и мојот големиот, има 13 години до 2ипил некаде јадеше све после веќе не,некое време знаеше и да поврати ако види одредена храна сега кажува дека водена храна неќе му се гади
Дали и каде ги носите на ортопед? Синко повремено се жали на болки во нозете, а двајцата на систематски им рекоа дека имаат рамни стапала и треба да носат влошки, вежби... Не знам кај да ги однесам, некако тие што се извикани претежно со бебиња работат
може ќе ти помогнат некоја од овие вежби и дома да ги правите , син ми е исто со рамни стапала но тој нема болки сега освен лани знаеше на периоди да се пожале (5год е ) и малце газе навнатре со десната нога и повеќе за тоа го носевме пак на ортопед и она рече нема потреба од влошки затоа што е мал и во развој на стапалце е сеуште , само и најбитно нека оде бос без чорапки цело време , и вежбиве да ги правиме и плус ми даде и упат за детска гимнастика и го носам таму вежба со тренер по пола саат , искачување по скали , газење на оние топки/камења бодликави како се викаат незнам точен назив , и на онаа баланс даската и некои др вежби и што зборев со други имаат ефект стварно тие вежби за брзо време кај деца со рамни стапала .
Имам недоумица со син ми 6 години, почна да се допира чешка трие во интимниот дел. Дали е нормално? Знам дека е, ама сепак, не ми се гледа вака како што прави. Дали и вашите синови почнаа вака на оваа возраст? Сакам мислење споделување од други мајки и дали да посетам психолог.
Да, прави така и на 6г и сега на 7г не е често ама да пр после капење знај да си се пофаќа малку па да кажува дека му пораснало к*рето
Нормално е. Си го истражува телото и сексуалноста. Не го прават сите деца, некои го прават повеќе, некои помалку. Ќе престане сам од себе.
Како се однесуваш ти во тие моменти? Колку често го прави? Па да, тоа си мислам. Ама што ако му стане опсесија и го прави тоа почесто. Знам дека оваа возраст носи кон тоа, ама имаме и помало детенце, машко и не сакам нему да му влијае. Прво мислев дека го чеша, и можно беше да имаше чешање, ама сега откако сфати дека доживува задоволство, страв ми е дека нема да прекине. Му кажувам дека пред сите не се прави, не се допира. Некогаш не се воздржува, и му велам дека во соба може да си го чепка. Обично над облеката е тоа засега. Не сум спремна на ова, глупаво ми е Од септември на училиште е, којзнае таму што ќе се случува. Знам дека кај машките е почесто, поприсутно, ама па пред други, пред баба и дедо да се трие, не знам Пробувам да му одвлечам внимание, и нешто да правиме заедно, за да не мисли на тоа.
Нормално е на ова однесување на негова возраст, меѓу 3 и 6 години тоа е дел од нормалниот развој. Обично не е сексуално мотивирано, туку е од љубопитност и како self-soothing. Нормално е и да поставува прашања и да е љубопитно за своите и за туѓите гениталии. Обично баш така случајно откриваат и препознаваат дека нивното стимулирање им е пријатно. Не треба да се реагира со преголема лутина, вознемиреност и сл. Правилно е што се обидуваш да го пренасочиш вниманието на нешто друго и сосема е во ред што си му рекла дека е во ред да се допира, но дека тоа треба да го прави на приватно место. Зошто на оваа возраст може и во јавност да го прават допирањето или да си ги покажат на др. гениталиите и сл. па убаво е да се учи на некои граници. Нормално е се додека е беззалезна љубопитност само во прашање и однесувањето не причинува лична емотивна или физичка штета (и туѓа), се додека не пречи на фокусирање на други задачи и активности, додека не се појави потешкотија да се пренасочува вниманието на нешто друго или додека не е придружено со физичка агресија.
Дали има некоја мајка со слично искуство на ќерка ми од 5.5год пред некој ден и забележав дека има чуден мирис под пазувите, мислам дека е многу мала за да има таков мирис. Се тушираме секоја вечер, претходно користевме еуцерин, сега неколку месеци користиме на корин де фарм 2во1. Ете вчера пред легнување ја истуширав, сега викам чекај да видам дали мириса и повторно мириса неубаво под пазуви додека пак маичката не и мириса. Веќе закажав и преглед на детски ендокринолог за наредната недела бидејќи реално ме фати паника
Јас дојдов за слично прашање. Иста возраст, од вагината и се чувствува мирис.. секоја 2 вечер ја туширам а секое утро ептен ако заборавам менува веш...
Јас имам искуство со мојата ќерка. Неколку месеци пред да наполни 6 години приметив дека почна да мириса под пазуви. Бевме на ендокринологија се беше во граница на нормала сите испитувања. Совет беше кај нас да се внимава на исхраната и контрола бидејќи ќерка ми има изразени црни влакненца на нозете и рацете.
Фала ви на споделеното искуство. Кај мене нема изразени влакненца, ниту некоја друга промена ама некако после се што прочитав ме фати паника и закажавме во Систина кај Мирјана Кочова бидејќи на државно до јули нема термини а јас неможам да чекам толку многу... Дали од кога сменивте исхрана се повлече миризбата под пазувите или пак ви даде совет да користите нешто освен контола?
Не ни даде ништо за да користиме. Ја туширам секој ден, менуваме чиста облека секој дневно. Со исхраната докторката мислеше на повеќе овошје, зеленчук, помалку пилешко и сувомеснати производи. И јас чекам термин за контрола бидејќи е хаос на ендокринологија.