5г и 4месеци, исто подполно. Верувам дека психички сум уморна од зборување од објаснување. Значи таман ќе речам детево се опраи, почнавме со неа да разговараме и да сваќа, она одма ме демантира. Се она прва, се она појќе, тоа што е нејзино неќе да го дели, граба од рака, протестира нешто. Ми вели сношти мама може ли денес кај тебе да спијам, да и велам оди намести си за спиење креветот, тата ќе спие дневна, додека наместиш ти сестта ти таман ќе е заспана. Она како да и велам нема да спиеш со мене почна да се треска амааа јааа сакаааам кај тебееее, немој да ме лажеееш. Значи шлог кога не добив. Пренапорен период имаме со мм заради нив две. Ни едната ни другата не знаат кај тераат
Може нема врска, ама најчесто кога ново бебе е во прашање, главна причина се зема тоа. Било уште во бременоста, ако сте почнале да спремате простор за бебето, да купувате работи, со раѓањето итн. Или ако е најстара па често се споменува ти со најголем/а, ти си прв/а, ти си нај вака или така и тоа да си го врзуваат во мозочето. Многупати на постарото дете му се обраќаме баш така, ајде сега си голем/а, ајде си главен/на, можеш сам/а.
Немам јас друг проблем со неа освен што е компетитивна. Одамна нема тантруми, разбрана е. Ретко има по некој испад ама не и го земам за зло, уште е мала. Сака да тера инат и кога знае дека греши, ама разговараме и прифаќа. Ова може да има влијание. Колку и да се трудам да не ги користам, некогаш во некои ситуации што е за право иако ретко, сепак сум ги употребила изразиве.
Ние ја имавме макава па скоро до лани, 9 наполни во петокот. Последно беше освестување лани кога не го избраа за претседател на клас, шок, хорор, плачење... Претходната година беше и сега он мисли под дифолт пак ќе биде, ахаааа... Наставничките мака мачеа со него, се мора он прв, се мора он да каже, не дочекуваше ни да го видат дека кренал рака. Душа ни извади таа негова Јас сум најдобар фаза! И да, и кај нас беше причина баба, и малку тете, што го креваа во облаци. Не дека веќе не го креваат, ама многу работа поминавме. Мислам дека тоа што не го избраа за претседател по втор пат најмногу го освести и прекина. Ама имавме многу бурен почеток на школување, прво одделение се издвои од другите деца со читање, пишување, знаење, па на натпревари освојуваше награди, претседател, ученик на генерација за прво одделение, ептен се занесе и шок му дојде во второ лани, па се смири малку.
Пред еден месец се породив, орвото дете за месец дена прави 5 години. Беше и претходно непослушна но сега уште повеќе... Секој ден најдува нешто за што да се контри да било по нејзино, плачење(лигавење) по цел ден. Сметам дека е доволно голема да разбере некои работи. Не сака сама да се облекува, не сака сама да јаде, секој ден зборење дека е голема дека може но таа не сака ни да слупме веднаш плаче и претходно го имавме овој проблем. Имам помош околу бебето и обрнато и е внимание скоро исто како и претходно. За јадење е прибирлива и затоа многу работи ја храневме ние за да касне нешто што треба... Секок ден се вика се кара со нас... Не знам веќе како да постапам, и со добро убаво, и со викање карање, со казна, со чукнување по газ кога ќе ја оремине границата... Никако не се разбирс секој ден е иста приказна. Веќе ќе полудам од нејзиното однесување. На баба и и се круви со јазикот, знае дс удри ако не е нешто по нејзно... Катастрофа значи да види некој што орави ќе рече ова дете оставено само невоспитано... Ве милсм совет и искуство не знам веќе што да правам.
Не знам каде да пишам, па ај овде. Прашањето ми е како да се справиме со деца што ми го малтретираат детево? Син ми има 6 години и од страна на децата на блиски пријатели секое гледање децава користат прилика да го малтретираат, да напоменам постари се од него. Значи последно беше на 1ви Мај, цел ден се супер и пред да си одиме, едното од децава прдна и го обвини син ми, при што 2/3 деца бегаа од него и затнуваа нос. А детето кое му префрли вина на син ми, е воедно малтретирано на училиште поради прекумерна тежина. Значи ова се случува во близина на родители, што ако не слушнаа што му правеа, сигурно ме слушнаа мене кога им зборев, ама џабе, не превземаат ништо. Детево мое не е некое премирно бајче, ама е доста повлечен и емотивен, не знае да врати, да се расправа, си ќути и си седи до нив. Значи од овие работи не ми се ни оди на родендени, треба нонстоп да седам на штрек, еден почнува и други му се придружуваат, а буквално ништо не им прави, сака да си игра со нив. Татково на децава колку толку се труди околу нив, ама мајкава уво не и чуе. Такви си биле децата и на други така им правеле. Жими се да припорасне, ќе го научам да ги мава, па нека му ја мислат. Ние му збориме да не се замара многу, да им врати, да е расправа ако треба, он вистина понекогаш се расправа, они уште толку го напаѓаат. Срце ми се кине, го гледам дека си ќути и собира во себе. Со мм се договоривме да ги избегнуваме колку што можеме, ама вака сме одреден круг на пријатели и на скоро секој роденден кај што одиме, се гледаме со нив. Дајте ми совет, јас веќе неколку дена немам мир, нон стоп е мета на вакви малтретирачи.
Znaci mi se smaci od toa prv da e vo se, veke nervite mi popustaat i ustata me zabole od objasnuvanje.Ako e faza neznam dali ke prestane nekogas..
Прекинува дури и почнува да е нервозно што е незаинтересирано. Престана некаде во второ одделение на крај, сега дури ме иритира што не сака да се докаже.
Слично дете имам, мојов ако го навредат плачи одма, 6 год и 5 месеци, прваче е, имаше случки на школо на пр. Другар му рекол дека јадењето му личи на лајно од мачка, хумус беше, па не сакал да јади, му реков јас ако му речи пак така за паштета негова да му речи дека исто личи не му ќути му велев, ако ти речат нешто и ти исто вели му, мн ми е страв од булинг, а ако се прво одд имаат во класот деца што се "главни" па ги мафтаат мирниве. Ако те удрат и ти да вратиш, прв не почнувај ама немој да ќутиш и дремиш, сега е такво лошо време, за мирниве деца потешко е. Одбегнувајте ги колку што можите тие деца. Тоа најдобро засега.
Некои деца се компетитивни. Наше како родители и е да збориме и кога-тогаш ке упали. Како реагира кога губи?
Мислам дека ги таргетираат вака помирните и сакаат да се истакнат пред другите со булинг . Ама сепак по мое, се им е од дома. Буквално ги оставаат што сакаат да прават. Имавме едно вакво девојче во градинка, нонстоп ми го малтретираше и удираше, воспитувачката немам што да кажам за неа, зошто се блиски со мајката на тоа девојче, мм се јави кај таткото, они уште навредени беа зошто сме се пожалиле, еве ја мајката не ни прави муабет цела година, комшии сме. Продолжи да го удира и клоца, јас му реков да почне да и враќа, искрено веќе не ми беше гајле девојче или не, значи детево мое секој ден удирано идеше, учителката "не видела". Два пати син ми и вратил и веќе не го чепна, се префрли на други. Ја известивме и директорката, да не ни плачат после нас. Јас незнам какви родители се луѓево, секогаш прво родител кривам, децата од нас учат. И јас го учам да се кара, ама со овие двајца на крај неможе да излезе, им ќути.
Какви родители се? Разгалени родители се. Е тоа да знаете. Со децата побрзо ќе се разбереме, ама со родителите не. Немојте да сте разгалени, многу лошо водство е тоа за децата. Кога ли моево дете ќе се смири? Кога, ужасно се нервирам, ми доаѓа коса да корнам на фактот дека се уште не е поминато Прееска на ручек бевме, ТАМАН РЕКОВ - смирен е, поминаа вриштењата, тој вечерва се погоди да вришти Е вака или јас мојата глава или неговата ќе ја треснам. Ама изгледа неговата ќе ја треснам. Детево ако има проблем нека кажува, пред да ми го отвори мене лично. Ме живцира фактот дека сѐ уште ми ја ебе ноќта да не можам да продолжам со спиење, зашто рикал и мозокот ми го алармирал. А замислете, нема вриштено долг период и реков тие периоди се зад нас, патем трауматични за нас, значи рикаше еднаш скоро ко му беше неарно настинат. Ама како баш вечерва се погодува откако спомнав дека е поминато? Што треба лекција, никогаш повеќе ништо да не кажам за детево? Или дури да помислам дека на зарек, на очи е паднат, може да е склон на тоа, од кај знам, колку и да звучи старски. А како убаво бев заспана, што ми прави на мозоков, јас веќе регуларен сон немам.
Познаничка исто истата мака ја мачи со детето, а може и на таа возраст сите се такви, моето малку помало е, па не знам. Битно неа од градинка ја советуваа дома да играат игри, карти или слични друштвени игри и да не му попуштаат. Да играат фер и ако изгуби, изгуби, па колку и да е исфрустриран, тоа е тоа. Не знам дали е помош ова, ама ако не сте пробале нешто вакво, пробајте.
Пријателка ја советуваат освен Марге што рече и на групен (тимски) спорт да го запишаат. На пример фудбал, кошарка негде кај ќе може да не биде само оно во центарот. Малиов е сега за нијанса по ок, ама пак на пример кога дели карти си мести на него за да победи и ако изгуби е намуртен. Не дека има скандал како порано, ама па и веќе е второ одд. Значи уште малку издржи.
Мојот е 4 години и е исто таков со други деца, премногу емотивен, никогаш не се закача, знае да се скара ама тие продолжуваат, е затоа брат му иако е помал, може да отиде и да ги заплеска, ако примети дека брат му го закачаат. И тоа ми е смешно што помалиов реагира одбранбено спрема поголемиот, ама сепак ме мачи зошто да е таков и за се да го закачаат, а само сака да си игра со нив, дури некогаш како да му е страв на други деца да се приближи за да не го навредат или повредат. И мене срце ми се кине исто, иако зборуваме дома дека треба да враќа на секој што ќе го навреди. Ама таков карактер се изгледа...
Исто, се' исто. Мојов е едно дете, можда и заради тоа е таков, ама ете можеби и тоа не е некое правило. Не можам да го заштитам никако, а од друга страна си викам, подобро е да го научи "законот на улицата", нема секогаш да сум покрај него за се'. И јас растев како него, ама негде на крај на основно, станав права "bitch" ми беше преку глава од сите. Ама јас бев праведна, со добрите бев добра. Сега сум свесна дека е полошо, децава никаква контрола немаат од дома. Само зборење, зборење со нив, многу зборење и тоа е. Да знаат дека од нас се сакани и дека секогаш имаат каде да отидат. Претешко ми е, ама што да му правам. Го слушам кај што кажува за едно другарче од градинка, мене Иван ми е другарче, јас така не му правам. само да не ги разделат во школо, колку толку утеха ќе ми е.
Мајки здраво,ми треба мислење/совет конкретно ќерка ми оди една година на тренинг,многу сум задоволна колку научи,е сега проблемот почна пред некој месец кога нејзината трењерка отиде на породилно и ги трењира кој ќе стаса.Кога учителката замина се отпишаа 3 девојчиња и сега вкупно се 7 од кои 5 трењираат со години и реално се многу добри,а ќерка ми и уште едно девојче прва година им е,стварно се добри но спрема овие што трењираат 4год се многу по слаби . Денес имаше натпревар на кои беа пријавени само тие 5 девојчиња,бидејќи они имале само кореографија за овој натпревар. За брзо ќе има натпревар кај што ќе учествуваат сите и тука ми е страв,бидејќи гледајќи ги нив се плашам како ќе се снајде она,не споредувам да не ме сфатите погрешно само се плашам да не се разочара..Се мислам дали и да ја пуштам да оди..како би постапиле вие?Планирам да ја отпишам од таму и да ја преместам на друго место,оти откако замина трењерката се осеќа дека ги форсираат само тие девојчиња..
Јас многу убаво те разбирам, кога тренирав ракомет баш ова се случуваше, се форсираа децата од одредени личности, ние другите, смртници... Би ти рекла да почекаш, ете да видиш што ќе е, како, а и штом е на породилно таа што ги тренирала, кога ќе се врати за некое време, ќе си се врати во нормала. Разговарај со ќерка ти, како се осеќа и дали воопшто сака да оди на друго место. Тогаш ќе знаеш што да направиш.
Многу е збунета некако,не знам дали е мала или само е дете па само убавите работи ги гледа.. Она кажува дека и е убаво,4-5 пати одам да ја земам она и девојчево настрана играат сами,другиве таму заедно.. Искрено сакам да ја префрлам бидејќи жената што ги трењираше ни е познаничка и само заради нејзе ја пишуваме таму,нели за да и обрне внимание,ни кажа дека не планира да се врати одма по истекот на породилното,а настрана ние живееме 10км по далеку од местово кај што ја носиме..а имаме исто здружение на 1ипол км од дома..
Каде и да ја запишеш ќе има такви случки. Не е ништо посебно ова сегашново место. Секогаш ќе има форсирање на одредени деца. Некогаш оправдано некогаш не. Впрочем и вие сета ја запишале таму заради познаничката. Главното прашање е дали на ќерка ти тоа што го тренира ептен и значи или не. Исто така е битно дали таа таму добро се чувствува или сака да смени. Моето дете смени фудбалски тим зашто во претходниот не се чувствуваше ОК, после смената подобро се чувствува во новиот тим. Сега за сега нас ич не ни е битно натпревари во фудбал, фудбалер нема да биде и затоа го запишуваме во рекреативни групи. Од време на време имаат некој пријателски натпревар и нас ни е тоа сосема доволно, а и нему сега за сега. Форсирање имаше и во стариот и во новиот тим. Родители што се умилкуваат на тренери имаше и во стариот и во новиот тим. Нас тоа едноставно не ни е битно.