Женски, дали некоја од вас, се соочила со дете што е 5 години и има нејасен говор. Појдено кај дефектолог и кај ( не ми текнува на другиот доктор) Детето само си игра, не се дружи со другите деца. Знае да каже, мама ми се мочка, сам оди во вц, сам јади, послушен е. Знае да каже ми се јади и сл.
Ќерка ми има 6 ипол години , дали има од таа возраст и други несмасни да наречам деца, што паѓаат се сопнуваат и сл. Ренде и се колената , се сопнува на рамен пат што се вика, неделава три пати падна и се на колена. Не е од сега и се случувало и порано.. Вчера мислам и нос ќе искршеше. Свекор ми ме стави во мисла да не не гледа како што треба. А што знам седи во последната клупа во школо. Дали да ја носам на очно
На систематски преглед во 1. одд ни кажаа дека синот има рамни стопала. Земавме влошки од Славеј кои ги носи пола година, а прави и вежби (иако искрено не редовно) но не гледам никакво подобрување. Знам дека е рано, но ме интересира дали некој има искуство со подобрување на сводот по 6. година?
Не е ренде ама е цела со синила. Прави непромислени работи, механички само без размислубање, скроз расеана. 6 и пол е, од септември ќе почне прво, се надевам дека нема многу да заборава книги на школо ет така се оди на прав пат и ќе се акне од нешто, става пижама врз маицата без да примети дека не ја слекла неа прво, става сапун на четката за заби наместо паста. Скроооз расеана, а знам дека знае све и затоа ме нервира.
Баш чудно, пракса е неколку години наназад и бараат при упис. Можеш да провериш, и ке знаеш на што си. Плус и во училиште може и е тешко да ја следи наставата, ако е видот проблем. Можеби и детето е такво. На моево се нешто му паѓа, ке турна чаша со вода по грешка, или ке пушти чешма и ке испрска се околу.
Зависи каде, пример Австрија не бараат лекарско при упис. Мада на систематски еднаш годишно имаат преглед.
Кој не е модар на таа возраст, баш нека каже некоја мајка. Мојов не е несмасен, ама на тие клизачи што ги прави а види плочка некаде, нема шанса читав да остане. И само се џитка на земја, на живци ми оди. Цел прашина и дамки од трева доаѓа од школо, којзнае па таму што прави. А за заборавање, обавезно нешто заборава во школо, па само измислува приказни, вака беше така беше.
Ох тука па оти во градинките во дворовите има песок ми иде она дома секој ден како на Сахара да била. И мојава знае клизачи дома да праи и хеланките сите тупка на колено. Интересно е како сака пипави работи, тоа што ја интересира го прави преубаво и посветено али за обични работи е влечкало невидено.
Во Македонија бараат и една од пологичните работи е. Деца кои имаат проблеми со вид почнуваат со очила уште на пролет, таман да се навикнат на поимот носење очила и да им пројде евентуалното срамување. Систематски има и овде, ама додека дојдат на ред, може да поминат 2-3 месеци. Во Мк е супер оваа пракса, гледам 1-2 дечиња низ маало што ке одат во прво, веќе добиле очила.
Мислев на систематскиот кај матичен што го имаме секоја година и он праќа после со упат кај треба за да се запише во книшка. И малечково мое си оди на забар, очен, ортопед кога иде ред за систематски.
И моево е несмасно, паѓа на рамни места, се сопнува од ништо и мислев дека си е такво детето, секако еден преглед кај очен е убаво да направиш. Јас кога го однесов излезе дека има страбизам на едното око што не се приметува вака, само на преглед виде докторката и стварно му бега малку едното око кога се фокусира. Затоа во некои моменти гледа дупло и ми рече можно затоа да е таков (си има и други нетипични однесувања). Ништо страшно, вежби му правиме, а ако се влошува ќе треба наочари од 1во одделение да носи. Инаку има 3 години. Јас друго дојдов да прашам. Како го поминувате летото во Скопје? Планирам јули и август големиот да седи дома ама би сакала да оди на некоја активност. Идеше на спорт, сега преку лето нема тренинзи, планирав на пливање ама далеку ми е Борис, а јас работам од дома. Претопло е преку ден и ќе треба затворен дома секој ден да седи.
Каква е таа чешмичка? Може слика? Колку им давате телефони/таблети, преку лето, кога нема што да се прави во најжешкото?
Ако не почнуваш многу рано, излезете пред работа. Таман ке потроши енергија. Чешма на батерии е супер работа, син ми една поквари од користење, втората уште ја користи. Сега почна да покажува интерес да расклопува работи, поточно играчки, да види како се направени. Потоа ги склопува назад. Пластелин исто така сака, не знам точно, мислам од 3 години навака користи. Има сетови за забар, сладолед правење и сл и држат внимание. Коли метални и коцки, прави гаражи, продава купува итн. Таблет и телефон воопшто. Телевизор гледа, исклучиво цртани (Мистер бин, пинк пантер, штрумфови), Македонски народни приказни и евентуално деца кои тренираат фудбал. Гледа по еден клип 15-30 мин два до три пати дневно.
Не сме за темава, од пред некое време бара ќерка, 3,5 години, мијалник, во Синсеј гледавме и баш се мислев дали уште тоа нешто ни треба Ама што е со толку препораки, да се спремаме и со тоа летово. Секако ептен сака со вода да игра.