Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.264
    Допаѓања:
    8.468
    Да ама непријатно е за гледање.
     
  2. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Pa ne mora da go gledas deteto ignoriraj go ili izlezi od istata soba toa e faza sto sekoe dete ja pominuva vo odreden period od svoeto detstvo .
     
    На lackygirl, karak и crazylady им се допаѓа ова.
  3. BookLover33

    BookLover33 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2026
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мајки со што се занимаваат вашите 8 годишни дечиња.Ќерка ми е 8 години и не сака да ск игра со играчки веќе.Само лего коцки сака,да се прска надвор со вода,да праве слајм,да готве во кујната, друштвени игри.Дајте некоја идеја друга што да си игра.Имаме дома сеа и бебенце и со неа е ама многу е мало не може да си игра со неа.
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.505
    Допаѓања:
    25.274
    Пол:
    Женски
    До тебе е, никогаш не ми било непријатно, дел од нормалниот развој на детето е. Така свати си го. Процес кој ќе помине...
    Децата немаат такви мисли (мислам на секс) тоа не ни знае што е самозадоволување како што пиша, дете е од само 6 год. Ама возрасните имаат лоши мисли...
     
    На Cherry333, crazylady и lovely91 им се допаѓа ова.
  5. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Од кога прооде ќерками само паѓа, сега има 6 години и во денот мора да падне три четири пати,бевме на свадба столот го промарши наземја седна, беше оперирана од слепо црево само што помина тоа дома играќи ја удри силно главата во раб и се направи сртрашна џумка јас таква џумка во живот немам видено, ајде заминавме на хирургија беше за шиење ама никако не оставаше и сега на челото и се познава цела линија, бевме на очно супер си е крвна слика железо хемоглобин супер едноставно детето си е такво, да ти ги сликам нозете ќе си речеш кај било детево во војна, значи на прав пат мора да се лизне и да падне сега на секое паѓање сама си се смее
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.912
    Допаѓања:
    20.141
    И син ми е несмасен, дали многу ја внимаваше? Јас мислам премногу му се плашевме и му висевме над глава само викаме "пази", "ќе паднеш" итн.. и детево не се научи да внимава сам на себе
     
    На Aledarkali и dromka им се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.232
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки. Мене многу ме интересира што правите со 5 годишни деца попладне дома после работа или општо во слободно време? Дали ги анимирате постојано, дали сами се заигруваат, дали поголемиот дел од времето го поминувате дома или надвор?
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    27.115
    Пол:
    Женски
    Сами се анимираат.. и 6г и 3г дете кај мене. После пладне сме обавезно во парк 2-3 саати зависи ама да се истрчаат, возат,дружат со други деца мора. Викенди според временски услови организираме, ако е многу жешко после ручек сме на бањање или некаде на сладолед па парк, ако е цел ден убаво времено гледаме да искористиме максимум.
     
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.578
    Допаѓања:
    43.459
    Пол:
    Женски
    Сама си играе. Пишува на таблата, почна буквите и бројките да ги пишува, бое, гледа цртани или видеа за цртање па пробува и она така да црта, некогаш се внесе во некој нејзин филм, попладне во базенот се бања, навечер излеземе или возе точок во дворот или на улица, си игра во дворот
     
  10. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.232
    Пол:
    Женски
    Блазе вам. Моето дете бара константно анимирање доколку сме дома. Надвор во глобала е во ред бидејќи или сме во парк или има друштво, но дома навистина повеќе не знам што да се прави, поготово во најжешкото после работа. Секако дека не можеме да сме постојано надвор, не е ни тоа поентата.
    Доаѓаме дома и почнува со идеи кои ме вклучуваат и мене. Немаме време со сопругот воопшто да одмориме. Ајде и тоа не е проблем ако се дружиме па подоцна се заигра, но и после цел ден заеднички активности, на крај на денот пак се наоѓам во ситуација да морам да кажам да ме остави и да оди да игра. Тоа воопшто не ми се допаѓа, не сакам да го бркам сопственото дете во соба или да се чувствува отфрлено, но веќе немам идеја како да го направам едното без другото. Па ако имате совети навистина би биле добредојдени.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    27.115
    Пол:
    Женски
    Па не знам.. моите никогаш не биле од мене зависни за игра ни како мали. Ќе седнев да играме или сега ради ќејф мој друштвени игри или цртаме ама не да мора. Сами со мм знаеме да и речеме ајде да играме мемори пример и носи. Малата знае на мм повеќе да го замара да играат волкот и трите прасиња или он да е ѕвер :?: ама тоа трае кратко.
    Големата (6) и кога се роди тогаш малава или ете кога и е време за спиење сама оди во детска и си реди лего, сака да црта, многу сака да сече лепи картони некои скулптури прави.
    Малава (3) исто она тек од септ ќе почне градинка, значи по цел ден е со мене дома си оди сама во детка си игра , сака на балкон па ајде јас да ја гледам оти пак балкон е и пијам кафе додека она се занимава. Е сега се имаат и една со друга, поврзани се ептен знаат да се заиграат заедно.
    Кај мене кога треба нешто да напраам претежно кога беа помали или еве сега малава им вадам играчки кои не им се на дофат и им се подзабораени и така копаат по нив. Ама генерално иам време и за ручек, чистење, кафе еве сега пак бремена се осеќам исцрпено ама ако веруваш јас легнувам во дневна да спијам и ни една не ме скорива.. совет не знам каков да ти дам пошо неам таква "мака" освен да објасвиш дека мама сега има обврски, дека може да седне долу да си игра ама дека мора малце и да одмори за после да се оди во прак.
    Не само за ти да здивнеш на раат кафе туку детската фантазија е многу битна.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.232
    Пол:
    Женски
    Не сум осетила ништо слично. Влегуваме дома и се почнува со прашања за тоа што е следно. И после поминато време заедно сепак има незадоволство и сепак не сака да ме остави да одморам. Единствена прилика за одмор е да седам на телефон што лично не сакам, ама ако се пушти тв одма доаѓа и гледа со мене. И всушност не можам ништо :D И тогаш иди моментот каде морам погрубо да изреагирам бидејќи дотогаш сум замолила едно 20 пати да оди да си игра, што навистина не сакам на таков начин, ама еве не знам како. Чувствувам дека веќе и ни се враќаат нозе кога треба да влеземе дома од што знаеме дека почнуваат притисоци и молење, дека шанси нема за одмор. Имаме детска полна играчки, а интерес за ништо. Се му е сортирано и подредено, одделено во кутии, само да избери со што сака да игра. Дури приметувам дека и во двор ќе слеземе и се врти околу мене, не знае што да прави. Не ми е јасно на што се должи овој недостиг на интерес. Оди во градинка, се дружи, излегуваме, одмори, игротеки, поседок кај баба и дедо, не сметам дека нешто треба да му фали. А сепак ..:)
     
  13. MorskaSirena

    MorskaSirena Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2020
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    6.922
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете совет што да правам.
    Малава ми е 5 ипол години, пелени не носиме веќе ама еве ја навечер се мочка во кревет.
    И ќе се измоча и не се буди да каже, продолжува да спие.
    Пред спиење гледам да не пие течности и иде во вц да се испразни па во кревет. Ја будам во сред ноќ да мочка па ја враќам во кревет да продолжи со спиење ама некогаш е веќе измочкана додека станам да ја разбудам.
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.424
    Допаѓања:
    15.749
    Пол:
    Женски
    Мора да го оставиш да му е досадно. Ако никогаш не играл сам, нормално е да не знае што да прави иако има со што да си игра. Имагинацијата е како мускул, мора да се вежба. Тешко ќе биде на почеток, ќе плаче ќе те нервира, ама верувај ако му е доволно досадно ќе си најде занимација.
    Можеш да му даваш пример, не да играш со него, туку да играш сама да види како треба. И штом ќе фати нешто сам, стани и оди си. Макар и 5мин да поседи, успех е. Со тек на време ќе почне сам да си измислува игри.
     
    На dromka и Bubish26 им се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.232
    Пол:
    Женски
    Да, така и правам ама се трудам да има баланс да не осети наеднаш преголема промена па да се осеќа отфрлено. Проблемот е што иди буквално по мене не останува во својата соба, па морам јас да му велам, испаѓа дека си го бркам детето. А се додека не оди во соба, не може да се заигра бидејќи гледа со мене ТВ. Навистина тешко ми паѓа што на погруб начин треба да реагирам за да ме послуша а не сакам ни одбивност да му створам. И така, никако да најдеме правилен начин да се разбереме, колку и да се објаснувам. И да оди да игра тоа трае кратко и повторно ме бара, сега веќе разбира се па се осеќа навредено, и ме прашува на секои 5 минути кога ќе одам и јас.
    Се надевам за брзо ќе се променат работите, бидејќи ем грижа на совест осеќам како родител, ем сум истоштена од постојани притисоци и натегања. Деновиве бев слободна од работа, никако не ми доаѓаше да се дружиме наместо да оди во градинка бидејќи знам дека од само станување почнуваме со планови и притисоци, што е жално. Би сакала да знаеме по-опуштено време да поминуваме заедно без постојано тоа да треба да се договара. А тоа е така од што сака да се осигура дека ќе правиме работи заедно :)
     
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    9.740
    Пол:
    Женски
    @Annora , вака гледано одоколу мислам дека и ти си имаш поставено превисоки вели како родител, дека мора тоа и тоа да се направи, да му е забавно, да има одредени активности, шетање и слично.
    Ако гледа Тв со тебе пробајте и гледајте филмови за деца или семејни (Air Bud серијалот), Disney долгометражни итн.

    Давај му повеќе обврски низ дома или вклучувај го ако не е вклучен досега. Да измие овошје/зеленчук за припрема на ужина, на ручек/вечера.
    Ако знае да пишува/црта задади му нешто да ти нацрта пример. Ем ќе му биде како припрема за на училиште. Што се вика макар и кругови нека се. Не дека којзнае треба што да црта.

    Кога сте во парк/игротека дали се заигрува со други или те бара постојано да си до него?

    Ќерка ми 3,5 години е, ептен се заигрува игри со вода. Дали таа да се бања во базен. Или и правам пример како во една кутија "кал" - измешано брашно, какао и вода. Во друга чиста вода или со сапуница да ги бања играчките.
    Исто со пена за бричење место "кал"

    Или на балкон и давам такви пластични играчки, темперни или водени, да ги обои, па после исто да ги избања.

    Макар што мојава се заигрува сама и без тоа.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.660
    Допаѓања:
    27.115
    Пол:
    Женски
    @Annora делам мислење. И мислам дека треба пола соба да ја испразните играчки и да менувате од време на време. Премногу играчки не е убаво, ги имаат и моиве ама тие што го користат редовно другото све трнав. Мора да му стане досадно и мора да се поставиш ти поинаку. Тоа од тебе го добивам 5 години и не е лесно да се тргнеш али воопшто не сматрам дека некој е лоша мајка ако каже чекај имам работа и морам да ја завршам, чекај разговарам со татко ти, чекај пијам кафе. Речи оди одбери си игра што ќе играш сам и донеси ја во дневна, јас морам да седнам и да одморам тука сум до тебе те гледам али покушај сам. На денешните деца барбики/коли им се здосадуваат многу порано,ние 5 одд игравме со бебиња. Како што кажав јас чувам кутии од кекс, ролните од хартија, лепак течен и по 2 саати лепи или пробајте со лего. Лом прави ама после и собира.
    Кога бевме на упис во школо и директорот ни рече, не сакам децата да знаат букви и бројки туку сакам да се самостални, а буквите и бројките тука ќе ги научат. Така да потруди се периодов да го осамосталиш за многу работи ако до сега не ги прави сам.
     
    На Spidy и Annora им се допаѓа ова.
  18. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.779
    Допаѓања:
    9.740
    Пол:
    Женски
    @Bubish26 , тука обратно. На другарка со дете од скоро 5 години и рекле од градинка, оваа есен и зима да се посветат дома да почне детето да препознава бројки, да знае барем до 10 да ги напише. Тек тук некоја буква, бои, форми и се останато.
    Малку нон сенс ми е ова ама тешка програма веројатно и полесно им е спремни деца да тргнат во училиште.
    Ова малку оф топик.

    @Annora , мене пак совет од градинка ми беше баш на чекање да се учат и дека не може постојано да сме достапни. Таму вика негователката се 20+ деца сакаат или не мора да чекаат за нешто.
    Ама истиот принцип и дома. Не да е се на дофат и се во секунда направено.
    Слободно да кажеш - мама сега пие кафе, почекај па ќе го правиме тоа и тоа.
    Сега пример гледам емисија, да заврши па ти си на ред, да избериш што да гледаме.
    Или сега читам моја книга, за тоа време може и ти да си играш со боенки, сликовници, коцки.

    Само доследноста е битна да не се чувствува отфрлено ко што викаш. Пример ако речеш после кафето ќе играте заедно и стварно да поиграте.
     
    Последна измена: 12 август 2026
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    7.232
    Пол:
    Женски
    @Miss_S @Bubish26
    Фала ви за советите.
    Мислам дека вистина е дека си имам преголеми цели поставено како родител бидејќи постојано осеќам грижа на совест ако нешто не му понудам. И до некаде можеби тоа прво психички треба јас да си го тргнам од глава.
    Инаку тој е многу самостоен од мал. Сам прави се, затоа и ми е чудно што не сака сам да игра. Не можам да кажам дека е многу приврзано дете, бидејќи без проблем оди кај баба и дедо, во градинка оди од бебе, ама ете само што ќе влезиме дома почнува да го планира времето што и како ќе правиме. Некогаш се прашувам да не е од недостаток на внимание, ама еве и цел ден да играм со него, тоа не менува ништо.

    Што се однесува до самостојност, во суштина никакви обврски немам према него. Сам оди во тоалет, мочка, мие заби, лице, се облекува за во градинка, сам спие во соба, сам јади, сам се капи, сам си собира играчки (освен ако е ептен хаос па помагам бидејќи сортираме)...Затоа не знам зошто не сака сам да игра хаха...

    Кога сме во игротека заборава дека постојам :D Во парк може да ми иде на секое и да ми покажува се што ќе направи, ако е сам. А штом најди другарче, готово, ме заборава.

    Се на се, чудно ми е бидејќи од мал го учам на самостојност. И не знам каде грешам, дали е до мене што така се однесува, дали од мене нешто му недостига, бидејќи да напоменам дека јас од мал го учам дека мама треба да одмори, да испие кафе, и практикувам да имам време за себе, да поставам граници, но во последно ништо не функционира. Му посветувам време после градинка да каже како поминал, што правеле, се трудам телефон да не ни допирам кога сум со него, мислам и јас прв пат сум родител и се учам заедно со детето, но еве со ова никако да излеземе на крај.

    Откажување секако нема. Само сакам да го најдам правиот начин на пристап за да не делува грубо и да не го повредам, да не се осеќа дека не сакам да поминувам време со него, туку да разбери дека не можам секогаш и дека ми треба време за себе.

    Некогаш дури се прашувам дали се чувстува така баш поради тоа што го учам на самостојност за се, па можеби му е смачено се сам да прави?
    Сопругот од друга страна е убеден дека е супер, дека ништо не му недостига и дека треба да бидеме построги. :)
     
  20. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Па искрена да бидам да ептен сме над неа пази ова пази она и ден денес,не знам дали дека прво дете не знаеш се плашиш па само го пазиш, ќерками секогаш на глава паѓа, мајка ми ми вика абе машките паѓаат на глава женските на газ ама кај нас обратно е, господ само да ни ги чува да ни се здрави и живи тоа е најбитно
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.