Немам 5 годишни моиве близнаци се 3.5 и добив тахикардија кога те прочитав, мислев на 5 ќе престане тепањето
Дали на 5години одат да си легнат сами или вие ги заспивате? Јас му читам книга или библија ама незнам можда треба да ги оставам сами за да се осамостојуват полека или рано е.. Стварно незнам веќе
И мојот е 5, ништо не ме слуша, како да се смени скроз, како назад да се врати со тантруми и плачки. За зборење, нема престан, од станување до легнување. Сам ништо не сака да игра, ме бара за се да си играме, со брат му се тепа, сака да е се по негово, нема шанси да попушти. Ужас е периодов, ужас!
На околу 4ипол почнав да ја праќам сама да легнува, дека бев трудна. На 5 год кога веќе се роди малото, навикната беше сама да заспива. Само сакаше отворена врата дури заспие, да не слуша дека сме тука, и станува по неколку пати првите 10-15 мин, да моча, да пие вода, да каже пак лека ноќ, да каже нешто од денот што баш тогаш и текнало, тичични детски работи. Малото сега ќе прави 2 години, од бебе го учам сам да легнува во креветче, сеуште седам до креветчето додека не заспие, ама без интеракции, штом се гаси светло може само да се спие. Така беше и со големата до 4ипол додека не почнав сама да ја праќам да легнува.
Ќерка ми е заразена со Kpop demon hunters од другарка ѝ од градинка. Добро дали јас сум луда што сметам дека филмот не е за 5 годишни деца? Оди често кај другаркава дома, комшии ни се и таму гледале (не знам дали филмот или клипови на youtube) и ми бара и дома, ама мене тотално не ми е за таа возраст
И кај нас од градинка 5 годишните се заразени со ова, ги гледам на родендени цели теми со тоа прават Не сум погледнала за шо станува збор ама нешо популарно е изгледа
Филмот е предобар. Сто пати сме го гледале. Ама, да е за 5 годишни не е, бидејќи не можат да ги разберат пораките кои ги носи филмот, едноставно нема поента да се гледа. Имам цела тема отворена за филмов инаку, нема ништо лошо во него што е за децата, поголемите, за помалите веќе реков дека не е. Не е за демони ко религиски демони или ѓаволи.
Здраво, дали имате искуство со едукативни центри за време на летниот распуст во Аеродром, за дете од 6ипол години од 8 - 16/17 часот и да биде покриен со оброци. Од каде сте задоволни и како се со цени. Фала
Филмот воопшто не е за деца од 5 години. Јас го гледам заедно со моето дете кое има 10 години и не ми е ни за 10 годишни деца (повеќе е ко за тинејџери).
Kakov leb mu da ate na 5 godisno dete I Dali go jadat..? Moive ne jadat mnogu leb, neznam Kakov da zemam.. Leb tost se jade ziv ili mora da se peci
Обичен леб, од продавница. Вие не јадете леб? И ако не јадат па и не мора. Леб тост е веќе печен леб, зошто пак да го печете? Земете обичен леб за мачкање.
Мајки кажете ми дали правам нешто погрешно... нормално ли е петгодишно дете (скоро шест) да не сака само да заспива. Буквално мора некој од нас двајца да легне со неа за таа да заспие. Досега се нема случено во нејзините пет и пол години сама да заспие. Веќе се чувствувам не знам и јас колку неубаво. Ние двајца буквално немаме време за нас двајца, за два реда муабет навечер да си направиме. Нормално изморени од денот, кога ќе легне некој од нас во 20:00 да ја успие заспива... и после дур се свести дошло 23ч а некогаш и покасно... Секако е пробано да се промени тоа но нема напредок...
Не знам дали е проблем. Мојава во април 9 години ќе полни и јас легнувам сеуште со неа. Изгледа како вината мт да ти ја набива, можеби не, не знам. Јас имам две деца, малиов на лето ќе е 5 и заспива сам нема проблем, големава нема шанси да заспие сама. И така си беа од раѓање буквално, скроз различни деца. Неколку пати имам пробано да заспијат сами и малиов заспива буквално одма, а она будна до касно и после цела ноќ проверува дали сеуште сум тука. Јас ќе продолжам да заспивам со неа. Фактички проблем е што и ние заспиваме со нив или не фаќа дремка, не е проблем што на едно дете му треба некој до него за да заспие.
Нормално е, децата се разликуваат едни легнуваат без проблем сами,други ги бараат родителите, ништо страшно само трпение.
големиот на 11 год ми викаше само бато го заспиваш мене веќе не. @mKdevojce јас не гледам проблем тука. Додека се мали нека спијат до вас после ќе ги барате овие времиња кога ќе пораснат. Моето има 6ипол па заедно со мене спие. Стварно не гледам проблем
Син ми има 6 и пол и заспива и спие со нас, на средина. Најчесто бара со мене, но и со татко му заспива. Сам не заспива никогаш. Се нема случено. Јас и не сакам да порасне толку брзо. Еднаш штом ке заспие сам, веќе никогаш нема да ме побара. Исто како што веќе преферира игра со врсници, еден ден ке посака да спие сам. И ке сака да оди со другари на одмор, а не со нас. И така се со ред како растат. Се додека сум му потребна, нема да го бркам од мене. Во врска со маж ти, обидете се за викенд да најдете време за вас. Денес се е брзо, и сите се уморни, треба да имате разбирање.