Малце рано ми е, ама да видам да собирам идеи. За 7 роденден нешто што не е игротека. Другарчиња не канеле во кино, laser hunt, escape room, значи некоја активност. Ако нешто и фати око на ќерка ми, повеќе би ми одговарало од класична игротека, дека еден месец после неа малото ќе прави 2 години па за него да биде игротеката за славење. 2 пати во месец ипол истите гости во игротека ми е безвезе да ги викнам, а не им се родендените доволно блиску за да заедно слават.
На 7 години реално се мали за laser hunt (пушките се големи и тешки и внатре е темно), escape room и слично. Кино, театар за деца и млади (ако сте од Скопје), Планетариум (МКЦ) ви се опции. За понатаму има и куглана (Мусандра, Борис Трајковски или таа во Капитол) како опција. Ние славевме 8 роденден во куглана и 9 во laserHunt и мислам дека тогаш се ОК возраст за такви активности. Сеуште одат во игротеки и најубаво поминуваат за 10 роденден, само што одат во игротеките во Веро Џамбо и Дајмонд кои се за поголеми деца. Опција ти е роденден во Public Room, имаат различни аниматори да се бираат или во некој локал да викнеш аниматори.
6 и 30 некогаш 6 точно и јас мислам му фали сон, не сака да излеземе сака само дома да играме, гледа само цртани на тв не многу долго до пола час некогаш игра игри многу кратко е и тоа. Си велам полека да го легнувам порано прво кај 8 па 7и 30 да видам како ќе смени тоа на него. Ви требало да спие повеќе нели кога е заспан во 10 да спие со 8 сабајле.
Чувај го, немој да си го фрлила, ќе и го покажеш кога ќе порасне. @JoyJoy дај ми мислење ако сакаш. Мојава е 6, никогаш не сме и збореле ниту друг и зборел за дечковци и симпатии. Некако сакавме да ја заштитиме од такви теми, сакавме да е дете до крај. Очигледно, симпатии се нормална појава и еве има, ме пукна со Робин од градинка со месеци уназад, ако и е скаран, тогаш не и е денот а кога не и е денот на неа, сите дома страдаме. Си разменуваа само подарочиња во градинка, некои изработки таму што ги праеле, ама ништо посебно “љубовно” па не сум се осудила до сеа да објаснам ништо околу симпатии. Периодов се стиши околу Робин, и денеска ми кажа дека Робин и рекол на Вика ( најдобрата другарка нејзина) дека ја сакал. Не го сфаќа тој момент, гледам не е нешто потресена па не го ни доживува тоа “трагично”, ама се мислам дали има потреба да споделам некоја информација околу тоа. Очигледно околу неа децата знаат за симпатии чим се изјавува љубов со сакање. А верувам дека Робин и беше првиот “краш” и имам едно тиркизно камче, што и го имаше дадено и го чувам, иако таа сеуште не е свесна за овие работи.
Ух добро е, сите се исти. Нема потреба да и го чувам, она си го спакува во несесерче. Денес во школо учеле за љубов и да нацртаат што за нив значи љубовта. Па така дома си дојде со цртежи за сестра и, балетот и секако симпатијата. А во врска со твојава мака, и на мојава и се случи нешто слично во градинка и беше многу разочарана. Па се објаснувавме дека и тоа е нормална појава и дека не треба да моли никого. Среќа брзо и помина, нов дечко нели сега има @Spidy јас за 7ми планирам планетариум или природо-научен музеј. За планетариум треба да се распрашам ама во музејов имаат прво разгледување, па после во посебна просторија слават со музика.
@Yowannty нема што да ја штитиш од такви теми. Нормална фаза на развој е. Некако во разговор едни со други и од гледање на родителите и возрасните и медиумски содржини сфаќаат дека се формираат врски. Е сега во тој период таман сфаќаат и дека има разлика машки и женски и дека тие формираат врски. По принцип на имитирање на возрасни почнуваат да гледаат кого тие „сакаат“ (најчесто тој со кого убаво делам играчки). Не знаат сеуште што е и на што се базира вистинска љубов или сексуална привлечност. Син ми во таа фаза имаше дури две девојки и беше особено горд на тоа. После оваа фаза ви следи фаза каде што нема да сакаат да се дружат со спротивниот пол (после второ одделение) и потоа ќе ги удри пубертет и првите вистински сексуализирани чувства и врски ќе се јават. Во оваа фаза не се реагира претерано. Се прифаќа тоа што е и се тера даље. Ако се разочара и се почувствува запоставено се кажува дека има и други другарчиња и се релативизира разочарувањето (за воља на вистината брзо и им поминува разочарувањето). И да не се јават вакви први „вљубувања“ е исто во ред. Не поминуваат сите деца низ истиот развоен пат.
Иначе се слушнав со нејзиниот психолог и таа ми рече не мора да се збори за симпатии и дечковци додека пројават некои први симптоми на симпатишање. Ама убаво и пожелно е да се збори за љубов генерално. @JoyJoy не да ја заштитам од разочарувања, туку од непотребни муабети за нејзина возраст. Знам дека можеби ги испроектирав моите трауми од детство на неа, а таа е сосема посебна и многу различна индивидуа од мене во секоја смисла. Нас, додека растевме уште без воопшто да бидеме свесни што значи, сите не прашуваа дал имаме дечко, дал имаме симпатија, како се вика симпатијата, така беше во “мое” време, сите возрасни тоа не прашуваа и јас како срамежлива и повлечена ги мразев тие прашања и муабети и ми беа вистинска траума кога бев мала. А беа доста чести. И ете, сакав да поминеме без нив, за неа. Ама, можда и можело или требало некогаш претходно да спомнам нешто околу тоа. Вчера зборевме за љубовта, гледам дека поврзува некои работи, прва асоцијација и беше срце, после семејството, за врски, дечковци не знае многу, знае нешто повеќе од скоро ради што е многу блиска со брат ми а тој има девојка па почна да изразува заинтересираност и да го распрашува за неа. Иначе, година дена можеби ни толку како се дружи со девојчиња, цело време беше со машките претходно. Претпоставувам ќе менува како што кажа.
@Yowannty потполно те разбирам. И јас бев иста како тебе. Мислам дека сега ние не сме толку „напорни“ со прашување. Иако баби и дедовци прашуваат. Јас така разбрав за прв пат дека син ми имале две девојки. Еден дедо го праша и овој како од пушка му вика не една две имам Јас немав појма, се препотив место него, ама ете тој друго дете и си кажа. Во секој случај мене разговорите со него за „девојки“ ми беа многу попријатни од разговорите за умирачки што се случуваа паралелно. Сега е во фаза кога се лути ако го прашаат дали има девојка. Почнува да се срами зашто веројатно почнува да ја сфаќа вистинската природа на нештата. Ах да, сега не не остава да се бацуваме и јавно да изразуваме љубов пред него. И се крие ако на филм се бацуваат. Наводно бљак било, ама ние сепак му зборуваме дека е тоа ОК и природно е да се гушка и бацува некој што се сака. И ова е природна фаза. Се е подготовка за вистинската љубов што доаѓа подоцна. Чисто да си подготвена дека и тоа следи. Исто може да почне да прашува од каде доаѓаат бебињата и слично. Мојов не прашал ама ми кажа дека во школо зборувале за деца и дека имало девојчиња што имале сестри на кои им течело крв и ми кажа дека знае како се раѓаат деца и слично. Делот за правење не му е уште сконтан.
Да направам и јас еден апдејт за ситуација девојки, умирачки, раѓање. За раѓање одамна ме распрашуваше, ама роден е со царски рез, па му објаснив без да лажам. Уште нема прашано за природен пат како оди. Го занимаше и како се создаваат деца, и најдобро објаснување ми беше дека кога маж и жена се сакаат многу настанува дете. Имаше прашања дали јас и татко му се сакаме и кога кажавме да, не праша дали ке имаме уште деца. И за умирачки одамна ме распрашува и јасен му е концептот. Објаснив дека старите луѓе умираат и дека е слично како сон од кој не се будат. И гробишта кога ке види знае што има. Од диносаурусите целата приказна почна, па сконта дека и неговите прабаби се многу постари од бабите и дедовците. Е на тема девојки е забавно. Уште летово едно девојче од шах го сака него. Му беше симпатија ама така-така. Сега на школо има две симпатии, обострано е. Плус другарки се. Со еднава на излегување се држат за рака, тоа им било дечко и девојка. Прво кажа на татко му, од мене му беше срам малку. Потоа асистентката го праша: и кажа на мајка ти колку девојки се вљубени во тебе?
здраво, моето детенце (5 год) веќе три недели после секое јадење се жали дека го боли мешето, испитавме уринокултура и измет нема бактерии се е чисто, а тој упорно после секој оброк се жали дека го боли мешето незнам дали навистина го боли, дали така вика само, некој со вакво нешто дали се има соочено? што друго да направам што да испитам? навистина веќе сум загрижена некој совет од вас?
Имате ли искуства со овие лижавчиња против гадење при кривини и подолго возење со автомобил? Препорачајте ми што им помага на вашите дечиња.
Да не те разочарувам, ама апсолутно ништо од овие природни работи. Се сум пробала, почна да повраќа на 7 месеца, сега ќе прави 7 години, уште и се гади. Само апче, драмина пола и давам сега. Лижавчиња, капки, чаеви, сирупи, апсолутно ништо немало ефект. 95% од времето темпираме да возиме додека спие. Низ Скопје од Кисела Вода до Ново Лисиче со повраќање сме оделе. Сега е поголема, кесичка и оставам и ако ептен не може да издржи си повраќа таму, и така си тераме.
Не од лично искуство ама од блиски во фамилија. Исто како кај Спајди, не им помогнало ништо. Тек сега детето е 5+ години, даваат Драмина, па така успеваат и подолго да се вози. Со секаков тип на транспорт имаа проблем, не само со автомобил.
Јас Травелине, Драмината многу ми го успиваше и после беше ко мавнат со мокра чорапа. На малото давав четврт, на големиот пола.
И јас очекував да се успива, ама не. Последно од Крушево до Скопје на пладне патувавме, не заспа воопшто. Јас лично имам пиено, ме успива, ама ете нејзе не.
Здраво. Син ми 5 ипол години од време на време му се случува да се измочка во гаќи. Не секој ден може да му се деси во 3 месеци еднаш и вика дека не осетил дека му се мочка и се мочка во гаќи. Дали имала некоја искуство со ваков проблем и неззз што да правам