него, си има он мала касичка и си вади од неа ако треба за да стави во заедничката.
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy и elenaklasik им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Оооо средниот прст, баш забавно.:D Кога дојде и ми покажа, да се пофали што научила:smirk: јас онака бледо ја погледнав и ја прашувам што е тоа? И она се смешкаше ко хехехе, нешто што не треба да покажува е, ама да види реакција каква ќе изнуди. И не знае да ми каже што е, ама нешто безобразно било. Знам дека не треба да се смееме на вакви работи, ама стварно е смешно значи. После и објаснив дека е тоа уствари нешто што би требало да личи на пенис, да, пенис, со тој збор, и затоа е безобразно, некултурните го покажуваат.
    Од тој ден натаму не го покажа веќе.:D
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.819
    Допаѓања:
    18.638
    Пол:
    Женски
    Јас прашувам дали знае што е тоа. Кога покажа прв пат, секако не знаеше.
    Објаснив дека тоа е некултурно. Покажа неколку пати, никој не реагираше дека е вау, зборевме и му помина.
    И пцовки знае да каже, знае дека е некултурно, ама тестира кога е дома. Од зборување, знае дека е некултурно за во друштво.
    Главно се тестира дома, ние си објаснуваме и има ефект. Некогаш од неколку пати, некогаш треба да помине време.
     
    На JoyJoy и elenaklasik им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    34.931
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh ОК е зз играта што си згрешила и си се извинила. Децата треба да видат дека е човечки да се греши и дека извинувањето е всушност каење. Супер пример. ОК е да се запознаат и со различни емоции (се е тоа за луѓе). Во однос на психолог ако мислиш дека ви треба пробај со Психотерапика, тим се и имаат многу тренинзи за работа со деца поминато.

    За срамни работи тие на 5/6 години со игнорирање. На постарите објаснување. Во школо има секакви примери мора да се објаснува што е добро што не е.
     
    На AngelOfArh, Mother of 2boys, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.226
    Допаѓања:
    107.490
    Пол:
    Женски
    Да го фатам последниот воз во темава. Полни 9 за 3 недели. Мајки јас не можам повеќе, се уморив од зборење... Вчера добил единица по природни науки, да, темата е претешка и премногу има материјал, ама на тест да извадиш учебник најладнокрвно и да препишуваш е премногу и без никакво оправдување. Ајде зборевме за тоа, наводно не знаел дека на тест не смее така. Земавме за дома да учиме, еден единствен ден беше, не ни цел ден, он ја изгуби книгата дома и едноставно е, не знае кај му е и мртов ладен. Не му чуе, гледа бледо во мене. Не можам веќе, ќе побудалам. Каде ми е детето од пред една година?! Прерано е за вакво однесување, па што ќе правам јас во средно? Ми иде да земам ден од работа да идам да го земам дома и да зборам цел ден. Од една страна ми е криво за него што го карав и се дерев сабајле, од друга страна ме јаде фактот што детето ми стана толку незаинтересирано веќе за светот околу него. Прво што направив сабајле беше што се јавив на еден детски психолог, закажав средба, ќе почнам да одам сама прво, па со него. Си го барам назад старото посветено дете. Не мора да е генијалец, иако е, има знаење кое деца на негова возраст нема потреба да го знае, ама го изгубив интересот кај него, за учење, за разговарање, дома имаме сигурно преку 10000 парчиња лего, он не ги погледнал воопшто, ен го интересираат. Како да му го извадам Мајнкрафт од глава, само на тоа мисли. Мислам дека откако почна со тој Мајнкрафт стана ваков, незаинтересиран, само му е паметот во тоа. Засега скратив целосно Мајнкрафт до распуст, после ќе видиме. Планот беше роденденот да биде во кино со Мајнкрафт филмот и се пофалил на сите другарчиња, немам срце да го откажам и да го понижам до толку од една страна а од друга страна ќе треба ептен да си го подгазам зборот. Не знам што да направам.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , ептен ситуацијата ни угоре, ни одолу.
    Според годините треба да е 3то одделение, сигурно повеќе тестови поминале така да тоа дека не знае оти не смее учебник на тест, јас не би го прифатила како објаснување.
    Дали освен 1цата, наставничката презела нешто? Да го прати на разговор кај педагог во училиште, директор или каде и да се праќаат сега деца. Може некој таков разговор малку ќе го здрма.

    За промената во однесување сигурно има позадина е сега дали е пример булинг во училиштето, дали нешто од домот предизвикано, тоа вие може да го откриете.

    За роденденот преголема казна е откажување, може уште побунтовно би реагирал, ама ако го прославите роденденот како што е планирано, тогаш може некоја друга привилегија во замена да изгуби. Со разговор, да му се објасни или сам да избери што би сакал, дали да се откажи роденденот заради тоа и тоа. Или да го направите роденденот, па да изгуби нешто друго.
    Ич не сум за уцени, со мало дете сега, не знам што ме чека понатаму, какви се предизвици.

    За "зависноста" од Мајнкрафт, поим немам од игри искрено, ама може покорисно би било ако понатаму на детски курсеви за програмирање или слично се запише, па да ја насочува енергијата кон тоа, плус и да учи нешто.
    Одамна не ми изглегла некоја реклама за такви обуки, ама ако зачекам ќе споделам.
     
    На AngelOfArh и Bubish26 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.226
    Допаѓања:
    107.490
    Пол:
    Женски
    Имале досега тест, да трето е, ама не во ваков концепт, досега прв пат се среќаваат со вака озбилен тест. Зборам за материјата. Досега некако се што учеа беше од општа култура малтене, а сега наеднаш Гравитација, Сили, Триење, Прости и сложени машини... Искрено скроз несоодветно за 3то според мене ама ај. И не, не е одговор тоа и не прифаќам како одговор не знаев. Наставничката му го зела тестот, му “ставила“ единица зошто нели оценки немаат и го укорила, ми кажа мене дома да разговараме и демек да не ја шириме. Не можеш на дете кое до вчера било пример за ученик во одделение да му постапиш така едноставно, и ние и они сме запрепастени од оваа промена.

    Во училиште е фавризирано дете од сите другарчиња, он е еден од тројцата што секогаш знаат и се упатени во се, најбрзо и најлесно учат и сите другарчиња за него со воодушевување зборуваат. Исто е и на курс и во училиште. Дефинитивно не е дете кое трпи булинг. Единствено се мислам дека не искажува љубомора кон брат му кон него туку кон нас и школото, зошто некако така почна се тоа. И многу е интровертен откако се роди брат му. На почеток многу ни се удри од глава тоа Прво внуче во фамилија и најпаметен од сите, во училиште сакаше да предничи и додека се докаже му беше многу тешко, ама најдоа начин наставничките да го канализираат тоа.

    Не сум паметна, еве ме цел ден имам грижа на совест што му се дерев, многу ми е криво, срам ми е после да го погледнам во лице дури. Денес и доцна ќе си дојде дома, на роденден е, мораме да разговараме озбилно.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.201
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh ,единицата како оцена и не е толку за казна, нели на сите ни се случило колку и да сме учеле.
    Пак викам, немам толкаво дете, правам некоја паралела, во "нашето" време и вака од внуци и колеги што слушам.
    Нели се поправа со повторен тест, со повеќе учење и сето тоа.
    Препишувањето како акција,како однесување е неприфатливо и лекциите и лутината насочи ги кон тоа.
    Тоа да го сфати како лоша акција/постапка.
    Може и да се извини на наставникот и сето тоа.

    Може е глупав предлог ама дали би помогнало да добие дневник и да може да пишува во него. Било песни/раскази, било неговите чувства да си ги пишува. Секако да е приватно тоа, ако не сака јавно да сподели и да читате.

    Исто за организираноста, од ваша страна ако му помага организатори, фиоки, потсетници, календари и се што мислиш дека може да помогне со тоа, поставете низ домот.
     
    На JoyJoy и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.226
    Допаѓања:
    107.490
    Пол:
    Женски
    Се извини он, и на нас и на наставничката, си ја сфати грешката и учеше напорно за да поправи. Деновиве ќе прави поправен.

    За дневник не знам колку ќе сфати како обврска, сега ќе добие миленик, ќе му дадам обврска прво да се грижи за миленикот, да добие некаков ред на одговорност, миленик кој го бара одамна е тоа, не нешто секојдневно и ќе видам со тоа како ќе биде. За организација ќе добие сега соба, ќе добие табла за организација и обврски, па се надевам сега ќе биде малку подобро. Иако не верувам, тешко дете е за организација.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.732
    Пол:
    Женски
    Роденденот не би го откажала, се сложувам дека само повеќе револт ќе створи.
    Ќе бидам брутално искрена, стварно се надевам дека нема да ме сфатиш погрешно и е само нешто што сум го забележала на форумов по твоето пишување, зашто лично не те познавам. Мислам дека поинаку се однесуваш со помалото, имаш посебен однос со него и големиот го гледа тоа и тоа му создава револт и љубомора.
    Не викам дека сум во право, можеби тотално грешам, само сакав да ти кажам да го земеш и тоа во предвид и размислиш.
    Друго, не верувам да не знаел за книгата и тестот, тоа уште од прво кај мојава на прсти кога броеја, па знаат дека не треба, тогаш на почетокот и ги оставаа, после јасно беше кажано. Не знам, паметен е, и самата викаш, затоа ми е тешко да поверувам во тоа.
    За мајнкрафт, јас би му објаснила зошто одреден период нема играње, ама, се гледа дека му е важно, па ограничено после тоа би вратила, ама без никакво попуштање што се однесува до времето поминато во играње. Ако е саат тогаш е саат и крај. .
    И обнови ја врската со него, зборувај за она што него го интересира, ти влези во неговиот свет, макар да било и за мајнкрафт. Ете, ќе збориш и со психолог, па ќе добиеш и конкретна помош. :hug:
     
    На Mother of 2boys, JoyJoy и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.226
    Допаѓања:
    107.490
    Пол:
    Женски
    Не замерам, скроз си во право, мислам дека ја изгубив врската со него. Многу ме боли душата по тоа прашање. Ќе се потрудам повеќе да го вратам нашето време и да се поврземе пак. Се трудам, ама она што ни мањка е што он е преповлечен во последно време и повеќе не се искажува како порано, а не сум родител што ќе го кара за тоа или скраја било тепа, па го користи против него.
     
    На JoyJoy и RainBow им се допаѓа ова.