И на син ми многу споро му растат горните единици. Едната едвај до пола, а другата веќе неколку месеци му е падната уште не почнала да му расте.
Едната не е ни до пола порасната, другата само пркната. Ужасно бавно растат значи, напред горе е без два заба. Сега долу се расклатени двете двојки и една горе и се измачи многу и смета на јадење и последно време и одбива да јаде, и се нервирам и сум загрижена.
Кај поголемата па кецовите бргу и израснаа. А три двојки има сменето, ама едната многу споро расте, ептен само врвот се гледа само долго време, а другите се целосно излезени.
Каде се продаваат овие компатибилни со Лего ако се поефтини од Лего? Многу ги сакаат и моите, ама скапи ми се да им купувам почесто само Лего.
Има во Анаконда, во Локо кроко, во, Галакси, во сите продавници за играчки има со шема да прави нешто и во Џамбо имам земено како рефус, во кутија, преефтини беа, 4000 коцки за 800ден. Одамна додуша беше.
Во Џамбо, маалски продавници за играчки, Анаконда, во Тримакс едно време имаше. Секаде освен во Крш, Литература и такви слични. Скоро сите кинески што изгледаат како Лего се компатибилни со Лего.
Големиот (во април 10г) во последно време приметувам дека често му се вцрвуваат образите, особено ако е нешто сконцентриран, тоа од топло и од ладно обавезно, ама вака и во мирување и без да има некои активност (игра на компјутер пример) му се вцрвуваат. Исто му се појавува и онаа груба кожа, како кокошкина.
Може да ми објасните која е разликата меѓу класична настава, продолжен престој и целодневна настава? Фала ви многу.
Класична настава одат во школо само неколку часа со една наставничка. Продолжен ваљда е исто што и дневен, тие што немаат кој да ги чува одат во дневен на чување( некои пишуваат домашно, некои не) ама се собрани на куп од повеќе одд. Целодневна се цел ден, со две наставнички сабајле пример учат, попладне пишуваат домашни.
Мојава сега наполна 6 овој месец, долу кецови сменати, двојки уште не пораснати веќе неколку месеци, горни кецови двата паднати пред 3 дена веќе избиваат заби.. шушти како змииче ама шо е со долниве двојки долуи јас не знам
Во кое време се часовите а во кое оброците за децата што се класична настава СО дневен престој во смени? Фала за информациите.
И кога завршуваат со домашните во целодневна за да може детето да се земе евентуално порано? Прават ли проблем ако сакаш да го земеш порано а нема напишано домашни во целодневна?
Секое училиште различно. Некаде класична одат во смени. Сабајле учат па потоа во дневен. Па се менуваат сабајле во дневен, потоа учат. Тоа мора во училиштето да прашате. Исто и храната е согласно одделенијата, кај нас одат прво една група, па втора па трета ..пример по 5 одделенија. Да речеме, 1-1,1-2,1-3, 1-4 и 2-1. Па 2-2, 2-3, 2-4, 3-1, 3-2.. чисто како пример ова.. Во целодневна, детето не може да се земе порано(кај нас завршуваат во 15:10). Значи пак ќе кажам, мора да видите како е регулирано во вашето училиште
Мораш да прашаш во школото. Сега скоро разбрав за школо што има дури и трета смена зошто има многу деца. Секое училиште е приказна за себе.
Како да вежбам со дете 8 години брзина? Значи учењето не е проблем оцените се сосема ок, ама брзината беше посочена како голем проблем на родителски. Денес доаѓа со диктат и 8 грешки. Грешките не се правопис туку работи што ги испуштил зошто брзал. Самиот кажа не стигнував. Значи понатаму навистина може да е проблем и да влијае на оцените. Како да работам со него на брзината?
Со многу вежбање. Почни со пишување кратки реченици, препишување едноставно, после да читаш, секој ден крати по неколку секунди.
Дали периодот околу 5-6 години со децата ви беше понапнат? Имам близнаци 5годишни и не запираат со зборување, тепање и желби. Некој совет? Шо да сменам или да воведам???