1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.908
    Пол:
    Женски
    не е тоа ноќен терор. Ноќниот терор е баш терор и е страшно напорен и вознемирувачки. Се јавува после 3тата година (откако ќе завршат тантрумите) и трае некаде до 6та. Ова што го објаснуваш ти го има и син ми,13 год има и од 6год е така. Знае да збори во сон да стане да бара нешто... матичната тогашна ни рече не е страшно бедоксин давај навечер (доза соодветна на возраста,не оние што ние ги пиеме). Немаше некој голем ефект. Правевме и ЕЕГ. Сега сме на омега и бедоксин 3 месеци па пауза од месец. Пред спиење барем саат време да не е на телефон или на компјутер.
     
  2. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.908
    Пол:
    Женски
    истиот проблем го имаме. На почеток пипиваше во група а сега нас мајките пола од денот но врви да прашуваме секој ден по што имаат домашна. И кој како фати или според пишаното на школо пишува и домашна. Често знае да се случи да се напише домашна а таа домашна да не е она што го задала учителката. Не можеш да се разбереш, образовен интелелтуалец свесен дека работи со деца од 6 (или нешто помалку до 6) год и пак смета дека децата треба да памтат
     
    На tamarce.j и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    25.189
    Пол:
    Женски
    И да видите колку има разлика во годините, моето на 5 год и 9 месеци беше прваче, јануарските/фев деца веќе 6 год и 9 месеци, значи менува цела година е, еве го 2ро одд и веќе има разлика, кажува што има домашна и го гледам дека е посериозен, понезависен...еве сега тој 7 направи а овие јан/фев 8 направија, значи цела година развој разлика. Што пак е супер и лани и годинава е прво ниво по сите предмети и е во 4те деца како што кажа наставничката на родителска Кај мене се 5+ по сите предмети. Ама пак ќе речам дп кај 2ро ајде ќе прашувам другарка што имат домашна (нејзиното секош памти :D од година не.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    5.184
    Пол:
    Женски
    Дали давате омега кај деца од 8-9 год и кои?
     
  5. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Јас давам по една супена лажица Молерс
     
    На Lady*Bug и tambelina им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Дали имате предлог за велосипед со брзини?

    Модел и продавница.

    Благодарам
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    Ние пред две години му купивме Polar велосипед со 18 брзини на дете од 8 и пол години. Уште го вози и нема мрднато ништо освен што ја дупна гумата детето. Инаку пола маало и пола одделение се со истите точаци и сите се задоволни. Нашиот е со плус предни амортизери (има и опција без). Ние конкретно го купивме од Bike Center на кружниот тек кај Католичка се наоѓа продавницата.
    Нашиот е овој: POLAR ALASKA 20" ALU DISK 2025.
     
    На dromka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Благодарам. :)
    Тој модел го нема на залиха, но ке погледнам од таа марка.
     
  9. PLAVUSA17

    PLAVUSA17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo.Sakam da prasam za eden golem problem.Moeto dete e 5 godini i ne jade odredena hrana i ima nagoni za povrakanje od probuvanje na nova, ne ja ni probuva.
    Po dolgo citanje svativ deka mozebi e ARFID sostojba. Vo konsultacija so postrucni lica me sovetuvaa da go odnesam na detski psiholog,bidejki toa e ustvari strav od hrana,i na nekoj nacin kako senzoren problem.Dali mozebi nekoj se soocil so vakov problem
     
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    439
    Здраво мајки, малата ми е 5год.
    Мн е непослушна, своеглава, тврдоглава. 5год маста ни ја извади. Врвот го постигна некни во градинка, си ги соблекла тренерките и го покажувала задникот во вц. Јас сум запрепастена и во шок, 2 дена не можам при себе да си дојдам.
    Секогаш и зборувам дека не е убаво никој да и ги гледа гаќичките, дома кога се облекува секогаш и викам ајде побрзо не е убаво гола да седиш. Знае летно време дека не и облекувам фустани затоа што не знае убаво да седи, го крева, и знае дека не е убаво гаќите никој да и ги гледа.
    Имам некој немир, лутина, кон неа и кон нејзината непослушност. И казнувана била (да кажеме нема одење на роденден кај другарче-и не била однесена, седено дома без ТВ долго време), но ништо не вродило со плод.
    Ме загрижува и фактот што лаже, ни кажа дома дека само тренерките ги соблекла, денеска воспитувачката на сопругот му кажала дека и гаќите ги соблекла. Ја каравме, дали се исплаши да не ја истепаме па за тоа не излажа, иако да бидам искрена не знам како се воздржав да не ја исплескам.
    4год се прашувам кај грешиме во воспитувањето... имаме и бебе од скоро 1год, љубоморна е, не е разбрана, го закача...
    Се мислам сериозно да направам некоја сесија со психолог. Дали има некој искуство? Дали да одиме со сопругот, дали неа да ја носиме?
    Сфаќам дека е дете сеуште, но сметам дека треба веќе да знае што е добро што не е добро, да биде пристојна, да сфати кога некој ќе и каже нешто дека не треба да прави...
     
    На zvecarka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Преголеми очекувања од петгодишно дете. Не знам како ви пренеле учителките во градинка, но не гледам дека покажувањето задник во градинка е нешто загрижувачко. Има само пет години, а вие не и облекувате фустани дека и се гледале гаќите?! Па на толку мало дете никој не би требало да и ги загледува гаќите, нормално е за таа возраст да не знаат да седат и да дигаат фустанчиња се уште.
     
  12. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    3.750
    Пол:
    Женски
    Има едно девојче 2.5 м разлика е со моево ова лето прават по 6 г.
    Од бебиња се заедно ем роднина ем блиску живееме. Двете се инает ама јас мојава ја ставам под контрола, додека нејзиното не е баш.. Ќе ги условам со Х-моето и У-нивното за да може да биде полесно.
    У веќе 2 пати пред мене ја удрира Х бидејќи првиот пат беше шамар и беа со мене на чување само полека ја искарав дури и не повишив тон. Вториот пат ја клоцна и мајка и беше тука и оставив она да ја кара но не беше тоа не знам колку... не онака како што јас би постапила.
    Пред 2 дена во градинка У повторно ја клоца Х по уста... и потоа и ржела..
    Исто и на мајка и кога ја кара или и зборува нешто и рже ,во игротека на роденден ден пред тоа и ржеше.
    Х обично зајдува но во предходните два случаи не зајде повеќе изгледаше шокирано...
    Мене веќе ми се смачи тоа однесување и мислам дека ок е што изреагирав кај мајка и.
    ,,Х ми се пожали дека У ја удрила со клоца по заби ,да не ме сфатиш погрешно ама сметав дека треба да ти кажам."
    Значи ништо обвинувачко ,ништо претерано...
    Кога ја прашала У избегала... другиот ден и одговорила (бидејќи она таква била не зборела кога гледала дека пишува)
    Ама и претходните два пати, кога јас водов дека ја удри и кога ја каравме -избега. И на улица другиот ден сакав да ја прашам за во градинка -избега. Мајка и дури ,,не и викај џабе нема да дојде"))
    Дека не ја удрила туку така си ја кревала ногата,.
    Ако веќе ја удрила нели Х заоѓа ,плачела ли ,зајдела ли...?
    Па не велам дека Х лаже јас никогаш не сум си ги бранела децата ама може да не кажува точно...
    Ја прашала и зошто ржела ама и рекла дека не ржела на никој туку сакала да биде тигар |(
    Па ја прашувала негувателката, таа не видела така ми кажа и мене и еве сега некако и е сменето однесувањето спрема мене.

    Сега се прашувам дали грешам што реагирам ?
    Јас и кажав дека ако ја удира нема да си играат веќе после градинка вториот пат кога ја удри и всушност сакав да останам на тоа затоа и реагирам... пошо со домашните не лав и тигар и мајмун ако сака нека е ама да мисли дека ради тоа шо сме роднини смее да ја тепа не може.
    Ох не знам дали разбравте ама отворена сум за совет.
     
    Последна измена: 19 март 2026
  13. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    686
    Да се надоврзам - чувај мајка нерви за понатака. Веројатно е фаза- реакција на бебето. А и она е уште мала - не ги гледа работите како ние. Мојава е скоро 5 па уште не и верувам на раскажаното. И полека со карање и тепање- You have to pick your battels- бидеќи понатака уште повеќе може да лаже или да крие.
     
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    439
    Да знам дека некогаш претерувам со карање, за тепање штом после ова не ја истепавме, не знам..
    За тоа викам, на моменти знам дека грешам со моите постапки ама посилно е од мене. До толку не се разбира кога ќе и кажеш дека нешто не треба да прави. Можеби ств премногу очекувам од неа, за тоа мислев може е добро да разговарам со стручно лице.

    @zvecarka може и има влијание начинот на негувателката. Претходно ми се жалеше ,,вежбала", се потпирала на некои полици, а тоа ми го претстави како да се качувала по ѕид и како само од неа можело такво нешто да очекува.

    Малку ме сталоживте со емоциите. Ми влијаат и др мислења..
    Се фаќам себеси како имам негативни емоции кон неа, нероза, нетрпение...
    Некни ми рече, мене не ми викаш душа моја, само на бебето, јас гледам колку може повеќе да ја гушкам, да и кажувам дека ја сакам, ама она очигледно појавува некој револт
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.455
    Допаѓања:
    25.189
    Пол:
    Женски
    Според мене сето ова однесување е од љубомора кон бебето, пробајте повеќе време да поминувате со големата, по можност сами да сте, цело внимание да е кон неа, да биди центар, немате потреба од психолог вие треба ставот кон неа да го смените...моите се разлика 4 год и 8 месеци, слично како кај вас, па сега брзо големиот ми рече вие само бато го сакате (facepalm) а има 7 год...
     
    На Em4e711 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    439
    Она и пред да се породам си беше таква своеглава. И од градинка ми се жалеа од неа скоро секој ден, никогаш не удирала, не повредувала никој, не нанесувала материјална штета, ама сакала да трча, да скока, не знае мирно да седи на столче... Опуштена е мн со непознати, што ќе замисли тоа прави, ако реши да се качи на дрво ќе се качи. Мене толку не ми смета тоа, ми смета што другите деца по неа тоа го прават и како мене да ме осудуваат за тоа... ,,Еее А ја научи Б да се качува на двосед и да скока од него'
    Карактерот и е тој, ама некако се мислам како расте треба малку да е посмирена.

    Фала Ви на мислењата, ќе гледам да го сменам мајднестот кон неа и да олабавам малку.
     
    На Трагедијаупмм и lackygirl им се допаѓа ова.
  17. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    7.838
    Те разбирам целосно мојот е 6 години, а малото 9 месеци. Мира немам и некогаш ми доаѓа преку глава. Контактирав психолог вели фаза е, дел од развојот, влијание од бебето..Дома е супер со понекое инаетење и поместување на границите, вака на игралиште и на активности е умерено се, ама во градинка се закача, полн е со испади , само глупости да изводи и да биде интересен. Некогаш и јас претерувам со кавги и објаснувања, некогаш како намерно да раскажува што лошо направил и го вади најлошотп. Се надевам дека ако е фаза ќе помине поскоро.
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    12.858
    Пол:
    Женски
    А да не случајно му е досадно веќе во градинка и уствари затоа се закача таму. Реално ако немаат активности со децата, понуди на пример излет, готвење, нешто изработки и секој ден му е монотоно, може и од тоа да е така.
    Ќе тргне од септември во училиште нели? Може ќе се смени?
    Предшколска прави ли? Домашна нешто за дома има ли? Како се однесува во тој поглед?
     
  19. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    7.838
    На училиште ќе тргне да, па немаат активности во градинка. Нити има домашни, нити пак учат нешто таму. Само им иде учителка еднаш месечно и тоа е . Дома работи решава учи без проблем, еве деновиве е опседнат кој збор на која буква почнува. Незнам искрено фаза ли е, карактер ли е или нешто друго е во прашање. Германскиот психолог ми рече не гледа проблем и дека било дел од развојот, македонскиот ме праша дали одам на работа зашто премногу анализи сум му правела. Сега јас стигнав за психолог па ќе видам тој што ќе каже.
     
    На Mother of 2boys, lackygirl и јolene им се допаѓа ова.
  20. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    12.858
    Пол:
    Женски
    Ај глеј си германски психолог. Мислам бог да чува, многу анализи си му правела, дали на работа одиш.
    Мене ова ми е крајно не професионално да го речеш на клиент. Мајка со бебе дома и со грижа на совест, интуиција, постојано драмење и притисок од градинка.
    Свашта значи.

    Не го праќај малото во истата градинка само.
    Нормално во последната година, сега сегде кај што бев имаа екстра активности. Предшколска еднаш до три пати на недела. Јазик, математика, природни науки беа во фокус. Исто музика и ателје скоро сегде со дневни понуди.
    Мислам малата е 3 и на убаво време ги носат и активности имаат секој ден. Не само трчање наоколу без врска.
    За тебе убаво што ќе си направиш муабет, секогаш е убаво со некој неутрален да си ги споделиш стравовите :hug:.
     
    На Трагедијаупмм, SanelaS и lackygirl им се допаѓа ова.