Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Discussion in 'Дете' started by marchi-cool, Dec 15, 2018.

  1. Grogu

    Grogu Истакнат член

    Joined:
    Dec 3, 2020
    Messages:
    28
    Likes Received:
    99
    Да се придружам на коментарите, иста ситуација имам последниве месеци. Поголемата 5,5 год, цело време се расправа со нас, се не е задоволна, се и е неправда во однос на помалата сестра а можам да кажам дека сме преправични и веќе почна да измислува проблеми (пример, ја преоблакам малата ради флека и бара и она да смени алишта и не можам да се објаснам)..при поставување граници почна да ја имитира сестра и од 2,5 год, ама целосно имитирање со исти звуци плачење понекогаш и легнување на земја оригинал тантрумите од 2 годишното...има ли некоја поискусна мајка да сподели начин за справување со ова, посветени сме и со внимание, оди во градинка за да си тера нејзина агенда со врсници, ама цело време споредува со малото и е незадоволна особено ако паузира со градинка некој ден...
     
  2. Amore.Mio

    Amore.Mio Популарен член

    Joined:
    Jan 18, 2021
    Messages:
    442
    Likes Received:
    1,219
    Бараме мајки со дечиња кои се разлика од околу 5 год, да каже кога завршува оваа голгота :D оти најверојатно е фаза кај сите околу 5-6-7год, па да не утеши дека има крај и кога 8)
     
    Marge, SanelaS and Grogu like this.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2016
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    8,381
    Во градинка има промени или само дома. Кај нас и таму знае постојано да исправа некои правдини или од чиста мира да нервира некого , а воспитачките нити нешто конретно го пренасочуваат нити ништо и ситуацијата уште полошо.
     
  4. Slevin Kelevra

    Slevin Kelevra Активен член

    Joined:
    Sep 18, 2024
    Messages:
    24
    Likes Received:
    35
    Gender:
    Male
    Здраво. Не најдов по соодветна тема па ај тука ќе побарам мислење. Се работи за 5ипол годишно момче на кое мајка му е почината кога наполни 4 години. Многу беше врзан за неа и беше шок што по кратко боледување, почина. За сега, фала му на Бога, сметам дека добро се справува и го прифаќа фактот дека нема повеќе да ја види мајка му. Буквално веќе му е кажано дека мајка му е умрена и да не чека некогаш да се врати(на почетокот почнавме со муабетот од типот кај дедо Боже е, те гледа од небото). Гледа слики од неа без проблем, ја спомнуваме, знае да ми каже некој спомен кога негде го има шетано и слично.

    Уште минатата недела, неговата воспитувачка во градинка ми вика ќе имаме активности за осми март, да не се осеќа лошо поради тоа. Пееле песничка за мајка и самиот кажал дека нема мајка(инаку дома му е кажано дека како и секое дете, и тој има мајка која го родила, но ете неговата е отсутна). Гледам на видео и тој ја пее песничката без проблем. Се нудам еден ден од неделава да не го носам и ако можат да дадат акцент на "мајка" активностите повеќе тој ден, бидејќи несакам и другите деца да се ограничени на некој начин. Наредниот ден ми кажува воспитувачката дека активности ќе имало секој ден. Тука веќе почнувам да се сомневам дека се пробува да се издејствува само негово отсуство и едно дете помалку за чување. Дури по цена да му се нанесе некаква штета на детето, само за да не доаѓа.

    Инаку, работам од дома, од градинка го знаат тоа, но повеќето вработени таму, од некоја причина мислат дека тие што работат од дома, рандом стискаат по тастатура и некој им дава пари за тоа рандом штракање. Последователно очекуваат поголемо отсуство на тие деца, за разлика од луѓе кои работат со физичко присуство.

    На тоа враќам дека во тој случај детето нема здравствена причина да отсуствува и дека тотално е апсурдно детето да биде затворено дома исклучиво поради тоа што се наближува 8ми март. Дека нема ништо добро да се постигне во таква изолација и дека напротив може да има прашања од негова страна зашто седи дома и/или децата да прашуваат зошто не доаѓа баш овој период а тоа да не навлагам во што може да прерасне. Нагласувам дека несмее некакво си стриктно држење до програма за едукација на 5 годишни деца, да биде причина за емоционална штета. Нагласувам дека секоја образовна институција има задача да ја прилагоди програмата на начин што нема да му предизвика вознемирување на ниедно дете, земена во предвид сечија семејната состојба. Нагласувам дека ќе поднесам пријава до повисоки инстанци ако детето е ограничено во присуство или ако намерно му се форсираат активности со цел да се испровоцира тага кај него.

    Иако детето се справува доста добро со смртта на мајка му не знам до каде се неговите граници. Наидувам на лутина. Дали некаде грешам?
     
    MilaSs12 likes this.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    6,442
    Likes Received:
    15,768
    Gender:
    Female
    8ми март е ден на жената, не мајката.
    Внука ми е во група со дете на кое му е почината мајката и учителката сама нагласила дека нема да се форсира "денот на мајката" туку баш затоа ќе се става акцент на сите жени за да детето не се осеќа запоставено бидејќи нема мајка. А се работи за дете помало од 3 год што не знам колку воопшто сфаќа што е празник.
    Значи разбирање треба да има апсолутно.

    Ама сепак ќе речам дека "намерно да провоцира тага" не е реален муабет. Може да има учителка што не се замара, ама дека намерно ќе му прават на детето непријатно нема смисла да се очекува. Детето нема потреба да отсуствува, а учителките апсолутно може да адаптираат се што ќе се работи и пак да се одбележи денот како и секој друг празник.
     
    tambelina, Aleks.mar, dromka and 3 others like this.
  6. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Joined:
    Oct 3, 2017
    Messages:
    2,832
    Likes Received:
    5,142
    Gender:
    Female
    Не верувам, само нервите ке ни се истенчат :D друго нема шо да се случи.
     
    SanelaS likes this.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Joined:
    Mar 30, 2017
    Messages:
    5,933
    Likes Received:
    40,371
    Gender:
    Female
    8-ми Март е ден на жената. Жално е што жени не знаат што е суштината на празникот.
    За жал проблемот е во градинката не во детето.
    Кажете им дека ќе го носите детето, ако може да го свртат празникот на она што навистина е. Ден на мајката не е во ниту една земја. Ни кај нас ни никаде.
     
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    1,255
    Likes Received:
    5,313
    Очигледно само дома. Денес бев баш на хоспитација во градинка, зборев после тоа со воспитувачката, викаат - до сега немало никаков испад или напад на бес. Ама па друго што ме загрижи денес, многу повлечен ми се виде во градинка, многу поразлично од однесувањето дома.

    Земав вчера некои картички со емоции и објаснување на детски начин на истите, ама кој знае дали ќе вроди со плод.
     
  9. dromka

    dromka Истакнат член

    Joined:
    Dec 19, 2014
    Messages:
    267
    Likes Received:
    311
    Gender:
    Female
    Негователките и воспитувачите не секогаш знаат или се едуцирани како да се справат со одредени ситуации. Никако не верувам дека со намера се прави нешто кон детето, немојте Ве молам да имате таква мисла. Жалам што така се случило да цела недела се активности само кон мајка, а не кон жените. Имајте во предвид дека и понатаму во животот ќе има ситуации/часови каде што темата ќе биде мајка или семејство и нема да можете секогаш да го "заштитите" Вашето дете. Можеби ќе ви биде корисно да поразговарате со психолог за тоа како да ги надминете ваквите ситуации.
     
    JoyJoy and Manako2 like this.
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Joined:
    Oct 7, 2016
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    8,381
    Кои се разликите по кои може да се утврди дали е вообичаен развој или симптоми на АДХД и слично. Има некој искуство
     
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    9,241
    Likes Received:
    19,195
    Gender:
    Female
    Се согласувам дека детето не може да е заштитено секогаш. Но, од личности кои работат со деца, се очекува повеќе сенс и осет.
    Кога знаат дека има таков случај, можат да ги преименуваат активностите од мајка во жена.
     
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2011
    Messages:
    2,047
    Likes Received:
    6,835
    Адхд може да се дијагностицира тек после 7 година зашто до тогаш скоро сите (посебно мимчињата) се хипер и имаат проблем со фокус до некоја мера . Сестра ми доби дијагноза адхд на возрасни години со серија тестови и евалуации од психијатри и психолози (не во мк) за дечиња би требало веројатно развоен педијатар да направи евалуација. Симптомите се различни зашто е спектрум и зависи од кој тип е, hyper, inattentive или комбиниран. Главни симптоми се неможност да седат мирни и потреба нон стоп да се движат, нон стоп зборуваат, не може да одржат фокус да комплетираат задача, може да постои агресија, вклучување во различни ризични активности, немаат трпение, не извршуваат наредби, брзо губат интерес и сл. Специфично е што ова однесување или предизвици се присутни секаде, и дома и школо, и во социјални интеракции. Кај возрасни се манифестира различно. Пример моиве све ова го имаат како симптом, ама се уште мали, и се надевам дека ќе го нараснат, иако адхд ми е на радар ради генетската компонента. (И мм има, он е школски пример само што нема официјална дијагноза)
     
    tambelina, јolene, Marge and 2 others like this.
  13. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Joined:
    Jun 29, 2012
    Messages:
    291
    Likes Received:
    335
    Здраво мајки, многу сум нервозна и разочарана па да се консултирам со вас. Завчера учителката на децава им дала песна за учење (за мајката, за празников) второ одд се. Мојот не кажа дома и не ја научи, па денеска тие што не ја научиле ги испратила дома,а тие што ја научиле ги задржала да одат на приредба. Дали според вас ова е ок. Мојов беше разочаран, вика цел ден ми се плачеше во школо. Дали е според вас во ред и педагошки ова да се делат децата. Неколку пати е замолена од наша страна (на родителите) да ни кажува децата што имаат за домашно, но таа инсистира дека треба да си памтат и да се учат на одговорност. Како е кај вашите деца, дали ви кажуваат што децата имаат за домашно, и дали мислите дека ваквата постапка е во ред?
     
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Joined:
    Feb 22, 2017
    Messages:
    9,650
    Likes Received:
    43,739
    Gender:
    Female
    Ако е за приредба требало да ви каже за да ја научат и не е во ред да ги праќа децата дома ако не научиле. Стварно е срамота таква поделба
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    7,517
    Likes Received:
    25,298
    Gender:
    Female
    Ако е за приредба би требало да кажат, иначе за домашна не ни кажува наставничката, 2ро одд е и моето, ако не знае ние со родителите се прашуваме што имаат домашна :D што не треба и тоа за да научат да памтат, нека појди 3 пати без домашна па нека се срами таму па да видам после дали ќе заборава, го толерирам уште годинава, 7 год декември направи па ајде како помал го гледам :D ама од година 3то веќе нека си памти :!:
    Иначе не ја оправдувам постапката на наставничката и да сум на ваше место би разговарала за ова со неа.
     
    Spidy likes this.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Joined:
    Feb 11, 2022
    Messages:
    4,826
    Likes Received:
    9,844
    Gender:
    Female
    Немам дете на училишна возраст. За споредба во училиштето кое е во близина на домот од блиска знам дека за едното дете трето одделение имаат група со родителите каде што им се праќа што имаат домашни и за учење. На другото дете од 6то одделение дел од наставниците им направиле група, да ги потсетуваат што е за работа и учење. Ова веќе ми е претерано бидејќи се работи за доволно големи деца што треба да си ги знаат обврските.

    Второ одделение се сеуште мали, можела да ви прати информација дека имаат за учење песна. Уште помалку пак начинот на враќање дома не ми е ич соодветен.
     
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2020
    Messages:
    9,241
    Likes Received:
    19,195
    Gender:
    Female
    Се согласувам дека децата треба сами да паметат што имаат домашно. Тоа е дел од одговорностите. Син ми е прво и кажува што има. И да не каже, јас отворам папка и проверувам.
    Еднаш заборави и не добил печат. Не му било сеедно, па сега не заборава.

    Но, делбата за приредба не е ок. Посебно со таква казна. Да кажела претходно дека ако не ја научат, нема да одат на приредба, е ок.
    Деца се, се случува да забрават.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,629
    Likes Received:
    69,793
    Gender:
    Female
    За приредбата не е во ред. Требала да им нагласи што ќе се случи ако заборават. За домашно нашата им кажуваше секогаш да заокружат и запишат што имаат, па дома проверка на книгите ако не се сеќава што било конкретно домашното, ама тоа е нејзина обврска, јас домашно се случува да побарам од други родители ако била болна, инаку не. И од сега се стекнува навиката, се развива одговорноста, ако се почне од сега друг да му ја мисли, после понатаму за се ќе биде потешко.
     
  19. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Joined:
    Nov 19, 2009
    Messages:
    6,442
    Likes Received:
    15,768
    Gender:
    Female
    Јас мислам дека нема потреба на родители да кажува ништо наставничката откако ќе се научат букви и можат да си запишат во тетратка потсетник самите деца. Толеранција може да има само првите месеци од прво одделение, понатаму не.
    Ќерка ми е прво одд, донела ливче за согласност да потпишам за да ги носат на претстава во локален театар. Не ми го кажа, случајно во најдов во ранец. И го потпишав и и реков следен пат ако не го кажеш, сите ќе одат во театар ти ќе си седиш во училна. Одговорност се учи од старт. Ако требаше јас да учам песни и да пишувам домашно, јас ќе одев во прво одд место неа. Еднаш си заборави опрема за физичко и си седела на страна. После тоа не заборави ниеднаш. Последици мора да има ако сакаме да научат да бидат одговорни.
     
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Joined:
    Apr 1, 2020
    Messages:
    7,996
    Likes Received:
    20,294
    Не е во ред. Детето е сепак премало а треба да имаме сите големи очекувања од него. Они се педагози и треба да знаат подобро. Има шанси да глумат лудило за да ти седи дома на секакви ќе налеташ, поготово шро во градинкиве повеќе се гласачко тело вработени од тие што вистински сакаат да работат, се стручни и кадарни.
    Ова е празник на жената можеле да прават сире деца честитки за мајка, тетка, баба итн... јас би разговарала со директор на темава и ракодител. Не би оставила на нив таму
     
    MilaSs12 likes this.