Дали во тие ретки моменти е заигран, или гледа Тв пример, прави некоја активност која не сака да ја прекине? Може сеќава притисок ама не сака да стане додека не заврши со нешто шро во моментот прави.
Да кога игра со деца или многу се смее. Незз што да правам ќе почне во школо ќе му се смеат децата ќе се засрами ќе имам проблем
Здраво, пред 3 дена малиот имаше темп макс до 37.7. Не му давав ништо пошо сама се спушташе после краток период. Е сеа , се жали на болка во мускулите (бутките од внатрешна и задна страна на нозете) Мене ме фаќа паника. После блокмакс му се смирува . Дали имала некоја искуство со такв болка... Дури и од спиење се разбуди ноќеска.. Се работи за 5ипол год дете
Од вирусот е. И мојата така пред 2 години, избезумена на итна ја носев ноќта оти се жалеше дека ја боли ногата , одма крвна слика и направија излезе се добро. Бруфен и давав за болка. Помина за недела, две отприлика
Генерацијо ( 5 и пол-6г ) како е генерално понашањето на вашите деца? туку, од нејзини 4г кога правеше Оп на крајници и ајде да кажам насилно ја разделија од мене иако беше само една вечер во прашање, со татко и беше на болница, она почна да станува и да види само дали сум тука. После пола година напраивме детска и со преголема желба почна да спие сама и да сака сама да заспие, воопшто немаше притисок. Некаде 2 месеци ја држеше тоа, после видела некое видео од кај Настја кај што имало као крадец и почна да не сака да си легне сама туку да заспие со нас, иначе станувањето си продолжи само што чим ме видеше ќе си легнеше пак во соба и ќе си заспиеше. Го надмина ставот, но си останавме на тоа да ја заспиваме ние што скроз ми беше во ред и за тоа не коментирам туку со нејзинови станување некогаш и по 2 пати на вечер не уби скроз. Бараше сестра и да спие во детска со неа и кога наполна малаата 2,5г ја префрливме в детска, наместо да се осеќа посигурно она почнува да станува и да седи будна 15-30мин, да не може ни со нас да заспие. Почнаа приказните пак за крадец, па објаснување дека живееме во маала/зграда кај што е покриена со камери, со аларми, кај што никој ни играчки ни точаци не кради, а вистина пред зграда во паркот се оставаат играчки, не затворени врати од кај точаците и никогаш не се десило ништо да снема, дека тата бил полицаец и знае да не чува од сите. Ајде и тоа помина. Последниве 2 недели страшно е нејзиното спиење, почна да ни иде во спална и да легнува до нас, да цивка во сон, да се буди често. Во градинка и е преубаво и сака да седи дури последна да си оди, освен ми останува опција да се уплашила од Крампус ( тоа се луѓе маскирани во страшни ѓаоли и шетаат овој период тука низ Австрија, низ продавници, учици и се дел од традицијата за празникот св Никола). Се трудевме да дознаваме инфо каде ќе се движат за да не ги сретнеме и успеавме ама изгледа кога се спремале за св Никола во градинка учеле и за Крампуси и видела слики и искоментира само дома уууу мама многу се страшни и толку. Дали е преплашена од само гледање слики не знам ама буквално не сме спиени сите 2 недели заради неа. Еве кај мајка ми сме на гости, со неа спиеше сношти и ми кажува дека станала 3 пату да бара да ја чува... кажете како да и помогнам? Не кажува од што точно се плаши, а и да е тоа, ептен е уплашена,не е како со кратците и стварно не знам како да направиме да се осеќа безбедно пак. Јануар прави 6г, имам слушнато дека овој период почнуваат да имаат повеќе страв од се, точно ли е? Вака она среќно заспива, и ако нешто сме се скарале или она со сестра и, гледаме пред спиење да се смириме и да не си легнеме лути или нервозни. тоа на сликата е Крампус и возрасен човек ќе се вознемири да ги види во живо ама од на слика толку да е потресена?
Мојот е на иста возраст со твоето и последниве месеци ни е предизвик на повеќе полиња меѓу кои и стравот. Страв му е сам да оди во тоалет а јас да сум во дневна и бара цело време да се моткам во ходник. Или не излага сам од станот ако не сум јас со него. А како е твојата со послушносѕ и тестирање на граници, дома и на активности е дете за пример ама во градинка сака и глупост да направи, пробува да не ги слуша воспитачките и откако имавме ицидент со друг родител знае да е фрустриран ...
И мојата беше така. На ортопед ја носев, кажа некое воспаление било. Само блокмакс давав, за 2 дена и помина.
стравот после 4та година изгледа е нешто нормално за тој период. Ама за твојот случај би ти рекла да внимаваш што гледа на телефони. Тоа ми изгледа како нешто што го видела или чула некаде
Да да, овие чудовишта беа актуелни тука во Австрија овој период, не се видеа туку во живо ги има, ние избегававме да излегуваме по трговски или во центар кога имаа парада ама во градинка кога учеле за таа традиција видела слики од другарчиња кај што се сликани со нив ( пораснати се со нив и не знам што сорта се да немаат страв) и од тој ден само ги баеше. За стравот за нив и ја разбирам ама мене повеќе ме буни тоа што она не можи да сврзи цела вечер веќе 2 години. Колку и да се бар по мое 3-4 пати некој "трауми" за неа од типот операција, ете видео некое сепак 2г е долг период да не можи да се поврати на старо. Не знам, бар по мое мислам дека веќе од кај 2-3г треба да преспива ноќ без будеље со исклучок на некои ситуации ама пак да се вратиш во нормала. Оваа со чудовиштава е последно и капак можеби ама ...
Ne utepaa so polugodisni testovi. 4 vo edna nedela plus isprasuvanja. Pa majko mu 4to se po nase 3to. Za vo Nasa da ne gi sprema Inace sto bi zemala za sikret santa vo oddelenie za masko 10 god?
Како се справувате со деца кој држат храна во уста? За месец дена ќе полниме 5 год. Јаде се ама со саати. Ќе стави во уста и го прежива, мислам дека може и еден час да "џвака" едно залче. Ќе ме мрдне со нејзиново јадење. Додека да го изеде доручекот стигнало време за ручек.
Ќути, изгинавме. Нашиве па и каснат, имаа патронат и ради тоа каснат. А децава имаат и други обврски во животот ако не па, воншколски, приватни и така натаму. Вчера од нижо си дојдовме во 8, имаше јавен час таму, јадеше и одма седна да пишува домашна, до 10 беше над книга. Нас ни се падна девојче на сикрет санта, ќе и купам маичка од Синсеј.
Јас за Сикрет Санта за девојче годинава купив шоља, стегачи и боички. Лани купувавме книга, а доби саат (од оние од Тримакс). Нас ни е буџетот до 300 денари за да нема претерување со поклони.
Мајки на 5-6 годишни, што давате од суплементи на децата? До мај месец давав Молерс тути фрути, зимата лани и мед со млеч, повремено и вит Ц. Од мај наваму ништо немам давано и сега се мислам барем молерсот да го почниме пак, или некои други мултивитамини да земам
Ништо, моментално ништо не давав и сабајле ај викам да ги бутнам нешто, да се додржат до понеделник роденден му е на малото, им дадов Бимунал, витамински бомбони на Провен и омега, на малото плус пробиотик, немав за баткото иначе и на него ќе му дадев. Нека додржат до понеделник, после дома друго ќе биде. Мислам дека периодов треба витЦ да форсираме со загаденово.
Молерс рипчиња и вит ц, ацерола (зошто му тече крв од носот главно). А некогаш и забораваме. Исто и бактоблис пробиотик му давам за грлото, да не го урочам добар е, уште некој ден и ќе се олабавиме ваљда на распуст.
Можеби се плаши од темно? Моето ќе полни 6 во феб. стравот е присутен веќе неколку месеци, буквално не сака да оди никаде каде што не бил предходно и не знае што го чека. Не сака на кино никако бидејќи е темно, не сакаше да оди на представа која се одржуваше во кино сала бидејќи ќе било темно, не сака маскоти, се буди и тој во сред ноќ и доаѓа кај нас, а презаспива претешко и многу често кога ќе се расони од преместувањето лежи буден и по 2 часа… ме загрижува и мене, ќе барам утре психолог, сакам да го водам на разговор да видам што е проблемот.
Мајки совет за подароци за 11 годишно девојче и 8 годишно момче дали имате? Ништо конкретно не сакаат, најмногу е седење на телефон... Што сакаат на оваа возраст?
Држач за телефон шала За машко, моево е 7год, се заигрува некогаш со коцки, топка за фудбал ако сака детето, кошарка... во главно такви се не играат со ништо