За женското можиш комплет долен веш со беби дол, има во Тритекс преубави, а за машко некои лего коцки или имитација на легото.
Што е финатата со лего коцки, може да ми објасни некоја мајка? Гледам многу од вас го ставија како опција. Син ми нема лего, ниту пак во наша околина имаат децава.
И моето дете не игра и никаков интерес нема, ама тие што сакаат такви коцки верувај се опседнати. Специјални сетови, разни теми, избор колку сакаш. И супер подарок е за дете, ама е hit or miss. Или многу ќе го сака или ич нема да го интересира. Треба да му ги знаеш интересите.
Се зголемува концентрацијата, се зголемува вниманието, да не збориме за фината моторика, имагинацијата, креативност... Мојот има колекции од над 100 сета, плус рефус коцки има, и сега и малото игра многу. Ги смирува редењето коцки, кога се највознемирени се смируваат и за мене се секогаш најдобар избор за подарок.
Ги имам гледано по продавници, имам претстава како функционира. Ме интересираше хајпот околу истите, така да - благодарам. Ранци прибор алишта е доста општ поим, па потоа ако знаеш што сака детето може дрес енциклопедии нешто за креативно цртање итн. Се стои, освен креативност и имагинација, која што ја нема кај сетови каде што градат по план.
Истото може да се постигне и со обични коцки. Значи хајпот е всушност лична преференца и добар маркетинг.
Ќерка ми порача прв пат годинава лего коцки, имитација де...и и донесоа за поклон и ај реков со неа да редам, леле ама се напнуваам....нерви искинав и ја остајв сама да реди.
Лего е права ствар. Освен имагинација, работиш и на дисциплина и трпение. Да следиш направен план, да доеш до цел. Мала е уште кај мене за оние големите сетови, ама почнуваме по малку со оние помалите.
Па не мора да е Лего оригинал... Ние имаме и од оние копии Леле Брадр, едни од Џамбо рефус, секакви имаме. Не мора ич да е Лего оригинал, битно е децата да се занимаваат со нив и да развиваат моторика и имагинација. Останало да се вика Лего бидејќи тие се популарни, исто како сите пелени што ги викаме Памперс, а реално памперс е брендот.
Има име за тоа - коцки за редење. Лего коцки се конкретна марка, поинаку изгледаат од останати коцки. Затоа не ги сметам за иста работа. Памперс да, разбирам што сакаш да кажеш.
Исто е со памперсот, само се инатиш. А Лего а Леле Брадр, ист е обликот и скроз се компатибилни, и Лего и Леле Брадр и тие рефус и сите ист е обликот и се компатибилни. И сите ги викаат Лего коцки а дали е брендот Лего или друг е исто. Како и за памперсот што направив компарација.
Лего не изгледаат поинаку од копиите на Лего. Перфектно компатибилни се Лего оригинал со: Слубан, Леле Бротерс Yuanqhi и слични копии. Не знам која ти е поентата да пишуваш дека Лего биле толку специјални и различни од се друго.
Има ли некое друго дете освен моето што на 5 години е лепенка за мене? Во тоалет не можам од неа да одам. Јас ако сум во другата соба, а татко и до неа, мене ме вика да и подадам нешто. Леже во соба, ме вика до неа лежам. Ми вика да дојдам со неа во другата соба, за да ми кажала дека ногу ме сака. Не дај Боже да не сум и на видик, одма вика по мене. Татко и за неа како да не постое. Цел ден ме малтретира
Разликата им е што на оригинал Легото коцки пишува lego на секое кругче кое се наоѓа на коцката Друга разлика не сум приметила. Моиве се 10г и 8г, од многу мала возраст најубава игра имаат со Лего коцките. Градат што сакаат на таа сивата платформа, цела игра со имагинација имаат, со драма и улоги Имам и оригинали, а имам и копии, се испомешани. Некои креации (брод, училишен автобус, таму некој мотор, кола), си стојат направени на страна, на полици.
Дали некој знае која е цената на приватното основно училиште IPS, не можам да ги добијам за информација?
Лего е права ствар. И моите ги обожаваат и е топ занимација. Чак и маж и ја си купуваме и градиме, топ е за фокус. Имам прашање. Девојката ми е 6 ипол години. На 5 ипол и падна првото забче, значи лани во Мај негде чинам беше, брзо потоа и второто. Двете долу се сменија и нови пораснаа. Првите денови од Декември и падна и горната единица после 3 месеца клатење. И втората почнуваше да се клати ама далеку од расклатена. Арно ама, оти е многу мирна, паднала во градинка и некако си ја имаше избиено и по некој ден и падна. Како и да е, новите заби растат од двете единици горе, ама некако многу бавно. Нормално е? И друга работа, читав дека за двојките е рано, ама еве 3 двојки и се расклатени и баш сум на мисла дали е во ред? Не знам што ќе прави без заби ако сите и паднат вака…
На синко мајкин на 5ипол му падна првото запче и многу бргу сите се сменија. Има скоро 10 и сите му се сменети. Инаку да, бавно растат. Нема некој ред кое кога ќе падне.