Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Vo DM imate sprejcinja bez aluminium na Alverde. Jas gi koristev vo bremenost i doenje, pobezbedni se od dezodoransite.
    20210406_094732.jpg
     
    На Love 83 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  2. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Еј супер предлог, и јас кога мислев што за син ми (има 9 и пол год) не ми текнуваше што да му земам за потта. За овие целосно заборавив а и јас ги имам користено.

    И тој го осеќам некогаш мириса, ама гледам промени кај него, некогаш му излезе бубулица на лицето, по некое влакненце и припишувам миризбата на хормонските промени.
    Ми порасна бебето.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    @Lolipop23 фала ти за предлогот.
    Го земав па да почнеме да го користиме .Е сега сакам да те прашам колку пати на ден можеме да прскаме и по колку шприцнувања на едно прскање ?
    Или тоа нема врска ,колку сакаш ?
    :)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па ќе видиш со колку најмалку ќе постигнеш ефект. Пробај прво по еднаш на ден, по 1-2 прснувања, ако е потребно повеќе ќе зголемиш. :)
     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Фала ти уште еднаш :)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем, не знам малку ми е необичен читам имало и друго деца ама јас сум загрижена и не знам кај да побарам помош. Детето е 8ипоч години хиперактивно одкако е прободено. Проблемот е што понекогаш се случува во сонот да Зборува да бара нешто да станува.... Еднаш (некаде околу 5 год) си стана и си појде си се помоча во пепељара. Летово тоа однесување е често, стана си појде до вратата од терасата и сакаше нешто да дофати притоа зборуваше но неразбирливо. Кога му подвикнав малку погласно се освести и се врати вкревет. Исто една вечер побара да му дадеме светилка да излегол мачките да ги проверел. Мене искрено ме загрижува оваа појава детето е големо и поради ова спие со мене страв ми е да легне сам всоба да не направи нешто. Може ли да ме насочи некој кој се соочувал со нешто слично или знае и бил сведок на нешто такво. Да одам ли на невролог или не е за таму?
     
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Не знам дали ќе ти е од помош, ама сестра ми правеше вака, мислам дека и баш на таа возраст некаде. Еднаш знам дека ја осетил татко ми во сред ноќ, како се обидува да отклучи влезна врата, еднаш додека бевме кај баба ми во село, стрина ми ја нашла како оди во другата куќа (во ист двор), тоа беа така најсериозни и опасни ситуации што се сеќавам, ама имаше и некои помали и оомина некако само од себе, знам дека постојано беа на штрек моите, дека клучот од влезна врата беше сокриен, некои такви мерки беа превземени, на лекар не ја носеа. Ова ти кажувам пред 20 год, зошто не ја однеле на лекар, дали не сфатиле нешто пресериозно, стварно не знам. Траеше ова можеби година дена, ако ме држи добро сеќавањето и од тогаш никогаш не се повтори.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    знам дека обични децата тоа што го преживуваат во текот на денот го "обработуваат" во мозокот навечер. Ама мислев дека тоа важи за малите бебиња и тодлерчињата. Ама еве и кај големите се покажа дека е исто
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.222
    Пол:
    Женски
    Месечарење... Сестра ми до голема месечареше. Се случуваше да стане и да излезе на тераса и да зборува со некој (а никој немаше на улица). Да станува да оди до некоја соба и само да стои да гледа во точка. Да си зборува нешто неразбирливо... Само не треба да го будиш во моментот. Мирно ја фаќавме за рака и ја враќавме во кревет. Последната случка во Дојран и беше, во 4 ноќеска си се шетала низ камп (мајка ми среќа станала за до вц и ја нашла и кога ја прашала кај одиш? Рекла дека ќе оди пари да бара од еден другар, и должел 20 ден.. (не и должеше иначе) :D Еднаш јас повеќе ја повлеков и ме фати за рамена и ми се исписка во фаца... и си отиде си легна, сабајле ништо не се сеќаваше.

    Пробај давај б6, со тоа што ќе му речеш дека тоа апче е за помирно да спие, ќе му кажеш дека е за тоа за да делува и на психата подобро. Таа техника палела кај мене за мочање во кревет до голема. Со препорака од психолог, апче б6 и мајка ми ми рекла дека тоа апче е за да не мочкам во сон и дека тајна е само ние две знаеме. Одма сум престанала да мочкам во креветот. Види може ќе пали и за вакво нешто...
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да пишам, па ако не е прашањево за овде преместете админи.
    Ќерка ми (6 години и 11 жесеци) ќе оди во второ одделение. Ни рекоа летово да пробаме да спојуваме слогови или да почнеме да читаме зашто малку побавно учи. Секој ден со неа работиме по саат и пол или два. Детето е многу нервозно, нема концентрација никаква, не се труди, само вели не знам. Не знам како да постапам, дали и од кого да барам стручна помош. Помогнете ми ако имате искуство, ве молам. Детево ми се наполни стресови и нервози, а инаку се со полека и смирено објаснуваме и покажуваме.
     
  11. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Од искуство со син ми (10г) кој релативно брзо почна течно да чита, сепак според последната програма во второ одд почнуваат со интензивно читање и пишување. Незнам зошто ја форсираат уште сега. Можете со мали обврски денес да да прочита неколку реченици па да прераскажува по нешто некако низ игра да го правите тоа. Д не се чувствува како да е во училиште. Нека биде тоа на некој креативен начин, играјте учителка и ученик, или некоја друга игра што ј сака. Штом сега ке биде второ одделение ке видите како ке и оди оваа година, ако не бива,можете да ангажирате некое стручно лице да и помага, ама сепак имате време. Кога ке тргне во училиште атмосферата за учење е друга,па можеби полесно ке у оди и ке се ослободи од тие чувства на фрустрација.
     
    На CurlyBlossomGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Ќе пробам да ја опуштам зашто детето буквално почнува да се ежи од зборот учење... но имаше и многу грубо пднесување од страна на учителката кон неа минатата учебна година. Ја навредувала и и се дерела да бидела побрза, ќе била со сите едници и ред други рабпти. Размислував да смениме одделение и не знам како правилно да постапам. Детево пд што е мирно ништо ме сакаше да каже дома, мене ова ми го кажаа други мајки на нејзини другарчиња, а по убедување таа призна дома и ја прашав и учителката која без срам потврди.
     
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.994
    Пол:
    Женски
    Не ја форсирајте, им време за се,а з наставничката немам коментар,ни п од педагог. Можеби треба прво да се охрабри па самата ке пројави интерес за учење.
     
    Последна измена: 8 август 2021
    На karak и CurlyBlossomGirl им се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Малку смешно прашањево може ќе делува ама што ви носат децата во школо?
    Имам прваче во фамилија сакам да му купам облека. Другарка ми ми вика во тренерки одат како во градинка, тоа ли им облакате? За машко прашувам...
     
  15. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Кој што си има, сосем небитно. Кај нас, тренерки најчесто, некои фармерчиња покомотни...
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  16. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е ова за загриженост, но детето мое има проблем во емотивната зрелост. Има 7 години, но се однесува како за 5 или 6 години. Некој искуство, оти веќе ме загрижува
     
  17. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Дали може да наведеш некои примери на однесувањето? Како дојдовте до заклучок дека детето е емотивно незрело?
     
  18. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.167
    Пол:
    Женски
    Премнг сака да се гушка, како што оди возраста тоа нели треба да се намали. Сеуште е во фаза да игра со крзнени играчки. Има и потешкптија во говорот, со гамалон едвај се прозборва на 4 и повеќе години, но сеуште му се неповрзани речениците. Логопед вели дека е ок, и освен гамалон не ми препорачаа порано ништо друго. Ако знаете некој онлине да му помогне или да ме посоветува слободно може да ми писи поралабодно
     
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    моето цели 8 години во тренерчиња ги помина фармерки или пантолони ептен ретко и не ги поднесува. Што покомотно тоа подобро.
     
  20. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Ова со кадифените играчки не ми е баш показател на незрелост, искрено. Но, ве читам дека сте пиеле и лекарства, значи сте имале проблем и од порано. Не сум експерт, но штом логопед ве советува дека се е во ред, единствено што би можеле да направите е да побарате второ мислење. За онлајн не би знаела да препорачам.