Не, праќање по роднини никако. Сакам да се породам поскоро баш од причина да помине повеќе време со мене и бебето пред да тргне во училиште, а не да го тргнам на страна. Ќе пробуваме и со спиењето како ќе оди, секако сака бебето со него да спие во соба.
Моево исто заборава, ич не би се грижела за тоа, едноставно не го интересира нештото и не го памти. Моето беше лани прваче со братче од 1 год дома, мислев потешко ќе е ама не, супер беше се, наочари почна да носи 2ро полугодие и го прифатија, имав и ја страв како ќе е ама се испадна супер. Иначе другото непослушност, зафаќање со деца го имаше и кај моето после раѓањето на брат му, разлика се 4 год и 8 месеци. И да уште спијаме заедно 3цата мм е во детска план ми беше летово да ги префрлам во детска двајцата ама еве уште не се. Малово сега в сабота ќе прави 2 год.
Мајки, вие со деца од 5.5 годишна возраст како ги извадивте првите заби? На ќерка ми може веќе месец и се клати едниот заб , првиот што треба да го извади и се жали ја боли а готов е да падне. Со големата ќерка го немав тој проблем (за првите заби барем што паднаа) , и кажувам да одиме на забар да го извади и да биде раат , не сака не слуша. А има одено 2 пати за поправање заби со анестезија не дека и е непознато...
Ние све дома сме ги ваделе, на забар не сме отишле ни за еден заб и со двајцата. Паѓале при јадење, при четкање на заби. Дај и лупено ама цело јаболко нека гризе, ќе го расклати побрзо...
Sakam da mu zemam naocari za zastita na ocite od ekranot na kompjuterot. Kade da se obratam, na oftamolog li da odime ili direkt vo optika da kupam?
Jас денес сум на таа мака, ке го носам кај што одевме ние, во Визус на плоштад. Барнер ми рекоа биле само маркетинг, ништо посебно, ќе му направат таму и ајт. Почна да трепка многу и да му се црвенеат од екранот на компјутерот. Многу мака имам со тој пусти Мајнкрафт и компјутер, занесен е скроз.
Isto sme i nie. Pisi kakvi ke zemes da barame. Nie odime vo ocnata bolnica tuka kaj nas sto e, ama ne mi teknalo za ova da prasam.
првото дете само си ги ваѓаше. Еднаш само имавме отидено на стоматолог. Второво пред месец дена исто му се клати го боли неќе на стоматолог ама дете е исто не може да е секогаш како што сака тоа и со зборење со лажење го седнавме. Прсна докторката спрејче и додека да свати што се дешава забчето веќе беше извадено. После тоа поправаме уште 2 запчиња кои го болеле ама издржа
Нека зине, кажи и да видиш само и бутни го со палец од позади. Не боли ништо, а одма ќе падне. Ова ми е совет од другар забар и беше успешно
Со конец за заби. Целосно беа расклатени долните кецови. Почнаа по малку, ама од љубопитност, сам ги расклати целосно. Прво едниот, а вториот многу побрзо и полесно се расклати.
И се клатеа со месеци. Едниот заб повеќе, другиот сосем малку. Првиот ќец некогаш се клатеше повеќе, некогаш како да се зацврстуваше и така некои 3 месеци можда. А нов заб веќе почна да расте од внатре, непцето беше отечено. Маж ми тогаш одеше на забар и пратив слика да праша дали да ја носам, ми рече не, нормално е, да јаде јаболко. И стварно со јаболчето и падна запчето, новото изби многу брзо. Вториот исто. Додуша вториот кец не се клатеше многу, а непцето отече пак, новиот заб избиваше. И велев со јазик да го клати и така некако со храна пак и падна. Вторите единици веќе пораснаа и растејќи се порамнија. Горните гледам уште нема абер да се разнишаат. 6 ќе прави во сабота.
Исто како и Ангел одам во Визус за мене. Прошлиот пат и син ми сакаше да го прегледа,му се виде интересно. Се изненадив колку детално прегледува деца. Мојот не гледа на телефон,ретко тв некој цртан и диоптер нема.Ама ми предложи ако сакам 0,25 диоптер кога ќе чита книга или учи,да не му се заморува нервот.Како заштита и да ги носи по потреба дома,на училиште не.
Прв пат слушам, односно читам некој да препорача диоптер кога личноста нема потреба за очила со диоптер. Зошто некому би му препорачале, па уште ти како лаик да бираш, нешто што не е така наивно. Да беше витамин, ај да одлучиш, ама диоптер? Поделени се мислењата и за носење заштитни очила без диотер. Очилата се како штаки за очите, е соодветен опис.
Јас кога имав 0.25 диоптер не сакаа да ми дадат наочари, требаше да се расправам за да добијам рецепт. На здраво око да се става диоптер ми е лудо. Поготово колку боли глава додека се навикнеш на диоптер, дури и толку мал, стварно не ми е јасно каква превентива е тоа, па и на дете да се дава.
Така ми кажа,како заштита на очниот нерв. Не му купив зошто стварно не користи телефон,компјутер воопшто,а и докторката кажа дека видот му е супер.За мене одам кај нив и сам сакаше да го прегледа.
На мене и на маж ми пак ни го намали диоптерот, мм е 1-1.25 со цилиндер и му намали на 0.75-1 за да може да се труди окото да не биде мрзливо.
Не ми е тоа прашањето. Зошто некој би препорачал да се носат очила со диоптер ако детето/ личноста нема диоптер?
Леле аман, прочитав, она споделува искуство што и рекла докторката, јас споделувам искуство што ми рекла истата докторка мене. Верувам дека има зошто докторката рекла нешто такво не верувам дека е шалабајзер зошто е ултра посветена и добра.