Воспитувачката на ќерка ми вика во градинка е "борба". Знаат дека мора да јадат бар нешто оти тоа е нема друго. Дека мора да си земат совреме играчка оти некој друг ќе им ја земе. Дома друга приказна. Конкретно кај вас ми личи, ве има научено скроз дека ќе му удоволите со тек на време и може грубо речено ама ве врти околу прст. Знае дека ако седи на маса (пример) пола час, на крај ќе се изнервираш и ќе му дадеш да јаде. Дека ако бара да игра, ќе станеш да играш итн. Ако не си пробала, пробај со стратегија 2-3 дена, јадеше што јадеше, по 15-20 минути се крева јадењето од маса и тоа е тоа.
Така е од збор до збор и не само со јадење со играње цело време и не спие сам, некој до него да е цело време и се буди и во момент да не си до него, приврзан за нас цело време. Имам пробано да му ја земам чинијата ќе се расплачи па ти ме нејќеш и така зборува, грев ме фаќа да не му давам да јаде, ама ќе ми даваш вика, ако ми даваш ќе јадам. И со ова играњето само ајде да си играме цело време тоа му е прво шо прашува од градинка дали ќе си играме и играме,не дека не е наигран,но не можеш ни да прекинеш за момент пак ме бара.
До 22 години јадев бавно, полека, и бев макс 50 кила, здрава, витка.. Почнав да работам работа, од нога што се вика, да се јаде.. Почнав да јадам многу брзо, ми остана и навика.. Се прејадуваш, голташ парчишта недоџвакани.. И сега не сум толку слаба и витка.. И стомакот.. Да не зборувам.. Тежина после јадење обавезно.. Океј може два часа се многу, ќе убрузваш некако, ама муабет ми е, не форсирај, не го брзај директно, пошто храната најдобро е полека да се внесува..
Ќере е 6 ипол години и почна да ми кажува за симпатии. Они уште од градинка нешто си имаа демек дечковци, ама тоа беше детска игра, врска немаа. Е сега гледам и се бендисува едно детенце и денес му пишала писменце и му го дала на излегување. Беа во иста група во градинка, сега се различно одделение, ама во исто школо. Па дома сега направила уште едно со срциња со светки. И јас останав некако без зборови. Не знам како да реагирам. И реков ако си му дала писменце, ама другово мислам да и кажам да не го дава. Маж ми го гледам збунка е. Мислам дека не му се верува дека бебето порасна веќе. Оф бре, едново вришти за цицка и купувам пелени, а другово ми бараше кроп топ летово и сега се занимава со симпатии. Не сум спремна
Е ќе се убијам. Добила повратно писмо, нацртал цртеж зетов за рака фатени, па стикер некој залепен. Преслатко ми дојде, ама од друга страна не е рано за вакви работи? Како да реагирам? Да не грешиме нешто со маж ми? И зборуваме колку се нормални симпатиите, што е всушност симпатија, ама навистина не сум сигурна што да правам. Да се јавам на сватовиве да пиеме по еден шток, ете тоа ми доаѓа
Јас мислам да не ставаш преголем акцент на тоа,детска работа ќе помине ако го игнорираш. Денешниве генерации како да се понапредни,па уште од градинка имаат симпатии. Но сепак тука имаат влијание и воспитувачките,самите ги класифицираат како пар,пр.се фатило два дена по ред малово со исто девојче и одма ,,Трајко" си фати девојка,најубавата ...
Нормално е да има симпатија на таа возраст. Осознаваат дека се различни по пол, осознаваат ерогени зони (од почнуваат со ова), имитираат возрасни. Затоа имаат "симпатии". После следува фаза на не сакам со машки/женски да се дружам па во пубертет се првите вистински симпатии.
Ама зошто...мојов тоа правеше во трето одделение, му помина таа фаза, сега како тинејџер е скроз друга приказна. Нека уживаат во овој период, убаво е тоа низ кое што поминуваат иако не разбираат многу.
И мене ми е слатко, само се мислев рано некако уште во прво одделение. Не ни планирав нешто посебно да правам, затоа и ми требаше совет, дали е ок така? Бебешки период изгледа ќе биде мала шала за периодов што следи.
Мала е уште за да го сфати сериозно тоа, само следи што прави и што ти кажува за детето. Мислам дека ќе им помине, не е како во тинејџерските години кога знаат посериозно да ги сфатат овие работи па да им влијае на школо и расположение. Рано или доцна, зависи од самото дете. Кај девојчињата порано започнува тоа свиѓање и симпатии, не дека кај момчињата нема, ама подоцна се јавува, бар од моето искуство. Сладок период е, само разочарувањето знае да биде проблематично. Ама и тоа поминува.
Нервно ќе оболам. Пред три недели беше болен, па два дена арен, па стомачен го фати,па две недели дома беше, па сеа пак е болен. Под болен мислам на кашлање, нос затнат/тече и температура. Нерви неам веќе. До 2 год истото све беше, само што креваше 40+ температура. Е сеа пак крева нон стоп, само барем не е 40 .... Дајте чаре некое, аман веќе. По природа си има зголемени крајници, среќа не симнува на плуќа. Ама налет, преку глава ми е да е болен нон стоп. Дајте некој совет веќе
За мајки со поголеми деца, кога се очекува деца да почнат времето со активностите да го поврзуваат? Не да го кажат часот, туку пример да знае во 08:00 треба да е на училиште. За да стаса во 8:00, треба да излезе од дома во 7:40... Или на роденден/тренинг било каде да го поврзи времето во кое треба да се спрема, излезе од дома. За пријателка што нема профил тука прашувам. Детето е скоро 9 години, ја секоја активност мора да му се јави и да го потсети во смисла - сега облечи се, ќе ти се јавам за на тренинг кога да излезеш, сега облечи се, ќе те земе татко ти пример за на заболекар. И ако не е нели рано за да знае времето со активностите да ги поврзува како најлесно да му се објасни и помогне на детето, концептот на време.
Не е до возраста, до карактерот е. Ене го, препаметен е, џабе, нема осет за време. Па така некни за на излет тргнал цел саат порано, а некогаш се влечка за на школо.
Мојот има 9 години и сеуште нема осет за време. Не носи саат зашто го нервира. За се треба да го потсетиме да заврши на време. Ама сега гледам дека почнува повеќе да сфаќа ако му се каже почнува да се спрема и битно му е да не задоцни. До лани на пример ич не му беше битно дали ќе доцни или не. Од разговори со други родители на таа возраст горе долу сите се исти.
Дали сте имале проблеми со спијањето на децата, се расонува, превртува, се плаши во сонот, не плачи ми станува многу рано кај 6 сабајле, ја прекина дневната дремка има 5години, мислам не спие доволно, колкумчаса треба да сапиелегнува 9 или 10 час мах е во кревет. Во меѓувреме му се вратија тиковите вокални ако е преморен повеќе се забележува, се се случува од ко не спие повеќе преку ден, некогаш ми станува кај 3 или 2 и се врти не може да заспие шо на крај никој не е наспан. Забележувам и промена емотивна или од шо е изморен не е расположен како некоја анксиозност има. Прашањето ми е како да му се помогни за ова?
Мислам дека е преморен, ако нема дневна дремка, некако 9-10 навечер е касно за спиење, барем според мене. Моево за некој месец 5 ќе прави, накај 7 навечер го легнувам, 7:30 - 8 најкасно е заспан, сабајле станува во 7:15 - 7:30. Ако заспие макар во 8:30 или 9, сабајле едвај станува, раздразлив е и се буди со плачки. Пробај порано да го легнуваш, види како ќе се одрази и на тиковите и дали ќе ти се буди сред ноќ. Мислам дека почнуваат да развиваат и стравови на оваа возраст, па имаат и кошмари. Барем моево, секој ден кажува дека сонувал некој страшен огромен пајак, виде на тв еднаш случајнои не му излегува од глава. И пак почна да спие со нас, еве веќе 2 месеци сигурно.
Во колку часот станува наутро? За дневна дремка е голем, мал процент на деца имаат дневна дремка на 5 години. Но, ако заспива во 10 а станува во 7, тогаш му фали сон. Син ми има 6, и кога е прва смена, односно кога станува во 7, навечер во 8 веќе е заспан. Има ли премногу активности? Некогаш може да се раздразливи од преголема стимулација. Битно е да поминува време и во природа. Екрани сосема да исклучиш. Можеби и треба да побараш помош од стручно лице. Се надевам ке се среди за брзо.