Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    Дали сте испитувале кај деца времиња и фактори на коагулација, проблеми со агрегација на тромбоцити на трансфузиологија?
    Ќе треба да испитуваме кај помалиот син, не сметаат дека е нешто сериозно, ама да се испита, да не му предизвикува проблеми понатаму.
    Сепак течењето на крв од нос од нигде никаде може да не е без причина, или само од слаби капилари како што најчесто тврдат матичните доктори.
    Би била благодарна ако некоја мајка сподели искуство, секако доколку го има.
     
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    24.536
    Пол:
    Женски
    Те читам и немам совет ама и на моево му течи крв од носот еве 2 години, на периоди е ама е често, секој месец на пр, ноќе претежно е, 2 3 пати пред школо на сабајле му има течно. Исто би сакала да слушам искуство бидејки многу пати и мисла ми е :doh:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    И јас не мислев дека е нешто сериозно оти и матичните што ги имаме досега рекле дека се слаби капилари проблем. Ама хирургот што го оперираше од слепо црево пред три дена спомна дека му крварел повеќе од што е вообичаено при лапароскопски зафати, и даде совет да си провериме на трансфузиологија каде е проблемот, чисто за во иднина да нема мака или да знае однапред ако не дај Боже има зафати или на пример вадење заби. Ќе испитаме секако, само да се опорави од операцијата. Па ќе пишам тука за резултатите.
     
    На dromka и lackygirl им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    7.210
    Пол:
    Женски
    @Annath , на дете на блиски, при вадење заб, долго време не можеле крварењето да го смират.
    Меѓу другото ги испратија и да направат испитувања за дијабет.

    Кај детето испадна дека има повишен шеќер во крвта.
    Може ради сигурност и тримесечен просек на шеќерот да направите.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    Досега немал проблем со продолжени крварења генерално. Испитуваа шеќер предоперативно, не покажаа резултатите такво нешто. Ќе испитаме се' што треба, секако. Благодарам за советот.
     
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    25.984
    Пол:
    Женски
    Пред оп нели правевте испитувања? Исто пред оп 2 недели одприлика не се пие бруфен, тоа ја разредува крвта, па ова како инфо можеби сте користеле. Крварење од нос може да значи и настинка ( кај мене тоа било случај како мала), а мм уште редовно при настинка крвари од носот ептен и бруфен/аспирин избегава.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    Итен беше зафатот, се направи основното. Немаше време за чекање, после два часа од приемот беше опериран. Не пие лекови толку, скоро не бил настинат, а примал бруфен последно пред скоро три години.
     
  8. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    9.420
    Пол:
    Женски
    Zelezoto i hemoglobin kako se? Na maz mi mu se nad granica i radi toa znae da mu tece krv od nos cesto. Cim pocne krv da mu tece odi na transfuziologija i dava krv, na nekolku meseci.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.880
    Допаѓања:
    203.030
    Пол:
    Женски
    Над граница за детска возраст. Нормални ако се смета како возрасен. 137 му беше хемоглобинот, железото не знам, ама MCV, MCHC и останатите параметри се високи како за дете. Може и од тоа да е, не велам не, ќе испитаме.
     
  10. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Дете скоро 5 години и текнало дека татко и требало да оди рикверц пред да појде 20 минути пат плачки, липање ајде назад ајде назад. (Плачки за ништо)Многу ја допуштивме ама нормално ли е вакво понашање? Прават ли децата вака на оваа возраст каков тантрум. Мака ми е што ја поткачив малку во нервозата.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.694
    Допаѓања:
    109.285
    Пол:
    Женски
    Па на 5г веќе би требало да поминат овие фази. Крати со време. Кога се смирува ќе и објасниш дека тато знае многу добро како се вози и дека не смееме да му зборуваме од страна зошто ќе го збуниме. Крај!
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    5.903
    Не знам кои се граници за деца ама моиве се со хгб над 135, високи еритроцити и сите пропратни над или блиску горна граница. Немале проблем со течење крв од нос. Исто и маж ми бил и со екстремно висок хгб до степен да се сомневаат на полицитемија, не му течело крв од нос. Искуство со испитувања на хемостаза немам, ама се надевам дека се ќе испадне во ред кај вас.
     
    На Annath и dromka им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Едвај и прозборев, помодре од плачки. Па и да сме се врателе. Прв пат вака толку мирна е тантруми не сме имале освен ако е ненаспиена била. :x
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.694
    Допаѓања:
    109.285
    Пол:
    Женски
    Епа нешто ја мачи може, пробај навечер пред спиење да ја прашаш што ја мачи. Јас големиот ќе си го седнам така навечер, ќе си земеме нешто да правиме и си збориме и се отвара си кажува.
     
    На JoyJoy и Malesia им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.162
    Допаѓања:
    24.536
    Пол:
    Женски
    Леле како се отвара кажи некој трик, моево многу ретко ми се отвара, ништо не кажува, се му е незнам :!:
    Биле немирни на фзо на школо и ги казниле со домашна по македонски, да ја напишат цела азбука по 1 ред плус текст да препишат, го прашувам зошто е казната, незнам ми вели, после научив од другарче и му велам вака и вака било, Да ми вели (facepalm)
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.694
    Допаѓања:
    109.285
    Пол:
    Женски
    Со многу муабет околу наоколу, од ваму од онаму.
     
  17. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.768
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Женски
    Јас прашувам ама и јас мора нешто да кажувам. Пр: мојата другарка денеска не беше умна, не сакаше да пие кафе со мене (или и се истури кафето) а твојата? И се така обично пред спиење кога треба да се спие највеќе им се зборува :D
     
    На Mother of 2boys и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.016
    Допаѓања:
    4.823
    Дали некаде се пријавува грешна терминологија и дефиниција во учебнците, за трето одделение? Претпоствувам дека се полни грешки, ама јас денес седнав да учам со внуката и приметив :|.
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    141.384
    Што учат сега у јуни? Мојата веќе нема ни тестови ни домашни.
     
    На Abc baby му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.016
    Допаѓања:
    4.823
    Завршени се со тестови, нешто како повторување на материјал што си имаат редовно преку цела година на секој месец-месец ипол, така ја разбрав.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.