Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Имавме таков проблем од кога се породив големата почна да мочка навечер во кревет, така правеше два три месеци и престана,баш тогаш читав некаде дека можело да се деси да мочкаат навечер во кревет до 6 години, кај нас беше затоа што си доби сестричка па малку љубомора, ама сепак зборувај со неа види да не е нешто уплашена
     
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.996
    Допаѓања:
    20.294
    Па тоа е и ние така висиме и евр мораме се уште затоа што висевме и сега не знае да пази. Деца што не ги пазат ептен се внимателни. Ама те разбирам скроз тоа е што е ако имаш второ ќе знаеш, еве јас тоа викам со второво ич нема да му се тресам сега ни за каши ни за храна ни за дремки ништо go with the flow
     
  3. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    2.511
    Ќе може ли препорака на термос/шише за во школо?
     
  4. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    3.001
    Допаѓања:
    12.324
    Пол:
    Женски
    Добро само мојата ли ќерка е таква инаетлива, на моменти непослушна,бетер од тинејџерка е.
    Јас нешто и кажувам како треба,таа ,е не е така, знам јас како е,нема што ти да ми кажуваш (facepalm)
    Со братчето и сестричката е на периоди...си игра убаво све, па ајдеее почне да ги бутка..8-|
    Пет и пол години е..утешете ме дека е само период кој брзо ќе помине..зошто Бардовци не ми бега искрено.(heidy)


    Да се надополнам..од денешните нејзини активности е што на братчето му заплетка мастика во коса тооолку убаво што едвај ја тргнав.
    Само нешто беља да се направи.
     
  5. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.721
    Допаѓања:
    27.185
    Пол:
    Женски
    Да не и се добива помалце внимание? Не намерно али секогаш кога имаме повеќе обврски/ деца знаеме поголемите да ги "тераме" некои работи сами да ги завршат. Или па често е карана?
    Неам јас искуство реално моиве не се тепаат, знаат да се скараат 10 пати на ден во смисла ја сакам ја она ама не се степале.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    27.641
    Детето уште малце ќе ми наполни 5.

    Прашањето ми е, дали е размазеност/непослушност/непоставени граници или е нормално однесување на пример, отвара фрижидер да земе нешто, го остава отворен, со убаво и' кажувам те молам затвори го фрижидерот, не смее да стои отворен - ме игнорира - кога нешто зимаш од фрижидер, вратата треба да ја затвориш - игнор - *име* те молам затвори ја вратата - игнор - така може да се расипе фрижидерот, затвори го - игнор и си заминува со оставен отворен фрижидер.

    Ко за пример, инаку имам мал милион примери. Неописливо многу води инает, до возраста е, премногу очекувам да послушува? Или нешто сме заебале?
     
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.721
    Допаѓања:
    27.185
    Пол:
    Женски
    Знае првиот пат мене да ме изигнорира ама второто повторување не. На татко и од прва го слуша за се. Според мое до вас е.. пример велам 2 пати детската да е средена инаку парк нема, ако 3тиот не е средена парк вистина нема ама ајде тоа е за нешто повеќе и подолго што трае, па разбирам дека не им се средува ама за вакви работи слушаат ( и таа од 3г)
     
    На lackygirl и MissChievous им се допаѓа ова.
  8. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Мајки ќе ве замолам за совет ако некој се нашол во слична ситуација
    Ќерка ми е 6 ипол години , пред некој ден пиеше млеко една чаша отприлкка навечер ова време и после одеднаш почна нонстоп да ждригнува и почна да плаче да вика неможам да дишам од памет ме извади едвај ја смирив, матичната рече дека можеби било од топлото ако трчала и после пиела млеко се кренала дијафрагмата, но сега еве пак се повтори пак исто плаче и ждрига нонстоп се плаши, незнам зошто и се случува ова вака. Премногу ме исплаши
    18 кила е ,многу слабо јаде пребирлива е од бебе
     
  9. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.721
    Допаѓања:
    27.185
    Пол:
    Женски
    Можеби ако пие брзо да прима воздух ( како кај бебињата). Можеби има рефлукс ама без повраќање или па да е осетлива привремено на лактоза. Ако само млекото и прави така баталете го. Не ни е потребно искрено многу.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.996
    Допаѓања:
    20.294
    Киселини некои нешто да не и прави млекото? Ако сама не знае да се контролира ставај и малце, пауза па пак дополни и... видете дали ќе прај така проблем или е од брзината на пиење
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.933
    Допаѓања:
    40.370
    Пол:
    Женски
    Види дали помала количина ќе направи проблем. Можно е да има и алергија на лактоза или на млечни протеини.
    Следи ситуација. Види дали истото ќе се случи ако испие млеко во друг дел од денот, дали ако испие различна количина и слично.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    1.462
    Пол:
    Женски
    Престанав да давам млеко барем некој одреден период но изгледа не е само до млекото, после било кое јадење и се случува ама најизразено е навечер иако гледам да не давам касно, сега баш едвај изеде една банана и тоа малечка и после тоа почна пак да ждригнува и отиде во вц во рок од 15мин, ја осеќам и како се плаши штом дојде време за спиење
     
  13. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    276
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со курс по англиски во Хелен Дорон Аеродром за дете од 7години?
     
  14. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.322
    Допаѓања:
    5.356
    Навечер е најизразено затоа што легнуваат и не е сварена храната, гледај најмалце 1 ако можеш и 2 часа пред спиење да не јаде. И преку ден, пола саат-саат после јадење да не легнува. Маж ми од кила на желудник има слични маки и плус градна болка, ама си најде што му прави мачнина и сега е ок. Може и киселини исто да прават. Само дај и некоја недела дена диетална лесна храна да и се смири желудникот, без благо, грицки, сокови, преработена храна и сл. Води дневник што јаде, дали има реакции и какви, однеси ја на лекар чисто за совет, а може и копрокултура да направите.

    По старо размазеност, по ново не поставени граници :). Таа им е возраста да тестираат граници + карактерот, ама не е дека ќе помине и магично ќе почне да слуша, треба да ги насочиме. Денес фрижидер утре друго нешто ќе биде. „Одбери си ги битките.“

    Инаку, како мојата да ја опишуваш. Скроз ја замислувам дека ова би го направила со фрижидерот, а може и го направила. Со „казните“ нас баш не ни пали за жал. Пример среди соба па одиме надвор, пошто она нема да среди соба и ок и е да не оди надвор, ок и е и 15 минути да ја казнам да седи на стол и ништо да не прави, ок и е да нема цртани, да нема благо и сл, се и ок, ок и е и омилените играчки да и ги кренам, ако науми нешто дека нема да го направи нема да го направи. И тоа се тие тестирање граници.

    Сега имаме нова стратегија. Пошто работите треба да се направат, ја насочувам и помагам, тука сум и сум поддршка. Излегувањето надвор кога треба да се спремиме ми е убитачно, викам мочај изми се облечи се, она 1 метро до вц го оди 20 минути и губи фокус, морам да интервенирам, „ајде за раче до вц, мочкај па да се измиеш“, ако почнува да игра после додека мие раце „јас ќе ти ставам сапун ти исплакни ги рацете“, ги прави сама работите ама пак се умешувам, и вака немаме кавги, ама кога немам време знам да ја чекам да се измоча, па јас да ја облечам, да ја измијам и тн. Така си ги бирам битките. Не можам веќе со тие закани и награди, ми ги враќа она мене после како бумеранг. Мислам дека некој од ЦСИ полесно ќе го изманипулирам него нејзе. Стратегијата со или-или, каде они ја носат одлуката таа никогаш не функционирала кај нас. „Сакаш да го затвориш фрижидерот со левата или десната рака?“, „со ниедна“ ќе ми рече и ќе си замине.

    И сметам дека кај некои деца полесно се поставуваат граници, кај некои потешко и тоа е тоа, ќе работиме повеќе, ќе вежбаме трпение, ќе учиме по пат и ние.
     
    На le.soleil, MissChievous и srce-9 им се допаѓа ова.
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    27.641
    За многу работи е послушна, всушност од инает не ни сака помош, сака сама да си среди соба, сама да се преслече, сама да моча, сама да измие заби, итн. Сака да сецка ситници за ручек, сама да си направи салата. Сака сама да си намачка кришка. Се лути дури ако помогнеш или направиш нешто. Но истовремено од инает, е такви работи прави, нешто што знае дека е штетно бидејќи и' објаснуваме, и упорно го прави. Бидејќи нема брат/сестра со нас се закача, седнува со стапалата во фаца ни оди, ќе се растегне на кауч и не' бутка со нозе да станеме, намерно грицка полулегната и троши од инат, некогаш на јадење става нозе на маса, боса излегува надвор, а надвор кој знае што има, може на било што да згазне, итн, итн. Некогаш се разбира со збор, некогаш со ништо, каква казна, каква награда, како во свој универзум да е, не свет! Си викам, може период е, може е доволно голема за многу работи, ама е доволно мала да биде детинеста и да води глупав детинест инает? А можеби е само размазена, во најмала рака делумно е, не негирам, сепак едно дете ни е во фамилија и сите ја тинтраат, и цел фокус е само на нејзе, нема со кога да го споделиме. Понекогаш екстремно ме нервира што не ме слуша, ме мава класично его "ќе правиш како ќе ти кажам, не смееш да не ме послушаш", зошто си правам разни негативни сценарија дека ако сега не ме слуша, што понатаму? Не смеам таква да ја пуштам во општеството, да си прави што сака.
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.322
    Допаѓања:
    5.356
    Ама она сака да ги прави тие работи, работата е кога нема да сака, да послуша, затоа што е мало дете и сепак сме ние одговорни за нив. Совршено е независна за нејзина возраст, ама ако треба да излеземе, треба да излеземе и не сакам да се влечкаш пола саат да мочаш... Кога сака може и за 5 мин да е спремна. И ако не преземам ништо во врска со тоа, знам дека понатака за други работи во животот ќе се манифестира некако. Инает може да биде за 15 години, ама сега е чисто тестирање на граници. Три пати не повторувам, повторам ли трет пат веќе избувнувам, затоа гледам или да не и придавам значење ако немам трпение да ја учам во моментот или се прешалтувам и почнувам да и „помагам“. Не барам секогаш да ме слуша, јасно ми е дека е дете, не се лутам ни бербат кога ќе направи, знае дека треба да среди и средува, ама некогаш за да тестира граници ќе рече не средувам и тука почнувам да и „помагам“ или да и дадам насока, пак она ќе заврши работа. Детето може да си е тинтрано и без да е размазено, мора да се научат на граници, ама ние ги поставуваме, не може детски инает да води и да излезе боса, тука ќе си ја поставиш границата и за тоа нема дискусија. Во кревет некогаш ќе грицка и нозе ќе качи на маса, ама ако кажеш дека сега има гости и не смее ќе треба да послуша. И две да биле, немало да биде ова, ќе било нешто друго. Choose your battles.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    27.641
    Како? Секунда е во прашање, едноставно излегува низ врата, не облекла ни папучи. Не знам колку пати е објаснето дека ќе згазне на нешто и ќе се повреди, не се замара. Ќе и' донесам папучи, може малце ќе се буни, ама ќе ги облече. После некој саат, пак ете ти ја низ врата боса.
     
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.322
    Допаѓања:
    5.356
    Друг начин најди, дупло повеќе од тоа ќе објасниш. Прашај ја зошто не облекува папучи кога излегува, дали и сметаат, не и се допаѓаат? „Не ти се облекуваат папучките а? Зошто, тешко ти е да ги облечеш? Ајде ќе најдеме решение да ти олесниме..“ „Дали може да им нацртам ѕвездичка?“ „Ајде да залепиме од магичниот еднорог (најди некој стикер)“ или нешто со светки мојата сака се да светка „Овие папучи СЕГА ти се СЕПЦИЈАЛНИ за излегување надвор, баш си типка, штосна, шизика, сега и јас на моите ќе си залепам еден стикер..“ Вакви измишљотини поминуваат кај мојата. Е сега може нема да сака дома да ги соблече, за дома други специјални направи и:)

    И на крај краева ако е стварно толку небезбедно и она продолжи да излегува, клуч на врата и нема надвор. За една недела ќе и кажеш сега може да излезеш само со папучи. Ако пак излегува боса пак заклучи ја.

    Јас имам ваков проблем на улица и паркинг, ќе осети слобода и ќе ме пушти од рака... И некогаш се влечеме на пешачки, некогаш ја кревам, рика плаче ама тоа е, како поминува време нема толку епизоди.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.721
    Допаѓања:
    27.185
    Пол:
    Женски
    Според мене пак ќе кажам ваша грешка. Нема да фатам да ги истепам ама едноставно не смее на лице нозе да ми става или на маса, значи граници нема воопшто. Јас имам инает дома ама што не смее не смее. На дедо и му се качува на глава од мала и он вика нека ја, зашо мене не ми се качила? Зато што од мала и е јасно кажано не. Мислам дека треба многу да поработите на поставување граници и јасно не, затоа што тек непослушноста ќе следи во кризните години, ако не завземете став од сега, другарски однос за разговор на секоја тема, со поддршка кога им треба ама и точно ставање до знаење дека сепак вие сте родител тешко ќе ви биде понатаму.
    И не нема објаснување дека ќе згазне на нешто ако оди боса, нема што по 100 пати да објаснуваш. Нема испаѓање и крај. Ќе плачи затоа што нема да оди ама не смее да те победи во инает. Значи на сред игра во парк ги прибирам ако почнат со лигавење и не ме интересира дали пиштеле во тој момент, следен пат нема д повтори ако повтори пак јас исто.
     
    На ЕvД@ и MissChievous им се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.910
    Допаѓања:
    27.641
    Не дека е небезбедно, ама од кај знам, двор е, било што може да летне на земја. Види, не секогаш прави така, сега дека дадов таков пример можда делува дека е константен проблем, не, поголемиот дел од времето си облекува папучки, сама и тоа, значи ја имаа таа навика. Ама некогаш ете излегува боса и џабе објаснување. Изгледа во тие моменти најдобро би било да заклучувам ко што викаш, па ваљда ќе престане засекогаш со тек на време.

    Исто и за рака, најчесто се држи, ама има моменти се трга. Као, свесна сум дека е дете, дека не може да размислува, дека е и посебна индивидиа, ама на крај сепак сметам дека и покрај сè, мора да ме слуша секогаш, па и да не и' се допаѓа. Ако не и' се допаѓа, слободно може да се осеќа така, и да изрази дека не и' се допаѓа, и да разговараме зошто не и' се допаѓа, и да се дообјаснуваме зошто тоа што е побарано од неа е попаметно, подобро, поважно, итн. Едноставно на толку мала возраст не теба инстинктивно да се противи, мора да има целосна доверба во нашите барања. Ко со фрижидерот на пример, не прави така, ама тогаш правеше и сфатив дека не ме послушува. Ако мене не ме послушува, кого?

    Ехеее, колку пати за колку нешта било ставано крај, и нештото не се правело, не се добивало, ќе поминело, и после пак за нешто друго ете ти инает. Секогаш има нешто за инаетење.