Здраво мајки, споделете искуство што активности имаат вашите дечиња, балет/пливање/спорт некој/едукативни центри/вежбање во сала, било што да е, ме интересираат повеќе мислења. Исто цена за хелен дорн некој да не знае отприлика?
Има афинитет за некој спорт? Син ми одеше на шах и гимнастика. Сега е пауза бидејќи не сме дома. Од септември ке почне да оди на фудбал. Има афинитет за фудбал, од гимнастика рекоа и талент. Со татко му тренира секој ден подолго време, ама сега со полни 6 е спремен да игра во тим. Ке видиме со шахот како ке комбинира, плус прваче ќе е. Можеби ќе намали на 1-2 неделно. Предложив да оди на пливање, обожава вода, и умее да плива, но самиот избра фудбал.
За гимнастика вака вика дека сака, има 4 год, многу е флексибилна до сега кој и да ја види сите ни викаат да ја запишеме тоа. Гледав кај нас во Скопје ритмичка гимнастика има во Орце Николов, сакам да се јавам за таму. Вие каде го носевте на гимнастика?
Пробајте гимнастика тогаш. Каков спорт и да избереш, нема да погрешиш. Не сум фан на активности од типот учење букви читање пишување на 4 години, ама спорт секогаш е одличен избор. На таа возраст индивидуални активности се соодветни, бидејќи немаат сенс за групен спорт, од типот фудбал.
Сега прочитав дека е 4г, мислев школско дете е. На 4г немаше никакви активности зошто според мене апсолутно нема потреба од толку мали да ги ставаме во клупи, ама секој родител си знае. После веќе од кај 6г го запишав на гимнастика, ама не беше тоа гимнастика којзнае каква, играа игри и имаа некои вежбички како за корекција на држење ама не беше тоа нешто којзнае колку профи, баш детско ниво, да не седат цел ден. Потоа во прво и второ продолжи со тоа и плус пливање. Од трето го запишавме на англиски и плус нижо музичко. Годинава ќе биде четврто и планираме нели да продолжи нижо музичко, англиски и ако има опција да убациме пливање или гимнастика пак или некој спорт чисто колку да се активира.
Здраво мајки,дали и од кога вашите деца користат антиперспирант?И доколку да може ли да ме насочите кој е соодветен за 7годишно дете Ви благодарам
Кај ќерка се јави потреба од користење антиперспиранси кога беше на возрас од 9 години. Започна и сеуште користи ролон Еуцерин 0 % алуминиум. Се покажа добар, ќерка ми е доста физички активна , се поти а не сум забележала непријатен мирис.
Малку погоре го правевме муабетот. Врати се неколку мислења погоре. Син ми е 9м и веќе озбилно има потреба од дезедоранс, а почнавме од лани некаде повремено. Сега веќе после секое туширање користиме.
Има потреба од антиперспирант? Некако мало е детето, прво би прашала педијатар дали треба да се испита нешто ако има мирис на таа возраст. Инаку, нешто без алуминим. Пример алверде, балеа деокрема. Или рол он oд лавера. Проверено се без алуминим а ефикасни.
Потта веќе и мириса,се осеќа кога ќе се испоти,оддржуваме хигиена,редовно туширање,пазам на материјалите на алиштата.Искрено ме загрижува што сега на школо по 7-8часа ќе биде,не би сакала некое дете да и рече нешто да ја навреди,фала за советот ќе се консултирам и со матичната
Не не, штом има потреба, апсолутно треба да се користи. Можеби кај девојчињата е пинаку, сум читала дека кај некои и циклусот доаѓа рано. Сум за да се внимава на некои работи, што се едноставни, а на децата може да им се комплекс. Тука спаѓа потење, влакна под пазуви, влакна на надусници, раце, нозе итн. Ова е за поголеми деца, но сепак, е од ист тип на работи кои ние како родители треба да внимаваме. Секако, и на време да превенираме. Пиши ако ти треба помош околу антиперспирантиве. Јас од здравствени причини користам исклучиво без алуминиум. Дав рексона и слични не би ставила на свое дете.
Го земав ова од Дм по препорака на продавачките таму за деца.. Ќе го пробаме па доколку на некој му треба мислење дали е ефикасен ќе пишеме
И јас сум женски за истото прашање. Малата ми е 7 години, и веќе осеќам почна потта да и мириса, И одма мајка стравови и мисли, од шо ли ќе е, нели е уште мала. Како се справувате со ваков проблем.
И кај мојата истото се јави, и тоа овие месец дена, иако се тушираме секој ден. 7 и пол е мојата, и ќе морам да и земам антиперспирант, колку и да одолговлекувам, некако мала ми се гледаше за тоа..
I mene toa me jade, da ne e premnogu mala. I odma umot mi ode da ne e problem endokrinoloski,ama vaka ne pokazuva nikakvi drugi simptomi, i gledam ne e samo kaj nea,
На какви активности ги запишувате децата? Моите се 5 и пол и три и пол, сакам на некоја спортска активност ама не знам ни дали имаме во Битола нешто. Ај некој совет, фала
Сакам да ве прашам како напредуваат вашите деца на 6 годишна возраст? Моето пред 2 недели правеше 6 год костур е кожа и коски ама жилаво мирно не стои. Еве веќе 2-3 години не напредува во килажа 17кг плус минус е а висина 114см. Јаде повеќе пати по малку иако пребира. Здраво е. Ама мислам многу слабо изгледа.
На 6год и 20 дена, 113см и 18 кила. Од кога е родена е мала, не е ни пргава ни спретна ни јаде ни пие. Дента кога е мерена со овие мерки се оперираше од трет крајник, денес ја мерев на 6ипол години, и за 6мес станала 117см и 20 кила. Можеби и се поклопи некој скок во раст со операцијава, ама еве пркна. Чисто за споредба, сега качила 2 кила за пола година, а претходните 2 кила ги качуваше 2 години, на 4ипол била 16 кила.
И мојата е 8 и потта мириса. Се решам ќе фати ладно, па нема толку да се поти. Многу ми е страв од тие антиперспиранти, па повлекувам. Исто ме плаши да не добие многу рано, но не можеме да контролираме, мајка природа. Сакав да ве прашам што суплементи давате вака на поголемки деца?
Омега давам на Фиш оил и мултивитамини на Провен. Купи и нешто за под мишка, не мора да е со алуминиум, има толку избор сега. Имаш на Еуцерин добар, имаш на една француска марка нов во Зегин исто добар, имаш на Биобаза... Девојче е, ќе се истрауматизира ако децата и речат дека мириса.