Дали им се има случено на вашите деца од 5 години цела недела да ги боли главата? Прво мислев се удрил некаде, не застанува по цел ден, ама сега почнува да ме загрижува.. Вика дека целата глава го боли, а и многу е раздраздлив деновиве и некако полн со емоции кои сеуште не може да ги исконтролира, што е нормално..
големиот штом го заболеше глава знаев дека ќе се разболува. Глава може да боли од премголема активност а малку сон. Од касно легнување навечер. Ама што знам,некако на 5 години глава да боли... јас до 25 години немав никогаш никакви главоболки. Можеш да дадеш парацетамол ама консултирај се со педијатар
Мајки ќерка ми 9 години. Последните 4 месеци станува во сон ,зборува неповрзани работи, шета по собите. Потоа многу и студи и се гади. Читам со нет дека се ноќни терори.Јас мислам дека е некој уплав.Дали знаеше нешто народно бабинско како да и помогнам
Проверете очи, викаат глава од тоа може да боли. Мене во детството ми се расипа видот и немав главоболки, ама често деца имаат. @mKdevojce син ми 6 не сака да заспива ако нема никој во собата со него. Не ми е проблем, детенце е мало уште. Додека се осеќа сигурно само со нас, тука ќе бидеме.
Имав порано пишувано дека ќерка ми од 8г има мали темни влакна на интима, тогаш матичната кажа дека не е опасно и дека е проблем доколку почне да се поте и да мириса потта, ваљда тироидни хормони се во прашање. Е вчера таа самата си кажа дека се испотила и мириса. Секако ќе ја прашам матичната од понеделник, ама и тука да прашам дали има ист случај.
Ран пубертет... дури и не сум сигурна дали е ран, ако земеме во предвид дека на 10 години некои девојчиња добиваат циклус. Не мислам дека е нешто страшно, не постои точно определен период кога девојчињата влегуваат во пубертет. Некои порано, некои подоцна, ама од 8 до 12 годино се случуваат тие пубертетски промени. Срамни влакна, потење, мирис на пот, мрсење на косата, акни... тоа е. Ќерка ми поголемата е 12 години. Пубертестки знаци околу 10 годишна возраст покажа, циклус сеуште нема добиено. За почеток коростеше ролон Еуцерин алуминиум 0 % , добар се покажа, не мирисиаше откако почна да го користи.
Јас конечно ги преместив двајцата во детска, досега со мене спиеја, цели 5 дена спијат таму големиот е 7 год, малото 2 и пол. Многу тешко првата вечер, плачеше многу големиот, се лутеше, многу емотивно го помина. Ама штом заспива тој не се буди ич цела ноќ мирно спие, малото не спие мирно, нон стоп се врти, па се случува да одиме да го презаспиеме ама ретко. Иначе лежам со нив дур не заспијат, големиот мисли дека таму спијам ама си велам да му кажам дека ги оставам дека сами спијат.
Мајки на 6 годишни деца каков е тој период.Мојот не слуша воопшто, се инаети, се лути брзо , општо постапките негови катастрофа.Според маж ми се било нормално, според мене може да еакалира некаде каде што не треба. Се уморив од стратегии.
Исто… карање нон стоп, и јас стварно не знам на кој начин да му објаснам било што. Тежок инат е станат. За него се е на сила, секаде сме го терале на сила да оди и да прави нешто а тоа вклучува миење заби, одење во парк, спиење. Катастрофа понашање, се надевам дека е револт и љубомора заради бебето и ќе помине, оти ако е карактер gentle parenting тешко дека ќе помогне
Ист е од 6 години, во Мај ќе полни 7. Во Мкд цела година живеевме сами, татко му во Германија јас со две деца главата незнаев кај ми е па грижа на совест имав дека од шо не му посветувам внимание е таков , од како сме заедно пак си продолжи со исто ама не бил само мојот таков ете.. Се инаети за се, ми превраќа зборови, се расправа, јас знам дека неможи секоја наредба да ја почитува и само по "наше" да е, ама него никој ништо неможе да му каже, своеглав,тврдоглав па нема до каде.. Да се тешиме дека е минлива фаза само
Незнам наместо кај нас на подобро, наполошо е се чувствувам дека потфрлив некаде. И јас мислев да не е револт од бебето, ама се пробувам и време за него само и пак лошо. И цело време во глава ми виси дека ќе се случи нешто.
8ипол месеци е бебето. На почеток беше добар дека уште мало и не го приметуваше многу ама сега како е поголемко и погласно мислам повеќе се приметува дека е љубоморен. Со бебе е супер го гушка и сака и никогаш не се обидел да направи нешто ама затоа на нас на глава ни се качува
Ох ох да видите кога ќе почнат да одат бебињата и да му земаат играчки тогаш забавата почнува Мојот декември направи 7г малото е 2 и пол год, не покажа љубомора таква да го мава пр како помал, ама имаше поинакво понашање, знаеше од нигде никаде да се изнаплачи (5 год ко беше) после па од ко почна малото да оди кога почна да му зема играчки, почнаа да се препираат, ама после 2 год и знаат и за се удрат, секогаш малото прво почнува, а големиот ќе му врати, па малото почнува да мава уште поќе 2 машки лудница е нон стоп, само се трча, се вика...
Ист е и мојот на 5, се инаети, се сака по негово да е, мисли дека се може да направи што ќе посака, и доаѓа до крајна ситуација да го карам, зошто не се трпи однесувањето негово периодов.
Јас дојдов истово да го прашам, моево па 5 ќе полни за месец дена, ама неподнослив е на моменти. Се инати, се по негово да е, те гледа во очи и ни прави контра од тоа што сме кажале, напади на лутина, на бес, викање, дури и почна да замавнува кога е исклучен од лутина, а до таа состојба може да дојде буквално од ситница, на пример ако лего коцката не може да му се намести како тој што сака И јас веќе не знам на каде терам, како некој тинејџер се понаша. И ние сме со бебе, 6 месеци ќе прави за неколку дена. На бебето ли се должи однесувањево? Стварно даваме се од себе за големиот, време на само заедно, толеранти сме скроз, се со зборување, со убаво, ама веќе не знам ни тоа дали е правилно, не ми изгледа дека вродува со плод.