Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Колку време дневно им дозволувате да бидат на интернет и ТВ? И колку ги контролирате за содржините што ги следат? Уште се мали деца во оваа возраст а веќе почнуваат да се осеќаат посамосојни.
     
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Син ми е многу немирен, значи не можи да прекини со движење по цел ден - скокање, мрдање раце, една секунда не можам да го тргнам погледот од него! Веќе сум уморна, ми се смачва, а можи ќе морам да почнам да одам на работа пак....како да се смири? Инаку нема да сака никој да го чува, неподнослив е. Кога јас велам вака - никој друг не би можел да се справи со него. Нешто, мултивитамини, нешто, ве молам само од искуство. Син ми има 6 и пол години, оди на училиште.
     
  3. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    791
    Пол:
    Женски
    Jas imav slicen problem so malata na 3 godisna vozrast po sovet od pedijatar mi preporaca da i davam.b6 po edno navecer i omega 3
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Сега е лош период кога нема воншколски активности. Инаку добро е да го запишете на некој спорт каде ќе ја троши енергијата што ја има. Фудбал, карате, гимнастика ... Кај нас моментално со короната има часови за фудбал на отворено, аикидо вежбаат исто на отворено, има и часови за танц, хип хоп, другите активности се на пауза со пандемијата. Види каде што живееш дали можеш да го пратиш на нешто.
    А зошто не можеш да го тргнеш погледот, крши дома што... Не е толку мал за да се повредува, како што сфатив активен е и сака да игра. Ако имате двор пуштете го нека трча, организирај му некакви игри, вежби, има многу идеи на нет. Натпреварувајте се, со топки, скокање јаже. Наместо да викате по него и да го спречувате, пробајте само да му ја пренасочите енергијата во правење нешто позитивно. И учествувај во играта со него. И ќерката 7 години, кога црта сака и јас да седам и цртам со неа, играме монопол заедбо карти, вежбаме вежби за слабеење , таа ми пушта на лап топ и вежба со мене, играме на just dance, сакаат внимание ако се веќе поголемки и можат сами.
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    леле и јас ова сакав да го прашам. Имаме скоро 8 год. Ништо не знае да се заигра освен на телефон и компјутер. Само се расправаме. Речиси сите другарчиња играат на компјутер па го канат и него да играат заедно групно на ист сервер. Чудо е ако стане од компјутер. Голем дел од денот е на екран.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка во март 10 ќе полни..цел ден е на телефонот , поготово последниве месеци. Тик ток, игри се во круг се врти.Во школо не одеа едно време, ајде ќе се позанимавав со неа со учење, цртање ама остатокот од денот нема што да прави и пред телефоните. :( па во локдаун сме толку месеци ниту можевме да отидеме некаде да смени. Децава се "осакатија" овој период, ама тоа е нема што да се прави..
     
    На CurlyBlossomGirl, SkarletOHara и zuto им се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам , немој да ми замериш, како изгледа локдаунот. Што значи всушност тоа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски

    Па од октомври пак не ставија во локдаун (да не излегуваме без причина и тоа одредени саати во текот на денот ) и уште сме , а децава до јануари не одеа на школо. Сега фала богу почнаа па некако се трпи. Јас во Грција живеам да нема збунки :)
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.445
    Пол:
    Женски
    Што значи неподнослив и стално мрда? Дали може да држи концентрација на час (колку долго)? Дали дома држи концентрација кога пишува домашна?
    Зашто може да има и АДХД и да не е откриено, ама тогаш ќе има и проблем со концентрација.
    Може е само живо дете на кое му треба да потроши енергија. Најдобро решение за живи деца е да има се даде можност да се издуваа преку физиќка активност, ама баш преку слободна игра, а не структурирани активности како спорт (зашто таму пак има структра и мора да се концентрира и слично). Така што ако е само жив веднаш по школо носете го во парк да се истрча и изигра.
    Е сега исто така направете правила по дома заедно со него за прифатливо и неприфатливо однесување. И на почеток направете мали награди ако се придржува до правилата. Секој ден нека добива стикер или слично и ако собере цела недела стикери договорете пак некоја мала награда.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно прашав, зошто често слушам целосен локдаун, а не знам што значи.
    Овде кога беа карантините се мрдна децата по 3-4 дена дома, а ден пред карантин имаш редици и гужви пред маркетите секој у секој дише. И на ова не гледам поента. Зошто да не можам деца да шетам во планина и со никој да не контактирам.
    Моиве се мали се уште и генерално тв сега за сега тој ми боде очи. Се нервирам ако се загледаат ко лејки во него и не ми се вртат ако ги викнам. Јас компензирам со многу време поминато надвор. Моите деца растат пред зграда ко ние на времето. Големиот и сам си оди со други деца. Надвор се по 4-5 саати дневно, ептен ако е загадено па помалку. Викенди ги носам во природа или планина. Па после да јадат, некоја игра со мене и не останува многу време за пред тв. Инаку ако цел ден се дома многу ќе биде.
     
    На Lolipop23, CurlyBlossomGirl, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  11. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски
    @irena.1 јас сум во Англија и тука има целосен локдаун.
    Децата не одат на школо,онлајн учат.
    Продавници се е затворено.Работат маркети,банка,пошта и аптека.
    Препораки се по еден од семејство да излегува да пазари.
    Смееш да одиш да вежбаш сам или со некој од семејството,ова вежбањево во парк.
    Да нема собирања и така натаму....
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    И ќерката е претежно на улица барем летниот распуст го помина надвор, баш како во наше време едвај за јадење дома влезе. Проблемот по мене почна кога и подарија телефон, па тик ток ова она, буквално се занесе по телефонот и како некој тинејџер ми се понасаше. Пишува научува набрзина и како магнет кон телефонот. Децата надвор таа трчи дома на тел. Сега доби забрана интернет само навечер пред спиење кога јас ќе и дозволам. Мислам се врати старото дете и сама е посреќна вака, оди втора смена на училиште и слушам на братучедот кажува , јас пред школо не гледам на телефонот ама гордо. Баш утрово и реков беше умна овие денови вклучи си некоја игра додека дојде време да се спремаме. Не сакаше. Некогаш не сфаќаме колку се мали и дека треба ние да поставиме граници а не да очекуваме од нив да знаат како е правилно.
     
    На CurlyBlossomGirl, marchi-cool, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да ги пуштаа децава надвор да играат , ќе ја пуштев и јас ќерка ми. Имаме тука во близина парк , одеа деца од нејзино одделение , јас ос неа седев ја чекав да си поигра и потоа дома , ама потоа пак влеговме во вториот локдаун и толку беше и да одеа деца собрани полиција доаѓаше ги бркаше. Што да кажам , жално многу за децата
     
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Баш жално ние имавме среќа некако полесно поминуваме со карантините а и живеам во град каде децата уште на улица растат. Не знам нека поминуваат побрзо овие локдауни.
     
    На mal.ecka и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Дали ги работите домашните задачи заедно со децата? 1,2,3одд.
    И дали се нервирате кога не учат :)
    Значи не знам како да се поставам, умна е брзо сфаќа, без проблем поминува, во последно време многу ја мрзи. Ќе си дојде од училиште пишува домашно, ако сакам да ја корегирам да ја советувам за да и биде подобро пример раскажаното,ајде ми вика не можам добро е вака, брза за да заврши со тоа да не се замара, математика работеше без проблем , сега само површно поминува, ја гледам не сака да мисли, ако заборави некое домаш о, па добро де не мора, мене ме нервира таа ладнокрвност многу е мала за вака да реагира? Денес ме извади од контрола почнав и да викам па се скаравме со маж, се обидувам да и објаснам нешто, таа полулегната на масата и само ајде изморена сум. Не знам од каде оваа незаинтересираност веќе некое време, дали да ја стегам и да се нервирам или да пуштам полабаво.
    Мислам секогаш е изморена за домашното, инаку не е.
    Мислам дека навиките се создаваат сега, не сакам да створи таков ноншалантен однос кон училиштето а од друга страна не сакам ни да ја форсирам многу.
     
    Последна измена: 11 март 2021
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    31.445
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште немам дете во школо, од Септември ќе му ја мислам за вакви проблеми (зашто и мојот кога нешто не сака да прави нема сила што ќе го натера), ама да пробаш прво кога ќе дојде од школо да се изигира па да пишувате домашни. Ила да го делите пишувањет домашни во блокови: 15 минути домашна или учење па 15 минути играње, трчање и слично, па пак учење, па пак играње. Реално се до кај 10 години вниманието им е ограничено на 15 минути по активност. И не ја сфаќаат баш потребата да седат на столче кога има мнооогу поинтересни работи за правење. Или да пробате да глумите текстови од книги, са дмислувате приказни за природа и општество (како и да е викаат сега), да вежбате математика со поинтересни графички вежби и слично. И на крајот од денот да направиет распоред по денови и да го закачите на фрижидер, за секоја добро завршена домашна да добива смајли. Ако собере доволно смајлиња да се частите во Недела со грицки, сладолед и слично. Знам дека не е добро да се претерува со вакви надворешни стимулатори ама кај мали деца може да упалат. А понатаму како
    е созрева ќе сфати што е тоа што ја влече па веројатно тоа ќе почне сама да го учи.
     
    На marchi-cool и SkarletOHara им се допаѓа ова.
  17. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.236
    Синко во Фебруари наполни 8г. Во последно време често има јака миризба од под мишки. Доста е активен во текот на денот и тогаш не ми е чудно. Но навечер го бањаме, и после спиење почнуваат да му мирисаат.
    Почнавме после бањање да му ставаме бебешка пудра, али во спиење доста се поти и пак некогаш и на сабајле пак му мирисаат.
    Незнам што е паметно, дали да почнам да му користам некој дезодоранс, рол он.. безбеден за деца
    Имал ли некој вакво искуство, што сте направиле. И кој дезодоранс, стик или рол он би бил безбеден за толкаво детенце?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    На иста мака сум веќе 1 год,исто како вас само што наполни 8 г.се појави овој проблем .Освен редовно туширање друго решение јас не најдов .

    Кога разговарав со неговата матична она не се сложува за никаква употреба на дезодоранси и сл. и ми рече може да е од некоја храна,најчесто од пилешко месо и јајца.
    Рече исклучиво домашни да користиме.Пробав и тоа да сменам и искрено немаше некоја разлика .

    Баш и тука прашував и јас .
    Секој совет и искуство ќе ни биде добредојдено .
     
  19. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Кај големиот прв пат приметивме на полни 9г. Плус спортува 3 пати неделно. Освен често туширање, не ставаме ништо друго. Матичен препорача за сега да не користиме дезодоранси. Нема врска со храна, кај овие генерации порано почнуваат пред пубертетни промени.
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.526
    Допаѓања:
    106.062
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има 10 години, од 9 почнав да и купувам дезодоранси зошто мириса лошо , а немаше др спас
    Овој рол он го користи
    [​IMG]
    Пишува дека е специјален за деца, во пубертет и сл. И јас го имам користено .Не содржо алуминиум.Ама во Мк не знам дали го има, од аптека во Грција го купуваме. Можете да земете некој природен, без алуминиум. И на Lush имаат добар дезодорант со база на сода бикарбона, се вика Aromaco.
     
    На Love 83 и nadenadia им се допаѓа ова.